еми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/emi/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jul 2023 14:34:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/emi/ 32 32 Наградите „Еми“ ќе бидат одложени поради штрајковите во Холивуд https://arhiva3.republika.mk/scena/nagradite-emi-ke-bidat-odlozheni-poradi-shtrajkovite-vo-holivud/ Sat, 29 Jul 2023 14:59:05 +0000 https://republika.mk/?p=666644

За прв пат по 11 септември, 2001, е најавено одложување на Наградите „Еми“, јавува „Euronews“.

Една од најголемите американски манифестации, беше планирана за 18 септември, но поради моменталните дуални штрајкови на Американското здружение на писатели и Американското здружение на телевизиски актери, односно Американската федерација на телевизиски и радио уметници, медиумската мрежа „Фокс“ најави одложување на шоуто.

Во Холивуд се штрајкува поради ниските заработки што ги нудат стриминг платформите, но и зголемениот ризик што вештачката интелигенција го поставува врз писателите и сценаристите.

Ова е прв пат по 1960, Здруженијата да штрајкуваат заедно.

Штрајкот ги прекина снимањата на многу серии и филмови, а еден од нив е и второто продолжение на филмот „Дини“.

Иако поголемите холивудски студија одбија да преговараат со Здруженијата, помалите независни филмски студија продолжија со својата продукција. Дел од независните продукции решија да ги исполнат некои од барањата на Здруженијата и креативните работници.

75-тото издание на Наградите „Еми“ е одложено за јануари 2004 година.

Претходно месецов, објавени беа финалните номинации за наградите, а последната сезона на серијата „Следоред“ освои дури 27 номинации. По неа, највеќе номинации имаат и сериите „Белиот лотус“ и „Последните од нас“.

The post Наградите „Еми“ ќе бидат одложени поради штрајковите во Холивуд appeared first on Република.

]]>

За прв пат по 11 септември, 2001, е најавено одложување на Наградите „Еми“, јавува „Euronews“. Една од најголемите американски манифестации, беше планирана за 18 септември, но поради моменталните дуални штрајкови на Американското здружение на писатели и Американското здружение на телевизиски актери, односно Американската федерација на телевизиски и радио уметници, медиумската мрежа „Фокс“ најави одложување на шоуто. Во Холивуд се штрајкува поради ниските заработки што ги нудат стриминг платформите, но и зголемениот ризик што вештачката интелигенција го поставува врз писателите и сценаристите. Ова е прв пат по 1960, Здруженијата да штрајкуваат заедно. Штрајкот ги прекина снимањата на многу серии и филмови, а еден од нив е и второто продолжение на филмот „Дини“. Иако поголемите холивудски студија одбија да преговараат со Здруженијата, помалите независни филмски студија продолжија со својата продукција. Дел од независните продукции решија да ги исполнат некои од барањата на Здруженијата и креативните работници. 75-тото издание на Наградите „Еми“ е одложено за јануари 2004 година. Претходно месецов, објавени беа финалните номинации за наградите, а последната сезона на серијата „Следоред“ освои дури 27 номинации. По неа, највеќе номинации имаат и сериите „Белиот лотус“ и „Последните од нас“.

The post Наградите „Еми“ ќе бидат одложени поради штрајковите во Холивуд appeared first on Република.

]]>
„Еми“ наградите одложени поради штрајкот на сценаристите и глумците во САД https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/emi-nagradite-odlozheni-poradi-shtrajkot-na-stsenaristite-i-glumtsite-vo-sad/ Fri, 28 Jul 2023 09:05:03 +0000 https://republika.mk/?p=666198

Годинешното 75. доделување на „Еми“ наградите за најдобри телевизиски остварувања ќе биде одложено поради штрајкот на сценаристите и глумците во Холивуд, пренесоа американските медиуми.

Свеченоста првично закажана за 18 септември, се очекува да биде преместена за јануари. Според наводите, сите вклучени во доделувањето на наградите се известени за одложувањето, а наскоро се очекува и официјално соопштение.

Не е конечно одреден нов датум за доделувањето на наградите.

Холивудските глумци и сценаристи сѐ уште штрајкуваат. Ова е прв ваков штрајк во американската филмска историја по 63 години.

The post „Еми“ наградите одложени поради штрајкот на сценаристите и глумците во САД appeared first on Република.

