Ембла Адеми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/embla-ademi/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Feb 2022 15:27:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ембла Адеми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/embla-ademi/ 32 32 Хелсиншки: Пропустите на училиштето да не се прикриваат со повторна дискриминација на Ембла https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/helsinshki-propustite-na-uchilishteto-da-ne-se-prikrivaat-so-povtorna-diskriminacija-na-embla/ Tue, 08 Feb 2022 15:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=455809

Хелсиншкиот комитет реагира на изјавата на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, дадена по вчерашниот состанок помеѓу претставници на Општина Гостивар, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и родителите кои поднеле петиција за отстранување на Ембла Адеми од одделението каде учат нивните деца.

Нивната реакција во продолжение ви ја пренесуваме во целост:

„По вчерашниот состанок помеѓу претставници на Општина Гостивар, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и родителите кои поднеле петиција за отстранување на Ембла Адеми од одделението каде учат нивните деца, градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари изјави пред медиумите дека “како институција ќе побараме уште еднаш да се направи категоризација за Ембла, по што ќе се донесе конечен заклучок со препорака дали таа ќе следи настава преку инклузија или во паралелка за деца со посебни потреби”.

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост во однос на оваа изјава од страна на градоначалникот со која наместо да се отстранат и коригираат недостатоците од делувањето на директорот и наставниот кадар, прстот повторно се вперува во ученичката. Имајќи предвид дека секое дете со попреченост поминува процес на проценка на неговата функционалност врз основа на која се утврдува видот на поддршка која му е потребна за вклучување во редовното основно образование, не постои основа за барање на повторна категоризација на ученичката, која само би довела до дополнително стигматизирање на децата со попреченост. Училиштето има законска обврска да обезбеди соодветно приспособување на наставниот процес врз основа на направената проценка и да обезбеди соодветна поддршка, како во случајот обезбедување на образовна асистентка, со што ќе овозможи соодветно вклучување на ученичката во наставата.

Воедно, во меѓувреме со извештајот од спроведениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат во училиштето беа утврдени пропусти при преземањето на соодветни мерки за вклучување на учениците со попреченост во воспитно-образовниот процес, со барање за разрешување на директорот на училиштето Зијадин Нуредини, како и казна за непостапување по овластување. Оттука, Хелсиншкиот комитет апелира до градоначалникот да се воздржи од давање на нестручни и неосновани изјави кои не се во согласност со Законот за основно образование и доведуваат до дополнително дискриминирање на децата со попреченост, туку да ги насочи своите напори на обезбедување на соодветно образование за ученичката. Хелсиншкиот комитет ќе продолжи да го следи случајот, а особено понатамошното постапување во однос на утврдените пропусти и соодветното вклучување на Ембла во образованиот процес, во согласност со Законот“, стои во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.

The post Хелсиншки: Пропустите на училиштето да не се прикриваат со повторна дискриминација на Ембла appeared first on Република.

]]>

Хелсиншкиот комитет реагира на изјавата на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, дадена по вчерашниот состанок помеѓу претставници на Општина Гостивар, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и родителите кои поднеле петиција за отстранување на Ембла Адеми од одделението каде учат нивните деца. Нивната реакција во продолжение ви ја пренесуваме во целост: „По вчерашниот состанок помеѓу претставници на Општина Гостивар, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и родителите кои поднеле петиција за отстранување на Ембла Адеми од одделението каде учат нивните деца, градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари изјави пред медиумите дека “како институција ќе побараме уште еднаш да се направи категоризација за Ембла, по што ќе се донесе конечен заклучок со препорака дали таа ќе следи настава преку инклузија или во паралелка за деца со посебни потреби”. Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост во однос на оваа изјава од страна на градоначалникот со која наместо да се отстранат и коригираат недостатоците од делувањето на директорот и наставниот кадар, прстот повторно се вперува во ученичката. Имајќи предвид дека секое дете со попреченост поминува процес на проценка на неговата функционалност врз основа на која се утврдува видот на поддршка која му е потребна за вклучување во редовното основно образование, не постои основа за барање на повторна категоризација на ученичката, која само би довела до дополнително стигматизирање на децата со попреченост. Училиштето има законска обврска да обезбеди соодветно приспособување на наставниот процес врз основа на направената проценка и да обезбеди соодветна поддршка, како во случајот обезбедување на образовна асистентка, со што ќе овозможи соодветно вклучување на ученичката во наставата. Воедно, во меѓувреме со извештајот од спроведениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат во училиштето беа утврдени пропусти при преземањето на соодветни мерки за вклучување на учениците со попреченост во воспитно-образовниот процес, со барање за разрешување на директорот на училиштето Зијадин Нуредини, како и казна за непостапување по овластување. Оттука, Хелсиншкиот комитет апелира до градоначалникот да се воздржи од давање на нестручни и неосновани изјави кои не се во согласност со Законот за основно образование и доведуваат до дополнително дискриминирање на децата со попреченост, туку да ги насочи своите напори на обезбедување на соодветно образование за ученичката. Хелсиншкиот комитет ќе продолжи да го следи случајот, а особено понатамошното постапување во однос на утврдените пропусти и соодветното вклучување на Ембла во образованиот процес, во согласност со Законот“, стои во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.

