Емилија Нацевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/emilija-nacevska/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 09:08:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Емилија Нацевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/emilija-nacevska/ 32 32 Вицегувернерката Нацевска: Со Единствениот регистар на сметки ќе изградиме поефикасен платен систем во земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vitseguvernerkata-natsevska-so-edinstveniot-registar-na-smetki-ke-izgradime-poefikasen-platen-sistem-vo-zemjava/ Thu, 31 Oct 2024 09:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=832638

Со очекуваното воспоставување на Единствениот регистар на сметки, пропишан со Законот за платежни услуги и платни системи, покрај тоа што ќе се исполни едно од главните барања од Петтата директива на Европската Унија за борба против перење пари и финансирање на тероризмот, се преземаат и важни чекори за натамошниот развој на платниот систем на земјата и негова интеграција во платежната инфраструктура на Европската Унија. Воспоставувањето на овој регистар е значајно за приклучувањето во Единствената област за плаќања во евра ‒ СЕПА и за обезбедувањето на потребната регулативна и функционална еквивалентност, есенцијална за нашата позиција во европскиот економски простор. Ова го порача вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацевска во своето обраќање по повод одбележувањето на деновите на Централниот регистар, на кое присуствуваа и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорката на Централниот регистар, Анита Стамнова.

Вицегувернерката истакна дека Народната банка, преку користење на податоците од овој регистар, ќе може да го подобри извршувањето на супервизорските задачи, како и да ги зголеми сигурноста, стабилноста и ефикасноста на платниот систем на земјата, а сето тоа во прилог на стабилноста на финансискиот систем на државата.

Единствениот регистар на сметки ја овозможува правовременоста и достапноста на информациите до сите релевантни институции и засегнати страни. Овој регистар претставува важна основа за ефикасноста на плаќањата, за подобра финансиска контрола и спречување нелегални активности, но и за поголема ефикасност на процесите за присилната наплата, според најдобрите европски практики. Сето тоа, исто така, ќе овозможи и подобра заштита на правата на граѓаните и на деловните субјекти, овозможувајќи директен и транспарентен пристап до информациите за сметките - нагласи Нацевска, при што додаде дека со оваа платформа, којашто е компатибилна со европските стандарди, не само што се зајакнува финансискиот систем, туку се создава и цврста основа за идната интеграција на нашата економија во европските пазари.

Вицегувернерката Емилија Нацевска рече дека регулаторните реформи направени во изминатиот период преку донесување нови закони и подзаконски акти во платежната сфера и во сферата на спречувањето перење пари и финансирањето тероризам, не само што ја приближуваат нашата земја кон стандардите на ЕУ, туку и создаваат услови за унапредување на конкуренцијата, поттикнување иновации и забрзана дигитализација.

The post Вицегувернерката Нацевска: Со Единствениот регистар на сметки ќе изградиме поефикасен платен систем во земјава appeared first on Република.

]]>

Со очекуваното воспоставување на Единствениот регистар на сметки, пропишан со Законот за платежни услуги и платни системи, покрај тоа што ќе се исполни едно од главните барања од Петтата директива на Европската Унија за борба против перење пари и финансирање на тероризмот, се преземаат и важни чекори за натамошниот развој на платниот систем на земјата и негова интеграција во платежната инфраструктура на Европската Унија. Воспоставувањето на овој регистар е значајно за приклучувањето во Единствената област за плаќања во евра ‒ СЕПА и за обезбедувањето на потребната регулативна и функционална еквивалентност, есенцијална за нашата позиција во европскиот економски простор. Ова го порача вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацевска во своето обраќање по повод одбележувањето на деновите на Централниот регистар, на кое присуствуваа и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорката на Централниот регистар, Анита Стамнова. Вицегувернерката истакна дека Народната банка, преку користење на податоците од овој регистар, ќе може да го подобри извршувањето на супервизорските задачи, како и да ги зголеми сигурноста, стабилноста и ефикасноста на платниот систем на земјата, а сето тоа во прилог на стабилноста на финансискиот систем на државата.
Единствениот регистар на сметки ја овозможува правовременоста и достапноста на информациите до сите релевантни институции и засегнати страни. Овој регистар претставува важна основа за ефикасноста на плаќањата, за подобра финансиска контрола и спречување нелегални активности, но и за поголема ефикасност на процесите за присилната наплата, според најдобрите европски практики. Сето тоа, исто така, ќе овозможи и подобра заштита на правата на граѓаните и на деловните субјекти, овозможувајќи директен и транспарентен пристап до информациите за сметките - нагласи Нацевска, при што додаде дека со оваа платформа, којашто е компатибилна со европските стандарди, не само што се зајакнува финансискиот систем, туку се создава и цврста основа за идната интеграција на нашата економија во европските пазари.
Вицегувернерката Емилија Нацевска рече дека регулаторните реформи направени во изминатиот период преку донесување нови закони и подзаконски акти во платежната сфера и во сферата на спречувањето перење пари и финансирањето тероризам, не само што ја приближуваат нашата земја кон стандардите на ЕУ, туку и создаваат услови за унапредување на конкуренцијата, поттикнување иновации и забрзана дигитализација.

