ембарго Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/embargo/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Jun 2022 19:22:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ембарго Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/embargo/ 32 32 Сијарто: Унгарија не помислува ни да разговара за можноста за забрана на рускиот гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-ungarija-ne-pomisluva-ni-da-razgovara-za-moznosta-za-zabrana-na-ruskiot-gas/ Mon, 27 Jun 2022 20:31:10 +0000 https://republika.mk/?p=520459

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, пред состанокот на министри за енергетика на Европска Унија, што се одржува во Луксембур, порача дека унгарската Влада одбива да дебатира за можноста за воведување ембарго на руски природен гас.

Сијарто додаде дека Унгарија не се согласува на компромис за безбедноста на снабдувањето со гас.

Ембаргото на рускиот гас ќе ја разниша економијата и способноста за функционирање на земјата - посочи Сијарто.

Тој најави дека на средбата ќе се разговара и за формирање на заедничка платформа за набавка на енергија.

Не ни пречи што ЕУ бара нови извори на гас, но учеството во тоа мора да биде доброволно. Ниту една обврска за набавка не може да им се наметне на земјите-членки - наведе Сијарто.

The post Сијарто: Унгарија не помислува ни да разговара за можноста за забрана на рускиот гас appeared first on Република.

]]>

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, пред состанокот на министри за енергетика на Европска Унија, што се одржува во Луксембур, порача дека унгарската Влада одбива да дебатира за можноста за воведување ембарго на руски природен гас. Сијарто додаде дека Унгарија не се согласува на компромис за безбедноста на снабдувањето со гас.
Ембаргото на рускиот гас ќе ја разниша економијата и способноста за функционирање на земјата - посочи Сијарто.
Тој најави дека на средбата ќе се разговара и за формирање на заедничка платформа за набавка на енергија.
Не ни пречи што ЕУ бара нови извори на гас, но учеството во тоа мора да биде доброволно. Ниту една обврска за набавка не може да им се наметне на земјите-членки - наведе Сијарто.

The post Сијарто: Унгарија не помислува ни да разговара за можноста за забрана на рускиот гас appeared first on Република.

]]>
И Бугарија добива изземање од ембаргото на руската нафта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-bugarija-dobiva-izzemanje-od-embargoto-na-ruskata-nafta/ Tue, 31 May 2022 14:43:05 +0000 https://republika.mk/?p=509343

Бугарија е четвртата членка на Европската Унија на која ѝ е одобрено изземање од ембаргото на руската нафта.

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, соопшти дека тоа ќе важи до крајот на 2024 година.

Повеќе детали ќе бидат објавени во следните денови - изјави Петков во Брисел.

Тој појасни дека изземањето ќе ѝ овозможи на бугарската рафинерија да го прилагоди работниот процес на друга нафта.

Мило ми е што помина шестиот пакет санкции, зашто ќе запре приливот на финансиски средства за Русија - изјави Петков.

Русија претходно престана да ѝ испорачува гас на Бугарија, откако таа одби да плаќа во рубли за енергенсот.

Членките на ЕУ договорија компромисна забрана за увоз на 90% од руската нафта, а исклучок беше направен за цевководот „Дружба“, преку кој се снабдуваат Унгарија, Чешка и Словачка. Овие три земји беа најгласните противници на ембаргото, бидејќи се најзависни од руската нафта.

The post И Бугарија добива изземање од ембаргото на руската нафта appeared first on Република.

Германски министер: Може да се договориме за ембарго на руската нафта и покрај противењето на Унгарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanski-minister-moze-da-se-dogovorime-za-embargo-na-ruskata-nafta-i-pokraj-protivenjeto-na-ungarija/ Fri, 27 May 2022 13:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=507679

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, изјави дека земјите од Европската Унија се уште можат да се договорат за воведување ембарго на руската нафта и покрај противењето на Унгарија.

Државите се во различни ситуации кога станува збор за снабдувањето и тоа треба да се прифати - изјави Хабек на маргините на состанокот на министрите за клима и екологија на Г7 во Берлин.

Што се однесува до Германија, Хабек укажа дека треба да се направат подготовки пред да се донесе одлука.

Но, се разбира, исто така е многу важно Европа да остане обединета и заедно. Затоа сите земји мора да вложат напори да ја намалат зависноста од нафтата. Ова важи и за Унгарија - изјави Хабек.

The post Германски министер: Може да се договориме за ембарго на руската нафта и покрај противењето на Унгарија appeared first on Република.

Сијарто: Ќе поддржиме нафтено ембарго против Русија доколку се изземат нафтоводите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-kje-poddrzime-nafteno-embargo-protiv-rusija-dokolku-se-izzemat-naftovodite/ Wed, 11 May 2022 09:46:34 +0000 https://republika.mk/?p=500961

Нафтено ембарго против Русија би можеле да го поддржиме само доколку нафтоводите целосно се исклучат од санкциите, односно доколку ембаргото се однесува на снабдување со нафта по море, изјави унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто во видео-обраќање на Фејсбук. .