The post Хелсиншки: Пропустите на училиштето да не се прикриваат со повторна дискриминација на Ембла appeared first on Република.

]]>
Државниот просветен инспекторат констатира пропусти во гостиврското училиште каде што учи Ембла Адеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzavniot-prosveten-inspektorat-konstatira-propusti-vo-gostivrskoto-uchilishte-kade-shto-uchi-embla-ademi/ Mon, 07 Feb 2022 14:50:23 +0000 https://republika.mk/?p=455233

Од страна на Државен просветен инспекторат по извршениот вонреден инспекциски надзор во ООУ,,Единство –Башкими-Бирлик”- Гостивар, на В.Д Директорот на стручната служба и на останатите тимови кои се непосредно вклучени во воспитно образовниот процес им е дадено укажување да се превземат соодветни мерки и активности за целосно вклучување на ученичката со посебни потреби во воспитно образовниот процес, со посебно изготвени планови и програми согласно наодите и да се направи план за реализација на часовите кои не се реализирани поради бојкот на наставата на први и втори овој месец.

Поради констатирани пропусти со записник при надзорот, ќе бидат превземени соодветни законски мерки согласно член 28 од Законот за просветната инспекција, како и согласно член 119 и член 170 од Законот за основното образование.

The post Државниот просветен инспекторат констатира пропусти во гостиврското училиште каде што учи Ембла Адеми appeared first on Република.

]]>

Од страна на Државен просветен инспекторат по извршениот вонреден инспекциски надзор во ООУ,,Единство –Башкими-Бирлик”- Гостивар, на В.Д Директорот на стручната служба и на останатите тимови кои се непосредно вклучени во воспитно образовниот процес им е дадено укажување да се превземат соодветни мерки и активности за целосно вклучување на ученичката со посебни потреби во воспитно образовниот процес, со посебно изготвени планови и програми согласно наодите и да се направи план за реализација на часовите кои не се реализирани поради бојкот на наставата на први и втори овој месец. Поради констатирани пропусти со записник при надзорот, ќе бидат превземени соодветни законски мерки согласно член 28 од Законот за просветната инспекција, како и согласно член 119 и член 170 од Законот за основното образование.

The post Државниот просветен инспекторат констатира пропусти во гостиврското училиште каде што учи Ембла Адеми appeared first on Република.

]]>
Претседателот Пендаровски го посети семејството и училиштето на Ембла Адеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-pendarovski-go-poseti-semejstvoto-i-uchilishteto-na-embla-ademi/ Mon, 07 Feb 2022 13:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=455169

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Гостивар го посети семејството на Ембла Адеми, како и основното училиште „Единство“, каде Ембла ја следи наставата.

Со родителите на Ембла разговараа за предизвиците со кои таа и нејзиното семејство се соочуваат на дневна основа, фокусирајќи се на можностите за нивно надминување. Пендаровски ги охрабри и поддржа родителите во нивната борба за заштита на правата на децата со атипичен развој и ја поздрави брзата реакција на Народниот правобранител и одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација да отвори постапка за случајот со Ембла.

Претседателот ја нагласи важноста од запазување на законските одредби на инклузија во образованието, потенцирајќи ја општествената одговорност особено кон ранливите групи.

Претседателот истакна дека се неприфатливи однесувањата на оние кои на кој било начин ги загрозуваат правата на децата, дотолку повеќе кога станува збор за деца со атипичен развој.

