емил рајковиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/emil-rajkovikj/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Apr 2023 08:28:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png емил рајковиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/emil-rajkovikj/ 32 32 Големо признание за македонскиот кошаркарски тренер во Русија https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/golemo-priznanie-za-makedonskiot-kosharkarski-trener-vo-rusija/ Tue, 18 Apr 2023 08:28:28 +0000 https://republika.mk/?p=631652

 Емил Рајковиќ е избран за најдобар тренер на сезоната во една од најсилните европски лиги - ВТБ лигата.

На почетокот на оваа сезона, македонскиот тренер ја превзема ЦСКА од Москва и веднаш стигна до неверојатни успеси, притоа поставувајќи нови рекорди со „армејците“.

Рајковиќ и неговиот стручниот тим во кој е вклучен и Сашо Тодоровски го завршија регуларниот дел од сезоната во силната конкуренција како првопласирани со скор од 30 победи на 32 одиграни натпревари.

Освен тоа, ЦСКА го имаше и најдобриот старт на сезоната со 24 победи без пораз, најдолга победничка серија, како и 14. натпревари со 100 или повеќе поени и најдобар поентерски учинок во сезоната со просек од 95,6 поени.

Освен тоа, 44-годишниот македонски тренер успеа и да се запише во историјата како единствениот кој освои две награди за најдобар тренер на годината со две различни екипи.

Претходно тоа беше во сезоната 2018/19 кога регуларниот дел од сезоната со екипата на Астана заврши на шестото место на табелата

The post Големо признание за македонскиот кошаркарски тренер во Русија appeared first on Република.

]]>

Емил Рајковиќ е нов тренер на ЦСКА Москва! https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/emil-rajkovikj-e-nov-trener-na-cska-moskva/ Fri, 17 Jun 2022 14:32:45 +0000 https://republika.mk/?p=516406

Емил Рајковиќ го достигна и врвот на досегашната тренерска кариера откако македонскиот стручњак денеска и официјално беше промовиран во нов предводник на ЦСКА Москва.

Рускиот гигант беше во потрага по нов врвен стратег по заминувањето на Димитрис Итудис, а изборот падна токму врз Рајковиќ, кој минатата сезона беше предводник на Автодор Саратов, тим со кој бележеше одлични игри и резултати како во ВТБ-лигата така и во европските натпреварувања.

Од неколкуте тренери кои беа во игра за одговорната функција, изборот падна врз Рајковиќ, кој денеска и официјално го потпиша договорот со рускиот гигант. ЦСКА Москва во новата сезона нема да се натпреварува во Евролигата, но рускиот тим во секој случај ќе состави респектабилен состав со кој под водство на Македонецот ќе атакува на трофејот во ВТБ-лигата.

Како што информираат од ЦСКА, Рајковиќ во текот на следната седмица ќе допатува во Москва, каде ќе ја има и официјалната промоција како предводник на европскиот кошаркарски гигант.

The post Емил Рајковиќ е нов тренер на ЦСКА Москва! appeared first on Република.

]]>

Емил Рајковиќ го достигна и врвот на досегашната тренерска кариера откако македонскиот стручњак денеска и официјално беше промовиран во нов предводник на ЦСКА Москва. Рускиот гигант беше во потрага по нов врвен стратег по заминувањето на Димитрис Итудис, а изборот падна токму врз Рајковиќ, кој минатата сезона беше предводник на Автодор Саратов, тим со кој бележеше одлични игри и резултати како во ВТБ-лигата така и во европските натпреварувања. Од неколкуте тренери кои беа во игра за одговорната функција, изборот падна врз Рајковиќ, кој денеска и официјално го потпиша договорот со рускиот гигант. ЦСКА Москва во новата сезона нема да се натпреварува во Евролигата, но рускиот тим во секој случај ќе состави респектабилен состав со кој под водство на Македонецот ќе атакува на трофејот во ВТБ-лигата. Како што информираат од ЦСКА, Рајковиќ во текот на следната седмица ќе допатува во Москва, каде ќе ја има и официјалната промоција како предводник на европскиот кошаркарски гигант.  

The post Емил Рајковиќ е нов тренер на ЦСКА Москва! appeared first on Република.

]]>