Ен Лесли Смит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/en-lesli-smit/ За подобро да се разбереме Sat, 25 Mar 2023 10:18:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ен Лесли Смит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/en-lesli-smit/ 32 32 На 92 години Руперт Мардок ќе се жени по петти и последен пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-92-godini-rupert-mardok-ke-se-zheni-po-petti-i-posleden-pat/ Sat, 25 Mar 2023 10:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=623500

Медиумскиот магнат, Руперт Мардок, ќе се ожени по петти пат на 92-годишна возраст, а негова избраничка е Ен Лесли Смит (66), пишува „Њујорк пост“.

Ен Лесли Смит е вдовица на американскиот кантри пејач Честер Смит, а Мардок вели дека е среќен поради веридбата.

Мардок минатата година се разведе од својата четврта сопруга, манекенката Џери Хол, по шест години брак.

Неговата медиумска империја, која ги вклучува „Волстрит журнал“, „Фокс њуз“ и други влијателни медиуми, според „Форбс“ вреди повеќе од 20 милијарди долари.

Мардок ја запознал својата нова свршеница минатата година на настан кој го организирал во неговото лозје во Калифорнија, а парот набрзо решил да ја помине „втората половина од животот заедно“.

Свадбата ќе се одржи летово, а парот планира да го поделат времето меѓу САД и Велика Британија.

Мардок, кој има шест деца, прво беше оженет со Патриша Букер, австралиска стјуардеса, од која се разведе кон крајот на 1960-тите.

Тој и неговата втора сопруга Ана, новинарка во весник, беа заедно повеќе од 30 години пред да се разведат во 1999 година.

Неговиот трет брак со Венди Денг заврши во 2013 година.

The post На 92 години Руперт Мардок ќе се жени по петти и последен пат appeared first on Република.

]]>

Медиумскиот магнат, Руперт Мардок, ќе се ожени по петти пат на 92-годишна возраст, а негова избраничка е Ен Лесли Смит (66), пишува „Њујорк пост“. Ен Лесли Смит е вдовица на американскиот кантри пејач Честер Смит, а Мардок вели дека е среќен поради веридбата. Мардок минатата година се разведе од својата четврта сопруга, манекенката Џери Хол, по шест години брак. Неговата медиумска империја, која ги вклучува „Волстрит журнал“, „Фокс њуз“ и други влијателни медиуми, според „Форбс“ вреди повеќе од 20 милијарди долари. Мардок ја запознал својата нова свршеница минатата година на настан кој го организирал во неговото лозје во Калифорнија, а парот набрзо решил да ја помине „втората половина од животот заедно“. Свадбата ќе се одржи летово, а парот планира да го поделат времето меѓу САД и Велика Британија. Мардок, кој има шест деца, прво беше оженет со Патриша Букер, австралиска стјуардеса, од која се разведе кон крајот на 1960-тите. Тој и неговата втора сопруга Ана, новинарка во весник, беа заедно повеќе од 30 години пред да се разведат во 1999 година. Неговиот трет брак со Венди Денг заврши во 2013 година.

The post На 92 години Руперт Мардок ќе се жени по петти и последен пат appeared first on Република.

]]>