Тие не само што треба да ги уживаат правата кои им следуваат, туку и да се чувствуваат еднакви и добредојдени во училишните клупи и училишниот двор. Тоа е наша обврска, како држава, но и како поединци, а клучниот елемент во оваа заедничка мисија е емпатијата. Таа ќе им помогне на децата како Ембла, но ќе ни помогне и нам, да научиме од нив како искрено да се радуваме, да споделуваме и да бидеме солидарни, додаде претседателот.

„Во ова општество сите сме еднакви. Дојдов да ја дадам мојата поддршка и да ја кренеме свеста дека инклузијата е основен принцип”, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот се осврна на инклузивноста како стремеж кој не треба да остане само декларативен, туку преку пракса да се користат потенцијалите на лицата со атипичен развој. Предрасудите во тој контекст се главната пречка за изградба на еднакво и праведно општество за сите, истакна тој.

Претседателот додаде дека ресорните министерства и надлежните институции имаат законска, но и морална обврска да овозможат инклузивно образование, во кое главниот фокус ќе биде развивање вештини и способности кај децата со различен развоен процес, нагласувајќи ја потребата од сензибилизирање на јавноста по овие прашања.

The post Претседателот Пендаровски го посети семејството и училиштето на Ембла Адеми appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Гостивар го посети семејството на Ембла Адеми, како и основното училиште „Единство“, каде Ембла ја следи наставата. Со родителите на Ембла разговараа за предизвиците со кои таа и нејзиното семејство се соочуваат на дневна основа, фокусирајќи се на можностите за нивно надминување. Пендаровски ги охрабри и поддржа родителите во нивната борба за заштита на правата на децата со атипичен развој и ја поздрави брзата реакција на Народниот правобранител и одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација да отвори постапка за случајот со Ембла. Претседателот ја нагласи важноста од запазување на законските одредби на инклузија во образованието, потенцирајќи ја општествената одговорност особено кон ранливите групи. Претседателот истакна дека се неприфатливи однесувањата на оние кои на кој било начин ги загрозуваат правата на децата, дотолку повеќе кога станува збор за деца со атипичен развој.
Тие не само што треба да ги уживаат правата кои им следуваат, туку и да се чувствуваат еднакви и добредојдени во училишните клупи и училишниот двор. Тоа е наша обврска, како држава, но и како поединци, а клучниот елемент во оваа заедничка мисија е емпатијата. Таа ќе им помогне на децата како Ембла, но ќе ни помогне и нам, да научиме од нив како искрено да се радуваме, да споделуваме и да бидеме солидарни, додаде претседателот. „Во ова општество сите сме еднакви. Дојдов да ја дадам мојата поддршка и да ја кренеме свеста дека инклузијата е основен принцип”, рече претседателот Пендаровски.
Претседателот се осврна на инклузивноста како стремеж кој не треба да остане само декларативен, туку преку пракса да се користат потенцијалите на лицата со атипичен развој. Предрасудите во тој контекст се главната пречка за изградба на еднакво и праведно општество за сите, истакна тој. Претседателот додаде дека ресорните министерства и надлежните институции имаат законска, но и морална обврска да овозможат инклузивно образование, во кое главниот фокус ќе биде развивање вештини и способности кај децата со различен развоен процес, нагласувајќи ја потребата од сензибилизирање на јавноста по овие прашања.

The post Претседателот Пендаровски го посети семејството и училиштето на Ембла Адеми appeared first on Република.

]]>
Просветен инспекторат: Не бил испочитуван процесот за инклузивно образование во случајот со девојчето Ембла https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prosveten-inspektorat-ne-bil-ispochituvan-procesot-za-inkluzivno-obrazovanie-vo-sluchajot-so-devojcheto-embla/ Sat, 05 Feb 2022 16:37:38 +0000 https://republika.mk/?p=454554

Просветниот инспекторат детектирал дека не бил испочитуван процесот за инклузивно образование во случајот со девојчето Ембла, објави ТВ 21.

На потег е општина Гостивар, чиј градоначалник Арбен Таравари за понеделник најави средба со родителите на децата и од Комисијата за дискриминација. Реагира и УНИЦЕФ од каде побараа Таравари да ја разгледа состојбата и да донесе одлука за одговорност на оние кои не ги почитувале правата на детето.

Во меѓувреме во четвртокот беше соопштено дека случајот е решен со тоа што на Ембла ѝ е даден посебен асистент кој задолжен само за неа, ќе ја води низ процесот на настава.