Доколку Брисел е сериозен, реално би било само усвојување на нашиот предлог и ние ќе ја застапуваме оваа позиција во понатамошните разговори оваа недела - рече Сијарто.

Објаснувајќи ја позицијата на Унгарија по разговорите на премиерот Виктор Орбан со претседателката на Еврокомисијата Урсула фон дер Лајен во Будимпешта и телефонскиот разговор на унгарскиот премиер со францускиот претседател Емануел Макрон, Сијарто повтори дека сегашниот предлог на Европската комисија за нафтени санкции против Русија е „атомска бомба“ за унгарската економија. Тој вели дека со усвојувањето на санкциите во предложената форма, горивот на пумпените станици би поскапело за 55-60 проценти. Тоа би довело до драстично зголемување на цената на многу производи кои унгарските граѓани не би можеле да ги платат, вели унгарскиот министер.

Тој потврди дека имало повеќе разговори меѓу бриселски експерти и стручњаци од унгарската влада, но било констатирано дека засега нема решение предложено од Брисел што би ги неутрализирало негативните ефекти од евентуалното ембарго на руската нафта врз унгарската економија.

The post Сијарто: Ќе поддржиме нафтено ембарго против Русија доколку се изземат нафтоводите appeared first on Република.

]]>

Нафтено ембарго против Русија би можеле да го поддржиме само доколку нафтоводите целосно се исклучат од санкциите, односно доколку ембаргото се однесува на снабдување со нафта по море, изјави унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто во видео-обраќање на Фејсбук. .
Доколку Брисел е сериозен, реално би било само усвојување на нашиот предлог и ние ќе ја застапуваме оваа позиција во понатамошните разговори оваа недела - рече Сијарто.
Објаснувајќи ја позицијата на Унгарија по разговорите на премиерот Виктор Орбан со претседателката на Еврокомисијата Урсула фон дер Лајен во Будимпешта и телефонскиот разговор на унгарскиот премиер со францускиот претседател Емануел Макрон, Сијарто повтори дека сегашниот предлог на Европската комисија за нафтени санкции против Русија е „атомска бомба“ за унгарската економија. Тој вели дека со усвојувањето на санкциите во предложената форма, горивот на пумпените станици би поскапело за 55-60 проценти. Тоа би довело до драстично зголемување на цената на многу производи кои унгарските граѓани не би можеле да ги платат, вели унгарскиот министер. Тој потврди дека имало повеќе разговори меѓу бриселски експерти и стручњаци од унгарската влада, но било констатирано дека засега нема решение предложено од Брисел што би ги неутрализирало негативните ефекти од евентуалното ембарго на руската нафта врз унгарската економија.

The post Сијарто: Ќе поддржиме нафтено ембарго против Русија доколку се изземат нафтоводите appeared first on Република.

]]>
Ќе пукне ли ембаргото за нафта на ЕУ уште пред да биде одобрено? https://arhiva3.republika.mk/vesti/kje-pukne-li-embargoto-za-nafta-na-eu-ushte-pred-da-bide-odobreno/ Wed, 11 May 2022 06:31:24 +0000 https://republika.mk/?p=500820

Земјите од ЕУ не можат да се договорат за ембаргото за нафта против Русија предложено од Европската комисија (ЕК) поради воената инвазија што Москва ја започна против Украина пред речиси три месеци. Мерката е дел од шестиот пакет санкции, но таа наиде на силен отпор, особено меѓу источноевропските земји.

Според „Bloomberg“, ќе биде отфрлен предлогот на Брисел за забрана на бродовите регистрирани во ЕУ да превезуваат руска нафта во трети земји. Грција, каде што се регистрирани повеќе од една четвртина од светските танкери со нафта, се изјасни против мерката.

Според извори на „Reuters“, против ембаргото се и Кипар и Малта. Агенцијата додава дека сепак ќе има ограничувања за нудење осигурување и други финансиски услуги поврзани со транспортот на руската нафта.

Светските медиуми коментираат дека Унгарија во оваа фаза не ја прифаќа европската забрана за увоз на руска нафта и стави вето, иако доби отстапување до крајот на 2024-та година во износ од 7,2 милијарди евра. Причината за овој потег е немањето гаранции за владеење на правото. Будимпешта се обидува да го поврзе одобрувањето на ембаргото за нафта со ослободувањето на средствата.

Попуст добиваат и Чешка и Словачка – сите три земји немаат пристап до море и, соодветно, пристап до друг извор на нафта, освен нафтоводите од Русија.

