енергија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/energija/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 11:45:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png енергија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/energija/ 32 32 Мицкоски најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-najavi-nov-vetropark-megu-karbintsi-shtip-i-radovish-za-proizvodstvo-na-elektrichna-energija/ Tue, 11 Jun 2024 11:45:49 +0000 https://republika.mk/?p=786562

Мандатарот Христијан Мицкоски денеска, во рамки на 7. Македонски енергетски форум (МЕФ), најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија кој, како што рече, ќе биде една од првите странски инвестиции на новата влада.

Се работи, нагласи, за голема инвестиција која во моментов предвидува производство на приближно еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови, што е приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава.

Мицкоски во дискусијата на првиот панел отвори и повеќе прашања во врска со енергетската транзиција во земјава. Оцени дека со добар план и добар надзор на капацитетите процесот може успешно да заврши, иако, дополни, како електро-енергетски сектор не сме подготвени, а ќе треба и време.

Мицкоски не е убеден дека за 365 дена земјава може да има стабилно снабдување со електрична енергија од обновливи извори. Според него, во енергетиката не се возможни брзи резултати. Мора да се има предвид реалноста и да се работи врз основа на прецизни планови со конкретни одредници.

Кога се работи за енергетската транзиција треба да имаме предвид дека процесот е сложен и многу скап. Секогаш кога се исклучува реалноста, правиме грешки. За жал, која е реалноста? Нашата земја е сиромашна, па вистинското прашање е - дали Македонија може да си дозволи енергетска транзиција за толку краток период без да добие поддршка од надвор? Дали имаме човечки капацитет за таква транзиција и дали нашиот систем може да си ја дозволи? Кога зборувам за социјалното влијание од енергетската транзиција, зборувам за иднината на луѓето кои се веќе ангажирани во нашите производствени капацитети кои користат јаглен, произведуваат електрична енергија. Не треба тука да се занемари фактот дека моментно повеќе од 4 000 семејства зависат од производството на електрична енергија од термоелектраните, термоелектраната во Битола и Осломеј - нагласи Мицкоски.

Според него, лесно се зборува за енергетската транзиција, но не е толку лесно да се зборува за човечките животи.

Ако се затворат тие производствени капацитети, прво ќе го изгубиме примарното производство што е многу важно за нашиот систем и ќе се соочиме со огромен предизвик како пред неколку години, бидејќи без примарно производство побарувачката ќе расте, а со обновливите извори.... Јас сум инженер и не сум убеден дека за 365 дена може да имаме стабилно снабдување со електрична енергија од обновливи извори. Тука не зборувам само за домаќинствата туку и за економијата, зашто побарувачката на стопанството, на економијата е важно. Треба да имаме стабилно и одржливо снабдување со електрична енергија ако сакаме да расте економијата, во спротивно би оделе наназад и би се соочиле со одлив на мозоци како што се случува сега, 8 од 10 мои студенти си одат надвор, бидејќи тука не гледаат никаква перспектива и ова е огромен предизвик за нас како влада да реализираме нешто материјално и опипливо, инаку би оделе во спротивна насока и наназад и за жал нема да има надеж - потенцира Мицкоски.

Тој посочи дека со добар план и добар надзор во енергетските капацитети ќе може да се заврши оваа процедура.

Како електро-енергетски сектор не сме подготвени, но со добар план и добар надзор на електро-енергетските капацитети ќе може да се заврши оваа процедура успешно, но за тоа ќе треба време. Во енергетиката брзи резултати не се возможни, бидејќи тоа би било чудо, но ние не правиме чуда, никој во светот не прави чуда. Затоа треба да ја имаме реалноста предвид и да работиме врз основа на прецизни планови со конкретни одредници - истакна Мицкоски.

Мицкоски укажа дека производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во фокусот.

Производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во нашиот фокус, но чекор по чекор да се одвива тоа, бидејќи брзи резултати не се возможни. За тоа е потребно време и тоа треба да го имаме предвид, инаку нема да успееме - рече Мицкоски.

Тој и во оваа прилика укажа дека без владеење на правото, нема развој.

Без владеењето на правото нема развој. Тоа е првиот столб, ако се избегнува владеењето на правото, развојот на земјата не би бил возможен, така што двојни стандарди не се возможни - заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија appeared first on Република.

]]>

Мандатарот Христијан Мицкоски денеска, во рамки на 7. Македонски енергетски форум (МЕФ), најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија кој, како што рече, ќе биде една од првите странски инвестиции на новата влада. Се работи, нагласи, за голема инвестиција која во моментов предвидува производство на приближно еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови, што е приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава. Мицкоски во дискусијата на првиот панел отвори и повеќе прашања во врска со енергетската транзиција во земјава. Оцени дека со добар план и добар надзор на капацитетите процесот може успешно да заврши, иако, дополни, како електро-енергетски сектор не сме подготвени, а ќе треба и време. Мицкоски не е убеден дека за 365 дена земјава може да има стабилно снабдување со електрична енергија од обновливи извори. Според него, во енергетиката не се возможни брзи резултати. Мора да се има предвид реалноста и да се работи врз основа на прецизни планови со конкретни одредници.
Кога се работи за енергетската транзиција треба да имаме предвид дека процесот е сложен и многу скап. Секогаш кога се исклучува реалноста, правиме грешки. За жал, која е реалноста? Нашата земја е сиромашна, па вистинското прашање е - дали Македонија може да си дозволи енергетска транзиција за толку краток период без да добие поддршка од надвор? Дали имаме човечки капацитет за таква транзиција и дали нашиот систем може да си ја дозволи? Кога зборувам за социјалното влијание од енергетската транзиција, зборувам за иднината на луѓето кои се веќе ангажирани во нашите производствени капацитети кои користат јаглен, произведуваат електрична енергија. Не треба тука да се занемари фактот дека моментно повеќе од 4 000 семејства зависат од производството на електрична енергија од термоелектраните, термоелектраната во Битола и Осломеј - нагласи Мицкоски.
  Според него, лесно се зборува за енергетската транзиција, но не е толку лесно да се зборува за човечките животи.
Ако се затворат тие производствени капацитети, прво ќе го изгубиме примарното производство што е многу важно за нашиот систем и ќе се соочиме со огромен предизвик како пред неколку години, бидејќи без примарно производство побарувачката ќе расте, а со обновливите извори.... Јас сум инженер и не сум убеден дека за 365 дена може да имаме стабилно снабдување со електрична енергија од обновливи извори. Тука не зборувам само за домаќинствата туку и за економијата, зашто побарувачката на стопанството, на економијата е важно. Треба да имаме стабилно и одржливо снабдување со електрична енергија ако сакаме да расте економијата, во спротивно би оделе наназад и би се соочиле со одлив на мозоци како што се случува сега, 8 од 10 мои студенти си одат надвор, бидејќи тука не гледаат никаква перспектива и ова е огромен предизвик за нас како влада да реализираме нешто материјално и опипливо, инаку би оделе во спротивна насока и наназад и за жал нема да има надеж - потенцира Мицкоски.
Тој посочи дека со добар план и добар надзор во енергетските капацитети ќе може да се заврши оваа процедура.
Како електро-енергетски сектор не сме подготвени, но со добар план и добар надзор на електро-енергетските капацитети ќе може да се заврши оваа процедура успешно, но за тоа ќе треба време. Во енергетиката брзи резултати не се возможни, бидејќи тоа би било чудо, но ние не правиме чуда, никој во светот не прави чуда. Затоа треба да ја имаме реалноста предвид и да работиме врз основа на прецизни планови со конкретни одредници - истакна Мицкоски.
Мицкоски укажа дека производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во фокусот. Производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во нашиот фокус, но чекор по чекор да се одвива тоа, бидејќи брзи резултати не се возможни. За тоа е потребно време и тоа треба да го имаме предвид, инаку нема да успееме - рече Мицкоски. Тој и во оваа прилика укажа дека без владеење на правото, нема развој.
Без владеењето на правото нема развој. Тоа е првиот столб, ако се избегнува владеењето на правото, развојот на земјата не би бил возможен, така што двојни стандарди не се возможни - заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски најави нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија appeared first on Република.

]]>
Живеете во дом каде сите често се разболуваат или ги следи несреќа? Еве како да ја прочистите енергијата https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/zhiveete-vo-dom-kade-site-chesto-se-razboluvaat-ili-gi-sledi-nesreka-eve-kako-da-ja-prochistite-energijata/ Sun, 10 Dec 2023 15:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=721501

Како да разбереме дека енергијата во нашиот дом е „лоша“? Тоа не значи само болест туку и постојани кавги, чувство на замор од раните утрински часови, семејно насилство и разни непријатности. Во домовите во кои дури и луѓето што одат да ги посетуваат, почнуваат да се чувствуваат лошо, се акумулирало доста негативна енергија.

