енергетска ефикасност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/energetska-efikasnost/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 14:31:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png енергетска ефикасност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/energetska-efikasnost/ 32 32 ЕК додели над 380 милиони евра за 133 еколошки проекти во Европа, меѓу кои и 1,2 милиони за енергетска ефикасност на објекти во земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-dodeli-nad-380-milioni-evra-za-133-ekoloshki-proekti-vo-evropa-megu-koi-i-1-2-milioni-za-energetska-efikasnost-na-objekti-vo-zemjava/ Mon, 21 Oct 2024 14:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=829511

Европската комисијата денеска донесе одлука да додели повеќе од 380 милиони евра за реализација на 133 нови проекти ширум Европа во рамките на Програмата за активности поврзани со животната средина и климата „Лајф“, меѓу кои и за обезбедување на енергетска ефикасност на постојните станбени објекти во земјава.

Инаку, овие 380 милиони евра претставуваат над половина од вкупните инвестициски потреби за реализација на проектите, кои изнесуваат 574 милиони евра. Преостанатите средства ќе бидат обезбедени од националните, регионалните или локалните власти, преку јавно-приватни партнерства, како и од бизнисите и граѓанските организации.

Проектот во земјава е дел од напорите за усогласување на сопствените со климатските и енергетските цели на ЕУ до 2030 година и има за цел да обезбеди систем на услуги за реновирање на станбени објекти со цел обезбедување на нивна енергетска ефикасност.

За време на пилот фазата ќе биде субвенционирано реновирањето на 200 куќи и станови во Скопје, Куманово и Кочани со цел да се обезбеди заштеда на енергија и намалување на емисиите на штетни гасови.

За проектот од ЕУ се предвидени речиси 1,20 од вкупно потребните над 1,26 милиони евра за негова реализација, за што крајниот рок е 30 септември 2027 година. Координатор на проектот е Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“ од Скопје.

Проектот се базира врз основа на усогласувањето на македонското законодавство за енергетска ефикасност на зградите со она на ЕУ, што се очекува значително да влијание врз изградбата на енергетски поефикасни нови згради.

Но, од друга страна кога станува збор за реновирање на постојните станбени објекти, тоа се изведува со темпо од околу еден отсто од нивниот вкупен број, што е далеку под препорачаната стапка за реновирање на ЕУ од пет проценти.

Овој проект има за цел да поттикне дополнителни напори за „бранот на реновирања“ на зградите за да се постигне целосно спроведување на директивите на ЕУ, па со него се предвидува развој и имплементирање на интегрирани услуги за енергетско ефикасно реновирање на станбени згради и куќи.

Се очекува со проектот да се надминат предизвиците поврзани со недостигот на вештини, капацитети и финансии за имплементирање на комплексниот и амбициозен план за транзиција кон чиста енергија.

Се предвидува со проектот да се поттикнат инвестиции од околу три милиони евра, заштеда на примарна енергија од 3,75 гигават часови годишно, генерирање на обновлива енергија од 2.976 гигават часови годишно и намалување на емисиите на стакленички гасови за 3584,75 тони еквивалент на јаглерод диоксид годишно.

Преку програмата „Лајф“ треба да остварат голем број на цели од Европскиот зелен договор поврзани со климата, енергијата и животната средина, вклучително и целта на ЕУ да стане климатски неутрална до 2050 година и да ја запре загубата на биолошкиот диверзитет до 2030 година.

Според ЕК, покрај обезбедувањето на долгорочен просперитет за Европа, овие средстава ќе се искористат за обезбедување трајно влијание врз животна средина, економијата и благосостојбата на сите Европејци.

Со денешната одлука ЕУ ќе обезбеди 74 милиони евра од вкупно потребните 143 милиони евра, за проекти за поттик на циркуларната економија и подобрување на квалитетот на животот, преку намалување на употребата на вода, на отпадот од индустријата и домаќинствата, на загадувањето на воздухот и на бучавата, како и за поттикнување на рециклирањето.