Бугарските власти предупредуваат и дека ќе стават вето доколку не добијат исклучок барем неколку месеци. Според пишувањата на медиумите во последните денови, ЕУ сепак одбива да и го даде на Софија тоа што го сака, бидејќи Бугарија има алтернативи – свој нафтен терминал на Црното Море и може да добива нафта од други извори.

Според „Reuters“, ЕК ќе се обиде да го ублажи отпорот на Источна Европа со средства за изградба на потребната инфраструктура. Изворите на агенцијата коментираат дека не станува збор за „милијарди евра“, туку за „многу помалку“. Дополнителни средства ќе бидат обезбедени за инвестиции во нафтоводи и евентуално за подобрувања во рафинериите во Источна Европа, од кои некои треба да преработуваат само руска нафта, пренесе „Reuters“.

Брисел се надеваше дека ќе дознае за ембаргото за нафта пред самитот на Г-7 и Денот на победата (9-ти мај), кој Русија го одбележа со воени паради низ целата земја. Овогодинешниот настан со нетрпение се чекаше среде непријателствата во Украина. Сепак, рускиот претседател Владимир Путин повтори многу од мотивите зад неговата „воена операција“ во Украина, како што Кремљ ја нарекува војната. Тој повторно ја коментираше борбата на земјата против неонацизмот и заштитата на населението во Донбас и го обвини Западот дека го предизвикал конфликтот.

Очекувањата дека Путин официјално ќе и објави војна на Украина и масовна мобилизација не се остварија. Пропаднаа и плановите за демонстрација на Ил-80 „Денот на страшниот суд“ – авионот со кој советската елита требаше да биде евакуирана во случај на нуклеарен конфликт. Москва официјално изјави дека временските услови се лоши, поради што е откажан целиот воздушен дел од парадата.

Извор: Денар.мк

The post Ќе пукне ли ембаргото за нафта на ЕУ уште пред да биде одобрено? appeared first on Република.

]]>

Земјите од ЕУ не можат да се договорат за ембаргото за нафта против Русија предложено од Европската комисија (ЕК) поради воената инвазија што Москва ја започна против Украина пред речиси три месеци. Мерката е дел од шестиот пакет санкции, но таа наиде на силен отпор, особено меѓу источноевропските земји. Според „Bloomberg“, ќе биде отфрлен предлогот на Брисел за забрана на бродовите регистрирани во ЕУ да превезуваат руска нафта во трети земји. Грција, каде што се регистрирани повеќе од една четвртина од светските танкери со нафта, се изјасни против мерката. Според извори на „Reuters“, против ембаргото се и Кипар и Малта. Агенцијата додава дека сепак ќе има ограничувања за нудење осигурување и други финансиски услуги поврзани со транспортот на руската нафта. Светските медиуми коментираат дека Унгарија во оваа фаза не ја прифаќа европската забрана за увоз на руска нафта и стави вето, иако доби отстапување до крајот на 2024-та година во износ од 7,2 милијарди евра. Причината за овој потег е немањето гаранции за владеење на правото. Будимпешта се обидува да го поврзе одобрувањето на ембаргото за нафта со ослободувањето на средствата. Попуст добиваат и Чешка и Словачка – сите три земји немаат пристап до море и, соодветно, пристап до друг извор на нафта, освен нафтоводите од Русија. Бугарските власти предупредуваат и дека ќе стават вето доколку не добијат исклучок барем неколку месеци. Според пишувањата на медиумите во последните денови, ЕУ сепак одбива да и го даде на Софија тоа што го сака, бидејќи Бугарија има алтернативи – свој нафтен терминал на Црното Море и може да добива нафта од други извори. Според „Reuters“, ЕК ќе се обиде да го ублажи отпорот на Источна Европа со средства за изградба на потребната инфраструктура. Изворите на агенцијата коментираат дека не станува збор за „милијарди евра“, туку за „многу помалку“. Дополнителни средства ќе бидат обезбедени за инвестиции во нафтоводи и евентуално за подобрувања во рафинериите во Источна Европа, од кои некои треба да преработуваат само руска нафта, пренесе „Reuters“. Брисел се надеваше дека ќе дознае за ембаргото за нафта пред самитот на Г-7 и Денот на победата (9-ти мај), кој Русија го одбележа со воени паради низ целата земја. Овогодинешниот настан со нетрпение се чекаше среде непријателствата во Украина. Сепак, рускиот претседател Владимир Путин повтори многу од мотивите зад неговата „воена операција“ во Украина, како што Кремљ ја нарекува војната. Тој повторно ја коментираше борбата на земјата против неонацизмот и заштитата на населението во Донбас и го обвини Западот дека го предизвикал конфликтот. Очекувањата дека Путин официјално ќе и објави војна на Украина и масовна мобилизација не се остварија. Пропаднаа и плановите за демонстрација на Ил-80 „Денот на страшниот суд“ – авионот со кој советската елита требаше да биде евакуирана во случај на нуклеарен конфликт. Москва официјално изјави дека временските услови се лоши, поради што е откажан целиот воздушен дел од парадата.
Извор: Денар.мк