The post Просветен инспекторат: Не бил испочитуван процесот за инклузивно образование во случајот со девојчето Ембла appeared first on Република.

]]>

Просветниот инспекторат детектирал дека не бил испочитуван процесот за инклузивно образование во случајот со девојчето Ембла, објави ТВ 21. На потег е општина Гостивар, чиј градоначалник Арбен Таравари за понеделник најави средба со родителите на децата и од Комисијата за дискриминација. Реагира и УНИЦЕФ од каде побараа Таравари да ја разгледа состојбата и да донесе одлука за одговорност на оние кои не ги почитувале правата на детето. Во меѓувреме во четвртокот беше соопштено дека случајот е решен со тоа што на Ембла ѝ е даден посебен асистент кој задолжен само за неа, ќе ја води низ процесот на настава.

The post Просветен инспекторат: Не бил испочитуван процесот за инклузивно образование во случајот со девојчето Ембла appeared first on Република.

]]>
Голтни едно, голтни друго, не се издржуваше веќе: Таткото на Ембла отворено за проблемот што трае со години https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/goltni-edno-goltni-drugo-ne-se-izdrzuvashe-vekje-tatkoto-na-embla-otvoreno-za-problemot-shto-trae-so-godini/ Sat, 05 Feb 2022 15:14:07 +0000 https://republika.mk/?p=454530

Илир Адеми е наставник по музика, музикотерапевт и татко на 11-годишната Ембла, девојчето со Даунов синдром за кое деновиве зборува целата македонска јавност откако се дозна дека таа тргна на училиште со еден ден задоцнување и сама, затоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотирале наставата. Тие во петиција напишале дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава ја донеле заради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и заради нејзината наводна агресивност.

– Голтни едно, голтни друго, не се издржуваше веќе. Ние кои имаме деца со посебни потреби сме обично повлечени и знаеме да голтаме и да ги премолчуваме проблемите, но сега ми е драго што го актуелизирав проблемот со училиштето на Ембла затоа што знам дека со оваа наша победа, ќе им биде подобро и на другите деца како Ембла – вели Адеми.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

The post Голтни едно, голтни друго, не се издржуваше веќе: Таткото на Ембла отворено за проблемот што трае со години appeared first on Република.

]]>

Илир Адеми е наставник по музика, музикотерапевт и татко на 11-годишната Ембла, девојчето со Даунов синдром за кое деновиве зборува целата македонска јавност откако се дозна дека таа тргна на училиште со еден ден задоцнување и сама, затоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотирале наставата. Тие во петиција напишале дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава ја донеле заради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и заради нејзината наводна агресивност. – Голтни едно, голтни друго, не се издржуваше веќе. Ние кои имаме деца со посебни потреби сме обично повлечени и знаеме да голтаме и да ги премолчуваме проблемите, но сега ми е драго што го актуелизирав проблемот со училиштето на Ембла затоа што знам дека со оваа наша победа, ќе им биде подобро и на другите деца како Ембла – вели Адеми. Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

The post Голтни едно, голтни друго, не се издржуваше веќе: Таткото на Ембла отворено за проблемот што трае со години appeared first on Република.

]]>
„Проблемот е во возрасните полни со предрасуди, а не во малата Ембла“ – реагираат од Хелсиншки комитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/problemot-e-vo-vozrasnite-polni-so-predrasudi-a-ne-vo-malata-embla-reagiraat-od-helsinshki-komitet/ Thu, 03 Feb 2022 12:08:45 +0000 https://republika.mk/?p=453557

Петицијата на родители против дете со Даунов синдром е најновиот пораз на нашето општество кога станува збор за односот кон најранливите меѓу нас.  Вкоренетите предрасуди повторно преовладаа над основните принципи на солидарност и емпатија. Раководството на образовната установа во Гостивар со своите дејствија се приклучило кон дискриминаторите, наместо да се стави во заштита на едно дете, за чија инклузија има не само морална, туку и законска обврска, реагираат од Хелсиншкиот комитет.

Хелсиншкиот комитет подготвува претставки и дописи до повеќе институции со кои бара:

-Општината Гостивар итно да го разреши директорот кој дозволил ваков развој на настаните и крајно дискриминаторски третман кон малата Ембла;

-Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да извршат надзор во училиштето и да ги преземат сите мерки за да ја заштитат ученичката, како и да ги обезбедат сите услови за нејзина инклузија во наставата;

-Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која веќе најави постапување по службена должност, повратно да информира за сите сознанија до кои ќе дојде при работата на овој случај.

