енергетски пијалак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/energetski-pijalak/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Oct 2022 12:46:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png енергетски пијалак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/energetski-pijalak/ 32 32 12-годишник доживеа мозочен удар поради прекумерно пиење на енергетски пијалоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/12-godishnik-dozivea-mozochen-udar-poradi-prekumerno-pienje-na-energetski-pijaloci/ Thu, 20 Oct 2022 12:46:47 +0000 https://republika.mk/?p=563608

Случајот со 12-годишното дете од Вараждинската жупанија, кое доживеа мозочен удар поради прекумерно консумирање енергетски пијалоци, уште еднаш ја поттикна Билјана Борзан, европратеничката на СДП јавно да ги прозва Владата на Република Хрватска и министерот за здравство Вили Берош за недонесување законска забрана за продажба на вакви пијалоци на малолетници, пренесува „Јутарњи лист“.

За жал, по смртниот случај минатата година, прашање на време беше кога повторно дете ќе настрада поради енергетски пијалоци! За овој проблем предупредувам со години, преку Собранието поднесов предлог за законска забрана двапати, но министерот за здравство и Владата не се ни заинтересираа. Ги прашувам, уште колку деца треба да настрадаат за да направите нешто? Чии интереси браните со невнимание и неработење?, прашува Борзан.

Според истражувањето спроведено од Вараждинската жупанија на примерок од 5.300 ученици од 30 основни и 10 средни училишта, дури 65 отсто од основците и 85 отсто од средношколците консумираат енергетски пијалоци, додека 20 проценти од основците и 30 проценти од средношколците имале посериозни пореметувања после конзумирањето.

Според ова и други истражувања, учениците во Хрватска почнуваат да пијат енергетски пијалоци уште во основно училиште, ги пијат често и во големи количини, иако знаат дека се нездрави, а две третини од нив ги мешаат со алкохол! Се покажа дека специјалниот данок на енергетските пијалоци воведен во 2022 година не ги одвраќа од конзумирањето. Речиси 9 од 10 граѓани на Хрватска сметаат дека децата не треба да купуваат и да консумираат енергетски пијалоци! Ако досега не беше кристално јасно дека со закон треба да се ограничи можноста за купување на енергетските пијалоци за децата, мислам дека по овие немили настани и резултатите од истражувањето не треба да има сомнежи, смета Борзан.

The post 12-годишник доживеа мозочен удар поради прекумерно пиење на енергетски пијалоци appeared first on Република.

]]>