The post Ќе пукне ли ембаргото за нафта на ЕУ уште пред да биде одобрено? appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лејен: Постигнат е напредок со Орбан за забрана на руската нафта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lejen-postignat-e-napredok-so-orban-za-zabrana-na-ruskata-nafta/ Tue, 10 May 2022 08:05:09 +0000 https://republika.mk/?p=500229

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти дека има напредок во разговорите со Унгарија за најновиот пакет санкции против Русија, кои треба да содржат и емабарго за увоз на руска нафта.

Оваа дискусија со премиерот Виктор Орбан беше корисна за разјаснување на прашањата поврзани со санкциите и енергетската безбедност.

Направивме напредок, но потребна е понатамошна работа. Ќе свикам конференција со регионалните играчи за зајакнување на регионалната соработка за нафтената инфраструктура - порача фон дер Лејен.

https://twitter.com/vonderleyen/status/1523725927834075136?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1523725927834075136%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fruske-vesti%2F627809%2Frezime-75-dana-gori-u-odesi-moldavija-poziva-na-povlacenje-fotovideo%2Fvest

The post Фон дер Лејен: Постигнат е напредок со Орбан за забрана на руската нафта appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти дека има напредок во разговорите со Унгарија за најновиот пакет санкции против Русија, кои треба да содржат и емабарго за увоз на руска нафта.
Оваа дискусија со премиерот Виктор Орбан беше корисна за разјаснување на прашањата поврзани со санкциите и енергетската безбедност.   Направивме напредок, но потребна е понатамошна работа. Ќе свикам конференција со регионалните играчи за зајакнување на регионалната соработка за нафтената инфраструктура - порача фон дер Лејен.
https://twitter.com/vonderleyen/status/1523725927834075136?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1523725927834075136%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fruske-vesti%2F627809%2Frezime-75-dana-gori-u-odesi-moldavija-poziva-na-povlacenje-fotovideo%2Fvest

The post Фон дер Лејен: Постигнат е напредок со Орбан за забрана на руската нафта appeared first on Република.

]]>
Колку светот се потпира на руската нафта и кои се алтернативите? https://arhiva3.republika.mk/vesti/kolku-svetot-se-potpira-na-ruskata-nafta-i-koi-se-alternativite/ Thu, 05 May 2022 14:30:59 +0000 https://republika.mk/?p=498127

Европската Унија планира да ги забрани сите купувања на руска нафта до крајот на годината. Сепак, членките на Унијата, Унгарија и Словачка ќе можат да продолжат да купуваат руска сурова нафта до крајот на 2023 година, пишува „Би-Би-Си“.

САД прогласија целосно ембарго на руската нафта, а Велика Британија до крајот на годината постепено ќе ја забранува руската нафта. Русија, која е трет најголем производител на нафта во светот, по САД и Саудиска Арабија, предупреди дека забраната за нејзината нафта ќе доведе до „катастрофални последици за глобалниот пазар“.

Околу половина од извозот на сурова нафта на Русија отиде во Европа пред да бидат објавени санкциите.

Членки на ЕУ не сакаат да воведат санкции кон Русија

Се очекува во среда Европската Унија да објави нов пакет санкции против Москва, но за такво нешто не се сите земји-членки.

Новиот, шести пакет санкции се однесува на целосно ембарго за увоз на нафта. Амбасадорите на 27-те земји-членки ќе се сретнат во среда за да го разгледаат планот уште еднаш пред конечното одобрување.

Познато е дека Чешка ќе побара период на изземање од предложеното ембарго на Европската Унија за руската нафта и со тоа ќе добие време да го зголеми капацитетот на нафтоводот, најави  премиерот на таа земја Петр Фијала.

Се обидуваме да добиеме одложување за две, можеби три години - изјави Фијала, пренесува „Ројтерс“.

Бугарскиот вицепремиер Асен Василев во средата објави дека Софија ќе бара изземање од предложеното ембарго на ЕУ за руската нафта.

Унгарија и Словачка претходно побараа да бидат изземени од предложеното ембарго. Сепак, само Унгарија и Словачка добиле одобрение да можат да купуваат нафта од Русија до крајот на 2023 година, дознава „Ројтерс“.

Кои се алтернативите на руската нафта?

Истражувачкиот аналитичар Бен Меквилијамс вели дека би требало да биде полесно да се најдат алтернативни снабдувачи за нафта отколку за гас, бидејќи, иако некои доаѓаат од Русија, „има многу испораки од други места“.

