енергетска ефикасост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/energetska-efikasost/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Oct 2023 15:06:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png енергетска ефикасост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/energetska-efikasost/ 32 32 Ќе се формира Фонд за енергетска ефикасност за поддршка на инвестиции за енергетска ефикасност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ke-se-formira-fond-za-energetska-efikasnost-za-poddrshka-na-investitsii-za-energetska-efikasnost/ Tue, 03 Oct 2023 15:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=687548

Собранието на РС Македонија денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Развојна банка на РС Македонија, предложени од Министерството за финансии, со кој се овозможи воспоставување Фонд за енергетска ефикасност преку кој директно ќе се финансираат инвестиции за енергетска ефикасност.

Имено и средствата од денеска издадените зелени обврзници во износ од 10 милиони евра ќе бидат насочени во овој Фонд за поддршка на зелени проекти.

Како што денеска информираа од МФ, Фондот за енергетска ефикасност ќе функционира како посебна организациска единица во Развојната банка, а неговото основање на долг рок ќе придонесе за економска и финансиска одржливост и ќе се овозможи заштеда на енергија, зачувување на природните ресурси, како и намалувањето на загадувањето на животната средина.

– Воспоставувањето на Фондот за енергетска ефикасност е во насока на градење ефикасна и ефективна структура  којашто ќе придонесе за исполнување на веќе воспоставените цели на Република Македонија за декарбонизација, утврдени во Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, а во која се земени предвид трендовите на енергетската политика на глобално ниво, со цел да се поддржи развојот преку директно финансирање на инвестиции за енергетска ефикасност, појаснуваат од МФ.

Со Фондот ќе се овозможи и одобрување кредити, издавање гаранции и одобрување грантови на правните и физичките лица во земјава.

– Почетниот капитал на Фондот за енергетска ефикасност е во износ од пет милиони евра, обезбеден од Светската банка во рамки на Проектот за енергетска ефикасност, којшто се надополнува со средствата обезбедени преку издавањето на зелената обврзница од 10 милиони евра. Фондот во иднина ќе се надополнува и од други извори за зелени инвестиции, се подвлекува во соопштението од МФ.

Формирањето на Фондот претставува усогласување со ЕУ директивите за енергетска ефикасност, а со цел ваквиот национален фонд да даде поддршка на националните иницијативи за енергетска ефикасност.

Собранието денеска ги усвои и измените и дополнувањата на Законот за акцизи кои произлегуваат од ЕУ Директивите и претставуваат усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ.

The post Ќе се формира Фонд за енергетска ефикасност за поддршка на инвестиции за енергетска ефикасност appeared first on Република.

]]>

Собранието на РС Македонија денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Развојна банка на РС Македонија, предложени од Министерството за финансии, со кој се овозможи воспоставување Фонд за енергетска ефикасност преку кој директно ќе се финансираат инвестиции за енергетска ефикасност. Имено и средствата од денеска издадените зелени обврзници во износ од 10 милиони евра ќе бидат насочени во овој Фонд за поддршка на зелени проекти. Како што денеска информираа од МФ, Фондот за енергетска ефикасност ќе функционира како посебна организациска единица во Развојната банка, а неговото основање на долг рок ќе придонесе за економска и финансиска одржливост и ќе се овозможи заштеда на енергија, зачувување на природните ресурси, како и намалувањето на загадувањето на животната средина. – Воспоставувањето на Фондот за енергетска ефикасност е во насока на градење ефикасна и ефективна структура  којашто ќе придонесе за исполнување на веќе воспоставените цели на Република Македонија за декарбонизација, утврдени во Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, а во која се земени предвид трендовите на енергетската политика на глобално ниво, со цел да се поддржи развојот преку директно финансирање на инвестиции за енергетска ефикасност, појаснуваат од МФ. Со Фондот ќе се овозможи и одобрување кредити, издавање гаранции и одобрување грантови на правните и физичките лица во земјава. – Почетниот капитал на Фондот за енергетска ефикасност е во износ од пет милиони евра, обезбеден од Светската банка во рамки на Проектот за енергетска ефикасност, којшто се надополнува со средствата обезбедени преку издавањето на зелената обврзница од 10 милиони евра. Фондот во иднина ќе се надополнува и од други извори за зелени инвестиции, се подвлекува во соопштението од МФ. Формирањето на Фондот претставува усогласување со ЕУ директивите за енергетска ефикасност, а со цел ваквиот национален фонд да даде поддршка на националните иницијативи за енергетска ефикасност. Собранието денеска ги усвои и измените и дополнувањата на Законот за акцизи кои произлегуваат од ЕУ Директивите и претставуваат усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ.

The post Ќе се формира Фонд за енергетска ефикасност за поддршка на инвестиции за енергетска ефикасност appeared first on Република.

]]>