Вкупно 144,5 милиони евра од ЕУ ќе бидат наменети за проекти за заштита на природата и биолошкиот диверзитет, за обнова на слатководните, морските и крајбрежните екосистеми и живеалиштата, како и за подобрено зачувување на птиците, инсектите, рептилите, водоземците и цицачите. Вкупната потребна сума за овие проекти е 216 милиони евра.

Од вкупно неопходните 110 милиони евра, ЕУ ќе обезбеди речиси 62 милиони евра за проекти за климатската отпорност и ублажување на последиците од климатските промени.

Дополнително, уште 99 милиони од потребните 105 милиони евра, ЕУ ќе намени за проекти за забрзување на транзицијата кон чиста енергија.

Меѓу проектите за кои се обезбедени средства се и оние за рециклирање на графитниот отпад од батериите во Италија, за намалување на последиците од отпадот од текстилната индустрија во Шпанија, за производство на свежа вода на шпанските Канарски Острови, за спас на ретката птица воден трскар (Acrocephalus paludicola) во Белгија, Германија, Литванија, Полска, Португалија, Украина, Унгарија, Франција, Холандија и Шпанија, како и за промоција на „мирниот соживот на природата и урбаниот начин на живот“ во Будимпешта.

Дополнително преведени се и средства за зголемување на отпорноста на влијанието на екстремни временски настани на лозовите насади во Шпанија, Франција и Италија и на производството на познатите сирења Пармиџано реџано, Нормандиски камембер и Рокефор, за прилагодување на земјоделството на климатските промени и недостигот на вода во повеќе земји, како и за намалување на емисиите на стакленички гасови од електричните прекинувачи во Белгија.

Меѓу проектите кои ќе се реализираат ширум Европа се и оние за дигитална обука за изградба на поефикасен и иновативен градежен сектор, за поттик на инвестиции во одржлива енергија и за поддршка на енергетските заедници за развој на бизнис модели со долгорочна одржливост.

Средства се обезбедени и за проектот за користење на виртуелната реалност за изградба и реновирање на објекти со цел да се обезбеди нулта емисија на штетни гасови во Бугарија, Грција, Романија, Хрватска и Чешка.

Овие 133 проекти што ќе добијат финансиска помош од ЕУ беа избрани од вкупно 653 апликации за проектна поддршка доставени на конкурсот за Програмата „Лајф“ во 2023 година.

Во рамки на Програмата „Лајф“, лансирана во 1992 година, досега се поддржани над 6.000 еколошки и климатски проекти во ЕУ и партнерските земји. За буџетскиот период 2021 - 2027 година за оваа програма се наменети 5,43 милијарди евра, што претставува зголемување за 60 отсто во споредба со средствата одвоени во претходните седум години.

The post ЕК додели над 380 милиони евра за 133 еколошки проекти во Европа, меѓу кои и 1,2 милиони за енергетска ефикасност на објекти во земјава appeared first on Република.