Некои земји кои се членки на Меѓународната агенција за енергетика ослободија еквивалент на 120 милиони барели од нафтените резерви - најголемото ослободување резерви во историјата на меѓувладината групација.

Кон крајот на март, американскиот претседател Џо Бајден нареди големо ослободување на нафта од американските резерви во обид да се намалат високите трошоци за гориво.

САД, исто така, сакаат Саудиска Арабија да го зголеми производството на нафта и се обидуваат да ги олеснат санкциите за нафтата од Венецуела.

The post Колку светот се потпира на руската нафта и кои се алтернативите? appeared first on Република.

]]>

Европската Унија планира да ги забрани сите купувања на руска нафта до крајот на годината. Сепак, членките на Унијата, Унгарија и Словачка ќе можат да продолжат да купуваат руска сурова нафта до крајот на 2023 година, пишува „Би-Би-Си“. САД прогласија целосно ембарго на руската нафта, а Велика Британија до крајот на годината постепено ќе ја забранува руската нафта. Русија, која е трет најголем производител на нафта во светот, по САД и Саудиска Арабија, предупреди дека забраната за нејзината нафта ќе доведе до „катастрофални последици за глобалниот пазар“. Околу половина од извозот на сурова нафта на Русија отиде во Европа пред да бидат објавени санкциите.

Членки на ЕУ не сакаат да воведат санкции кон Русија

Се очекува во среда Европската Унија да објави нов пакет санкции против Москва, но за такво нешто не се сите земји-членки. Новиот, шести пакет санкции се однесува на целосно ембарго за увоз на нафта. Амбасадорите на 27-те земји-членки ќе се сретнат во среда за да го разгледаат планот уште еднаш пред конечното одобрување. Познато е дека Чешка ќе побара период на изземање од предложеното ембарго на Европската Унија за руската нафта и со тоа ќе добие време да го зголеми капацитетот на нафтоводот, најави  премиерот на таа земја Петр Фијала.
Се обидуваме да добиеме одложување за две, можеби три години - изјави Фијала, пренесува „Ројтерс“.
Бугарскиот вицепремиер Асен Василев во средата објави дека Софија ќе бара изземање од предложеното ембарго на ЕУ за руската нафта. Унгарија и Словачка претходно побараа да бидат изземени од предложеното ембарго. Сепак, само Унгарија и Словачка добиле одобрение да можат да купуваат нафта од Русија до крајот на 2023 година, дознава „Ројтерс“.

Кои се алтернативите на руската нафта?

Истражувачкиот аналитичар Бен Меквилијамс вели дека би требало да биде полесно да се најдат алтернативни снабдувачи за нафта отколку за гас, бидејќи, иако некои доаѓаат од Русија, „има многу испораки од други места“. Некои земји кои се членки на Меѓународната агенција за енергетика ослободија еквивалент на 120 милиони барели од нафтените резерви - најголемото ослободување резерви во историјата на меѓувладината групација. Кон крајот на март, американскиот претседател Џо Бајден нареди големо ослободување на нафта од американските резерви во обид да се намалат високите трошоци за гориво. САД, исто така, сакаат Саудиска Арабија да го зголеми производството на нафта и се обидуваат да ги олеснат санкциите за нафтата од Венецуела.

The post Колку светот се потпира на руската нафта и кои се алтернативите? appeared first on Република.

]]>
Во случај на ембарго, на Берлин и околината им се заканува недостиг на бензин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-sluchaj-na-embargo-na-berlin-i-okolinata-im-se-zakanuva-nedostig-na-benzin/ Thu, 05 May 2022 12:52:31 +0000 https://republika.mk/?p=498051

На делови од Германија им се заканува недостиг на нафтени деривати во случај на ембарго за увоз на руска нафта, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек, јавија денеска локалните медиуми.

За жал, морам да кажам дека е можно во случај на ембарго во делови од Германија, особено на истокот и во Берлин, да има потешкотии во снабдувањето со деривати - изјави Хабек.

Тој посочи дека рафинеријата во Швед, во сојузната покраина Бранденбург, која го снабдува Берлин и неговата околина, преработува исклучиво руска нафта, па во случај на прекин на увозот би имало недостиг.

Работиме на тоа оваа рафинерија да добива нафта од други извори во случај на ембарго - рече Хабек.

Европската комисија им предложи на земјите-членки на ЕУ да го прекинат увозот на руска нафта и нафтени деривати до крајот на годинава. Некои земји, како Словачка и Унгарија, се противат на ембаргото.

The post Во случај на ембарго, на Берлин и околината им се заканува недостиг на бензин appeared first on Република.

