ембарго нафта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/embargo-nafta/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Oct 2022 16:30:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ембарго нафта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/embargo-nafta/ 32 32 САД пак ја искараа Саудиска Арабија што го намалила производството на нафта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-pak-ja-iskaraa-saudiska-arabija-shto-go-namalila-proizvodstvoto-na-nafta/ Thu, 13 Oct 2022 17:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=560761

САД ја критикуваа Саудиска Арабија за инсистирањето дека минатонеделното намалување на производството од нафтениот картел ОПЕК и неговите сојузници, вклучително и Русија, е економски, а не политички мотивирано.

„Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија може да се обиде да спинува или да менува насоки, но фактите се едноставни. Светот се собира зад Украина во борбата против руската агресија“, наведе портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби во соопштение.

Саудиска Арабија ги отфрли како неосновани обвинувањата дека минатонеделното намалување на производството од нафтениот картел ОПЕК и неговите сојузници, вклучително и Русија, било политички мотивирано против САД.

Одлуката за намалување на производството за два милиони барели дневно од ноември ја растрвожи Белата куќа, при што претседателот Џо Бајден вети „последици“ за најголемиот производител на ОПЕК Саудиска Арабија.

„Саудиска Арабија ги разгледа изјавите… кои ја опишаа одлуката како кралството да зазема страна во меѓународните конфликти и дека таа е политички мотивирана против САД“, се вели во соопштението на саудиското Министерство за надворешни работи.

Саудиска Арабија „би сакала да го изрази своето целосно отфрлање на овие изјави кои не се засноваат на факти и кои се засноваат на прикажување на одлуката на ОПЕК + надвор од нејзиниот економски контекст“.

Ријад инсистираше на тоа дека одлуките на ОПЕК и неговите сојузници, познати како ОПЕК +, се донесени „чисто од економски причини“ и дека нејзиниот економски совет бил да се спротивстави на повиците за одложување на намалувањето на производството.

„Владата на кралството преку нејзините континуирани консултации со американската администрација појасни дека сите економски анализи покажуваат дека одложувањето на одлуката на ОПЕК + за еден месец… би имало негативни економски последици“, соопшти Министерството.

„Решавањето на економските предизвици бара воспоставување на неполитизиран конструктивен дијалог и мудро и рационално разгледување на она што им служи на интересите на сите земји.

The post САД пак ја искараа Саудиска Арабија што го намалила производството на нафта appeared first on Република.

]]>

САД ја критикуваа Саудиска Арабија за инсистирањето дека минатонеделното намалување на производството од нафтениот картел ОПЕК и неговите сојузници, вклучително и Русија, е економски, а не политички мотивирано. „Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија може да се обиде да спинува или да менува насоки, но фактите се едноставни. Светот се собира зад Украина во борбата против руската агресија“, наведе портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби во соопштение. Саудиска Арабија ги отфрли како неосновани обвинувањата дека минатонеделното намалување на производството од нафтениот картел ОПЕК и неговите сојузници, вклучително и Русија, било политички мотивирано против САД. Одлуката за намалување на производството за два милиони барели дневно од ноември ја растрвожи Белата куќа, при што претседателот Џо Бајден вети „последици“ за најголемиот производител на ОПЕК Саудиска Арабија.
„Саудиска Арабија ги разгледа изјавите… кои ја опишаа одлуката како кралството да зазема страна во меѓународните конфликти и дека таа е политички мотивирана против САД“, се вели во соопштението на саудиското Министерство за надворешни работи.
Саудиска Арабија „би сакала да го изрази своето целосно отфрлање на овие изјави кои не се засноваат на факти и кои се засноваат на прикажување на одлуката на ОПЕК + надвор од нејзиниот економски контекст“. Ријад инсистираше на тоа дека одлуките на ОПЕК и неговите сојузници, познати како ОПЕК +, се донесени „чисто од економски причини“ и дека нејзиниот економски совет бил да се спротивстави на повиците за одложување на намалувањето на производството. „Владата на кралството преку нејзините континуирани консултации со американската администрација појасни дека сите економски анализи покажуваат дека одложувањето на одлуката на ОПЕК + за еден месец… би имало негативни економски последици“, соопшти Министерството. „Решавањето на економските предизвици бара воспоставување на неполитизиран конструктивен дијалог и мудро и рационално разгледување на она што им служи на интересите на сите земји.

The post САД пак ја искараа Саудиска Арабија што го намалила производството на нафта appeared first on Република.

]]>
Орбан ја обвини Европската комисија за неуспехот со ембаргото врз нафтата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/orban-ja-obvini-evropskata-komisija-za-neuspehot-so-embargoto-vrz-naftata/ Mon, 30 May 2022 18:29:02 +0000 https://republika.mk/?p=508884

Немаме компромис, немаме договор за санкциите врз нафтата, а вината е кај Европската комисија, изјави пред малку унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, унгарскиот премиер смета дека Европската комисија не ги консултирала земјите членки на ЕУ пред да предложи ембарго врз нафтата, и Унгарија ќе бара солидни гаранции пред да прифати компромис.

Се наоѓаме во тешка ситуацијата поради неодговорното однесување на Комисијата, изјави Виктор Орбан пред почетокот на вонредниот ЕУ самит, на кој најтешка тема ќе биде предложеното ембарго врз руската нафта.

Орбан оцени дека Европската комисија по лидерскиот самит во Версај не преговарала соодветно со земјите членки и предложила ембарго врз нафтата “од нигде никаде“. Тој смета дека Будимпешта не може да прифати договор без гаранции за безбедноста на набавка на енергенси.

Енергијата е сериозна тема, ова не е детска игра, ова е сериозно, прво треба да видиме решение, а потоа санкции, досега имаше пет предлози со различен пристап, прво санкции, потоа последици, но бидејќи енергијата е ризична, сериозна тема, прво треба решение, потоа санкции, изјави Орбан за новинарите пред самитот.

Унгарскиот премиер рече дека последниот компромис разработен на ниво на Советот во кој се иззема нафтата која доаѓа од нафтовод е добар основ, но не е доволно.

Потребни ни се гаранции дека ако има несреќа со нафтоводот кој поминува низ Украина, треба да имаме право да добиеме руска нафта на друг начин, изјави Орбан.

Унгарија, како и Чешка и Словачка, се зависни од нафтоводот Дружба кој пренесува руска нафта преку Украина. Тие бараат и финансиска помош пред да прекинат да користат руска нафта.

The post Орбан ја обвини Европската комисија за неуспехот со ембаргото врз нафтата appeared first on Република.

]]>

Немаме компромис, немаме договор за санкциите врз нафтата, а вината е кај Европската комисија, изјави пред малку унгарскиот премиер Виктор Орбан. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, унгарскиот премиер смета дека Европската комисија не ги консултирала земјите членки на ЕУ пред да предложи ембарго врз нафтата, и Унгарија ќе бара солидни гаранции пред да прифати компромис.