]]>

Годинешното 75. доделување на „Еми“ наградите за најдобри телевизиски остварувања ќе биде одложено поради штрајкот на сценаристите и глумците во Холивуд, пренесоа американските медиуми. Свеченоста првично закажана за 18 септември, се очекува да биде преместена за јануари. Според наводите, сите вклучени во доделувањето на наградите се известени за одложувањето, а наскоро се очекува и официјално соопштение. Не е конечно одреден нов датум за доделувањето на наградите. Холивудските глумци и сценаристи сѐ уште штрајкуваат. Ова е прв ваков штрајк во американската филмска историја по 63 години.

The post „Еми“ наградите одложени поради штрајкот на сценаристите и глумците во САД appeared first on Република.

]]>
„Наследници“ (Succession) ја освои Еми наградата за најдобра драмска серија https://arhiva3.republika.mk/scena/film/naslednici-succession-ja-osvoi-emi-nagradata-za-najdobra-dramska-serija/ Tue, 13 Sep 2022 10:06:03 +0000 https://republika.mk/?p=550310

Серијата на „Ејч-би-о“ – „Наследници“ (Succession) освои „Еми“ за најдобра драмска серија, а на 74. доделување на најпознатите телевизиски награди. Освен тоа, „Белиот лотос“ (The White Lotus) е прогласена за најдобра мини-серија, а „Тед Ласо“ – за најдобра хумористична серија.

ТВ-серијата „Наследници“ со Брајан Кокс во улога на глава на семејство што се бори за поголем удел и контрола во медиумскиот простор, всушност беше фаворит за главната награда. Во конкуренција за најдобра драма беа, меѓу другите, и сериите „Игри со лигњи“ (The Squid Games), „Повикај го Сол“ и „Еуфорија“.

„Тед Ласо“ со своите главни ѕвезди – Џејсон Судејкис и Брет Голдстин ги доби одличјата и за најдобра главна и споредна машка улога, по вторпат.

Јужнокорејскиот актер Ли Јунг Џеј е ново лице на списокот награди, откако доби „Еми“ за најдобар глумец во драма за улогата во ТВ-серијата „Игра со лигњи“. Притоа, тој стана првиот јужнокорејски актер кој ја доби оваа престижна награда за улога во драма од неанглиско говорно подрачје. И Хванг Донг-хјук, кој ја продуцираше, напиша и режираше светски популарната преживувачка авантура, освои „Еми“ за режија.

Наградата за најдобра глумица во комедија ја доби Жан Смарт за улогата во серијата „Комичари“, а Зендеја е прогласена за најдобра актерка во серија-драма за улогата во „Еуфорија“.

The post „Наследници“ (Succession) ја освои Еми наградата за најдобра драмска серија appeared first on Република.

]]>

Серијата на „Ејч-би-о“ – „Наследници“ (Succession) освои „Еми“ за најдобра драмска серија, а на 74. доделување на најпознатите телевизиски награди. Освен тоа, „Белиот лотос“ (The White Lotus) е прогласена за најдобра мини-серија, а „Тед Ласо“ – за најдобра хумористична серија. ТВ-серијата „Наследници“ со Брајан Кокс во улога на глава на семејство што се бори за поголем удел и контрола во медиумскиот простор, всушност беше фаворит за главната награда. Во конкуренција за најдобра драма беа, меѓу другите, и сериите „Игри со лигњи“ (The Squid Games), „Повикај го Сол“ и „Еуфорија“. „Тед Ласо“ со своите главни ѕвезди – Џејсон Судејкис и Брет Голдстин ги доби одличјата и за најдобра главна и споредна машка улога, по вторпат. Јужнокорејскиот актер Ли Јунг Џеј е ново лице на списокот награди, откако доби „Еми“ за најдобар глумец во драма за улогата во ТВ-серијата „Игра со лигњи“. Притоа, тој стана првиот јужнокорејски актер кој ја доби оваа престижна награда за улога во драма од неанглиско говорно подрачје. И Хванг Донг-хјук, кој ја продуцираше, напиша и режираше светски популарната преживувачка авантура, освои „Еми“ за режија. Наградата за најдобра глумица во комедија ја доби Жан Смарт за улогата во серијата „Комичари“, а Зендеја е прогласена за најдобра актерка во серија-драма за улогата во „Еуфорија“.

The post „Наследници“ (Succession) ја освои Еми наградата за најдобра драмска серија appeared first on Република.

]]>