Германија преминува во офанзива околу заострување на санкциите кон Русија, што може да предизвика удар за други членки на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-preminuva-vo-ofanziva-okolu-zaostruvanje-na-sankciite-kon-rusija-shto-moze-da-predizvika-udar-za-drugi-chlenki-na-eu/ Wed, 04 May 2022 20:55:29 +0000 https://republika.mk/?p=497664

Германија „преоѓа во офанзива“ и станува „движечка сила“ во дебатата на ЕУ за нафтено ембарго против Русија, пишува „Шпигел“.

Сепак, воведувањето на новите санкции и воведувањето забрана за руската нафта, многу веројатно тешко ќе ги погодат другите земји од ЕУ, како што се Унгарија, Австрија, Шпанија, Италија, Грција и Словачка.

Истовремено, и САД се скептични за воведувањето ембарго на руската нафта во ЕУ. Официјален Вашингтон стравува од пораст на цените на суровата нафта на светскиот пазар, а со тоа и зголемување на цената на бензинот во САД. Тоа, пак, може да предизвика резултатите од ноемвриските избори за Претставничкиот дом, за владејачките демократи да бидат уште полоши од претходно очекуваните.

Дополнително, скептицизам има и во самата Германија, каде што постои стравување дека доколку се усвои шестиот пакет санкции, Русија како одговор ќе го затвори вентилот за гас.

The post Германија преминува во офанзива околу заострување на санкциите кон Русија, што може да предизвика удар за други членки на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Германија „преоѓа во офанзива“ и станува „движечка сила“ во дебатата на ЕУ за нафтено ембарго против Русија, пишува „Шпигел“. Сепак, воведувањето на новите санкции и воведувањето забрана за руската нафта, многу веројатно тешко ќе ги погодат другите земји од ЕУ, како што се Унгарија, Австрија, Шпанија, Италија, Грција и Словачка. Истовремено, и САД се скептични за воведувањето ембарго на руската нафта во ЕУ. Официјален Вашингтон стравува од пораст на цените на суровата нафта на светскиот пазар, а со тоа и зголемување на цената на бензинот во САД. Тоа, пак, може да предизвика резултатите од ноемвриските избори за Претставничкиот дом, за владејачките демократи да бидат уште полоши од претходно очекуваните. Дополнително, скептицизам има и во самата Германија, каде што постои стравување дека доколку се усвои шестиот пакет санкции, Русија како одговор ќе го затвори вентилот за гас.  

The post Германија преминува во офанзива околу заострување на санкциите кон Русија, што може да предизвика удар за други членки на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Полска воведе целосна забрана за руски јаглен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-vovede-celosna-zabrana-za-ruski-jaglen/ Fri, 15 Apr 2022 11:54:36 +0000 https://republika.mk/?p=488955

Полскиот претседател Анджеј Дуда го потпиша указот за целосно ембарго за увоз на јаглен од Русија.

Претседателот го потпиша Законот за посебни мерки за заштита на националната безбедност, документ поврзан со настаните во Украина - се наведува во соопштението од кабинетот на Дуда.

Документот предвидува и можност за замрзнување на имотот на правни и физички лица кои ја поддржуваат, како што се наведува, „руската агресија врз Украина“, пренесуваат полските медиуми.

Законот претходно беше усвоен од двата дома на полскиот парламент.

The post Полска воведе целосна забрана за руски јаглен appeared first on Република.

]]>

Полскиот претседател Анджеј Дуда го потпиша указот за целосно ембарго за увоз на јаглен од Русија.
Претседателот го потпиша Законот за посебни мерки за заштита на националната безбедност, документ поврзан со настаните во Украина - се наведува во соопштението од кабинетот на Дуда.
Документот предвидува и можност за замрзнување на имотот на правни и физички лица кои ја поддржуваат, како што се наведува, „руската агресија врз Украина“, пренесуваат полските медиуми. Законот претходно беше усвоен од двата дома на полскиот парламент.

The post Полска воведе целосна забрана за руски јаглен appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Ембарго на руската нафта директно ќе ги засегне сите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kremlj-embargo-na-ruskata-nafta-direktno-kje-gi-zasegne-site/ Mon, 21 Mar 2022 10:01:49 +0000 https://republika.mk/?p=476002

Ембарго на увозот на руска нафта што го наметнаа некои европски држави поради воената интервенција во Украина директно ќе ги засегне сите, соопшти денеска официјален Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, поред медиумите изјави дека ембаргото за нафта е „одлука што ќе ги погоди сите“.

Во Брисел денеска се одржува состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на разговори за проширување на санкциите против Русија, меѓу кои и за забрана на увоз на руска нафта.

The post Кремљ: Ембарго на руската нафта директно ќе ги засегне сите appeared first on Република.

]]>

Ембарго на увозот на руска нафта што го наметнаа некои европски држави поради воената интервенција во Украина директно ќе ги засегне сите, соопшти денеска официјален Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, поред медиумите изјави дека ембаргото за нафта е „одлука што ќе ги погоди сите“. Во Брисел денеска се одржува состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на разговори за проширување на санкциите против Русија, меѓу кои и за забрана на увоз на руска нафта.