Наталија Трубиновска, светска патничка и истражувачка на древни цивилизации, за „Убавина и здравје“ ги открива и другите знаци на акумулирана негативна енергија во вашиот дом:

  • Постојани дефекти на апаратите за домаќинство, често прегорување на електричните светилки, струен удар во ѕидот
  • Санитарните уреди често предизвикуваат проблеми – протекуваат чешмите, се расипуваат вентилите...
  • Во домот со лоша енергија се чувствуваат непријатни мириси, чиј извор е тешко да се утврди
  • Во куќата често се појавуваат мравки, лебарки и мушички
  • Растенијата не можат да растат нормално – нив ги јадат штетници. Добиениот букет овенува веднаш, не успеваат да траат дури ни неколку дена
  • Во таквиот дом и храната се расипува – во житарици се собираат инсекти, месото гние, а млекото веднаш се закиселува
  • Миленичињата исто така ги напаѓаат болести и не живеат долго

Секако, ако се случува сѐ од горенаведените работи во куќата – тоа е веќе целосно запоставен случај, како слика од мрачен филм: лебарки има насекаде, се чувствува мувла, тишината е нарушена со капење вода од расипани чешми… Но ако одвреме-навреме нешто од ова се случува во вашата куќа и почне да се повторува сè почесто, тоа значи дека во неа се акумулирале негативни енергии и дека ѝ е неопходно чистење. За среќа, сè може да се среди во неколку чекори, на природен начин, вели Трубиновска.

Како да се справиме со негативната енергија? Би требало да се направи генералка – големо енергетско чистење (заштеда), а потоа редовно да се спроведува.

1. За почеток, треба да се отворат прозорците за да се проветрат сите простории, да се пушти силата на воздухот. Колку има повеќе свеж воздух во одреден простор, толку е поповолна енергија.

2. Многу е корисно да се отворат прозорците на сончево време, така што сончевите зраци ќе продираат директно во куќата. Сонцето е моќен извор на енергија и неговите зраци во вистинска смисла може да убијат патолошки бактерии и ларви на многу домашни паразити и да ја дезинфицираат куќата.

3. Потоа, треба да спроведете ревизија на сите работи што ги чувате во куќата. Колку помалку работи, мебел, разно ѓубре – толку повеќе позитивна енергија. Треба да се ослободите од непотребните работи, од неисправниот кујнски прибор, од облеката што не ја носите, од весниците што никој веќе не ги чита до исушеното цвеќе, износените чевли итн. Сето ова собира негативна енергија, која го уништува вашиот живот.

4. Кога ќе се ослободите од непотребните работи, треба да го исчистите домот со помош на моќта на водата. Избришете ја прашината, но не со сува метла, туку со влажна крпа или со сунѓер, кој ќе ја собере целата нечистотија.

Обидете се да ги измиете сите површини во домот – вратите, прозорците, мебелот, подовите. Секоја валкана дамка привлекува уште повеќе нечистотија, прашина, бактерии и – негативна енергија.

5. Значи, вашиот дом веќе сјае, но тоа не е сѐ. Тогаш во него треба да се пушти моќта на огнот – така што ќе запалите свеќи во него. Некои луѓе сакаат мирисливи, некои прават восочни… Огнот најдобро ја уништува негативна енергија, затоа треба да се трудите да горат свеќи во вашата куќа колку што е можно почесто (но не заборавајте ги правилата за безбедност од пожари!).

6. Исто така е корисно да се запалат стапчиња со природни мириси. Тие навистина изобилуваат со магични својства: го штитат домот од сè негативно и го заситуваат со преубави смирувачки мириси.

7. Дома можете да донесете колку што е можно повеќе цвеќиња. Тоа е во состојба да ја апсорбира лошата енергија (поради тоа цвеќето веднаш се овенува во „негативните“ куќи). Аранжирајте букети, обновувајте ги почесто. Одгледувајте колку што можете повеќе вистински цвеќиња – еден ден тие ќе се справат со вашата негативна енергија, особено ако користите и други методи за да се борите против неа.

Сите овие едноставни методи дејствуваат 100%, во што можете и лично да се уверите. Обидете се да го исчистите вашиот дом на овој начин – ќе видите дека ќе се чувствувате подобро додека престојувате во него.

Извор: Убавина и здравје

The post Живеете во дом каде сите често се разболуваат или ги следи несреќа? Еве како да ја прочистите енергијата appeared first on Република.

]]>

Како да разбереме дека енергијата во нашиот дом е „лоша“? Тоа не значи само болест туку и постојани кавги, чувство на замор од раните утрински часови, семејно насилство и разни непријатности. Во домовите во кои дури и луѓето што одат да ги посетуваат, почнуваат да се чувствуваат лошо, се акумулирало доста негативна енергија. Наталија Трубиновска, светска патничка и истражувачка на древни цивилизации, за „Убавина и здравје“ ги открива и другите знаци на акумулирана негативна енергија во вашиот дом:
  • Постојани дефекти на апаратите за домаќинство, често прегорување на електричните светилки, струен удар во ѕидот
  • Санитарните уреди често предизвикуваат проблеми – протекуваат чешмите, се расипуваат вентилите...
  • Во домот со лоша енергија се чувствуваат непријатни мириси, чиј извор е тешко да се утврди
  • Во куќата често се појавуваат мравки, лебарки и мушички
  • Растенијата не можат да растат нормално – нив ги јадат штетници. Добиениот букет овенува веднаш, не успеваат да траат дури ни неколку дена
  • Во таквиот дом и храната се расипува – во житарици се собираат инсекти, месото гние, а млекото веднаш се закиселува
  • Миленичињата исто така ги напаѓаат болести и не живеат долго
Секако, ако се случува сѐ од горенаведените работи во куќата – тоа е веќе целосно запоставен случај, како слика од мрачен филм: лебарки има насекаде, се чувствува мувла, тишината е нарушена со капење вода од расипани чешми… Но ако одвреме-навреме нешто од ова се случува во вашата куќа и почне да се повторува сè почесто, тоа значи дека во неа се акумулирале негативни енергии и дека ѝ е неопходно чистење. За среќа, сè може да се среди во неколку чекори, на природен начин, вели Трубиновска. Како да се справиме со негативната енергија? Би требало да се направи генералка – големо енергетско чистење (заштеда), а потоа редовно да се спроведува. 1. За почеток, треба да се отворат прозорците за да се проветрат сите простории, да се пушти силата на воздухот. Колку има повеќе свеж воздух во одреден простор, толку е поповолна енергија. 2. Многу е корисно да се отворат прозорците на сончево време, така што сончевите зраци ќе продираат директно во куќата. Сонцето е моќен извор на енергија и неговите зраци во вистинска смисла може да убијат патолошки бактерии и ларви на многу домашни паразити и да ја дезинфицираат куќата. 3. Потоа, треба да спроведете ревизија на сите работи што ги чувате во куќата. Колку помалку работи, мебел, разно ѓубре – толку повеќе позитивна енергија. Треба да се ослободите од непотребните работи, од неисправниот кујнски прибор, од облеката што не ја носите, од весниците што никој веќе не ги чита до исушеното цвеќе, износените чевли итн. Сето ова собира негативна енергија, која го уништува вашиот живот. 4. Кога ќе се ослободите од непотребните работи, треба да го исчистите домот со помош на моќта на водата. Избришете ја прашината, но не со сува метла, туку со влажна крпа или со сунѓер, кој ќе ја собере целата нечистотија. Обидете се да ги измиете сите површини во домот – вратите, прозорците, мебелот, подовите. Секоја валкана дамка привлекува уште повеќе нечистотија, прашина, бактерии и – негативна енергија. 5. Значи, вашиот дом веќе сјае, но тоа не е сѐ. Тогаш во него треба да се пушти моќта на огнот – така што ќе запалите свеќи во него. Некои луѓе сакаат мирисливи, некои прават восочни… Огнот најдобро ја уништува негативна енергија, затоа треба да се трудите да горат свеќи во вашата куќа колку што е можно почесто (но не заборавајте ги правилата за безбедност од пожари!). 6. Исто така е корисно да се запалат стапчиња со природни мириси. Тие навистина изобилуваат со магични својства: го штитат домот од сè негативно и го заситуваат со преубави смирувачки мириси. 7. Дома можете да донесете колку што е можно повеќе цвеќиња. Тоа е во состојба да ја апсорбира лошата енергија (поради тоа цвеќето веднаш се овенува во „негативните“ куќи). Аранжирајте букети, обновувајте ги почесто. Одгледувајте колку што можете повеќе вистински цвеќиња – еден ден тие ќе се справат со вашата негативна енергија, особено ако користите и други методи за да се борите против неа. Сите овие едноставни методи дејствуваат 100%, во што можете и лично да се уверите. Обидете се да го исчистите вашиот дом на овој начин – ќе видите дека ќе се чувствувате подобро додека престојувате во него. Извор: Убавина и здравје

The post Живеете во дом каде сите често се разболуваат или ги следи несреќа? Еве како да ја прочистите енергијата appeared first on Република.

]]>
ЕУ ја намалува потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-ja-namaluva-potroshuvachkata-na-energija-za-11-7-otsto-do-2030-godina/ Fri, 10 Mar 2023 09:12:34 +0000 https://republika.mk/?p=618023

Европскиот совет денеска соопшти дека Претседателството на Европскиот совет и преговарачите на Европскиот парламент постигнале прелиминарен договор за намалување на потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година на ниво на ЕУ.

Горната граница за финална потрошувачка во ЕУ ќе биде 763 милиони тони еквивалент на нафта, а горната граница за примарна потрошувачка ќе биде 993 милиони тони нафтен еквивалент, се наведува во соопштението.

Границата за крајна потрошувачка ќе биде обврзувачка за земјите членки на ЕУ, додека границата за примарна потрошувачка ќе биде индикативна, додаваат од Советот на Европа.

The post ЕУ ја намалува потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година appeared first on Република.

