Емилија Николовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/emilija-nikolovska/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Aug 2022 13:12:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Емилија Николовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/emilija-nikolovska/ 32 32 Емилија Николовска сонува да ја открива вселената: Донесе бронза за Македонија на Светска олимпијада по физика https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/emilija-nikolovska-sonuva-da-ja-otkriva-vselenata-donese-bronza-za-makedonija-na-svetska-olimpijada-po-fizika/ Fri, 12 Aug 2022 13:12:33 +0000 https://republika.mk/?p=539662

Емилија Николовска со своите 17 години сака да го открие непознатото. Вредно да го истражува и да му донесе нешто ново на човештвото. Емилија е од Охрид, а учи во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. Иако е на летен распуст, таа не мирува. Неодамна освои бронзен медал на Светската олимпијада по физика.

Имаше селекционен натпревар и од Македонија бевме одбрани пет ученици. Натпреварот беше тежок. Беше потребна претходна подготовка, имавме часови со професори и асистенти од ПМФ, но се припремавме и сами. Имаше вкупно околу 400 деца од осумдесет земји од светот. Искрено, немав очекувања, пријатно се изненадив зашто задачите беа потешки од лани. Дадов сѐ од себе и се спремав колку што можев и ете, тоа се исплати и сега имам заслужен одмор. Ова е најголем успех на Македонија на оваа олимпијада по физика – раскажува Емилија.

Светската олимпијата е во организација на Швајцарија и требало да се одржи во Белорусија. Меѓутоа поради состојбата во Украина се одржала онлајн.

Ова не е прва награда на Емилија. Таа досега има добивано општински, регионални, државни и меѓународни награди на натпревари и олимпијади по хемија, информатика, програмирање, математика, а додека учела основно училиште и награди по англиски, германски…

Мал проблем е дека не можам да учествувам на сите олимпијади зашто се поклопуваат датумите и морам од нешто да се откажам – вели Емилија.

Вели дека од сите предмети, најинтересена ѝ е физиката.

Физиката ми е природна. Кога гледам низ прозор, сѐ што ми гледаат очиве е физика. Меѓутоа, физиката оди заедно со математиката. По нив, ги одбирам хемијата и програмирањето. Во секоја област човек може да си го најде најинересното – вели Емилија.

Науката ја сака уште од најмала возраст. Бројките ѝ се пријатели уште од градинка.

Кога бев во градинка бројките ми одеа многу лесно и потоа на училиште првите неколку одделенија не ми беше интересно на часовите. За натпреварите дознав првпат во четврто одделение, и почнав да одам и така ја задоволував потребата да научам повеќе. Кога почнав моите родители ми помагаа, но по некое време почнаа наставниците во основно да ми помагаат, па професори од факултет. Можеш и самостојно да се надградуваш, но е многу полесно кога друг ќе ти објасни и ќе те насочи да не луташ по материјалот. Со желба и ако се вложи доволно труд може сѐ да се постигне – раскажува средношколката.

Повеќе на „Нова Македонија“.

The post Емилија Николовска сонува да ја открива вселената: Донесе бронза за Македонија на Светска олимпијада по физика appeared first on Република.

]]>

Емилија Николовска со своите 17 години сака да го открие непознатото. Вредно да го истражува и да му донесе нешто ново на човештвото. Емилија е од Охрид, а учи во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. Иако е на летен распуст, таа не мирува. Неодамна освои бронзен медал на Светската олимпијада по физика.
Имаше селекционен натпревар и од Македонија бевме одбрани пет ученици. Натпреварот беше тежок. Беше потребна претходна подготовка, имавме часови со професори и асистенти од ПМФ, но се припремавме и сами. Имаше вкупно околу 400 деца од осумдесет земји од светот. Искрено, немав очекувања, пријатно се изненадив зашто задачите беа потешки од лани. Дадов сѐ од себе и се спремав колку што можев и ете, тоа се исплати и сега имам заслужен одмор. Ова е најголем успех на Македонија на оваа олимпијада по физика – раскажува Емилија.
Светската олимпијата е во организација на Швајцарија и требало да се одржи во Белорусија. Меѓутоа поради состојбата во Украина се одржала онлајн. Ова не е прва награда на Емилија. Таа досега има добивано општински, регионални, државни и меѓународни награди на натпревари и олимпијади по хемија, информатика, програмирање, математика, а додека учела основно училиште и награди по англиски, германски…