]]>

Европската комисијата денеска донесе одлука да додели повеќе од 380 милиони евра за реализација на 133 нови проекти ширум Европа во рамките на Програмата за активности поврзани со животната средина и климата „Лајф“, меѓу кои и за обезбедување на енергетска ефикасност на постојните станбени објекти во земјава. Инаку, овие 380 милиони евра претставуваат над половина од вкупните инвестициски потреби за реализација на проектите, кои изнесуваат 574 милиони евра. Преостанатите средства ќе бидат обезбедени од националните, регионалните или локалните власти, преку јавно-приватни партнерства, како и од бизнисите и граѓанските организации. Проектот во земјава е дел од напорите за усогласување на сопствените со климатските и енергетските цели на ЕУ до 2030 година и има за цел да обезбеди систем на услуги за реновирање на станбени објекти со цел обезбедување на нивна енергетска ефикасност. За време на пилот фазата ќе биде субвенционирано реновирањето на 200 куќи и станови во Скопје, Куманово и Кочани со цел да се обезбеди заштеда на енергија и намалување на емисиите на штетни гасови. За проектот од ЕУ се предвидени речиси 1,20 од вкупно потребните над 1,26 милиони евра за негова реализација, за што крајниот рок е 30 септември 2027 година. Координатор на проектот е Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“ од Скопје. Проектот се базира врз основа на усогласувањето на македонското законодавство за енергетска ефикасност на зградите со она на ЕУ, што се очекува значително да влијание врз изградбата на енергетски поефикасни нови згради. Но, од друга страна кога станува збор за реновирање на постојните станбени објекти, тоа се изведува со темпо од околу еден отсто од нивниот вкупен број, што е далеку под препорачаната стапка за реновирање на ЕУ од пет проценти. Овој проект има за цел да поттикне дополнителни напори за „бранот на реновирања“ на зградите за да се постигне целосно спроведување на директивите на ЕУ, па со него се предвидува развој и имплементирање на интегрирани услуги за енергетско ефикасно реновирање на станбени згради и куќи. Се очекува со проектот да се надминат предизвиците поврзани со недостигот на вештини, капацитети и финансии за имплементирање на комплексниот и амбициозен план за транзиција кон чиста енергија. Се предвидува со проектот да се поттикнат инвестиции од околу три милиони евра, заштеда на примарна енергија од 3,75 гигават часови годишно, генерирање на обновлива енергија од 2.976 гигават часови годишно и намалување на емисиите на стакленички гасови за 3584,75 тони еквивалент на јаглерод диоксид годишно. Преку програмата „Лајф“ треба да остварат голем број на цели од Европскиот зелен договор поврзани со климата, енергијата и животната средина, вклучително и целта на ЕУ да стане климатски неутрална до 2050 година и да ја запре загубата на биолошкиот диверзитет до 2030 година. Според ЕК, покрај обезбедувањето на долгорочен просперитет за Европа, овие средстава ќе се искористат за обезбедување трајно влијание врз животна средина, економијата и благосостојбата на сите Европејци. Со денешната одлука ЕУ ќе обезбеди 74 милиони евра од вкупно потребните 143 милиони евра, за проекти за поттик на циркуларната економија и подобрување на квалитетот на животот, преку намалување на употребата на вода, на отпадот од индустријата и домаќинствата, на загадувањето на воздухот и на бучавата, како и за поттикнување на рециклирањето. Вкупно 144,5 милиони евра од ЕУ ќе бидат наменети за проекти за заштита на природата и биолошкиот диверзитет, за обнова на слатководните, морските и крајбрежните екосистеми и живеалиштата, како и за подобрено зачувување на птиците, инсектите, рептилите, водоземците и цицачите. Вкупната потребна сума за овие проекти е 216 милиони евра. Од вкупно неопходните 110 милиони евра, ЕУ ќе обезбеди речиси 62 милиони евра за проекти за климатската отпорност и ублажување на последиците од климатските промени. Дополнително, уште 99 милиони од потребните 105 милиони евра, ЕУ ќе намени за проекти за забрзување на транзицијата кон чиста енергија. Меѓу проектите за кои се обезбедени средства се и оние за рециклирање на графитниот отпад од батериите во Италија, за намалување на последиците од отпадот од текстилната индустрија во Шпанија, за производство на свежа вода на шпанските Канарски Острови, за спас на ретката птица воден трскар (Acrocephalus paludicola) во Белгија, Германија, Литванија, Полска, Португалија, Украина, Унгарија, Франција, Холандија и Шпанија, како и за промоција на „мирниот соживот на природата и урбаниот начин на живот“ во Будимпешта. Дополнително преведени се и средства за зголемување на отпорноста на влијанието на екстремни временски настани на лозовите насади во Шпанија, Франција и Италија и на производството на познатите сирења Пармиџано реџано, Нормандиски камембер и Рокефор, за прилагодување на земјоделството на климатските промени и недостигот на вода во повеќе земји, како и за намалување на емисиите на стакленички гасови од електричните прекинувачи во Белгија. Меѓу проектите кои ќе се реализираат ширум Европа се и оние за дигитална обука за изградба на поефикасен и иновативен градежен сектор, за поттик на инвестиции во одржлива енергија и за поддршка на енергетските заедници за развој на бизнис модели со долгорочна одржливост. Средства се обезбедени и за проектот за користење на виртуелната реалност за изградба и реновирање на објекти со цел да се обезбеди нулта емисија на штетни гасови во Бугарија, Грција, Романија, Хрватска и Чешка. Овие 133 проекти што ќе добијат финансиска помош од ЕУ беа избрани од вкупно 653 апликации за проектна поддршка доставени на конкурсот за Програмата „Лајф“ во 2023 година. Во рамки на Програмата „Лајф“, лансирана во 1992 година, досега се поддржани над 6.000 еколошки и климатски проекти во ЕУ и партнерските земји. За буџетскиот период 2021 - 2027 година за оваа програма се наменети 5,43 милијарди евра, што претставува зголемување за 60 отсто во споредба со средствата одвоени во претходните седум години.