]]>

Европскиот совет денеска соопшти дека Претседателството на Европскиот совет и преговарачите на Европскиот парламент постигнале прелиминарен договор за намалување на потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година на ниво на ЕУ. Горната граница за финална потрошувачка во ЕУ ќе биде 763 милиони тони еквивалент на нафта, а горната граница за примарна потрошувачка ќе биде 993 милиони тони нафтен еквивалент, се наведува во соопштението. Границата за крајна потрошувачка ќе биде обврзувачка за земјите членки на ЕУ, додека границата за примарна потрошувачка ќе биде индикативна, додаваат од Советот на Европа.  

The post ЕУ ја намалува потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Со складирање на електричната енргија ќе се регулира „бумот“ во производство на струја од обновливи извори https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-so-skladirane-na-elektrichnata-enrgija-ke-se-regulira-bumot-vo-proizvodstvo-na-struja-od-obnovlivi-izvori/ Fri, 17 Feb 2023 13:40:06 +0000 https://republika.mk/?p=610238

Во наредниот период ќе се формира работна група составена од претставници од Министерството за економија, Македонската енергетска асоцијација(МЕА), Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ) како и релевантните институции во областа на енергетиката која ќе работи на воведување на нова легислатива со која ќе се отвори можност за складирање на електричната енергија од обновливи извори, кажа министерот за економија Крешник Бектеши по денешниот состанок со претседателот на МЕА, Кочо Анѓушев и претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. На состанокот присуствуваа и претставници од МЕПСО и ЕВН.

Ќе биде формирана Работна група во која ќе бидат вклучени претставници на сите релевантни институции и на МЕА кои ќе работат на изготвување на нова легислатива за можноста за складирање на електричната енергија од обновливи извори на енергија и од страна на државата и од страна на приватни инвеститори, имајќи ги во предвид инвестициите кои што се рализираат и ќе се реализираат во наредниот период од обновливи извори на енергија посебно од фотонапонски централии, кажа министерот Бектеши.

Министерот потенцираше дека Министерството за економија континуирано работи градење на енергетскиот систем во државата и забрзување на енергетската транзиција.

Има „бум“ во производство на електрична енергија од обновливи извори во државата сакам да ги повикам инвеститорите да ги следат сите процедури во случај да не дојде да имаме многу поголемо производство од потребите кои ги има државата. Согласно Стратегијата за развој на енергетика лимитирано е колкаво може да биде производството на електрична енергија од обновливи извори , посебно од фотонапонски, ветерници, биомаса итн“ кажа Бектеши.

Министерот информираше дека во моемнтот се работи и на Индикативен план со кој ќе биде утврдена постапката и процедурите кои треба да ги поминат сите инвеститори за поедноставно реализирање на инвестицијата и да имаат предвидливост, се со цел нивните инвестиции да бидат профитабилни и да се знае постапката во делот на можностите на преносниот систем и на дистрибутивниот систем за да може да ја прими таа електрична енергија која што ќе се произведува од фотонапонски централи.

Како што кажаа од МЕА, големата инсталирана моќност на електрани од обновливи извори на енергија во текот на минатата година, а особено на фотоволтаични електрани, сега може да предизвика штета на преносниот систем и мрежа во Македонија. Од Асоцијацијата побара да биде законски регулирана струјата што се произведува од многуте фотонапонски централи кои се градат и допрва ќе се градат, со складирање на електричната енергија во таканаречени „сториџи“.

The post Бектеши: Со складирање на електричната енргија ќе се регулира „бумот“ во производство на струја од обновливи извори appeared first on Република.

]]>

Во наредниот период ќе се формира работна група составена од претставници од Министерството за економија, Македонската енергетска асоцијација(МЕА), Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ) како и релевантните институции во областа на енергетиката која ќе работи на воведување на нова легислатива со која ќе се отвори можност за складирање на електричната енергија од обновливи извори, кажа министерот за економија Крешник Бектеши по денешниот состанок со претседателот на МЕА, Кочо Анѓушев и претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. На состанокот присуствуваа и претставници од МЕПСО и ЕВН.
Ќе биде формирана Работна група во која ќе бидат вклучени претставници на сите релевантни институции и на МЕА кои ќе работат на изготвување на нова легислатива за можноста за складирање на електричната енергија од обновливи извори на енергија и од страна на државата и од страна на приватни инвеститори, имајќи ги во предвид инвестициите кои што се рализираат и ќе се реализираат во наредниот период од обновливи извори на енергија посебно од фотонапонски централии, кажа министерот Бектеши.
Министерот потенцираше дека Министерството за економија континуирано работи градење на енергетскиот систем во државата и забрзување на енергетската транзиција.
Има „бум“ во производство на електрична енергија од обновливи извори во државата сакам да ги повикам инвеститорите да ги следат сите процедури во случај да не дојде да имаме многу поголемо производство од потребите кои ги има државата. Согласно Стратегијата за развој на енергетика лимитирано е колкаво може да биде производството на електрична енергија од обновливи извори , посебно од фотонапонски, ветерници, биомаса итн“ кажа Бектеши.
Министерот информираше дека во моемнтот се работи и на Индикативен план со кој ќе биде утврдена постапката и процедурите кои треба да ги поминат сите инвеститори за поедноставно реализирање на инвестицијата и да имаат предвидливост, се со цел нивните инвестиции да бидат профитабилни и да се знае постапката во делот на можностите на преносниот систем и на дистрибутивниот систем за да може да ја прими таа електрична енергија која што ќе се произведува од фотонапонски централи. Како што кажаа од МЕА, големата инсталирана моќност на електрани од обновливи извори на енергија во текот на минатата година, а особено на фотоволтаични електрани, сега може да предизвика штета на преносниот систем и мрежа во Македонија. Од Асоцијацијата побара да биде законски регулирана струјата што се произведува од многуте фотонапонски централи кои се градат и допрва ќе се градат, со складирање на електричната енергија во таканаречени „сториџи“.

The post Бектеши: Со складирање на електричната енргија ќе се регулира „бумот“ во производство на струја од обновливи извори appeared first on Република.

]]>
Кусок на енергија еден ден, поради голем пад на температурите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kusok-na-energija-eden-den-poradi-golem-pad-na-temperaturite/ Tue, 07 Feb 2023 14:03:56 +0000 https://republika.mk/?p=606070

Вкупната потрошувачка на електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи (ЕВН Хоме) и дополнителните снабдувања кои ги врши АД ЕСМ преку ЕСМ Продажба, во неделата 5 февруари 2023 година, драстично се зголеми поради наглиот и голем пад на температурата во вечерните часови споредено со претходните денови, информираат од ЕСМ.

Потрошувачката, како што појаснуваат од таму, во саботата на 4 февруари изнесувала 18.948MWh, додека во неделата се искачила на 22.331MWh.

Поради скокот на потрошувачката, која ги надмина и номинираните количини од ЕВН Хоме, од страна на АД ЕСМ пласирани се 1045 MWh системски услуги со терциерна резерва и регистриран е кусок од околу 820 MWh. Сите други денови АД ЕСМ работи во рамките на нормалните граници на снабдување. Во моментот снабдувањето е по планот, производството се одвива пред се преку два блока во РЕК Битола и два котли во ТЕЦ Неготино, како и хидроелектраните и гогенеративната гасна електрана КОГЕЛ/Енергетика, дополнуваат од ЕСМ.

Најавуваат дека согласно планот за производство во текот на утрешниот ден на мрежа ќе бидат вратени Блок 1 во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Следната недела, кога се очекува раст на температурите, ќе биде исклучен Блок 2 заради претходно најавени сервисни активности, соопштуваат надлежните.

Подвлекуваат дека АД ЕСМ целосно го исполнува планот за производство за 2023г.

Нагласуваме дека повлекувањето енергија од европската мрежа е всушност утврден балансен механизам согласно правилник кој важи во цела интерконективно поврзана Европа, е наведено во официјалната информација.

The post Кусок на енергија еден ден, поради голем пад на температурите appeared first on Република.

]]>

Вкупната потрошувачка на електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи (ЕВН Хоме) и дополнителните снабдувања кои ги врши АД ЕСМ преку ЕСМ Продажба, во неделата 5 февруари 2023 година, драстично се зголеми поради наглиот и голем пад на температурата во вечерните часови споредено со претходните денови, информираат од ЕСМ. Потрошувачката, како што појаснуваат од таму, во саботата на 4 февруари изнесувала 18.948MWh, додека во неделата се искачила на 22.331MWh. Поради скокот на потрошувачката, која ги надмина и номинираните количини од ЕВН Хоме, од страна на АД ЕСМ пласирани се 1045 MWh системски услуги со терциерна резерва и регистриран е кусок од околу 820 MWh. Сите други денови АД ЕСМ работи во рамките на нормалните граници на снабдување. Во моментот снабдувањето е по планот, производството се одвива пред се преку два блока во РЕК Битола и два котли во ТЕЦ Неготино, како и хидроелектраните и гогенеративната гасна електрана КОГЕЛ/Енергетика, дополнуваат од ЕСМ. Најавуваат дека согласно планот за производство во текот на утрешниот ден на мрежа ќе бидат вратени Блок 1 во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Следната недела, кога се очекува раст на температурите, ќе биде исклучен Блок 2 заради претходно најавени сервисни активности, соопштуваат надлежните. Подвлекуваат дека АД ЕСМ целосно го исполнува планот за производство за 2023г. Нагласуваме дека повлекувањето енергија од европската мрежа е всушност утврден балансен механизам согласно правилник кој важи во цела интерконективно поврзана Европа, е наведено во официјалната информација.