Санкциите и институционалниот одговор се неопходни, но не се доволни за да се искоренат дискриминаторските практики кон лицата со попреченост. Токму затоа, сите споменати чинители мора да се вклучат во изнаоѓање решенија кои ќе спречат повторување на вакви случаи, преку континуирани советувања и обуки наменети за родители, наставници и ученици, бидејќи лекциите како „Тимјаник“ очигледно се повторуваат без да се научат. Бидејќи проблемот не е и не може да биде во децата со попреченост. Проблемот е во синдромот на нечовечност кој безобѕирно се манифестира и врз најневините, велат тие.

The post „Проблемот е во возрасните полни со предрасуди, а не во малата Ембла“ – реагираат од Хелсиншки комитет appeared first on Република.

]]>

Петицијата на родители против дете со Даунов синдром е најновиот пораз на нашето општество кога станува збор за односот кон најранливите меѓу нас.  Вкоренетите предрасуди повторно преовладаа над основните принципи на солидарност и емпатија. Раководството на образовната установа во Гостивар со своите дејствија се приклучило кон дискриминаторите, наместо да се стави во заштита на едно дете, за чија инклузија има не само морална, туку и законска обврска, реагираат од Хелсиншкиот комитет. Хелсиншкиот комитет подготвува претставки и дописи до повеќе институции со кои бара:
-Општината Гостивар итно да го разреши директорот кој дозволил ваков развој на настаните и крајно дискриминаторски третман кон малата Ембла; -Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да извршат надзор во училиштето и да ги преземат сите мерки за да ја заштитат ученичката, како и да ги обезбедат сите услови за нејзина инклузија во наставата; -Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која веќе најави постапување по службена должност, повратно да информира за сите сознанија до кои ќе дојде при работата на овој случај.
Санкциите и институционалниот одговор се неопходни, но не се доволни за да се искоренат дискриминаторските практики кон лицата со попреченост. Токму затоа, сите споменати чинители мора да се вклучат во изнаоѓање решенија кои ќе спречат повторување на вакви случаи, преку континуирани советувања и обуки наменети за родители, наставници и ученици, бидејќи лекциите како „Тимјаник“ очигледно се повторуваат без да се научат. Бидејќи проблемот не е и не може да биде во децата со попреченост. Проблемот е во синдромот на нечовечност кој безобѕирно се манифестира и врз најневините, велат тие.

The post „Проблемот е во возрасните полни со предрасуди, а не во малата Ембла“ – реагираат од Хелсиншки комитет appeared first on Република.

]]>
Хелсиншки комитет: Проблемот е во возрасните полни со предрасуди, а не во малата Ембла https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/helsinshki-komitet-problemot-e-vo-vozrasnite-polni-so-predrasudi-a-ne-vo-malata-embla/ Thu, 03 Feb 2022 11:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=453509

Петицијата на родители против дете со Даунов синдром е најновиот пораз на нашето општество кога станува збор за односот кон најранливите меѓу нас. Вкоренетите предрасуди повторно преовладаа над основните принципи на солидарност и емпатија. Раководството на образовната установа во Гостивар со своите дејствија се приклучило кон дискриминаторите, наместо да се стави во заштита на едно дете, за чија инклузија има не само морална, туку и законска обврска, реагираат од Хелсиншкиот комитет.

Хелсиншкиот комитет подготвува претставки и дописи до повеќе институции со кои бара:

-Општината Гостивар итно да го разреши директорот кој дозволил ваков развој на настаните и крајно дискриминаторски третман кон малата Ембла;

-Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да извршат надзор во училиштето и да ги преземат сите мерки за да ја заштитат ученичката, како и да ги обезбедат сите услови за нејзина инклузија во наставата;

-Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која веќе најави постапување по службена должност, повратно да информира за сите сознанија до кои ќе дојде при работата на овој случај.

Санкциите и институционалниот одговор се неопходни, но не се доволни за да се искоренат дискриминаторските практики кон лицата со попреченост. Токму затоа, сите споменати чинители мора да се вклучат во изнаоѓање решенија кои ќе спречат повторување на вакви случаи, преку континуирани советувања и обуки наменети за родители, наставници и ученици, бидејќи лекциите како „Тимјаник“ очигледно се повторуваат без да се научат. Бидејќи проблемот не е и не може да биде во децата со попреченост. Проблемот е во синдромот на нечовечност кој безобѕирно се манифестира и врз најневините, велат тие.