The post ЕК додели над 380 милиони евра за 133 еколошки проекти во Европа, меѓу кои и 1,2 милиони за енергетска ефикасност на објекти во земјава appeared first on Република.

]]>
Ќе се формира Фонд за енергетска ефикасност за поддршка на инвестиции за енергетска ефикасност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ke-se-formira-fond-za-energetska-efikasnost-za-poddrshka-na-investitsii-za-energetska-efikasnost/ Tue, 03 Oct 2023 15:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=687548

Собранието на РС Македонија денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Развојна банка на РС Македонија, предложени од Министерството за финансии, со кој се овозможи воспоставување Фонд за енергетска ефикасност преку кој директно ќе се финансираат инвестиции за енергетска ефикасност.

Имено и средствата од денеска издадените зелени обврзници во износ од 10 милиони евра ќе бидат насочени во овој Фонд за поддршка на зелени проекти.

Како што денеска информираа од МФ, Фондот за енергетска ефикасност ќе функционира како посебна организациска единица во Развојната банка, а неговото основање на долг рок ќе придонесе за економска и финансиска одржливост и ќе се овозможи заштеда на енергија, зачувување на природните ресурси, како и намалувањето на загадувањето на животната средина.

– Воспоставувањето на Фондот за енергетска ефикасност е во насока на градење ефикасна и ефективна структура  којашто ќе придонесе за исполнување на веќе воспоставените цели на Република Македонија за декарбонизација, утврдени во Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, а во која се земени предвид трендовите на енергетската политика на глобално ниво, со цел да се поддржи развојот преку директно финансирање на инвестиции за енергетска ефикасност, појаснуваат од МФ.

Со Фондот ќе се овозможи и одобрување кредити, издавање гаранции и одобрување грантови на правните и физичките лица во земјава.

– Почетниот капитал на Фондот за енергетска ефикасност е во износ од пет милиони евра, обезбеден од Светската банка во рамки на Проектот за енергетска ефикасност, којшто се надополнува со средствата обезбедени преку издавањето на зелената обврзница од 10 милиони евра. Фондот во иднина ќе се надополнува и од други извори за зелени инвестиции, се подвлекува во соопштението од МФ.

Формирањето на Фондот претставува усогласување со ЕУ директивите за енергетска ефикасност, а со цел ваквиот национален фонд да даде поддршка на националните иницијативи за енергетска ефикасност.

Собранието денеска ги усвои и измените и дополнувањата на Законот за акцизи кои произлегуваат од ЕУ Директивите и претставуваат усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ.

The post Ќе се формира Фонд за енергетска ефикасност за поддршка на инвестиции за енергетска ефикасност appeared first on Република.