The post Кусок на енергија еден ден, поради голем пад на температурите appeared first on Република.

]]>
На кој начин можете најдобро да ја искористите енергијата на полната Месечина? https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/na-koj-nachin-mozhete-najdobro-da-ja-iskoristite-energijata-na-polnata-mesechina/ Mon, 09 Jan 2023 18:16:28 +0000 https://republika.mk/?p=594114

Енергијата на полната Месечина може да ви влијае позитивно само ако ја искористите правилно. Тоа може да го зголеми вашето ниво на позитивна енергија и да ги разбуди вашите емоции.

Полна Месечина и енергетски кулминации
Полна месечина е посебен ден од месецот кога ја доживуваме енергијата на космосот на посебен начин. Вибрациите стануваат посилни на тој ден дури и на физичко ниво. Некои луѓе добро ја толерираат оваа промена, некои не.

Поради ова, некои можат да почувствуваат многу повеќе енергија и ентузијазам на денот на полната Месечина, некои можат да почувствуваат повеќе духовни вибрации, а некои, пак, да бидат многу раздразливи и нервозни и да имаат проблеми со спиењето во текот на ноќта на полната Месечина.

Сè станува помоќно на полна месечина. Затоа, во зависност од нашата природа и карактеристики, овие одредени квалитети стануваат посилни во нас.

Ако чувствувате внатрешна хармонија, полната Месечина ќе ви донесе многу позитивни вибрации – универзумот секогаш го одразува она што го носите во себе. Но, ако сте немирни, тој ден ќе чувствувате поголем немир и хаос. Научно е докажано дека на денот на полната Месечина се случуваат повеќе ненадејни и импулсивни злосторства – тоа не е случајно.

Затоа, внимавајте на она што размислувате во текот на тој ден – тоа би можело да се оствари. Во продолжение прочитајте ги нашите совети за како можете на правилен начин да ја искористите енергијата на месечината.

1. Не избрзувајте
Не навлегувајте во расправии и не се лутете. Полната месечина е време кога треба да бидете смирени, да оставите некои работи да бидат онакви какви што се. Тоа е време кога треба да им простите на другите. Ако не можете, а да не разговарате за нешто со некого, обидете се тоа да се случи најмалку два дена по полната месечина. Сè што ќе се случи сега ќе биде претерано. Затоа, обидете се да одржувате рамнотежа во вашето секојдневие.

2. Размислувајте позитивно
Дефинитивно треба да размислувате позитивно, но особено во периодот кога Месечината е полна. Само не претерувајте, бидејќи во овој период сè е претерано, па вашите позитивни мисли можат да ве спречат да ја видите реалноста онаква каква што е. Само пет минути позитивни мисли дневно се сосема доволни за да го „протуркате“ денот. На пример, можете да напишете писмо во кое му се заблагодарувате на универзумот за сè што имате.

3. Сонувајте
Замислете дека ви се оствариле сите соништа. Периодот на полна Месечина е одличен момент за оваа техника. Размислете за вашите цели и запишете ги сите на хартија. Слично на тоа, кога Месечината е во фаза на опаѓање, погледнете ја Месечината и визуелизирајте ги вашите проблеми како се намалуваат и исчезнуваат.

4. Медитирајте
Можете да медитирате сами или во група. Бидејќи полната Месечина нè опсипува со толку многу енергија, медитацијата ќе ви биде од голема помош во секој поглед.

Откако прочитавте на кој начин можете најдобро да ја искористите енергијата на полната Месечина, можеби ќе сакате да прочитате и што треба да правите на денот на полна Месечина за да бидете среќни.

The post На кој начин можете најдобро да ја искористите енергијата на полната Месечина? appeared first on Република.

]]>

Енергијата на полната Месечина може да ви влијае позитивно само ако ја искористите правилно. Тоа може да го зголеми вашето ниво на позитивна енергија и да ги разбуди вашите емоции. Полна Месечина и енергетски кулминации Полна месечина е посебен ден од месецот кога ја доживуваме енергијата на космосот на посебен начин. Вибрациите стануваат посилни на тој ден дури и на физичко ниво. Некои луѓе добро ја толерираат оваа промена, некои не. Поради ова, некои можат да почувствуваат многу повеќе енергија и ентузијазам на денот на полната Месечина, некои можат да почувствуваат повеќе духовни вибрации, а некои, пак, да бидат многу раздразливи и нервозни и да имаат проблеми со спиењето во текот на ноќта на полната Месечина. Сè станува помоќно на полна месечина. Затоа, во зависност од нашата природа и карактеристики, овие одредени квалитети стануваат посилни во нас. Ако чувствувате внатрешна хармонија, полната Месечина ќе ви донесе многу позитивни вибрации – универзумот секогаш го одразува она што го носите во себе. Но, ако сте немирни, тој ден ќе чувствувате поголем немир и хаос. Научно е докажано дека на денот на полната Месечина се случуваат повеќе ненадејни и импулсивни злосторства – тоа не е случајно. Затоа, внимавајте на она што размислувате во текот на тој ден – тоа би можело да се оствари. Во продолжение прочитајте ги нашите совети за како можете на правилен начин да ја искористите енергијата на месечината. 1. Не избрзувајте Не навлегувајте во расправии и не се лутете. Полната месечина е време кога треба да бидете смирени, да оставите некои работи да бидат онакви какви што се. Тоа е време кога треба да им простите на другите. Ако не можете, а да не разговарате за нешто со некого, обидете се тоа да се случи најмалку два дена по полната месечина. Сè што ќе се случи сега ќе биде претерано. Затоа, обидете се да одржувате рамнотежа во вашето секојдневие. 2. Размислувајте позитивно Дефинитивно треба да размислувате позитивно, но особено во периодот кога Месечината е полна. Само не претерувајте, бидејќи во овој период сè е претерано, па вашите позитивни мисли можат да ве спречат да ја видите реалноста онаква каква што е. Само пет минути позитивни мисли дневно се сосема доволни за да го „протуркате“ денот. На пример, можете да напишете писмо во кое му се заблагодарувате на универзумот за сè што имате. 3. Сонувајте Замислете дека ви се оствариле сите соништа. Периодот на полна Месечина е одличен момент за оваа техника. Размислете за вашите цели и запишете ги сите на хартија. Слично на тоа, кога Месечината е во фаза на опаѓање, погледнете ја Месечината и визуелизирајте ги вашите проблеми како се намалуваат и исчезнуваат. 4. Медитирајте Можете да медитирате сами или во група. Бидејќи полната Месечина нè опсипува со толку многу енергија, медитацијата ќе ви биде од голема помош во секој поглед. Откако прочитавте на кој начин можете најдобро да ја искористите енергијата на полната Месечина, можеби ќе сакате да прочитате и што треба да правите на денот на полна Месечина за да бидете среќни.

The post На кој начин можете најдобро да ја искористите енергијата на полната Месечина? appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: ЈП, институциите и општините да преземат мерки за штедење струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-jp-instituciite-i-opshtinite-da-prezemat-merki-za-shtedenje-struja/ Mon, 10 Oct 2022 20:31:54 +0000 https://republika.mk/?p=559578

Треба да се направи анализа дали јавни претпријатија имаат потреба од сите вработени во моментов или дел од нив би можеле да бидат пратени на одмор со цел да се заштеди енергија, најави вечерва премиерот Димитар Ковачевски.

Има јавни претпријатија во која има голем број на вработени. Тие треба да направат анализа дали имаат потреба од сите луѓе во секое време или дел од нив може да одат на одмор, со цел да се заштеди енергија, изјави премиерот Ковачевски во интервју за ТВ 24.

Тој потсети дека Владата донесе одлука и им наложи на јавните претпријатија и државните институции и агенции да ги намалат трошоците.

Ќе се прави и ревизија на менаџерските договори на јавните претпријатија, бидејќи забележавме многу големи суми, особено кај претпријатија кои прават загуби - рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека покрај јавните претпријатија и општините ќе мора да го прилагодат начинот на работа и да ги намалат трошоците заради справување со последиците од кризата.

Ние бевме сведоци дека локална власта во Скопје меѓу себе се обвинуваше дека непотребно вработиле 100 луѓе на договор за дело. Сто луѓе, по трошок од 1.000 евра значи нето плата, плус придонеси, плус книговодствени услуги, одржување електрична енергија која што ја користат и други трошоци кои што ги прават, значи тоа се 1000 евра на пример земено во просек, по 100 луѓе се 100 илјади евра. А 100 илјади евра не е висината на сметката за електрична енергија. Така што ќе мора и локалните јавни претпријатија и локални самоуправи да функционираат на начин кој што е согласен со најдобрите менаџмент пракси во услови на криза. Меѓутоа и да не е криза треба така да се однесуваме - рече Ковачевски.

Премиерот порача дека како дел од последниот пакет мерки на регулираниот пазар на електрична енергија ќе се префрлат и објектите на сите основни и средни училишта, но и дел од јавните претпријатија за водоснабдување, со цел нивната работа да не биде доведена во прашање во претстојните месеци.

The post Ковачевски: ЈП, институциите и општините да преземат мерки за штедење струја appeared first on Република.