The post Вицегувернерката Нацевска: Со Единствениот регистар на сметки ќе изградиме поефикасен платен систем во земјава appeared first on Република.

]]>
Вицегувернерката Нацевска: Нема причина за паника од девалвација на денарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/viceguvernerkata-nacevska-nema-prichina-za-panika-od-devalvacija-na-denarot/ Thu, 03 Mar 2022 09:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=466894

Денарот и банкарскиот сектор се стабилни. Денарот е сидрото на стабилноста на нашата економија и нема потреба од девалвација, впрочем Народната банка располага со широк инструментариум за одбрана на стабилноста на денарот, од кој најважни се високото и стабилно ниво на девизни резерви. Банкарскиот сектор е стабилен и нема знаци на повлекување на депозитите во контекст на руско-украинската криза, напротив тие растат, посочува вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во емисијата „Утрински брифинг“.

Причина за паника од девалвација на денарот, навистина нема. Ние располагаме со доволно ниво на девизни резерви за да го одбраниме курсот на денарот, како што тоа го правиме низ сите овие години наназад и како што и досега сме успеале успешно да ја одбраниме неговата вредност, вели вицегувернерката Нацевска.

На прашањето за шпекулации за повлекување на заштедите од банките, таа посочи дека нема индикации за повлекувања, напротив тие и понатаму растат. Сепак, посочува дека секогаш ќе постои мала група на депоненти, кои при било какви кризни сигнали реагираат, но набргу по согледување на состојбите – дека макроекономската стабилност е тука и дека курсот е стабилен, ги враќаат средствата во банкарскиот сектор.

Нацевска истакнува дека директната трговска и финансиска поврзаност со Русија и Украина е многу мала и директни ефекти врз нашата економија нема и не се очекуваат.

За споредба, филијалата на „Сбербанка“ во Босна и Херцеговина налагаше да се преземат интензивни мерки од страна на босанските власти, и веќе се преземаат мерки од страна на регулаторот. Истото е и Словенија. Ние немаме таква ситуација, што е добро, бидејќи депонентите кои ги чуваат своите средства таму ќе беа загрижени и ќе имавме непријатна слика, како што е во тие држави, вели Нацевска.

Таа сепак посочува дека има ризици од индиректните ефекти, кои доаѓаат од санкциите кои се преземаат од страна на Европската унија и другите економски сили, како САД, Велика Британија, Канада, па дури и Швајцарија кон Русија, но и контрасанкциите од страна на Русија. Тие креираат неизвесност и дневна променливост на случувањата на финансиските пазари и на светските пазари на примарни производи, заради што, да се излезе со некакви проекции за ефектот врз нашата економија во овој момент, е преголем ризик.

The post Вицегувернерката Нацевска: Нема причина за паника од девалвација на денарот appeared first on Република.

]]>

Денарот и банкарскиот сектор се стабилни. Денарот е сидрото на стабилноста на нашата економија и нема потреба од девалвација, впрочем Народната банка располага со широк инструментариум за одбрана на стабилноста на денарот, од кој најважни се високото и стабилно ниво на девизни резерви. Банкарскиот сектор е стабилен и нема знаци на повлекување на депозитите во контекст на руско-украинската криза, напротив тие растат, посочува вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во емисијата „Утрински брифинг“.
Причина за паника од девалвација на денарот, навистина нема. Ние располагаме со доволно ниво на девизни резерви за да го одбраниме курсот на денарот, како што тоа го правиме низ сите овие години наназад и како што и досега сме успеале успешно да ја одбраниме неговата вредност, вели вицегувернерката Нацевска.
На прашањето за шпекулации за повлекување на заштедите од банките, таа посочи дека нема индикации за повлекувања, напротив тие и понатаму растат. Сепак, посочува дека секогаш ќе постои мала група на депоненти, кои при било какви кризни сигнали реагираат, но набргу по согледување на состојбите – дека макроекономската стабилност е тука и дека курсот е стабилен, ги враќаат средствата во банкарскиот сектор. Нацевска истакнува дека директната трговска и финансиска поврзаност со Русија и Украина е многу мала и директни ефекти врз нашата економија нема и не се очекуваат.