Ена Катарина Халер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ena-katarina-haler/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Aug 2022 08:11:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ена Катарина Халер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ena-katarina-haler/ 32 32 Претставување и разговор со писателка Ена Катарина Халер на Струшките вечери на поезијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavuvanje-i-razgovor-so-pisatelka-ena-katarina-haler-na-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Fri, 26 Aug 2022 08:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=544288

Издавачката куќа „Готен“ организира претставување и разговор со хрватската писателка Ена Катарина Халер. Настанот ќе се одржи во конференциската сала на хотелот „Дрим“, во сабота, 27 август, со почеток во 14:30. Настанот е дел од книжевната резиденција на Ена Катарина Халер во Македонија, реализирана во август.

Ена Катарина Хелер е родена 1996 година во Осиек. Завршила природно-математичка гимназија во Осиек, а освен што се занимава со пишување работи и како архитект.

Првата книга, романот „На дофат“, ја објавува во 2019 година. Романот ги добива наградите „Ксавер Шандор Гјалски“ и „Иван и Јосип Козарац“ за најдобро прозно дело во 2020 година, а беше и финалист за наградите „Т-портал“ и „Фран Галовиќ“. Во 2022 година романот излезе во превод на македонски јазик на Сашо Огненовски, а во издание на „ПНВ Публикации“. Освен со пишување, Халер пишува и книжевни критики.

Според преведувачот на романот, Сашо Огненовски, „при читањето на ‘На дофат’ повремено го губите здивот, ве нафрлува лесна констернација и ве наведува да се преиспитате каде се вашите неодговорени прашања и како е изграден системот на бавно и мазхоистичко ронење на човечкиот дух. Оваа семејна приказна започнува со флешбек и завршува таму – во едно трагање по почвата од која изникнало семејството на шумарот Иво и неговите четири деца (две машки и две женски): една совршено библиска констелација што се разлева во чудесно страдање и егзодус на целиот конгломерат жители коишто се бараат себеси, но наоѓаат само тага и жолч“.

Резиденцијалниот престој на Ена Катарина Халер во Скопје е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

The post Претставување и разговор со писателка Ена Катарина Халер на Струшките вечери на поезијата appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Готен“ организира претставување и разговор со хрватската писателка Ена Катарина Халер. Настанот ќе се одржи во конференциската сала на хотелот „Дрим“, во сабота, 27 август, со почеток во 14:30. Настанот е дел од книжевната резиденција на Ена Катарина Халер во Македонија, реализирана во август. Ена Катарина Хелер е родена 1996 година во Осиек. Завршила природно-математичка гимназија во Осиек, а освен што се занимава со пишување работи и како архитект. Првата книга, романот „На дофат“, ја објавува во 2019 година. Романот ги добива наградите „Ксавер Шандор Гјалски“ и „Иван и Јосип Козарац“ за најдобро прозно дело во 2020 година, а беше и финалист за наградите „Т-портал“ и „Фран Галовиќ“. Во 2022 година романот излезе во превод на македонски јазик на Сашо Огненовски, а во издание на „ПНВ Публикации“. Освен со пишување, Халер пишува и книжевни критики. Според преведувачот на романот, Сашо Огненовски, „при читањето на ‘На дофат’ повремено го губите здивот, ве нафрлува лесна констернација и ве наведува да се преиспитате каде се вашите неодговорени прашања и како е изграден системот на бавно и мазхоистичко ронење на човечкиот дух. Оваа семејна приказна започнува со флешбек и завршува таму – во едно трагање по почвата од која изникнало семејството на шумарот Иво и неговите четири деца (две машки и две женски): една совршено библиска констелација што се разлева во чудесно страдање и егзодус на целиот конгломерат жители коишто се бараат себеси, но наоѓаат само тага и жолч“. Резиденцијалниот престој на Ена Катарина Халер во Скопје е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

The post Претставување и разговор со писателка Ена Катарина Халер на Струшките вечери на поезијата appeared first on Република.

]]>
Хрватската писателка Ена Катарина Халер на книжевна резиденција во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/hrvatskata-pisatelka-ena-katarina-haler-na-knizevna-rezidencija-vo-skopje/ Tue, 02 Aug 2022 16:53:16 +0000 https://republika.mk/?p=536208

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на книжевна резиденција во Скопје во август престојува писателката од Хрватска Ена Катарина Халер.

Во текот на својот резиденцијален престој во Скопје, Ена Катарина Халер ќе работи на својот нов роман, а ќе има можност одблиску да се запознае и со македонската книжевна сцена.

Ена Катарина Хелер е родена 1996 година во Осиек. Завршила природно-математичка гимназија во Осиек, а моментално работи на своето димпломско дело на Архитектонскиот факултет во Загреб.

Првата книга, романот „На дофат“, ја објавува во 2019 година. Книгата се занимава со страдањето на едно село во Хрватска за време на Втората светска војна, прогонството на преживеаните на Блајбург и животот на стигматизираните групи жени и нивните деца, кои ги наследиле судбините и одлуките на нивните мажи. Романот ги има добиено наградите „Ксавер Шандор Гјалски“ и „Иван и Јосип Козарац“ за најдобро прозно дело во 2020 година, а беше и во финалето за наградите „Т-портал“ и „Фран Галовиќ“. Во 2022 година романот треба да излезе на македонски јазик во издание на „ПНВ Публикации“. Освен со пишување, Халер пишува и книжевни критики.

Во Скопје, Ена Катарина Халер ќе работи на својот нов роман, кој се занимава со семејната траума и проекцијата на таа траума на љубовните и пријателските односи. Во основата, тоа е роман за љубовта, на различни ниво, но и роман за односот меѓу руралниот и урбаниот менталитет во пост-транзицискиот период во Хрватска.

The post Хрватската писателка Ена Катарина Халер на книжевна резиденција во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на книжевна резиденција во Скопје во август престојува писателката од Хрватска Ена Катарина Халер. Во текот на својот резиденцијален престој во Скопје, Ена Катарина Халер ќе работи на својот нов роман, а ќе има можност одблиску да се запознае и со македонската книжевна сцена. Ена Катарина Хелер е родена 1996 година во Осиек. Завршила природно-математичка гимназија во Осиек, а моментално работи на своето димпломско дело на Архитектонскиот факултет во Загреб. Првата книга, романот „На дофат“, ја објавува во 2019 година. Книгата се занимава со страдањето на едно село во Хрватска за време на Втората светска војна, прогонството на преживеаните на Блајбург и животот на стигматизираните групи жени и нивните деца, кои ги наследиле судбините и одлуките на нивните мажи. Романот ги има добиено наградите „Ксавер Шандор Гјалски“ и „Иван и Јосип Козарац“ за најдобро прозно дело во 2020 година, а беше и во финалето за наградите „Т-портал“ и „Фран Галовиќ“. Во 2022 година романот треба да излезе на македонски јазик во издание на „ПНВ Публикации“. Освен со пишување, Халер пишува и книжевни критики. Во Скопје, Ена Катарина Халер ќе работи на својот нов роман, кој се занимава со семејната траума и проекцијата на таа траума на љубовните и пријателските односи. Во основата, тоа е роман за љубовта, на различни ниво, но и роман за односот меѓу руралниот и урбаниот менталитет во пост-транзицискиот период во Хрватска.

The post Хрватската писателка Ена Катарина Халер на книжевна резиденција во Скопје appeared first on Република.

]]>