]]>

Треба да се направи анализа дали јавни претпријатија имаат потреба од сите вработени во моментов или дел од нив би можеле да бидат пратени на одмор со цел да се заштеди енергија, најави вечерва премиерот Димитар Ковачевски. Има јавни претпријатија во која има голем број на вработени. Тие треба да направат анализа дали имаат потреба од сите луѓе во секое време или дел од нив може да одат на одмор, со цел да се заштеди енергија, изјави премиерот Ковачевски во интервју за ТВ 24. Тој потсети дека Владата донесе одлука и им наложи на јавните претпријатија и државните институции и агенции да ги намалат трошоците.
Ќе се прави и ревизија на менаџерските договори на јавните претпријатија, бидејќи забележавме многу големи суми, особено кај претпријатија кои прават загуби - рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека покрај јавните претпријатија и општините ќе мора да го прилагодат начинот на работа и да ги намалат трошоците заради справување со последиците од кризата.
Ние бевме сведоци дека локална власта во Скопје меѓу себе се обвинуваше дека непотребно вработиле 100 луѓе на договор за дело. Сто луѓе, по трошок од 1.000 евра значи нето плата, плус придонеси, плус книговодствени услуги, одржување електрична енергија која што ја користат и други трошоци кои што ги прават, значи тоа се 1000 евра на пример земено во просек, по 100 луѓе се 100 илјади евра. А 100 илјади евра не е висината на сметката за електрична енергија. Така што ќе мора и локалните јавни претпријатија и локални самоуправи да функционираат на начин кој што е согласен со најдобрите менаџмент пракси во услови на криза. Меѓутоа и да не е криза треба така да се однесуваме - рече Ковачевски.
Премиерот порача дека како дел од последниот пакет мерки на регулираниот пазар на електрична енергија ќе се префрлат и објектите на сите основни и средни училишта, но и дел од јавните претпријатија за водоснабдување, со цел нивната работа да не биде доведена во прашање во претстојните месеци.

The post Ковачевски: ЈП, институциите и општините да преземат мерки за штедење струја appeared first on Република.

]]>
На 15 октомври ќе бидат објавени институциите кои не склучиле договор за снабдување со електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/na-15-oktomvri-kje-bidat-objaveni-instituciite-koi-ne-skluchile-dogovor-za-snabduvanje-so-elektrichna-energija/ Wed, 28 Sep 2022 18:55:58 +0000 https://republika.mk/?p=555333

Сите општини и јавни претпријатија во рамки на општините, но и во рамки на централната власт кои не склучиле договор за снабдување со електрична енергија, прават 20 отсто поголеми трошоци врз буџетите кои ги полнат грѓаните и ќе бидат јавно објавени една по една на 15 октомври, а јас ќе побарам од Владата одговорност и раководните лица да објаснат зошто преминале на краен снабдувач, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој е дециден дека пари за енергенси ќе има, но се прават максимални напори да има што помал трошок и наместо 2 000 евра за 1 000 нормални метри кубни, да се плати помалку.

Моментно берзанските цени за нас и стопанството не се прифатливи. Правиме обиди да преговараме билатерално, да договориме прифатливи цени. Ако тоа не се случи, нема да има договор, подвлече Бектеши во гостувањето на Топ Тема.

Министерот истакна дека има простор да им се помогне на училиштата во однос на снабдувањето со електрична енергија, а за јавните претпријатија уште еднаш упати порака дека треба да ги почитуваат мерките за штедење.

Веќе имаме податоци за потребите од електрична енергија на основните и средните училишта од 1 ноември до крајот на март 2023 година. Тоа е потрошувачка од околу десет гигават часови. Ќе имаме простор да им излеземе во пресрет. Потрошувачката кај јавните претпријатија е 90 гигават часови. Прво треба да ја намалиме потрошувачката и да ги почитуваме мерките за заштеда зашто така ќе имаме можност да ги снабдуваме сите по регулирана цена. Во однос на клиниките, голем дел се снабдуваат директно од ЕСМ, институциите од централната власт исто така. Сакаме да им излеземе во пресрет и на општините, но мора сите прво да дадеме придонес во штедењето - напомена Бектеши.

На прашањето дали чувствува морална одговорност за ситуацијата со енергетската криза, министерот одговори дека навреме се направени сите потребни чекори.

Освен обезбедување суровини, струја и топлинска енргија, наша работа е и да се грижиме за буџетот на граѓаните. За мене, а посебно за ЕСМ, ќе беше најлесно ако купеа струја и природен гас по цени кога беа највисоки. Повторно ќе кажам, ние ќе ги користиме сите можности, а и сите можности се искористени. Сега се разгледуваат понудите и избрана ќе биде најприфатливата. Ќе трошевме месечно 120 милиони евра за набавка на природен гас. Истото важи и за струјата и за другите суровини. За регулираниот пазар немаше потреба да купиме, а сега заработуваме во ноќните часови - рече министерот за економија.

The post На 15 октомври ќе бидат објавени институциите кои не склучиле договор за снабдување со електрична енергија appeared first on Република.

]]>

Сите општини и јавни претпријатија во рамки на општините, но и во рамки на централната власт кои не склучиле договор за снабдување со електрична енергија, прават 20 отсто поголеми трошоци врз буџетите кои ги полнат грѓаните и ќе бидат јавно објавени една по една на 15 октомври, а јас ќе побарам од Владата одговорност и раководните лица да објаснат зошто преминале на краен снабдувач, рече вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Тој е дециден дека пари за енергенси ќе има, но се прават максимални напори да има што помал трошок и наместо 2 000 евра за 1 000 нормални метри кубни, да се плати помалку. Моментно берзанските цени за нас и стопанството не се прифатливи. Правиме обиди да преговараме билатерално, да договориме прифатливи цени. Ако тоа не се случи, нема да има договор, подвлече Бектеши во гостувањето на Топ Тема. Министерот истакна дека има простор да им се помогне на училиштата во однос на снабдувањето со електрична енергија, а за јавните претпријатија уште еднаш упати порака дека треба да ги почитуваат мерките за штедење.
Веќе имаме податоци за потребите од електрична енергија на основните и средните училишта од 1 ноември до крајот на март 2023 година. Тоа е потрошувачка од околу десет гигават часови. Ќе имаме простор да им излеземе во пресрет. Потрошувачката кај јавните претпријатија е 90 гигават часови. Прво треба да ја намалиме потрошувачката и да ги почитуваме мерките за заштеда зашто така ќе имаме можност да ги снабдуваме сите по регулирана цена. Во однос на клиниките, голем дел се снабдуваат директно од ЕСМ, институциите од централната власт исто така. Сакаме да им излеземе во пресрет и на општините, но мора сите прво да дадеме придонес во штедењето - напомена Бектеши.
На прашањето дали чувствува морална одговорност за ситуацијата со енергетската криза, министерот одговори дека навреме се направени сите потребни чекори.
Освен обезбедување суровини, струја и топлинска енргија, наша работа е и да се грижиме за буџетот на граѓаните. За мене, а посебно за ЕСМ, ќе беше најлесно ако купеа струја и природен гас по цени кога беа највисоки. Повторно ќе кажам, ние ќе ги користиме сите можности, а и сите можности се искористени. Сега се разгледуваат понудите и избрана ќе биде најприфатливата. Ќе трошевме месечно 120 милиони евра за набавка на природен гас. Истото важи и за струјата и за другите суровини. За регулираниот пазар немаше потреба да купиме, а сега заработуваме во ноќните часови - рече министерот за економија.

The post На 15 октомври ќе бидат објавени институциите кои не склучиле договор за снабдување со електрична енергија appeared first on Република.

]]>
Чешката Влада донесе одлука за ограничување на цените на електричната енергија и гасот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cheshkata-vlada-donese-odluka-za-ogranichuvanje-na-cenite-na-elektrichnata-energija-i-gasot/ Tue, 13 Sep 2022 07:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=550208

Чешката Влада донесе одлука за ограничување на цените на електричната енергија и гасот, со цел да ги заштити домаќинствата од растечките цени на пазарот, информираше премиерот Петр Фијала.

Како и други европски земји, Чешка одлучи да ги заштити граѓаните и компаниите од растот на цените на пазарот во период на намален проток на руски гас во Европа, како последица на руската агресија врз Украина и европските санкции против Москва.

Чешката Влада најави дека ќе се погрижи националниот план, што мора да биде потврден од парламентот, да оди заедно со паневропското решение што го подготвуваат Европската комисија (ЕК) и земјите членки.

Ја гарантираме висината на цените, сите ќе знаат колку ќе плаќаат, ќе биде невозможно некој да плати многу поскапо од минатата година - истакна Фијала на прес-конференција.

Цените на електричната енергија за домаќинства ќе се ограничат на шест чешки круни или 0,24 евра по киловат час и три круни за гас. Овие цени ќе важат од ноември.

Во среда, како што појасни Фијала, ќе се знае и решението за високите цени на енергентите за индустриски субјекти.

Чешките цени на електрична енергија, а во нив вклучени и даноците, ќе бидат околу 200 евра за мегават час, што е ниво на цените споменати во предлогот на ЕК за цените на енергенсите што не се на гас.

Владата ќе овозможи и јавниот сектор, меѓу другото и болници, општини, училишта, да имаат гарантирани цени на енергенсите.

Според министерот за финансии Збинек Станјура, ограничувањето на цените ќе ја чини државата околу 130 милијарди круни идната година. Пакетот мерки ќе се финансира со дополнителни даноци за секторот за производство на енергија, рафинериите за нафта, банките, како и трговците со гас и електрична енергија.

The post Чешката Влада донесе одлука за ограничување на цените на електричната енергија и гасот appeared first on Република.

