еманул макрон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/emanul-makron/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Oct 2022 17:53:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png еманул макрон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/emanul-makron/ 32 32 Maкрон бара од папата да се слушне со Бајден и Путин за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makron-bara-od-papata-da-se-slushne-so-bajden-i-putin-za-ukraina/ Wed, 26 Oct 2022 06:07:54 +0000 https://republika.mk/?p=565646

Францускиот претседател Емануел Макрон побара од поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, да контактира со рускиот претседател Владимир Путин, патријархот на Руската православна црква Кирил и американскиот претседател Џо Бајден со цел да го поттикне мировниот процес во Украина.

Го охрабрив папата Франциск да ги покани Владимир Путин и московскиот патријарх Кирил, но и Џо Бајден, изјави Макрон за францускиот весник „Ле Поинт“ по средбата со Папата во Ватикан.

Макрон порача дека е потребно и САД да седнат на маса за да го промовираат мировниот процес во Украина.

Тој додаде дека Бајден има однос на доверба со Франциск и дека Папата може да влијае врз него за САД да бидат повеќе вклучени во изнаоѓање мирно решение во Украина.

Во понеделникот францускиот претседател се сретна со Папата во Ватикан и тоа беше нивна трета средба од доаѓањето на Макрон на чело на државата во мај

The post Maкрон бара од папата да се слушне со Бајден и Путин за Украина appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон побара од поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, да контактира со рускиот претседател Владимир Путин, патријархот на Руската православна црква Кирил и американскиот претседател Џо Бајден со цел да го поттикне мировниот процес во Украина.
Го охрабрив папата Франциск да ги покани Владимир Путин и московскиот патријарх Кирил, но и Џо Бајден, изјави Макрон за францускиот весник „Ле Поинт“ по средбата со Папата во Ватикан.
Макрон порача дека е потребно и САД да седнат на маса за да го промовираат мировниот процес во Украина. Тој додаде дека Бајден има однос на доверба со Франциск и дека Папата може да влијае врз него за САД да бидат повеќе вклучени во изнаоѓање мирно решение во Украина. Во понеделникот францускиот претседател се сретна со Папата во Ватикан и тоа беше нивна трета средба од доаѓањето на Макрон на чело на државата во мај

The post Maкрон бара од папата да се слушне со Бајден и Путин за Украина appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Не се врзуваме со датуми, но очекуваме да се искористи лидерството на Maкрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-ne-se-vrzuvame-so-datumi-no-ochekuvame-da-se-iskoristi-liderstvoto-na-makron/ Sat, 14 May 2022 18:33:32 +0000 https://republika.mk/?p=502334

Украинската криза би требало да биде повик за будење на Европската Унијата и повик за поголем ангажман и посветеност на Западен Балкан, да делува активно за да биде јасна нашата европска перспектива, вели заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во изјава за српската агенција „Танјуг“.

Маричиќ додаде дека од почетокот на формирање на новата Влада се водат интензивни разговори со Бугарија и се работи на реформскиот план со цел преговорите да започнат што е можно поскоро.

-Не се врзуваме со датуми, но очекуваме да се искористи лидерството на претседателот Макрон и на Франција за време на нивното претседателство и да ги започнеме преговорите, бидејќи 17 години сме држава кандидат, ги исполнивме сите услови и реално го заслужуваме тоа, но сепак останува одлуката на Унијата, рече Маричиќ.

На прашањето за иницијативата „Западен Балкан“, како што соопшти СЕП, вицепремиерот посочи дека тоа е добра иницијатива која треба да се надоградува и смета дека треба да се вклучат Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, и заедно да покажат како регион дека може да се направат позитивни работи за граѓаните.

-Многу е важно да им покажеме на граѓаните дека државите од регионот – Македонија, Србија и Албанија,можеме да им го олесниме животот на граѓаните и да ги направиме младите професионалци мобилни во целиот регион. „Зелените коридори“ вистински профункционираа и многу помогнаа во оваа криза за бизнисот и снабдувањето со основните намирници да се олесни и треба да бидеме благодарни на таквата можност, да можеме да го задржиме нивото на снабдување на сите производи, токму поради таа соработка, истакна вицепремиерот Маричиќ.

The post Маричиќ: Не се врзуваме со датуми, но очекуваме да се искористи лидерството на Maкрон appeared first on Република.

]]>

Украинската криза би требало да биде повик за будење на Европската Унијата и повик за поголем ангажман и посветеност на Западен Балкан, да делува активно за да биде јасна нашата европска перспектива, вели заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во изјава за српската агенција „Танјуг“. Маричиќ додаде дека од почетокот на формирање на новата Влада се водат интензивни разговори со Бугарија и се работи на реформскиот план со цел преговорите да започнат што е можно поскоро.
-Не се врзуваме со датуми, но очекуваме да се искористи лидерството на претседателот Макрон и на Франција за време на нивното претседателство и да ги започнеме преговорите, бидејќи 17 години сме држава кандидат, ги исполнивме сите услови и реално го заслужуваме тоа, но сепак останува одлуката на Унијата, рече Маричиќ.
На прашањето за иницијативата „Западен Балкан“, како што соопшти СЕП, вицепремиерот посочи дека тоа е добра иницијатива која треба да се надоградува и смета дека треба да се вклучат Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, и заедно да покажат како регион дека може да се направат позитивни работи за граѓаните. -Многу е важно да им покажеме на граѓаните дека државите од регионот – Македонија, Србија и Албанија,можеме да им го олесниме животот на граѓаните и да ги направиме младите професионалци мобилни во целиот регион. „Зелените коридори“ вистински профункционираа и многу помогнаа во оваа криза за бизнисот и снабдувањето со основните намирници да се олесни и треба да бидеме благодарни на таквата можност, да можеме да го задржиме нивото на снабдување на сите производи, токму поради таа соработка, истакна вицепремиерот Маричиќ.

