Емељ Туна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/emelj-tuna/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Nov 2022 08:20:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Емељ Туна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/emelj-tuna/ 32 32 Промоција на „Бујрум ако смееш, прочитај ја тишината“ од Емељ Туна во Градската библиотека во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-bujrum-ako-smeesh-prochitaj-ja-tishinata-od-emelj-tuna-vo-gradskata-biblioteka-vo-skopje/ Thu, 10 Nov 2022 08:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=572117

Во Спомен-собата „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Бујрум ако смееш, прочитај ја тишината“ од Емељ Туна. Промотор на книгата е Владимир Мартиновски, стихови ќе чита Биљана Стојановска.

Збирката содржи 52 песни кои, иако не се формално поделени во циклуси, можат да се „сместат“ во неколку поетски целини. Тие целини немаат ограничувачки ниту разграничувачки карактер, бидејќи песните се прелеваат од една во друга и така создаваат еден заеднички колаж на емоции. – Во збирката се забележливи повеќе тематеми кои се симболичко јадро на поетските слики. Збирката „се отвора“ пред читателот со тишината. Симболот на тишината, како антипод на зборот кој е праизвор на сè, често се среќава како во македонската така и светската поезија – вели Атина Цветановска.

Емељ Туна e родена е 1977 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, а магистрирала и докторирала на шведскиот земјоделски универзитет од Упсала. Работи како вонреден професор на Институтот за агроекономика, на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Авторка е на четири збирки поезија „Хоризонти“ (1998), „Паралелни светови“ (2002), „Бујрум ако смееш, прочитај ја тишината“ (2021) и „Чудна пролет ќе ти раскажам“ (2022). Учествувала на повеќе поетски натпревари и манифестации на кои е добитник на неколку награди и признанија. Нејзината поезија е дел од поетски монографии како „Астални проекции“ и „100.000 Поети за промена“.

The post Промоција на „Бујрум ако смееш, прочитај ја тишината“ од Емељ Туна во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Спомен-собата „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Бујрум ако смееш, прочитај ја тишината“ од Емељ Туна. Промотор на книгата е Владимир Мартиновски, стихови ќе чита Биљана Стојановска.
Збирката содржи 52 песни кои, иако не се формално поделени во циклуси, можат да се „сместат“ во неколку поетски целини. Тие целини немаат ограничувачки ниту разграничувачки карактер, бидејќи песните се прелеваат од една во друга и така создаваат еден заеднички колаж на емоции. – Во збирката се забележливи повеќе тематеми кои се симболичко јадро на поетските слики. Збирката „се отвора“ пред читателот со тишината. Симболот на тишината, како антипод на зборот кој е праизвор на сè, често се среќава како во македонската така и светската поезија – вели Атина Цветановска.
Емељ Туна e родена е 1977 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, а магистрирала и докторирала на шведскиот земјоделски универзитет од Упсала. Работи како вонреден професор на Институтот за агроекономика, на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Авторка е на четири збирки поезија „Хоризонти“ (1998), „Паралелни светови“ (2002), „Бујрум ако смееш, прочитај ја тишината“ (2021) и „Чудна пролет ќе ти раскажам“ (2022). Учествувала на повеќе поетски натпревари и манифестации на кои е добитник на неколку награди и признанија. Нејзината поезија е дел од поетски монографии како „Астални проекции“ и „100.000 Поети за промена“.

The post Промоција на „Бујрум ако смееш, прочитај ја тишината“ од Емељ Туна во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

]]>