]]>

Чешката Влада донесе одлука за ограничување на цените на електричната енергија и гасот, со цел да ги заштити домаќинствата од растечките цени на пазарот, информираше премиерот Петр Фијала. Како и други европски земји, Чешка одлучи да ги заштити граѓаните и компаниите од растот на цените на пазарот во период на намален проток на руски гас во Европа, како последица на руската агресија врз Украина и европските санкции против Москва. Чешката Влада најави дека ќе се погрижи националниот план, што мора да биде потврден од парламентот, да оди заедно со паневропското решение што го подготвуваат Европската комисија (ЕК) и земјите членки.
Ја гарантираме висината на цените, сите ќе знаат колку ќе плаќаат, ќе биде невозможно некој да плати многу поскапо од минатата година - истакна Фијала на прес-конференција.
Цените на електричната енергија за домаќинства ќе се ограничат на шест чешки круни или 0,24 евра по киловат час и три круни за гас. Овие цени ќе важат од ноември. Во среда, како што појасни Фијала, ќе се знае и решението за високите цени на енергентите за индустриски субјекти. Чешките цени на електрична енергија, а во нив вклучени и даноците, ќе бидат околу 200 евра за мегават час, што е ниво на цените споменати во предлогот на ЕК за цените на енергенсите што не се на гас. Владата ќе овозможи и јавниот сектор, меѓу другото и болници, општини, училишта, да имаат гарантирани цени на енергенсите. Според министерот за финансии Збинек Станјура, ограничувањето на цените ќе ја чини државата околу 130 милијарди круни идната година. Пакетот мерки ќе се финансира со дополнителни даноци за секторот за производство на енергија, рафинериите за нафта, банките, како и трговците со гас и електрична енергија.

The post Чешката Влада донесе одлука за ограничување на цените на електричната енергија и гасот appeared first on Република.

]]>
Орбан: Од политички причини Европа одбива да користи различни извори на енергија, но Унгарија ќе го направи она што го бара татковината https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/orban-od-politichki-prichini-evropa-odbiva-da-koristi-razlichni-izvori-na-energija-no-ungarija-kje-go-napravat-ona-shto-go-bara-tatkovinata/ Sat, 10 Sep 2022 12:40:07 +0000 https://republika.mk/?p=549434

Ако сакаме да копаме до дното на проблемите, секогаш завршуваме на истото место: прашањето за енергијата. А ситуацијата е дека Европа остана без енергија, унгарскиот премиер Виктор Орбан напиша на „Фејсбук“.

Што и да имаме, мораме да го донесеме овде од друго место бидејќи не можеме да функционираме без енергија, дури и за иновации, енергијата е алфа и омега. Друг проблем е што енергијата што доаѓа во Европа е скапа. Сепак, мораме да се бориме со фундаменталистичките зелени и бирократите вклучени во геополитичките игри. Тие треба да бидат поразени, а овој аргумент е вистинска битка да не се исклучат различните извори на енергија - јаглерод, нуклеарна енергија, гас - од можностите.

Сега, од политички причини, Европа одбива да користи различни извори на енергија, со што го отежнуваме сопствениот живот и ја отежнуваме ситуацијата за нашата сопствена индустрија во глобалната конкуренција. Има малку континенти во таква тешка ситуација како нашата, но само нашиот континент им го отежнува сопствениот живот толку многу.

Што може да направи Унгарија во оваа ситуација? Најпрво би сакал да појаснам дека Унгарија и унгарската влада ќе го направат она што го бара татковината.

Нема да ни недостига енергија. Ова не е предвидување, ова е изјава на факт. Во Унгарија ќе има гас и доволно струја - истакна Орбан.

The post Орбан: Од политички причини Европа одбива да користи различни извори на енергија, но Унгарија ќе го направи она што го бара татковината appeared first on Република.

]]>

Ако сакаме да копаме до дното на проблемите, секогаш завршуваме на истото место: прашањето за енергијата. А ситуацијата е дека Европа остана без енергија, унгарскиот премиер Виктор Орбан напиша на „Фејсбук“.
Што и да имаме, мораме да го донесеме овде од друго место бидејќи не можеме да функционираме без енергија, дури и за иновации, енергијата е алфа и омега. Друг проблем е што енергијата што доаѓа во Европа е скапа. Сепак, мораме да се бориме со фундаменталистичките зелени и бирократите вклучени во геополитичките игри. Тие треба да бидат поразени, а овој аргумент е вистинска битка да не се исклучат различните извори на енергија - јаглерод, нуклеарна енергија, гас - од можностите.   Сега, од политички причини, Европа одбива да користи различни извори на енергија, со што го отежнуваме сопствениот живот и ја отежнуваме ситуацијата за нашата сопствена индустрија во глобалната конкуренција. Има малку континенти во таква тешка ситуација како нашата, но само нашиот континент им го отежнува сопствениот живот толку многу.   Што може да направи Унгарија во оваа ситуација? Најпрво би сакал да појаснам дека Унгарија и унгарската влада ќе го направат она што го бара татковината.   Нема да ни недостига енергија. Ова не е предвидување, ова е изјава на факт. Во Унгарија ќе има гас и доволно струја - истакна Орбан.

The post Орбан: Од политички причини Европа одбива да користи различни извори на енергија, но Унгарија ќе го направи она што го бара татковината appeared first on Република.

]]>
Германија бара луѓето да ја намалат потрошувачката на енергија: Сега е важен секој киловат-час https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-bara-lugjeto-da-ja-namalat-potroshuvachkata-na-energija-sega-e-vazen-sekoj-kilovat-chas/ Thu, 16 Jun 2022 12:28:59 +0000 https://republika.mk/?p=515976

Германскиот министер за економија ги повика граѓаните да ја намалат потрошувачката на енергија откако руската енергетска компанија „Гаспром“ почна значително да ја намалува количината на гас што ја испорачува за најголемата европска економија.

„Гаспром“ соопшти дека количината на гас што минува низ гасоводот Северен тек 1 ќе се намали на 67 милиони кубни метри дневно од 167 милиони кубни метри претходно оваа недела, како причина наведувајќи ги потребните поправки.

Кратењата претставуваат намалување за приближно 60 отсто на гасот за Германија преку овој гасовод за само два дена. Европските земји се обидуваат да ја намалат зависноста од руските фосилни горива поради војната во Украина, но со ограничен успех.

Министерот за економија, Роберт Хабек, во видео објавено на „Твитер“ рече дека сега е време да се штеди на потрошувачката на енергија.

„Секој киловат-час помага во оваа ситуација“, рече Хабек. Иако испораките за Германија се сигурни со придонеси од други, поскапи извори, треба да бидеме внимателни, рече Хабек.

Пред сè, не смееме да дозволиме да бидеме поделени, а тоа е намерата на (рускиот претседател Владимир) Путин - додаде тој.

The post Германија бара луѓето да ја намалат потрошувачката на енергија: Сега е важен секој киловат-час appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за економија ги повика граѓаните да ја намалат потрошувачката на енергија откако руската енергетска компанија „Гаспром“ почна значително да ја намалува количината на гас што ја испорачува за најголемата европска економија. „Гаспром“ соопшти дека количината на гас што минува низ гасоводот Северен тек 1 ќе се намали на 67 милиони кубни метри дневно од 167 милиони кубни метри претходно оваа недела, како причина наведувајќи ги потребните поправки. Кратењата претставуваат намалување за приближно 60 отсто на гасот за Германија преку овој гасовод за само два дена. Европските земји се обидуваат да ја намалат зависноста од руските фосилни горива поради војната во Украина, но со ограничен успех. Министерот за економија, Роберт Хабек, во видео објавено на „Твитер“ рече дека сега е време да се штеди на потрошувачката на енергија. „Секој киловат-час помага во оваа ситуација“, рече Хабек. Иако испораките за Германија се сигурни со придонеси од други, поскапи извори, треба да бидеме внимателни, рече Хабек.
Пред сè, не смееме да дозволиме да бидеме поделени, а тоа е намерата на (рускиот претседател Владимир) Путин - додаде тој.

The post Германија бара луѓето да ја намалат потрошувачката на енергија: Сега е важен секој киловат-час appeared first on Република.

]]>
Овие предмети и навики го попречуваат протокот на позитивна енергија https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/ovie-predmeti-i-naviki-go-poprechuvaat-protokot-na-pozitivna-energija/ Sun, 22 May 2022 14:42:04 +0000 https://republika.mk/?p=505509

За да владее само позитивна енергија во вашиот дом и семејство, која ќе придонесе за привлекување здравје, љубов и пари, внимавајте на предметите кои се првиот магнет за беда. Овие предмети и навики го попречуваат протокот на позитивна енергија:

1. Валкана гардероба во аголот на собата

Ова е една од првите работи што ги предупредува експертот за фенг шуи кога ќе го забележи тоа дома. Можеби е најлесно да се гушка валканата облека на подот во аголот од собата, но треба да знаете дека таму тече и позитивна енергија од дома. Во секое семејство треба да има простор каде ќе се чуваат валкани алишта за перење – подобро е да имате кофа за тоа во дворот отколку валкани чорапи на аглите од собите.

2. Чевли наредени пред вратата

Без разлика дали се наредени покрај спалната или било која друга, овие предмети се вистински „енергетски вампири“, особено ако се валкани.

3. Куп стари весници, списанија, весници и книги

Фрлете го весникот во ѓубре веднаш штом ќе го прочитате, советуваат експертите за фенг шуи. Ако собирате списанија или книги, чувајте ги на полици, а не на подот или аголот од собата. Расфрлани низ просторот, овие предмети ќе донесат лоша енергија.

