енергетски ефикасно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/energetski-efikasno/ За подобро да се разбереме Tue, 09 May 2023 13:06:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png енергетски ефикасно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/energetski-efikasno/ 32 32 Клиниката за психијатрија е прв здравствен објект кој станува енергетски ефикасен https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/klinikata-za-psihijatrija-e-prv-zdravstven-objekt-koj-stanuva-energetski-efikasen/ Tue, 09 May 2023 13:06:55 +0000 https://republika.mk/?p=638871

Од 15 мај ќе започнат градежните работи на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје. Објектот ќе биде комплетно реновиран и ќе стане енергетски ефикасен преку проектот за подобрување на енергетската ефикасност што се финансира преку Светска банка, а го спроведува Министерството за финансии, во соработка со Министерство за здравство.

Како што соопшти Министерството за здравство, ова е првиот објект од вкупно 18 здравствени објекти кои треба да бидат опфатени со проектот во компонентата наменета за подобрување на енергетската ефикасност на објекти од централно ниво.

Основни цели на проектот се намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор и поддршка за воспоставување и операционализација на одржлив механизам за финансирање на енергетска ефикасност во јавниот сектор. Инвестициите во обновливи извори на енергија и зголемувањето на енергетската ефикасност на објектите и на локално ниво и на централно ниво, како и во индивидувалните објекти особено се покажа за значајно во време на енергетска криза, велат од МЗ.

Ќе биде заменета електричната инсталација, осветлувањето, системот за греење, ќе биде поставен централен систем за ладење, ќе биде поставена термоизолација на објектот, ќе се изврши реконструкција на кровот, замена на прозорците и вратите и слично.

За време на реновирањето, Министерството информира дека пациентите од оваа Клиника ќе бидат хоспитализирани во Психијатриската болница-Скопје и одделот за психијатрија во Градската општа болница „8 Септември“. Детскиот оддел привремено ќе функционира во ГОБ „8 Септември“-Скопје.

The post Клиниката за психијатрија е прв здравствен објект кој станува енергетски ефикасен appeared first on Република.

]]>

Од 15 мај ќе започнат градежните работи на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје. Објектот ќе биде комплетно реновиран и ќе стане енергетски ефикасен преку проектот за подобрување на енергетската ефикасност што се финансира преку Светска банка, а го спроведува Министерството за финансии, во соработка со Министерство за здравство. Како што соопшти Министерството за здравство, ова е првиот објект од вкупно 18 здравствени објекти кои треба да бидат опфатени со проектот во компонентата наменета за подобрување на енергетската ефикасност на објекти од централно ниво.
Основни цели на проектот се намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор и поддршка за воспоставување и операционализација на одржлив механизам за финансирање на енергетска ефикасност во јавниот сектор. Инвестициите во обновливи извори на енергија и зголемувањето на енергетската ефикасност на објектите и на локално ниво и на централно ниво, како и во индивидувалните објекти особено се покажа за значајно во време на енергетска криза, велат од МЗ.
Ќе биде заменета електричната инсталација, осветлувањето, системот за греење, ќе биде поставен централен систем за ладење, ќе биде поставена термоизолација на објектот, ќе се изврши реконструкција на кровот, замена на прозорците и вратите и слично. За време на реновирањето, Министерството информира дека пациентите од оваа Клиника ќе бидат хоспитализирани во Психијатриската болница-Скопје и одделот за психијатрија во Градската општа болница „8 Септември“. Детскиот оддел привремено ќе функционира во ГОБ „8 Септември“-Скопје.

The post Клиниката за психијатрија е прв здравствен објект кој станува енергетски ефикасен appeared first on Република.

]]>