енергетски систем Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/energetski-sistem/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Mar 2024 11:18:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png енергетски систем Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/energetski-sistem/ 32 32 Шмигал: Енергетскиот систем на Украина, по рускиот ракетен напад, е под контрола https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shmigal-energetskiot-sistem-na-ukraina-po-ruskiot-raketen-napad-e-pod-kontrola/ Fri, 22 Mar 2024 11:18:55 +0000 https://republika.mk/?p=757400

Ситуацијата во енергетскиот систем на Украина останува под контрола по неодамнешниот руски ракетен напад и нема потреба да се воведуваат распореди за прекин на енергијата низ целата земја, изјави украинскиот премиер Денис Шмигал во својата објава на Телеграм.

Утринава Русија изврши масовен напад врз цивилната и енергетската инфраструктура на Украина, таргетирајќи голем број региони со различни видови ракети и беспилотни летала. По нападот, во некои региони моментално има прекини на електрична енергија.

Генерално, ситуацијата во енергетскиот систем на Украина е под контрола, истакна Шмигал.

Според него, нема потреба од воведување распореди за прекин на енергијата низ целата земја, бидејќи енергетските работници веќе работат на брзо враќање на напојувањето со електрична енергија.

По терористичкиот напад на Русија, беше оштетена и цивилна инфраструктура. Има повредени и загинати. Изразувам најдлабоко сочувство, додаде Шмигал.

Премиерот Шмигал нагласи дека на Украина и треба повеќе оружје и системи за противвоздушна одбрана за да ги заштити цивилите.

Војната мора да стане неподнослив товар за агресорот“, истакна Шмигал.

Украинските сили синоќа соборија 55 руски беспилотни летала „Шахед“ и 37 проектили.

 

The post Шмигал: Енергетскиот систем на Украина, по рускиот ракетен напад, е под контрола appeared first on Република.

]]>

Ситуацијата во енергетскиот систем на Украина останува под контрола по неодамнешниот руски ракетен напад и нема потреба да се воведуваат распореди за прекин на енергијата низ целата земја, изјави украинскиот премиер Денис Шмигал во својата објава на Телеграм. Утринава Русија изврши масовен напад врз цивилната и енергетската инфраструктура на Украина, таргетирајќи голем број региони со различни видови ракети и беспилотни летала. По нападот, во некои региони моментално има прекини на електрична енергија.
Генерално, ситуацијата во енергетскиот систем на Украина е под контрола, истакна Шмигал.
Според него, нема потреба од воведување распореди за прекин на енергијата низ целата земја, бидејќи енергетските работници веќе работат на брзо враќање на напојувањето со електрична енергија.
По терористичкиот напад на Русија, беше оштетена и цивилна инфраструктура. Има повредени и загинати. Изразувам најдлабоко сочувство, додаде Шмигал.
Премиерот Шмигал нагласи дека на Украина и треба повеќе оружје и системи за противвоздушна одбрана за да ги заштити цивилите.
Војната мора да стане неподнослив товар за агресорот“, истакна Шмигал.
Украинските сили синоќа соборија 55 руски беспилотни летала „Шахед“ и 37 проектили.  

The post Шмигал: Енергетскиот систем на Украина, по рускиот ракетен напад, е под контрола appeared first on Република.

]]>
Шмихал: Русија се обидува да ги лиши Украинците од светлина, топлина и вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shmihal-rusija-se-obiduva-da-gi-lishi-ukraintsite-od-svetlina-toplina-i-voda/ Sat, 11 Feb 2023 07:43:59 +0000 https://republika.mk/?p=607612

Украинскиот премиер Денис Шмихал за украинските медиуми изјави дека руските сили денеска лансирале повеќе од 50 проектили кон Украина, од кои повеќето биле соборени.

Русија не може да го прифати поразот и затоа продолжува да го тероризира населението во Украина. Денеска видовме нов обид за уништување на украинскиот енергетски систем, чија цел е да ги лиши Украинците од светлина, топлина и вода, напиша Шмихал на социјалните мрежи.

Официјален Киев претходно соопшти дека руската армија денеска истрелала 71 крстаречка ракета во масовниот ракетен напад врз Украина, од кои 61 биле пресретнати.

Крстосувачките ракети биле лансирани од руски бродови и авиони, соопшти украинскиот генералштаб во својот вечерен извештај за состојбата.

Дополнително, според прелиминарните пребројувања, Русија истрелала 29 ракети од системот С-300, кој всушност е наменет за воздушна одбрана, врз копнени цели во Украина.

ДПА нагласува дека бројките не можат независно да се проверат.

The post Шмихал: Русија се обидува да ги лиши Украинците од светлина, топлина и вода appeared first on Република.