The post Кремљ: Ембарго на руската нафта директно ќе ги засегне сите appeared first on Република.

]]>
ЕУ разгледува нови санкиции, па и нафтено ембарго кон Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-razgleduva-novi-sankicii-pa-i-nafteno-embargo-kon-moskva/ Mon, 21 Mar 2022 07:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=475886

Владите на државите-членки на ЕУ ќе ја разгледаат можноста за воведување ембарго на нафта кон Русија поради инвазијата врз Украина.

Европските лидери оваа седмица ќе се сретнат со американскиот претседател Џозеф Бајден на серија средби посветени на западните санкции против Москва.

ЕУ веќе воведе серија рестриктивни мерки против Москва, вклучително и замрзнување на средствата на Руската централна банка.

„Работиме на петтиот пакет санкции и предложени се многу нови имиња“, изјави висок дипломат на ЕУ кој инсистирал на анонимност. Како што е најавено, владите на ЕУ денеска ги почнуваат констулациите на ниво на министри за надворешни работи, пред Бајден да допатува во Брисел што е предвидено за в четврток, кога е закажан самит со сојузниците на НАТО, како и со членките на ЕУ во формат на Г-7 групата што ја вклучува и Јапонија.

Дипломати изјавуваат дека балтичките членки бараат ембагро на нафта како следен логичен чекор, додека Германија предупредува оти не треба да се дејстува пребрзо поради и онака високите цени на енергенсите во Европа. Москва предупреди дека санкциите на ЕУ за руската нафта може да доведат до затворање на големиот гасовод кон Европа, во услови кога земјите од ЕУ и до 40 отсто од потребите за гас ги обезбедуваат токму од Русија.

The post ЕУ разгледува нови санкиции, па и нафтено ембарго кон Москва appeared first on Република.

]]>

Владите на државите-членки на ЕУ ќе ја разгледаат можноста за воведување ембарго на нафта кон Русија поради инвазијата врз Украина. Европските лидери оваа седмица ќе се сретнат со американскиот претседател Џозеф Бајден на серија средби посветени на западните санкции против Москва. ЕУ веќе воведе серија рестриктивни мерки против Москва, вклучително и замрзнување на средствата на Руската централна банка. „Работиме на петтиот пакет санкции и предложени се многу нови имиња“, изјави висок дипломат на ЕУ кој инсистирал на анонимност. Како што е најавено, владите на ЕУ денеска ги почнуваат констулациите на ниво на министри за надворешни работи, пред Бајден да допатува во Брисел што е предвидено за в четврток, кога е закажан самит со сојузниците на НАТО, како и со членките на ЕУ во формат на Г-7 групата што ја вклучува и Јапонија. Дипломати изјавуваат дека балтичките членки бараат ембагро на нафта како следен логичен чекор, додека Германија предупредува оти не треба да се дејстува пребрзо поради и онака високите цени на енергенсите во Европа. Москва предупреди дека санкциите на ЕУ за руската нафта може да доведат до затворање на големиот гасовод кон Европа, во услови кога земјите од ЕУ и до 40 отсто од потребите за гас ги обезбедуваат токму од Русија.

The post ЕУ разгледува нови санкиции, па и нафтено ембарго кон Москва appeared first on Република.

]]>
Ембаргото ќе предизвика тешка економска криза во Европа, предупредува германскиот министер за економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/embargoto-kje-predizvika-teshka-ekonomska-kriza-vo-evropa-predupreduva-germanskiot-minister-za-ekonomija/ Tue, 08 Mar 2022 13:26:38 +0000 https://republika.mk/?p=469653

Германскиот министер за економија Роберт Хабек (од партијата на Зелените) денеска предупреди на тешки последици за европската економија во случај на ембарго на увоз на руски гас и нафта.

Во случај на ембарго, зборуваме за тешка економска криза во Германија и Европа, изјави германскиот министер за економија за РТЛ.

Тој посочи дека самото вчерашно укажување на можноста за воведување ембарго за увоз на руска нафта и гас ја зголеми цената на нафтата на светскиот пазар за 50 отсто.

Хабек предупреди дека во случај на ембарго, цената на нафтата ќе скокне на долг рок, а не само на неколку часа.

Не зборуваме за краткорочни скокови на цените, туку за постојано високи цени на фосилните горива. Мислам дека секој треба да замисли што всушност значи тоа, рече Хабек.

Германскиот министер за економија вели дека во тој случај не би се работело само за „штедење на светилки“, туку и за банкротства на бројни компании и за зголемување на невработеноста.

И тоа треба да се издржи. Не зборуваме за три дена или три недели, туку, да речеме, за три години, рече германскиот министер за економија.

