Емилија Тодорова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/emilija-todorova/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Aug 2022 07:16:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Емилија Тодорова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/emilija-todorova/ 32 32 Книгата „Гравитација“ на Емилија Тодорова ја доби наградата „Стојан Христов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knigata-gravitacija-na-emilija-todorova-ja-dobi-nagradata-stojan-hristov/ Sun, 28 Aug 2022 07:16:40 +0000 https://republika.mk/?p=544837

Книгата „Гравитација“ на поетесата Емилија Тодорова ја доби наградата „Стојан Христов“ за 2022 година на „Струшките вечери на поезијата“. Збирката на Тодорова победи во конкуренција на „На каучот на Зигмунд Фројд“ на Јулијана Младеновска од Хрватска, „Песни“ на Јосиф Грежловски - Гандедо од САД и „Позлатено распетие“ на Ивица Челиковиќ од Шведска.

„Гравитација“ е во издание на Агенцијата за иселеништво,

Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав Митко Гогов, Елена Пренџова и Бранко Цветковски.

Поезијата на Емилија Тодорова е во духот на современоста, односно кореспондира со духот на времето на кое припаѓа поетесата. Очигледно станува збор за веќе созреана поетска натура која повеќе го слуша диктатот на можната уверлива естетика на песната, заокружена и ефектна, отколку спонтанитетот и неодоливоста на емотивните ерупции и обопштувања. Песните во збирката „Гравитација“ се интимистичко-егзистенцијалистички; полни со контрасти и цврсти метафори, стиховите откриваат кроткост, но и бестрашност. Уверлива поетска структура која се препознава.

Во однос на формата, песните во „Гравитација“ се сценски долги, што би подразбирало должина доволна за современ поетски настап; стихот е слободен, со неколку обиди да се доведат до визуелна форма која би упатила на паузи во читањето. Конечно, збирката поезија „Гравитација“ од македонската поетеса Емилија Тодорова од Австралија е зрело поетско писмо со дистинктивен личен печат кој се наметнува како оригинално и уникатно писмо кое отскокнува од останатите пристигнати творби и кое несомнено ги задоволува естетските и канонски книжевни критериуми, стои во образложението на жири-комисијата.

Eмилија Тодорова е родена во Скопје, а од 1989 година живее во Сиднеј, Австралија.

The post Книгата „Гравитација“ на Емилија Тодорова ја доби наградата „Стојан Христов“ appeared first on Република.

]]>

Книгата „Гравитација“ на поетесата Емилија Тодорова ја доби наградата „Стојан Христов“ за 2022 година на „Струшките вечери на поезијата“. Збирката на Тодорова победи во конкуренција на „На каучот на Зигмунд Фројд“ на Јулијана Младеновска од Хрватска, „Песни“ на Јосиф Грежловски - Гандедо од САД и „Позлатено распетие“ на Ивица Челиковиќ од Шведска. „Гравитација“ е во издание на Агенцијата за иселеништво, Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав Митко Гогов, Елена Пренџова и Бранко Цветковски.
Поезијата на Емилија Тодорова е во духот на современоста, односно кореспондира со духот на времето на кое припаѓа поетесата. Очигледно станува збор за веќе созреана поетска натура која повеќе го слуша диктатот на можната уверлива естетика на песната, заокружена и ефектна, отколку спонтанитетот и неодоливоста на емотивните ерупции и обопштувања. Песните во збирката „Гравитација“ се интимистичко-егзистенцијалистички; полни со контрасти и цврсти метафори, стиховите откриваат кроткост, но и бестрашност. Уверлива поетска структура која се препознава. Во однос на формата, песните во „Гравитација“ се сценски долги, што би подразбирало должина доволна за современ поетски настап; стихот е слободен, со неколку обиди да се доведат до визуелна форма која би упатила на паузи во читањето. Конечно, збирката поезија „Гравитација“ од македонската поетеса Емилија Тодорова од Австралија е зрело поетско писмо со дистинктивен личен печат кој се наметнува како оригинално и уникатно писмо кое отскокнува од останатите пристигнати творби и кое несомнено ги задоволува естетските и канонски книжевни критериуми, стои во образложението на жири-комисијата.
Eмилија Тодорова е родена во Скопје, а од 1989 година живее во Сиднеј, Австралија.

The post Книгата „Гравитација“ на Емилија Тодорова ја доби наградата „Стојан Христов“ appeared first on Република.

]]>
Емилија Тодорова добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/emilija-todorova-dobitnik-na-nagradata-stojan-hristov-za-najdobra-kniga-poezija-od-iselenik/ Tue, 16 Aug 2022 07:41:23 +0000 https://republika.mk/?p=540751

Авторката Емилија Тодорова од Сиднеј, Австралија, е годинашниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник која ја доделува Агенцијата за иселеништво.

Наградата е согласно одлуката од жири комисијата на Струшките вечери на поезијата и ѝ е доделена за збирката песни „Гравитација“.

 

 

The post Емилија Тодорова добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник appeared first on Република.

]]>

Авторката Емилија Тодорова од Сиднеј, Австралија, е годинашниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник која ја доделува Агенцијата за иселеништво. Наградата е согласно одлуката од жири комисијата на Струшките вечери на поезијата и ѝ е доделена за збирката песни „Гравитација“.    

The post Емилија Тодорова добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник appeared first on Република.

]]>