енергетската ефикасност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/energetskata-efikasnost/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 08:24:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png енергетската ефикасност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/energetskata-efikasnost/ 32 32 Потпишан договор за европски грант, педесетина училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/potpishan-dogovor-za-evropski-grant-pedesetina-uchilishta-ke-dobijat-solarni-fotovoltaichni-sistemi/ Tue, 08 Oct 2024 08:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=824052

Педесетина училишта во Македонија ќе ја подобрат енергетската ефикасност преку инсталирање на соларни фотоволтаични системи. Министерката за образование и наука Весна Јаневска и вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томас Бошек потпишаа договор за неповратен грант вреден 1,1 милион евра.

Училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија. На овој начин, тие ќе дадат дополнителен придонес кон заштитата на животната средина, а ќе заштедат и средства кои ќе можат да се реалоцираат во унапредувањето на условите за настава.

На потпишувањето на договорот за овој проект одобрен преку Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, Јаневска изрази благодарност до Банката за развој при Советот на Европа за континуираната поддршка на државата во унапредувањето на инфраструктурните услови во областа на образованието.

Министерката изрази очекувања дека соработката во насока на достигнување на европските стандарди за квалитет, ќе продолжи и во иднина.

The post Потпишан договор за европски грант, педесетина училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи appeared first on Република.

]]>

Педесетина училишта во Македонија ќе ја подобрат енергетската ефикасност преку инсталирање на соларни фотоволтаични системи. Министерката за образование и наука Весна Јаневска и вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томас Бошек потпишаа договор за неповратен грант вреден 1,1 милион евра. Училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија. На овој начин, тие ќе дадат дополнителен придонес кон заштитата на животната средина, а ќе заштедат и средства кои ќе можат да се реалоцираат во унапредувањето на условите за настава. На потпишувањето на договорот за овој проект одобрен преку Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, Јаневска изрази благодарност до Банката за развој при Советот на Европа за континуираната поддршка на државата во унапредувањето на инфраструктурните услови во областа на образованието. Министерката изрази очекувања дека соработката во насока на достигнување на европските стандарди за квалитет, ќе продолжи и во иднина.

The post Потпишан договор за европски грант, педесетина училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи appeared first on Република.

]]>