]]>

Собранието на РС Македонија денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Развојна банка на РС Македонија, предложени од Министерството за финансии, со кој се овозможи воспоставување Фонд за енергетска ефикасност преку кој директно ќе се финансираат инвестиции за енергетска ефикасност. Имено и средствата од денеска издадените зелени обврзници во износ од 10 милиони евра ќе бидат насочени во овој Фонд за поддршка на зелени проекти. Како што денеска информираа од МФ, Фондот за енергетска ефикасност ќе функционира како посебна организациска единица во Развојната банка, а неговото основање на долг рок ќе придонесе за економска и финансиска одржливост и ќе се овозможи заштеда на енергија, зачувување на природните ресурси, како и намалувањето на загадувањето на животната средина. – Воспоставувањето на Фондот за енергетска ефикасност е во насока на градење ефикасна и ефективна структура  којашто ќе придонесе за исполнување на веќе воспоставените цели на Република Македонија за декарбонизација, утврдени во Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, а во која се земени предвид трендовите на енергетската политика на глобално ниво, со цел да се поддржи развојот преку директно финансирање на инвестиции за енергетска ефикасност, појаснуваат од МФ. Со Фондот ќе се овозможи и одобрување кредити, издавање гаранции и одобрување грантови на правните и физичките лица во земјава. – Почетниот капитал на Фондот за енергетска ефикасност е во износ од пет милиони евра, обезбеден од Светската банка во рамки на Проектот за енергетска ефикасност, којшто се надополнува со средствата обезбедени преку издавањето на зелената обврзница од 10 милиони евра. Фондот во иднина ќе се надополнува и од други извори за зелени инвестиции, се подвлекува во соопштението од МФ. Формирањето на Фондот претставува усогласување со ЕУ директивите за енергетска ефикасност, а со цел ваквиот национален фонд да даде поддршка на националните иницијативи за енергетска ефикасност. Собранието денеска ги усвои и измените и дополнувањата на Законот за акцизи кои произлегуваат од ЕУ Директивите и претставуваат усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ.

The post Ќе се формира Фонд за енергетска ефикасност за поддршка на инвестиции за енергетска ефикасност appeared first on Република.

]]>
Доделени сертификати за енергетска ефикасност на 32 објекти под надлежност на Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dodeleni-sertifikati-za-energetska-efikasnost-na-32-objekti-pod-nadleznost-na-grad-skopje/ Wed, 08 Jun 2022 11:47:11 +0000 https://republika.mk/?p=512680

На 32 јавни објекти што се под надлежност на Градот Скопје денеска им беа предадени енергетските контроли и сертификати кои претставуваат насока за преземање мерки за намалување на потрошувачката на енергија и за подобрување на енергетската ефикасност на објектите.

Енергетската контрола на зградите и издавање на Сертификат за енергетска ефикасност е законска обврска која ја реализираат лиценцирани фирми. Енергетска контрола претставува систематизиранa постапка за утврдување на постојната потрошувачка на енергија, препознавање и квантификација на економски оправдани можности за заштеда на енергија во згради или група на згради, индустриски процеси или постројки, или во јавни или приватни услужни дејности и опфаќа подготовка на извештај за енергетската контрола.

Сертификат за енергетска ефикасност (пасош), пак, е документ со кој се докажуваат карактеристиките на зградата во однос на потрошувачката на гориво. Кога зградата троши помалку енергија, таа е енергетски ефикасна и помалку ја загадува животната средина.

Придобивките од овие процеси се од повеќе аспекти – покрај намалената емисија на штетни материи заради помала количина на потрошено гориво, се намалуваат и трошоците за енергија. Исто така, освен придобивките за жителите на Скопје, заради намалената потрошувачка на енергија и почистата животна средина, се намалува и потребата за купување на скапа енергија на ниво на Македонија.

Правилното планирање на енергетските политики во објектите кои се под надлежност на Град Скопје, претставува систематски пристап и единствен начин да се исполнат целите за енергетска ефикасност кои ги има поставено Градот, а со тоа да се подобрат и условите во објектите. Одлуките за целите за енергетска ефикасност ги засноваме на изработени енергетски контроли и сертификати за енергетските карактеристики на сите згради во надлежност на Град Скопје. Деталното познавање на процесите во самите објекти, преку изработката на енергетските контроли, и уште еден чекор понапред, подготвувањето на сертификати за енергетските карактеристики, овозможи планирањето во поглед на енергетската ефикасност да ги цели вистинските потреби на објектите и реално и систематски да се подобрат уловите за престој во јавните објекти и притоа да се постигне заштеда, како на енергија, така и од финансиска гледна точка, а воедно се постигнува и подобрување на стандардот на граѓаните и зголемување на употребата на енергија од обновливи извори – истакна секретарот на Град Скопје Ѓоко Велковски при доделувањето на сертификатите.