The post Хелсиншки комитет: Проблемот е во возрасните полни со предрасуди, а не во малата Ембла appeared first on Република.

]]>

Петицијата на родители против дете со Даунов синдром е најновиот пораз на нашето општество кога станува збор за односот кон најранливите меѓу нас. Вкоренетите предрасуди повторно преовладаа над основните принципи на солидарност и емпатија. Раководството на образовната установа во Гостивар со своите дејствија се приклучило кон дискриминаторите, наместо да се стави во заштита на едно дете, за чија инклузија има не само морална, туку и законска обврска, реагираат од Хелсиншкиот комитет. Хелсиншкиот комитет подготвува претставки и дописи до повеќе институции со кои бара: -Општината Гостивар итно да го разреши директорот кој дозволил ваков развој на настаните и крајно дискриминаторски третман кон малата Ембла; -Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да извршат надзор во училиштето и да ги преземат сите мерки за да ја заштитат ученичката, како и да ги обезбедат сите услови за нејзина инклузија во наставата; -Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која веќе најави постапување по службена должност, повратно да информира за сите сознанија до кои ќе дојде при работата на овој случај.
Санкциите и институционалниот одговор се неопходни, но не се доволни за да се искоренат дискриминаторските практики кон лицата со попреченост. Токму затоа, сите споменати чинители мора да се вклучат во изнаоѓање решенија кои ќе спречат повторување на вакви случаи, преку континуирани советувања и обуки наменети за родители, наставници и ученици, бидејќи лекциите како „Тимјаник“ очигледно се повторуваат без да се научат. Бидејќи проблемот не е и не може да биде во децата со попреченост. Проблемот е во синдромот на нечовечност кој безобѕирно се манифестира и врз најневините, велат тие.

The post Хелсиншки комитет: Проблемот е во возрасните полни со предрасуди, а не во малата Ембла appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Ембла е повторно меѓу соучениците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-embla-e-povtorno-megju-souchenicite/ Thu, 03 Feb 2022 09:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=453440

Четвртоодделеката Ембла Адеми од Гостивар е повторно меѓу соучениците во ОУ „Башкими“. Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение поради бојкот на родителите на учениците од паралелката кои се жалеле на агресивност од ова 11-годишно девојче со Даунов синдром.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири утрово на Фејсбук соопшти дека на негово задоволство и на задоволство на нејзиното семејство, Ембла продолжува да стекнува нови знаења, да напредува и да ги развива пријателствата со своите врсници.

Шаќири напиша дека Ембла не ја почувствува радоста од повторното враќање во училишните клупи на првиот ден од второто полугодие, затоа што, за жал, како што вели, „во нашето општество се уште постојат стереотипни размислувања и предрасуди за луѓето со посебни потреби“.

Среќата во очите на Ембла е наша заедничка среќа. Победа на општеството и на вистинските човечки вредности. Посакувам вакви ситуации да не се повторуваат. Затоа, мораме да продолжиме да даваме придонес кон подигнувањето на свеста за децата со попреченост. Тие не се поразлични од другите и заслужуваат еднаков пристап до квалитетно образование како и сите други. Тоа е основно право и должни сме да го овозможиме, да создадеме услови во кои секое дете ќе го развива и ќе го реализира својот полн потенцијал. Да докажеме дека подигнувањето на инклузивноста на образовниот систем е наш врвен приоритет и процес кој ќе продолжиме да го спроведуваме. Драга Ембла, ти посакувам успех во понатамошната едукација. Застанувам позади тебе во секоја следна битка!, напиша Шаќири на својот фејсбук-профил.

Единаесетгодишната Ембла вчера, со еден ден задоцнување тргна на училиште, но сама, затоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотирале наставата. Тие во петиција напишале дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава ја донеле „поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивност“.

Како што објавија медиумите вчера, директорот на ОУ „Башкими“ Зијадин Нуредини изјавил дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ за да не остане само во една училница. Девојчето го посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“ од каде што изјавиле дека таа никогаш не била агресивна.

The post Шаќири: Ембла е повторно меѓу соучениците appeared first on Република.