Тој додаде дека за Европа не доаѓа предвид ембаргото за кое се почесто зборуваат САД и дека „Американците се свесни за тоа“.

САД увезуваат само 7,5 отсто од нафтата од Русија, додека во Германија зборуваме за 35 отсто. Ситуацијата не може да се споредува, рече Хабек.

The post Ембаргото ќе предизвика тешка економска криза во Европа, предупредува германскиот министер за економија appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за економија Роберт Хабек (од партијата на Зелените) денеска предупреди на тешки последици за европската економија во случај на ембарго на увоз на руски гас и нафта.
Во случај на ембарго, зборуваме за тешка економска криза во Германија и Европа, изјави германскиот министер за економија за РТЛ.
Тој посочи дека самото вчерашно укажување на можноста за воведување ембарго за увоз на руска нафта и гас ја зголеми цената на нафтата на светскиот пазар за 50 отсто. Хабек предупреди дека во случај на ембарго, цената на нафтата ќе скокне на долг рок, а не само на неколку часа.
Не зборуваме за краткорочни скокови на цените, туку за постојано високи цени на фосилните горива. Мислам дека секој треба да замисли што всушност значи тоа, рече Хабек.
Германскиот министер за економија вели дека во тој случај не би се работело само за „штедење на светилки“, туку и за банкротства на бројни компании и за зголемување на невработеноста.
И тоа треба да се издржи. Не зборуваме за три дена или три недели, туку, да речеме, за три години, рече германскиот министер за економија.
Тој додаде дека за Европа не доаѓа предвид ембаргото за кое се почесто зборуваат САД и дека „Американците се свесни за тоа“.
САД увезуваат само 7,5 отсто од нафтата од Русија, додека во Германија зборуваме за 35 отсто. Ситуацијата не може да се споредува, рече Хабек.

The post Ембаргото ќе предизвика тешка економска криза во Европа, предупредува германскиот министер за економија appeared first on Република.

]]>
Не е само Ноле: И на фудбалската репрезентација на Југославија и беше забрането да учествува поради политика https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ne-e-samo-nole-i-na-fudbalskata-reprezentacija-na-jugoslavija-i-beshe-zabraneto-da-uchestvuva-poradi-politika/ Wed, 26 Jan 2022 09:22:33 +0000 https://republika.mk/?p=449572

Деновиве главна тема е Новак Ѓоковиќ и забраната да учествува на Австралија опен на неколку дена пред почетокот на турнирот

Постарите љубители на спортот сигурно ќе се сетат дека слична ситуација имаше со фудбалската репрезентација на Југославија на Европското првенство во Шведска во 1992 година.

Тоа беше година на веќе почнати војни во Југославија и фудбалерите од Словенија и Хрватска веќе не учествуваа. Но тука беа двајца Македонци, Дарко Панчев и Илија Најдовски.

Југословенските фудбалери веќе беа во Шведска и се подготуваа за првиот меч кога стигна одлуката на Советот за безбедност на ОН дека се воведуваат санкции кои важат и за спортистите.

Тоа беше една од најдобрите репрезентации во Европа во тој момент и сигурно ќе станеше европски шампион. Место Југославија допатува Данска која го освои првото место,
Како најголеми криминалци фудбалерите на Југославија и стручниот штаб биле донесени на аеродромот во Стокхолм и качени во авион без доволно керозин и пилотот не бил сигурен дали безбедно ќе слета во Белград.

The post Не е само Ноле: И на фудбалската репрезентација на Југославија и беше забрането да учествува поради политика appeared first on Република.

]]>

Деновиве главна тема е Новак Ѓоковиќ и забраната да учествува на Австралија опен на неколку дена пред почетокот на турнирот Постарите љубители на спортот сигурно ќе се сетат дека слична ситуација имаше со фудбалската репрезентација на Југославија на Европското првенство во Шведска во 1992 година. Тоа беше година на веќе почнати војни во Југославија и фудбалерите од Словенија и Хрватска веќе не учествуваа. Но тука беа двајца Македонци, Дарко Панчев и Илија Најдовски. Југословенските фудбалери веќе беа во Шведска и се подготуваа за првиот меч кога стигна одлуката на Советот за безбедност на ОН дека се воведуваат санкции кои важат и за спортистите. Тоа беше една од најдобрите репрезентации во Европа во тој момент и сигурно ќе станеше европски шампион. Место Југославија допатува Данска која го освои првото место, Како најголеми криминалци фудбалерите на Југославија и стручниот штаб биле донесени на аеродромот во Стокхолм и качени во авион без доволно керозин и пилотот не бил сигурен дали безбедно ќе слета во Белград.

The post Не е само Ноле: И на фудбалската репрезентација на Југославија и беше забрането да учествува поради политика appeared first on Република.

]]>