Емилија Аневска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/emilija-anevska/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Mar 2022 12:51:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Емилија Аневска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/emilija-anevska/ 32 32 Скопјани пијат чиста и безбедна вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopjani-pijat-chista-i-bezbedna-voda/ Wed, 23 Mar 2022 12:50:22 +0000 https://republika.mk/?p=477152

Скопјани пијат чиста вода. Последните испитувања направен од Секторот за санитарна контрола во периодот 14 март до 18 март на 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во град Скопје покажуваат дека тие одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

[caption id="attachment_477178" align="alignnone" width="640"] Емилија Аневска[/caption]

Вчера Македонија го одбележа Светскиот ден на водата.

-Во подножјето на Жеден Планина се наоѓа изворот Рашче. Овој извор е со капацитет од 2 до 5 метри кубни вода во секунда. Ваквата вода доаѓа од Полошката Котилна од каде со понирање од подземјето стига до Скопската котлина и извира преку изворот Рашче. Оваа вода е главен извор за водоснабдување на град Скопје повеќе од 100 години и неговата заштита е од национален карактер. Квалитетот и безбедноста на водата за пиење од овој извор се гарантира преку земање на примероци кои се испитуваат во хемиската и микробиолошката лабораторија при ЈП Водовод и канализација - Скопје кои се акредитирани лаборатории за изведување ваков тип анализи. Водата е природно богатство. Количините од овој ресур се ограничени, а знаеме дека човекот и животинскиот и растителиот свет, без вода не можат да опстанат. Затоа е потребно правилно користење на природните ресурси и нивна соодветна заштита - вели Емилија Аневска, раководител на Центарот за санитарна контрола во Јп Водовод и канализација - Скопје.

[caption id="attachment_477174" align="alignnone" width="640"] Златко Перински[/caption]

На Светскиот ден на водата, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински посочи дека подземната вода е од огромно и непроценливо значење за Скопје.

„Повеќе од 100 години, невидливото го правиме видливо. Подземната вода, за нас како претпријатие, за нас како граѓани на град Скопје е од огромно и непроценливо значење. Секоја наша активност е во насока на зачувавање, токму на ова природно богатство, негова заштита од сите фактори кои може да делуваат негативно, негова рационализација во употребата, одржливост и изнаоѓање алтернативни извори на водоснабдување, како одговор на брзиот раст на градот, урбанизацијата и секако климатските промени“ – истакна Златко Перински, директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје по повод светскиот ден на водата.

Перински додаде дека со слоганот водата е живот, квалитет кој трае, се испраќа порака за важноста на ресурсот, кој е од непроценливо значење за скопјани, како и дека ЈП Водовод и канализација - Скопје останува посветено во обезбедување на квалитетна вода, истакнувајќи дека од сите нас зависи, колку ќе го зачуваме.

https://www.youtube.com/watch?v=eqR45b7tMyE

Периодов се спроведува едукативно информативната кампања иницирана од Здружението за Третман на води и Отпадни води на Македонија ЗТВ-МК и Друштвото за геотехника на Македонија при Градежниот факултет – Скопје, а со цел одбележување на Светскиот ден на водата 2022 под мотото „Подземни води - невидливото станува видливо“. Кампањата која освен од ЈП Водовод и канализација – Скопје, беше поддржана од ЕУ Делегацијата, Министерството за животна средина, Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), Европската Асоцијација за води и „5+ Фамилија“.

https://www.youtube.com/watch?v=sil2OKTUV9c

The post Скопјани пијат чиста и безбедна вода appeared first on Република.

]]>

Скопјани пијат чиста вода. Последните испитувања направен од Секторот за санитарна контрола во периодот 14 март до 18 март на 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во град Скопје покажуваат дека тие одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. [caption id="attachment_477178" align="alignnone" width="640"] Емилија Аневска[/caption] Вчера Македонија го одбележа Светскиот ден на водата.
-Во подножјето на Жеден Планина се наоѓа изворот Рашче. Овој извор е со капацитет од 2 до 5 метри кубни вода во секунда. Ваквата вода доаѓа од Полошката Котилна од каде со понирање од подземјето стига до Скопската котлина и извира преку изворот Рашче. Оваа вода е главен извор за водоснабдување на град Скопје повеќе од 100 години и неговата заштита е од национален карактер. Квалитетот и безбедноста на водата за пиење од овој извор се гарантира преку земање на примероци кои се испитуваат во хемиската и микробиолошката лабораторија при ЈП Водовод и канализација - Скопје кои се акредитирани лаборатории за изведување ваков тип анализи. Водата е природно богатство. Количините од овој ресур се ограничени, а знаеме дека човекот и животинскиот и растителиот свет, без вода не можат да опстанат. Затоа е потребно правилно користење на природните ресурси и нивна соодветна заштита - вели Емилија Аневска, раководител на Центарот за санитарна контрола во Јп Водовод и канализација - Скопје.
[caption id="attachment_477174" align="alignnone" width="640"] Златко Перински[/caption] На Светскиот ден на водата, директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински посочи дека подземната вода е од огромно и непроценливо значење за Скопје.
„Повеќе од 100 години, невидливото го правиме видливо. Подземната вода, за нас како претпријатие, за нас како граѓани на град Скопје е од огромно и непроценливо значење. Секоја наша активност е во насока на зачувавање, токму на ова природно богатство, негова заштита од сите фактори кои може да делуваат негативно, негова рационализација во употребата, одржливост и изнаоѓање алтернативни извори на водоснабдување, како одговор на брзиот раст на градот, урбанизацијата и секако климатските промени“ – истакна Златко Перински, директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје по повод светскиот ден на водата.
Перински додаде дека со слоганот водата е живот, квалитет кој трае, се испраќа порака за важноста на ресурсот, кој е од непроценливо значење за скопјани, како и дека ЈП Водовод и канализација - Скопје останува посветено во обезбедување на квалитетна вода, истакнувајќи дека од сите нас зависи, колку ќе го зачуваме. https://www.youtube.com/watch?v=eqR45b7tMyE Периодов се спроведува едукативно информативната кампања иницирана од Здружението за Третман на води и Отпадни води на Македонија ЗТВ-МК и Друштвото за геотехника на Македонија при Градежниот факултет – Скопје, а со цел одбележување на Светскиот ден на водата 2022 под мотото „Подземни води - невидливото станува видливо“. Кампањата која освен од ЈП Водовод и канализација – Скопје, беше поддржана од ЕУ Делегацијата, Министерството за животна средина, Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), Европската Асоцијација за води и „5+ Фамилија“. https://www.youtube.com/watch?v=sil2OKTUV9c

The post Скопјани пијат чиста и безбедна вода appeared first on Република.

]]>