]]>

Четвртоодделеката Ембла Адеми од Гостивар е повторно меѓу соучениците во ОУ „Башкими“. Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение поради бојкот на родителите на учениците од паралелката кои се жалеле на агресивност од ова 11-годишно девојче со Даунов синдром. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири утрово на Фејсбук соопшти дека на негово задоволство и на задоволство на нејзиното семејство, Ембла продолжува да стекнува нови знаења, да напредува и да ги развива пријателствата со своите врсници. Шаќири напиша дека Ембла не ја почувствува радоста од повторното враќање во училишните клупи на првиот ден од второто полугодие, затоа што, за жал, како што вели, „во нашето општество се уште постојат стереотипни размислувања и предрасуди за луѓето со посебни потреби“.
Среќата во очите на Ембла е наша заедничка среќа. Победа на општеството и на вистинските човечки вредности. Посакувам вакви ситуации да не се повторуваат. Затоа, мораме да продолжиме да даваме придонес кон подигнувањето на свеста за децата со попреченост. Тие не се поразлични од другите и заслужуваат еднаков пристап до квалитетно образование како и сите други. Тоа е основно право и должни сме да го овозможиме, да создадеме услови во кои секое дете ќе го развива и ќе го реализира својот полн потенцијал. Да докажеме дека подигнувањето на инклузивноста на образовниот систем е наш врвен приоритет и процес кој ќе продолжиме да го спроведуваме. Драга Ембла, ти посакувам успех во понатамошната едукација. Застанувам позади тебе во секоја следна битка!, напиша Шаќири на својот фејсбук-профил.
Единаесетгодишната Ембла вчера, со еден ден задоцнување тргна на училиште, но сама, затоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотирале наставата. Тие во петиција напишале дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава ја донеле „поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивност“. Како што објавија медиумите вчера, директорот на ОУ „Башкими“ Зијадин Нуредини изјавил дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ за да не остане само во една училница. Девојчето го посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“ од каде што изјавиле дека таа никогаш не била агресивна.

The post Шаќири: Ембла е повторно меѓу соучениците appeared first on Република.

]]>
Родители од Гостивар не ги пуштаат децата на настава затоа што со нив учи дете со Даунов синдром! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/roditeli-od-gostivar-ne-gi-pushtaat-decata-na-nastava-zatoa-shto-so-niv-uchi-dete-so-daunov-sindrom/ Thu, 03 Feb 2022 08:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=453356

Сите ученици го започнаа второто полугодие токму на 1 февруари, но не и 11-годишната Ембла. Таа денеска тргна на училиште но сама, поради тоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотираат наставата под изговор дека Ембла била агресивна кон нивните деца, објави ТВ Клан.

Ембла има Даунов синдром. Тоа е причината поради којашто родителите на другите деца не сакаат таа да учи со нив.

Поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивноста, донесовме одлука ние како родителите да се бојкотира наставата од редовните ученици, стои во петицијата што ја покренаа родителите.

Зијадин Нуредини, директор на ОУ „Башкими“ изјавил дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ во текот на наставниот процес.

Но, за разлика од директорот, нејзиниот татко негира дека со директорот на училиштето се договориле нивната ќерка да ротира во три паралелки. „Ембла“ ја посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“, а директорот Адем Идризи вели дека Ембла никогаш не била агресивна.

The post Родители од Гостивар не ги пуштаат децата на настава затоа што со нив учи дете со Даунов синдром! appeared first on Република.

]]>

Сите ученици го започнаа второто полугодие токму на 1 февруари, но не и 11-годишната Ембла. Таа денеска тргна на училиште но сама, поради тоа што родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотираат наставата под изговор дека Ембла била агресивна кон нивните деца, објави ТВ Клан. Ембла има Даунов синдром. Тоа е причината поради којашто родителите на другите деца не сакаат таа да учи со нив.
Поради попречување на наставата од страна на ученичката Ембла Адеми и поради агресивноста, донесовме одлука ние како родителите да се бојкотира наставата од редовните ученици, стои во петицијата што ја покренаа родителите.
Зијадин Нуредини, директор на ОУ „Башкими“ изјавил дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки“ во текот на наставниот процес. Но, за разлика од директорот, нејзиниот татко негира дека со директорот на училиштето се договориле нивната ќерка да ротира во три паралелки. „Ембла“ ја посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак“, а директорот Адем Идризи вели дека Ембла никогаш не била агресивна.

The post Родители од Гостивар не ги пуштаат децата на настава затоа што со нив учи дете со Даунов синдром! appeared first on Република.

]]>