Енди Рурк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/endi-rurk/ За подобро да се разбереме Sat, 20 May 2023 17:00:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Енди Рурк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/endi-rurk/ 32 32 Почина Енди Рурк, басистот на „Смитс“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pochina-endi-rurk-basistot-na-smits/ Sat, 20 May 2023 17:12:19 +0000 https://republika.mk/?p=643047

Басистот на поп-рок составот „Смитс“, Енди Рурк почина на 59-годишна возраст, соошпти неговиот поранешен колега од бендот, гитаристот Џони Мар. Во Твитер-објавата на Мар утрово се вели дека Енди починал по долго боледување од рак на панкреасот.

„Енди ќе биде запаметен како љубезна и убава душа од оние кои го познаваа и како врвно надарен музичар од љубителите на музиката. Бараме приватност во овој тажен миг“, додаде Мар.

Со првичната постава, составена од Рурк, тапанарот Мајк Џојс, Мар и пејачот Стивен Морисеј, „Смитс“ во жанровите рок, поп и панк, имаа низа хитови во 1980-тите, како што се „Heaven Knows I'm Miserable Now“ и „Girlfriend In а Coma“. Меѓу попознатите нивни албуми се „The Smiths“ и „Meat is Murder“. Имаат и три топ-10 хитови.

Бендот, инаку, престана да постои во 1987 година. Распаѓањето на четворката од Манчестер беше едно од најспектакуларните во музичкиот свет во Обединетото Кралство, по што во 1989 година Џојс и Рурк ги одведоа Морисеј и Мар на суд поради хонорарите.

The post Почина Енди Рурк, басистот на „Смитс“ appeared first on Република.

]]>

Басистот на поп-рок составот „Смитс“, Енди Рурк почина на 59-годишна возраст, соошпти неговиот поранешен колега од бендот, гитаристот Џони Мар. Во Твитер-објавата на Мар утрово се вели дека Енди починал по долго боледување од рак на панкреасот. „Енди ќе биде запаметен како љубезна и убава душа од оние кои го познаваа и како врвно надарен музичар од љубителите на музиката. Бараме приватност во овој тажен миг“, додаде Мар. Со првичната постава, составена од Рурк, тапанарот Мајк Џојс, Мар и пејачот Стивен Морисеј, „Смитс“ во жанровите рок, поп и панк, имаа низа хитови во 1980-тите, како што се „Heaven Knows I'm Miserable Now“ и „Girlfriend In а Coma“. Меѓу попознатите нивни албуми се „The Smiths“ и „Meat is Murder“. Имаат и три топ-10 хитови. Бендот, инаку, престана да постои во 1987 година. Распаѓањето на четворката од Манчестер беше едно од најспектакуларните во музичкиот свет во Обединетото Кралство, по што во 1989 година Џојс и Рурк ги одведоа Морисеј и Мар на суд поради хонорарите.

The post Почина Енди Рурк, басистот на „Смитс“ appeared first on Република.

]]>