4. Испукани или исечкани чинии, чинии и чаши

Скршените јадења носат лоша енергија на оној што ги користи, тврдат експертите за фенг шуи. Подобро е да го купите најевтиниот нов сет отколку да користите скап, но оштетен комплет садови. Користењето на таков прибор може негативно да влијае на вашата кариера или финансии.

5. Празни тегли ориз, сол и шеќер

На сите ни се случува да се потрошат залихите на најнеопходната храна, но наставниците по фенг шуи велат дека никогаш не треба да дозволите теглите во кои чувате ориз, сол и шеќер да бидат целосно празни. Полиците со празни тегли во кујната влијаат на среќата и хармонијата во семејството.

6. Место за седење или спиење под греда

Дрвените греди се еден од омилените дизајнерски елементи кои со задоволство ги гледаме во домовите. Меѓутоа, ако под овој детаљ поставите софа или кревет, знаете дека отровните стрели од негативна енергија се насочени кон вас, објаснуваат експертите за фенг шуи.

7. Скромни порции ориз во чинија

Кога послужувате храна за гостите или членовите на домаќинството, проверете дали секој член има повеќе од доволно храна. Ова правило прво се однесува на оризот. Според принципите на фенг шуи, недостатокот на ориз во чинија значи и недостаток на благосостојба. Ако оризот стигне, дајте им го на домашните миленици или сочувајте го и однесете го на оние кои се гладни.

The post Овие предмети и навики го попречуваат протокот на позитивна енергија appeared first on Република.

]]>

За да владее само позитивна енергија во вашиот дом и семејство, која ќе придонесе за привлекување здравје, љубов и пари, внимавајте на предметите кои се првиот магнет за беда. Овие предмети и навики го попречуваат протокот на позитивна енергија: 1. Валкана гардероба во аголот на собата Ова е една од првите работи што ги предупредува експертот за фенг шуи кога ќе го забележи тоа дома. Можеби е најлесно да се гушка валканата облека на подот во аголот од собата, но треба да знаете дека таму тече и позитивна енергија од дома. Во секое семејство треба да има простор каде ќе се чуваат валкани алишта за перење – подобро е да имате кофа за тоа во дворот отколку валкани чорапи на аглите од собите. 2. Чевли наредени пред вратата Без разлика дали се наредени покрај спалната или било која друга, овие предмети се вистински „енергетски вампири“, особено ако се валкани. 3. Куп стари весници, списанија, весници и книги Фрлете го весникот во ѓубре веднаш штом ќе го прочитате, советуваат експертите за фенг шуи. Ако собирате списанија или книги, чувајте ги на полици, а не на подот или аголот од собата. Расфрлани низ просторот, овие предмети ќе донесат лоша енергија. 4. Испукани или исечкани чинии, чинии и чаши Скршените јадења носат лоша енергија на оној што ги користи, тврдат експертите за фенг шуи. Подобро е да го купите најевтиниот нов сет отколку да користите скап, но оштетен комплет садови. Користењето на таков прибор може негативно да влијае на вашата кариера или финансии. 5. Празни тегли ориз, сол и шеќер На сите ни се случува да се потрошат залихите на најнеопходната храна, но наставниците по фенг шуи велат дека никогаш не треба да дозволите теглите во кои чувате ориз, сол и шеќер да бидат целосно празни. Полиците со празни тегли во кујната влијаат на среќата и хармонијата во семејството. 6. Место за седење или спиење под греда Дрвените греди се еден од омилените дизајнерски елементи кои со задоволство ги гледаме во домовите. Меѓутоа, ако под овој детаљ поставите софа или кревет, знаете дека отровните стрели од негативна енергија се насочени кон вас, објаснуваат експертите за фенг шуи. 7. Скромни порции ориз во чинија Кога послужувате храна за гостите или членовите на домаќинството, проверете дали секој член има повеќе од доволно храна. Ова правило прво се однесува на оризот. Според принципите на фенг шуи, недостатокот на ориз во чинија значи и недостаток на благосостојба. Ако оризот стигне, дајте им го на домашните миленици или сочувајте го и однесете го на оние кои се гладни.

The post Овие предмети и навики го попречуваат протокот на позитивна енергија appeared first on Република.

]]>
Данска го зголемува производството на гас и на енергија од обновливи извори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/danska-go-zgolemuva-proizvodstvoto-na-gas-i-na-energija-od-obnovlivi-izvori/ Wed, 20 Apr 2022 07:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=490914

Данската Влада најави дека има за цел значително да го зголеми снабдувањето со обновлива енергија и привремено да го зголеми производството на природен гас во Северно Море, со цел земјата да не биде зависна од руските енергенси.

Ќе го зголемиме производството на природен гас во Северното Море во ограничен временски период. Убедени сме дека е подобро да се произведува гас во Северното Море, отколку да се купува од Владимир Путин, изјави данската премиерка Мете Фредериксен.

Таа додаде дека Данска би можеле следната година да биде независна од рускиот гас.

Но, бидејќи сме дел од европската гасна мрежа, потребно ни е и другите земји да станат независни, посочи Фредериксен.

Данската Влада ги претстави плановите за драстично зголемување на производството на енергија од обновливи извори на енергија – ветер и сончева енергија, како и воведување единствен данок за компаниите на јаглерод диоксид што се испуштаат во атмосферата од компаниите.

The post Данска го зголемува производството на гас и на енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>

Данската Влада најави дека има за цел значително да го зголеми снабдувањето со обновлива енергија и привремено да го зголеми производството на природен гас во Северно Море, со цел земјата да не биде зависна од руските енергенси. Ќе го зголемиме производството на природен гас во Северното Море во ограничен временски период. Убедени сме дека е подобро да се произведува гас во Северното Море, отколку да се купува од Владимир Путин, изјави данската премиерка Мете Фредериксен. Таа додаде дека Данска би можеле следната година да биде независна од рускиот гас. Но, бидејќи сме дел од европската гасна мрежа, потребно ни е и другите земји да станат независни, посочи Фредериксен. Данската Влада ги претстави плановите за драстично зголемување на производството на енергија од обновливи извори на енергија – ветер и сончева енергија, како и воведување единствен данок за компаниите на јаглерод диоксид што се испуштаат во атмосферата од компаниите.

The post Данска го зголемува производството на гас и на енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>
4 април носи остварување на желбите, не пропуштајте ја магијата на двете четворки https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/4-april-nosi-ostvaruvanje-na-zelbite-ne-ja-propushtajte-magijata-na-dvete-chetvorki/ Mon, 04 Apr 2022 06:50:45 +0000 https://republika.mk/?p=482885

На 4 април нè очекува магичен ден. Освен што започна најубавиот пролетен месец, кога во воздухот има романтични и позитивни вибрации, на 4 април нè очекува дополнителен енергетски стимул – магијата на две четворки, односно серијата 4-4.

Повторувањето на броевите во нумерологијата се нарекува „броеви на огледалото“, а кога имаме толку моќен датум, постојат одредени нумеролошки сознанија и упатства кои можат да ни помогнат да ги оствариме нашите желби. Двојната доза на енергијата на бројот 4 ни дава шанса да ги изградиме темелите на нашите соништа, да се поврземе со нашето знаење и искуство.

Сè што ќе научите или започнете денес може да ви користи. Денот 4-4 е добар за размислување за вашата цел во животот – време е да се усогласите со неа и да преземете важни чекори за да ја постигнете. Оваа низа исто така симболизира стабилност, заземјување, безбедност.

Има 4 годишни времиња, четири елементи (оган, вода, небо и земја) и четири страни на светот – сето тоа е спакувано во прекрасно квадратно пакување кое ја навестува духовната моќ на бројот 4. Затоа овој ден е идеален за постигнување на вашите цели, ви се нуди голема поддршка за да ги претворите желбите во реалност, но само ако сакате и ако се потрудите малку повеќе.

Време е да напредувате на вашиот животен пат, но некои работи на 4-4 ден треба да ги избегнувате: импулсивност, расправии, уверување дека сме во право, непромислени изјави …

Енергијата од 4-4 ден најдобро ќе ја искористите ако останете во природа, визуелизирате, фантазирате за савоите желбите и што е најважно – направете детален план за да ја постигнете целта. Активирајте се и направете еден чекор денес и наскоро сонот може да стане jaвa.

The post 4 април носи остварување на желбите, не пропуштајте ја магијата на двете четворки appeared first on Република.

]]>

На 4 април нè очекува магичен ден. Освен што започна најубавиот пролетен месец, кога во воздухот има романтични и позитивни вибрации, на 4 април нè очекува дополнителен енергетски стимул – магијата на две четворки, односно серијата 4-4. Повторувањето на броевите во нумерологијата се нарекува „броеви на огледалото“, а кога имаме толку моќен датум, постојат одредени нумеролошки сознанија и упатства кои можат да ни помогнат да ги оствариме нашите желби. Двојната доза на енергијата на бројот 4 ни дава шанса да ги изградиме темелите на нашите соништа, да се поврземе со нашето знаење и искуство. Сè што ќе научите или започнете денес може да ви користи. Денот 4-4 е добар за размислување за вашата цел во животот – време е да се усогласите со неа и да преземете важни чекори за да ја постигнете. Оваа низа исто така симболизира стабилност, заземјување, безбедност. Има 4 годишни времиња, четири елементи (оган, вода, небо и земја) и четири страни на светот – сето тоа е спакувано во прекрасно квадратно пакување кое ја навестува духовната моќ на бројот 4. Затоа овој ден е идеален за постигнување на вашите цели, ви се нуди голема поддршка за да ги претворите желбите во реалност, но само ако сакате и ако се потрудите малку повеќе. Време е да напредувате на вашиот животен пат, но некои работи на 4-4 ден треба да ги избегнувате: импулсивност, расправии, уверување дека сме во право, непромислени изјави … Енергијата од 4-4 ден најдобро ќе ја искористите ако останете во природа, визуелизирате, фантазирате за савоите желбите и што е најважно – направете детален план за да ја постигнете целта. Активирајте се и направете еден чекор денес и наскоро сонот може да стане jaвa.