]]>

Украинскиот премиер Денис Шмихал за украинските медиуми изјави дека руските сили денеска лансирале повеќе од 50 проектили кон Украина, од кои повеќето биле соборени.
Русија не може да го прифати поразот и затоа продолжува да го тероризира населението во Украина. Денеска видовме нов обид за уништување на украинскиот енергетски систем, чија цел е да ги лиши Украинците од светлина, топлина и вода, напиша Шмихал на социјалните мрежи.
Официјален Киев претходно соопшти дека руската армија денеска истрелала 71 крстаречка ракета во масовниот ракетен напад врз Украина, од кои 61 биле пресретнати. Крстосувачките ракети биле лансирани од руски бродови и авиони, соопшти украинскиот генералштаб во својот вечерен извештај за состојбата. Дополнително, според прелиминарните пребројувања, Русија истрелала 29 ракети од системот С-300, кој всушност е наменет за воздушна одбрана, врз копнени цели во Украина. ДПА нагласува дека бројките не можат независно да се проверат.

The post Шмихал: Русија се обидува да ги лиши Украинците од светлина, топлина и вода appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Енергетскиот систем на Македонија речиси се распрсна како меур од сапуница после неполн месец од стартот на грејната сезона! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-energetskiot-sistem-na-makedonija-rechisi-se-rasprsna-kako-meur-od-sapunica-posle-nepoln-mesec-od-startot-na-grejnata-sezona/ Sat, 19 Nov 2022 21:50:14 +0000 https://republika.mk/?p=575984

Распад на енергетскиот систем на Македонија.

Енергетскиот систем на Македонија речиси се распрсна како меур од сапуница после неполн месец од стартот на грејната сезона! Иако температурите се далеку над нулата македонија веќе увезува речиси половина од потребната енергија за регулираниот пазар. Но, самобендисаното фалење и неспособноста набрзо ја покажаа сосема реалната состојба во енергетиката, каде состојбата е особено катастрофална.

Термоелектрани Битола работат само со еден блок, односно со БЛОК 2 после испадот на БЛОК 1 во РЕК Битола поради пукање на цевки во котелот на Блок 1 кој е директна последица од нестручниот ремонт и неквалитетниот јаглен кој се носи на депонија со големи количини на земја и песок. Веќе еден месец надвор од систем е и ТЕЦ Неготино и се крие хаваријата која е предизвикана директно од нестручно ракување кое го зголемило дефектот и предизвикало горење на статорска намотка од генератор. ХЕЦ Глобочица е надвор од енергетскиот систем поради дефект на мрежата !!!

Хидроелектраните се на најниско можно ниво од околу 18 % и не се во погон поради незнаење и трошење на ресурсите со водните акумулации. Моментално ги трошат и оние мали количини вода што се зафатија со последните дождови.

РЕК Осломеј се трансформира во мазутара и троши мазут. Ископ на јаглен речиси нема, и се увезува. Интересно би било да се знае со кој договор и по која цена се врши тој наводен увоз на јаглен. Термоелектраната работи со несоодветен јаглен полн со сулфур и засилено ја загадува животната средина. Термоелктраната работи далеку под технички дозволениот минимум и така се уништува основната опрема на котелот и турбината.

РЕК Битола е во очајна состојба. При првиот снег или дожд да заврне, рудниците ке се во колапс. Рударски машини ниту се соодветно водени, ниту пак истите редовно се одржуваат. Квалитетот на јагленот е катастрофално лош. Полн со силикати и јаловина(земја) со што се предизвикува директно оштетување на котлете што е и директна последица за испаѓање на БЛОК 1. Исто така се троши мазут во огромни количини.

АД ЕСМ овој месец не го исполнува производствениот план и увезува електрична енергија по екстремно високи цени на што раце тријат Нарко картелот од Муртино и ЕКС Вицепремиерот . Најстрашно е што ова се случува во ноември, кога сите производни капацитети би требало да бидат спремни за погон.

Само да се потсетиме дека само пред еден и пол месец фигурата поставена за генерален директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски ја замајуваше јавноста дека од средината на декември 2022 година, РЕК Битола ќе работи со полн капацитет со три блока. А денес работи со еден БЛОК со половина снага и подршка од мазут.

Раководството на СДСМ не може да ги реши овие состојби затоа што тие ја доведоа енергетиката во колапс. Наместо тоа, тие се занимаваат со меѓусебни расправии кој е крив за ваквата состојба и си прават прослави по канцелариите во РЕК Битола со ракија, пушење цигари и слики од ваквите настани на социјалните мрежи директно од работното место.

Од министерствата и од Влада се најавуваат проекти и агенда за Зелено сценарио и продажба на енергетски јавни компании или јавно приватни партнерства како и затворање на рудниците во Битола а во Кичево веќе во наредната 2023 година. Следи ли најава за уште еден “бонбона“ бизниси со продажба на АД ЕСМ режиран повторно од СДСМ. Тоа ли е причината зошто се носи во колапс АД ЕСМ?

Подолг период укажавме дека АД ЕСМ е во колапс и дека Владата ја доведе состојбата да има само две решенија: драстично да се покачи цената на електрична енергија за домаќинствата после нова година или АД ЕСМ да оди во колапс со катастрофални последици за стопанството и населението.

Загрижени за натамошната иднина и згрозени од нестручноста, безобразието и лошото раководење и безидејност,а бараме веднаш оставка од комоплетното раководство на АД ЕСМ.