Градот Скопје, во рамките на Програмата за енергетска ефикасност на Град Скопје (2022-2024), изработи енергетски контроли и сертификати на 32 објекти кои се под надлежност на Град Скопје. Сертификатот треба да се постави на видно место во секој објект.

Енергетски контроли и сертификати се изготвени за 23 средни училишта на Град Скопје, за шест објекти од културата, за бараките на Град Скопје, за Зоолошката градина и за објекти на Противпожарната бригада во Автокоманда.

The post Доделени сертификати за енергетска ефикасност на 32 објекти под надлежност на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

На 32 јавни објекти што се под надлежност на Градот Скопје денеска им беа предадени енергетските контроли и сертификати кои претставуваат насока за преземање мерки за намалување на потрошувачката на енергија и за подобрување на енергетската ефикасност на објектите. Енергетската контрола на зградите и издавање на Сертификат за енергетска ефикасност е законска обврска која ја реализираат лиценцирани фирми. Енергетска контрола претставува систематизиранa постапка за утврдување на постојната потрошувачка на енергија, препознавање и квантификација на економски оправдани можности за заштеда на енергија во згради или група на згради, индустриски процеси или постројки, или во јавни или приватни услужни дејности и опфаќа подготовка на извештај за енергетската контрола. Сертификат за енергетска ефикасност (пасош), пак, е документ со кој се докажуваат карактеристиките на зградата во однос на потрошувачката на гориво. Кога зградата троши помалку енергија, таа е енергетски ефикасна и помалку ја загадува животната средина. Придобивките од овие процеси се од повеќе аспекти – покрај намалената емисија на штетни материи заради помала количина на потрошено гориво, се намалуваат и трошоците за енергија. Исто така, освен придобивките за жителите на Скопје, заради намалената потрошувачка на енергија и почистата животна средина, се намалува и потребата за купување на скапа енергија на ниво на Македонија.
Правилното планирање на енергетските политики во објектите кои се под надлежност на Град Скопје, претставува систематски пристап и единствен начин да се исполнат целите за енергетска ефикасност кои ги има поставено Градот, а со тоа да се подобрат и условите во објектите. Одлуките за целите за енергетска ефикасност ги засноваме на изработени енергетски контроли и сертификати за енергетските карактеристики на сите згради во надлежност на Град Скопје. Деталното познавање на процесите во самите објекти, преку изработката на енергетските контроли, и уште еден чекор понапред, подготвувањето на сертификати за енергетските карактеристики, овозможи планирањето во поглед на енергетската ефикасност да ги цели вистинските потреби на објектите и реално и систематски да се подобрат уловите за престој во јавните објекти и притоа да се постигне заштеда, како на енергија, така и од финансиска гледна точка, а воедно се постигнува и подобрување на стандардот на граѓаните и зголемување на употребата на енергија од обновливи извори – истакна секретарот на Град Скопје Ѓоко Велковски при доделувањето на сертификатите.
Градот Скопје, во рамките на Програмата за енергетска ефикасност на Град Скопје (2022-2024), изработи енергетски контроли и сертификати на 32 објекти кои се под надлежност на Град Скопје. Сертификатот треба да се постави на видно место во секој објект. Енергетски контроли и сертификати се изготвени за 23 средни училишта на Град Скопје, за шест објекти од културата, за бараките на Град Скопје, за Зоолошката градина и за објекти на Противпожарната бригада во Автокоманда.

The post Доделени сертификати за енергетска ефикасност на 32 објекти под надлежност на Град Скопје appeared first on Република.

]]>