The post 4 април носи остварување на желбите, не пропуштајте ја магијата на двете четворки appeared first on Република.

]]>
Американците стравуваат од високите цени и проблеми со снабдувањето со енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikancite-stravuvaat-od-visokite-ceni-i-problemi-so-snabduvanjeto-so-energija/ Fri, 01 Apr 2022 14:30:24 +0000 https://republika.mk/?p=482032

Речиси половина од Американците стравуваат дека енергијата може да стане премногу скапа или недостапна, а 44 отсто велат дека енергетската ситуација е многу сериозна, како што беше за време на нафтената криза во 1970-те, покажа истражувањето на Галуп.

Дури 47 отсто од испитаниците во анкетата на Галуп изјавиле дека многу се плашат од растот на цените и проблемите со снабдувањето со енергија, открива Галуп. Во истиот период минатата година енергијата многу ги загрижила 37 отсто од испитаниците, а во 2020 година само 22 отсто од нив.

Подеднакво голем број испитаници стравуваа од високите цени на енергијата и недостигот во 2001 година.

Истражувањето беше спроведено од 1 до 18 март, кога цената на бензинот во САД достигна рекордно високо ниво од повеќе од четири долари за галон (3,7 литри) во просек.

Галуп, исто така, откри дека 44 отсто од испитаниците ја сметаат енергетската ситуација во САД за „многу сериозна“, како и за време на нафтената криза во 70-те години на минатиот век, кога Галуп првпат спроведе истражување.

Најголем дел од испитаниците, 58 отсто, ја опишаа енергетската ситуација како „многу сериозна“ во мај 2001 година, период на силно зголемување на цените и прекини на струја во Калифорнија поради недостиг.

Последната анкета покажува и дека испитаниците се поделени околу тоа дали приоритет треба да биде заштитата на животната средина или развојот на нови извори на енергија – 50 отсто од нив приоритет би и дале на животната средина, а 46 отсто на производството на енергија.

Само 38 отсто од испитаниците ја одобруваат енергетската политика на претседателот Џо Бајден, а 36 отсто ја поддржуваат неговата економска политика, според Галуп.

The post Американците стравуваат од високите цени и проблеми со снабдувањето со енергија appeared first on Република.

]]>

Речиси половина од Американците стравуваат дека енергијата може да стане премногу скапа или недостапна, а 44 отсто велат дека енергетската ситуација е многу сериозна, како што беше за време на нафтената криза во 1970-те, покажа истражувањето на Галуп. Дури 47 отсто од испитаниците во анкетата на Галуп изјавиле дека многу се плашат од растот на цените и проблемите со снабдувањето со енергија, открива Галуп. Во истиот период минатата година енергијата многу ги загрижила 37 отсто од испитаниците, а во 2020 година само 22 отсто од нив. Подеднакво голем број испитаници стравуваа од високите цени на енергијата и недостигот во 2001 година. Истражувањето беше спроведено од 1 до 18 март, кога цената на бензинот во САД достигна рекордно високо ниво од повеќе од четири долари за галон (3,7 литри) во просек. Галуп, исто така, откри дека 44 отсто од испитаниците ја сметаат енергетската ситуација во САД за „многу сериозна“, како и за време на нафтената криза во 70-те години на минатиот век, кога Галуп првпат спроведе истражување. Најголем дел од испитаниците, 58 отсто, ја опишаа енергетската ситуација како „многу сериозна“ во мај 2001 година, период на силно зголемување на цените и прекини на струја во Калифорнија поради недостиг. Последната анкета покажува и дека испитаниците се поделени околу тоа дали приоритет треба да биде заштитата на животната средина или развојот на нови извори на енергија – 50 отсто од нив приоритет би и дале на животната средина, а 46 отсто на производството на енергија. Само 38 отсто од испитаниците ја одобруваат енергетската политика на претседателот Џо Бајден, а 36 отсто ја поддржуваат неговата економска политика, според Галуп.

The post Американците стравуваат од високите цени и проблеми со снабдувањето со енергија appeared first on Република.

]]>
Бирнбаум: Рускиот гас е неопходен за Германија за да се нормализираат цените на енергијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/birnbaum-ruskiot-gas-e-neophoden-za-germanija-za-da-se-normaliziraat-cenite-na-energijata/ Wed, 02 Feb 2022 11:45:33 +0000 https://republika.mk/?p=452948

Германија мора да продолжи да се потпира на рускиот гас за да може да го исфрли од употреба јагленот и да ги ограничи цените на енергијата, предупреди извршниот директор на „Е.ОН“, водечката компанија за електрична енергија во оваа земја, Леонхард Бирнбаум, пренесе Хина.

Сметаме дека ни треба рускиот гас. Точка. Особено затоа што сега треба повеќе да се потпираме на гас бидејќи сакаме да престанеме да користиме јаглен, рече Бирнбаум.

Тој изрази поддршка за гасоводот „Северен тек 2“, што треба двојно да ги зголеми испораките на руски гас за Германија, но е критикуван во Вашингтон и од сојузниците, со оценката дека германската Влада направила стратешка грешка.

Гледано од перспектива на енергетска економија „Северен тек-2“ помага. Политичката оценка може да биде различна и за неа треба да се разговара на политичката арена, потенцира првиот човек на „Е.ОН“.

И САД и Германија предупредија дека „Северен тек 2“, проект што е завршен, но се уште не е ставен во функција, може да се соочи со санкции доколку Русија ја нападне Украина.

ДПА забележува дека гасот што доаѓа од Русија, преку гасоводот, во принцип е поевтин од течниот природен гас (LNG).

Доколку треба да се потпреме на ЛНГ, цените на бензинот во Европа ќе бидат многу повисоки од претходно. За да паднат цените, до Европа мора да стигне повеќе гас преку гасоводите. Тоа секако значи и увоз од Русија. Се надевам на разумно решение, и покрај сегашните тензии, објасни Бирнбаум.

The post Бирнбаум: Рускиот гас е неопходен за Германија за да се нормализираат цените на енергијата appeared first on Република.

]]>

Германија мора да продолжи да се потпира на рускиот гас за да може да го исфрли од употреба јагленот и да ги ограничи цените на енергијата, предупреди извршниот директор на „Е.ОН“, водечката компанија за електрична енергија во оваа земја, Леонхард Бирнбаум, пренесе Хина.
Сметаме дека ни треба рускиот гас. Точка. Особено затоа што сега треба повеќе да се потпираме на гас бидејќи сакаме да престанеме да користиме јаглен, рече Бирнбаум.
Тој изрази поддршка за гасоводот „Северен тек 2“, што треба двојно да ги зголеми испораките на руски гас за Германија, но е критикуван во Вашингтон и од сојузниците, со оценката дека германската Влада направила стратешка грешка.
Гледано од перспектива на енергетска економија „Северен тек-2“ помага. Политичката оценка може да биде различна и за неа треба да се разговара на политичката арена, потенцира првиот човек на „Е.ОН“.
И САД и Германија предупредија дека „Северен тек 2“, проект што е завршен, но се уште не е ставен во функција, може да се соочи со санкции доколку Русија ја нападне Украина. ДПА забележува дека гасот што доаѓа од Русија, преку гасоводот, во принцип е поевтин од течниот природен гас (LNG).
Доколку треба да се потпреме на ЛНГ, цените на бензинот во Европа ќе бидат многу повисоки од претходно. За да паднат цените, до Европа мора да стигне повеќе гас преку гасоводите. Тоа секако значи и увоз од Русија. Се надевам на разумно решение, и покрај сегашните тензии, објасни Бирнбаум.

The post Бирнбаум: Рускиот гас е неопходен за Германија за да се нормализираат цените на енергијата appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitikji-toplinska-energija-kje-bide-isporachana-do-krajot-na-grejnata-sezona/ Tue, 11 Jan 2022 11:44:30 +0000 https://republika.mk/?p=443086

Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона, уверува потпретседателот на СДСМ и кандидат за вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, кој и досега ја извршуваше оваа функција.

Владата помага со креирање на нова кредитна линија, но не може да се прават исклучоци за приватна компанија од целиот систем. Тие треба да ги обезбедат сите гаранции, а ако не можат, Владата има на располагање други мерки кои по закон може да ги преземе - истакна Битиќи за „Утрински брифинг“.

Во врска со енергетската криза, Битиќи нагласува дека како никогаш досега се обезбедува електрична енергија од домашни ресурси. Ставени се на располагање сите капацитети, вклучени се ТЕЦ Неготино со два котли, ТЕЦ Осломеј, Когел, а деновиве, како што најави, ќе биде пуштен и третиот блок на РЕК Битола.

The post Битиќи: Топлинска енергија ќе биде испорачана до крајот на грејната сезона appeared first on Република.