Не само што не дозволивте реконструкција на филтрите во РЕК Битола ,не само што не го решивте лроблемот со одлагањето на пепелта и загадувањето во Битола, туку и уништивте еден гигант кој години после Вас не ќе може да се донесе во погонска спремност.

Доста е ! Оставка! За Македонија се работи, а таа поважна од сé!

The post ВМРО-ДПМНЕ: Енергетскиот систем на Македонија речиси се распрсна како меур од сапуница после неполн месец од стартот на грејната сезона! appeared first on Република.

]]>

Распад на енергетскиот систем на Македонија. Енергетскиот систем на Македонија речиси се распрсна како меур од сапуница после неполн месец од стартот на грејната сезона! Иако температурите се далеку над нулата македонија веќе увезува речиси половина од потребната енергија за регулираниот пазар. Но, самобендисаното фалење и неспособноста набрзо ја покажаа сосема реалната состојба во енергетиката, каде состојбата е особено катастрофална. Термоелектрани Битола работат само со еден блок, односно со БЛОК 2 после испадот на БЛОК 1 во РЕК Битола поради пукање на цевки во котелот на Блок 1 кој е директна последица од нестручниот ремонт и неквалитетниот јаглен кој се носи на депонија со големи количини на земја и песок. Веќе еден месец надвор од систем е и ТЕЦ Неготино и се крие хаваријата која е предизвикана директно од нестручно ракување кое го зголемило дефектот и предизвикало горење на статорска намотка од генератор. ХЕЦ Глобочица е надвор од енергетскиот систем поради дефект на мрежата !!! Хидроелектраните се на најниско можно ниво од околу 18 % и не се во погон поради незнаење и трошење на ресурсите со водните акумулации. Моментално ги трошат и оние мали количини вода што се зафатија со последните дождови. РЕК Осломеј се трансформира во мазутара и троши мазут. Ископ на јаглен речиси нема, и се увезува. Интересно би било да се знае со кој договор и по која цена се врши тој наводен увоз на јаглен. Термоелектраната работи со несоодветен јаглен полн со сулфур и засилено ја загадува животната средина. Термоелктраната работи далеку под технички дозволениот минимум и така се уништува основната опрема на котелот и турбината. РЕК Битола е во очајна состојба. При првиот снег или дожд да заврне, рудниците ке се во колапс. Рударски машини ниту се соодветно водени, ниту пак истите редовно се одржуваат. Квалитетот на јагленот е катастрофално лош. Полн со силикати и јаловина(земја) со што се предизвикува директно оштетување на котлете што е и директна последица за испаѓање на БЛОК 1. Исто така се троши мазут во огромни количини. АД ЕСМ овој месец не го исполнува производствениот план и увезува електрична енергија по екстремно високи цени на што раце тријат Нарко картелот од Муртино и ЕКС Вицепремиерот . Најстрашно е што ова се случува во ноември, кога сите производни капацитети би требало да бидат спремни за погон. Само да се потсетиме дека само пред еден и пол месец фигурата поставена за генерален директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски ја замајуваше јавноста дека од средината на декември 2022 година, РЕК Битола ќе работи со полн капацитет со три блока. А денес работи со еден БЛОК со половина снага и подршка од мазут. Раководството на СДСМ не може да ги реши овие состојби затоа што тие ја доведоа енергетиката во колапс. Наместо тоа, тие се занимаваат со меѓусебни расправии кој е крив за ваквата состојба и си прават прослави по канцелариите во РЕК Битола со ракија, пушење цигари и слики од ваквите настани на социјалните мрежи директно од работното место. Од министерствата и од Влада се најавуваат проекти и агенда за Зелено сценарио и продажба на енергетски јавни компании или јавно приватни партнерства како и затворање на рудниците во Битола а во Кичево веќе во наредната 2023 година. Следи ли најава за уште еден “бонбона“ бизниси со продажба на АД ЕСМ режиран повторно од СДСМ. Тоа ли е причината зошто се носи во колапс АД ЕСМ? Подолг период укажавме дека АД ЕСМ е во колапс и дека Владата ја доведе состојбата да има само две решенија: драстично да се покачи цената на електрична енергија за домаќинствата после нова година или АД ЕСМ да оди во колапс со катастрофални последици за стопанството и населението. Загрижени за натамошната иднина и згрозени од нестручноста, безобразието и лошото раководење и безидејност,а бараме веднаш оставка од комоплетното раководство на АД ЕСМ. Не само што не дозволивте реконструкција на филтрите во РЕК Битола ,не само што не го решивте лроблемот со одлагањето на пепелта и загадувањето во Битола, туку и уништивте еден гигант кој години после Вас не ќе може да се донесе во погонска спремност. Доста е ! Оставка! За Македонија се работи, а таа поважна од сé!

The post ВМРО-ДПМНЕ: Енергетскиот систем на Македонија речиси се распрсна како меур од сапуница после неполн месец од стартот на грејната сезона! appeared first on Република.

]]>