The post Маричиќ: Не се врзуваме со датуми, но очекуваме да се искористи лидерството на Maкрон appeared first on Република.

]]>
Макрон го поздравил српското гласање за Украина во ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makron-go-pozdravil-srpskoto-glasanje-za-ukraina-vo-on/ Sat, 05 Mar 2022 22:11:05 +0000 https://republika.mk/?p=468363

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска телефонски разговараше со претседателот на Франција Емануел Макрон и со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јави дописникот на МИА од Белград.

Во разговорот со Макрон, како што е соопштено, францускиот преседател „го поздравил начинот на кој Србија гласаше во Обединетите нации“.

Во соопштението се посочува дека францускиот претседател на Вучиќ недвосмислено му рекол дека, „без разлика на геополитичките промени во Европа и светот, Србија останува клучен приоритет и прва земја за влез во Европската унија“.

Вучиќ и Макрон разговараа за ситуацијата во Украина и за сите билатерални врски меѓу Србија и Франција, особено за економската соработка, со очекување таа да се развива уште посилно во иднина.

-Во долг, отворен и пред се искрен разговор, претседателот Макрон го потврди суштинското пријателство меѓу Србија и Франција и најотворено ја поддржа Србија и европската интеграција на нашата земја, се вели во соопштението.

Српскиот претседател оствари телефонски разговор и со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за ситуацијата во Украина, како и за ситуацијата во Западен Балкан и ја изразија својата решеност да придонесат за одржување на мирот и стабилноста во регионот.

Вучиќ и Ердоган ја потврдија подготвеноста за соработка, истакнувајќи дека економската соработка, особено на полето на инфраструктурата, добро напредува, се наведува во соопштенеито од канцеларијата за медиуми на српскиот претседател

The post Макрон го поздравил српското гласање за Украина во ОН appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска телефонски разговараше со претседателот на Франција Емануел Макрон и со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, јави дописникот на МИА од Белград. Во разговорот со Макрон, како што е соопштено, францускиот преседател „го поздравил начинот на кој Србија гласаше во Обединетите нации“. Во соопштението се посочува дека францускиот претседател на Вучиќ недвосмислено му рекол дека, „без разлика на геополитичките промени во Европа и светот, Србија останува клучен приоритет и прва земја за влез во Европската унија“. Вучиќ и Макрон разговараа за ситуацијата во Украина и за сите билатерални врски меѓу Србија и Франција, особено за економската соработка, со очекување таа да се развива уште посилно во иднина. -Во долг, отворен и пред се искрен разговор, претседателот Макрон го потврди суштинското пријателство меѓу Србија и Франција и најотворено ја поддржа Србија и европската интеграција на нашата земја, се вели во соопштението. Српскиот претседател оствари телефонски разговор и со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за ситуацијата во Украина, како и за ситуацијата во Западен Балкан и ја изразија својата решеност да придонесат за одржување на мирот и стабилноста во регионот. Вучиќ и Ердоган ја потврдија подготвеноста за соработка, истакнувајќи дека економската соработка, особено на полето на инфраструктурата, добро напредува, се наведува во соопштенеито од канцеларијата за медиуми на српскиот претседател

The post Макрон го поздравил српското гласање за Украина во ОН appeared first on Република.

]]>
Путин и Макрон разговараа за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-i-makron-razgovaraa-za-ukraina/ Sun, 20 Feb 2022 14:40:49 +0000 https://republika.mk/?p=461072

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска телефонски разговараше, речиси два часа, со рускиот колега Владимир Путин околу кризата во Украина.

– Телефонскиот разговор со рускиот претседател траеше еден час и 45 минути, соопшти Елисејската палата.

Според француското претседателство, денешниот разговор меѓу Путин и Макрон, по нивната средба на 7 февруари во Москва, претставува „последни можни и неопходни напори за да се избегне голем конфликт во Украина“, пренесоа француските медиуми.

Макрон денеска повторно ќе разговара и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Шефот на украинската држава вчера му рече на Макрон дека нема да одговори на, како што рече, руските „провокации“ и остана отворен за „дијалог“ со Москва. Но, во говорот на Минхенската безбедносна конференција, тој исто така ги повика западните влади да ја прекинат својата „политика на смирување“ кон Путин.

The post Путин и Макрон разговараа за Украина appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска телефонски разговараше, речиси два часа, со рускиот колега Владимир Путин околу кризата во Украина.
– Телефонскиот разговор со рускиот претседател траеше еден час и 45 минути, соопшти Елисејската палата.
Според француското претседателство, денешниот разговор меѓу Путин и Макрон, по нивната средба на 7 февруари во Москва, претставува „последни можни и неопходни напори за да се избегне голем конфликт во Украина“, пренесоа француските медиуми. Макрон денеска повторно ќе разговара и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Шефот на украинската држава вчера му рече на Макрон дека нема да одговори на, како што рече, руските „провокации“ и остана отворен за „дијалог“ со Москва. Но, во говорот на Минхенската безбедносна конференција, тој исто така ги повика западните влади да ја прекинат својата „политика на смирување“ кон Путин.

The post Путин и Макрон разговараа за Украина appeared first on Република.

]]>