елка јачева-улчар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elka-jacheva-ulchar/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 16:19:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png елка јачева-улчар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elka-jacheva-ulchar/ 32 32 Јачева-Улчар за „Република“: Доколку се направи преседан со отворање албанска академија, тоа би повлекло формирање и на други академии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jacheva-ulchar-za-republika-dokolku-se-napravi-presedan-so-otvorane-albanska-akademija-toa-bi-povleklo-formirane-i-na-drugi-akademii/ Sat, 19 Oct 2024 08:11:44 +0000 https://republika.mk/?p=828607

Не постои држава во светот, барем во оние што ги знаеме за цивилизирани, каде што има две академии, посебно не во унитарни држави каква што е Македонија.

Отворањето на албанска академија на науките може да ја отвори Пандорината кутија, од која во иднина би можеле да излезат и академии на другите делови од народи кои сега се наоѓаат во Преамбулата на Уставот, но и они кои претендираат да станат.

Која би била гаранцијата дека доколку Бугарите влезат во нашиот Устав и тие не би барале своја академија по принципот „ако можат Албанците зошто да не може и за нас“? Затоа никако не смее да се дозволи формирање на уште една академија покрај МАНУ.

Опасна е и намерата на Коалицијата „Вреди“, од чии редови се градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир кои се изјаснија дека ќе го финансираат ова здружение на граѓани наречено „Албанска академија на науките и уметностите“.

Кој може да гарантира дека во некој иден разговор помеѓу партија од македонскиот и албанскиот блок за формирање влада нема на маса да биде ставено и барањето албанската академија да биде ставена под државна капа и финансирање?

Таков пример имаме со Универзитетот во Мала Речица кој од „див“ во деведесеттите години стана „питом“ и финансиран од државата.

На оваа тема „Република“ ја праша за мислење професорката Елка Јачева-Улчар, која важи за еден од најдобите познавачи на научните и историските случувања во Македонија. Taa смета дека национална академија може да биде само една во рамките на една унитарна држава.

Постоење на повеќе национални академии, според Улчар, го има во федерална држава каква што беше поранешна Југославија.

Не постои пример во светот на постоење повеќе национални академии врз етнички принцип, освен врз струков. Доколку се направи преседан со отворање албанска академија, тоа би повлекло формирање и на други академии од страна на деловите од народи дефинирани според Уставот, но и на оние што во некоја блиска иднина, па и во актуелниов миг – претендираат да се закодираат во нашиот Устав - објаснува Улчар за „Република“.

Професорката е убедена дека инсистирањето на отворање академии врз етнички принцип е лошо и опасно решение бидејќи науката, уметноста, па и спортот не зависат од етничката припадност на поединецот, туку само и само од квалитетот независно од етничката, родовата или верската припадност.

Опасно, зашто ваквото однесување на албанскиот политички фактор во земјава наместо да придонесува кон зближување и работа врз една заедничка национална платформа (овде под национална не мислам на етнос, туку на демос) за благосостојба на сите граѓани на Република Македонија, придонесува само кон повторно поларизирање, цепкање и постојано затегнати и конфликтни односи меѓу Македонците и Албанците. Во секоја цивилизирана држава на 21 век постои само eдна национална академија на науки и уметности, во кои е собран интелектуалниот и уметничкиот крем на едно општество. Отворањето Албанска академија, вака како што во моментов е замислено и финансирано на локално ниво, може да биде единствено научно друштво од локален карактер, какви што имаме веќе во повеќе градови на Македонија (Битола, Велес...) Kако што имаме една Влада, еден Парламент, еден Врховен суд, така и МАНУ е, и така треба да остане – единствена надредена  и главна научна и уметничка институција, надетничка и натпартиска. Во секој друг и поинаков случај, ќе дојде до девалвација и разнебитување на двата основни благородни столба на Академијата, а имено – науката и уметноста како возвишени дејности што на поединецот му го прават животот подостоинствен, посовршен и поубав - додава Јачева-Улчар.

The post Јачева-Улчар за „Република“: Доколку се направи преседан со отворање албанска академија, тоа би повлекло формирање и на други академии appeared first on Република.

]]>

Не постои држава во светот, барем во оние што ги знаеме за цивилизирани, каде што има две академии, посебно не во унитарни држави каква што е Македонија. Отворањето на албанска академија на науките може да ја отвори Пандорината кутија, од која во иднина би можеле да излезат и академии на другите делови од народи кои сега се наоѓаат во Преамбулата на Уставот, но и они кои претендираат да станат. Која би била гаранцијата дека доколку Бугарите влезат во нашиот Устав и тие не би барале своја академија по принципот „ако можат Албанците зошто да не може и за нас“? Затоа никако не смее да се дозволи формирање на уште една академија покрај МАНУ. Опасна е и намерата на Коалицијата „Вреди“, од чии редови се градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир кои се изјаснија дека ќе го финансираат ова здружение на граѓани наречено „Албанска академија на науките и уметностите“. Кој може да гарантира дека во некој иден разговор помеѓу партија од македонскиот и албанскиот блок за формирање влада нема на маса да биде ставено и барањето албанската академија да биде ставена под државна капа и финансирање? Таков пример имаме со Универзитетот во Мала Речица кој од „див“ во деведесеттите години стана „питом“ и финансиран од државата. На оваа тема „Република“ ја праша за мислење професорката Елка Јачева-Улчар, која важи за еден од најдобите познавачи на научните и историските случувања во Македонија. Taa смета дека национална академија може да биде само една во рамките на една унитарна држава. Постоење на повеќе национални академии, според Улчар, го има во федерална држава каква што беше поранешна Југославија.
Не постои пример во светот на постоење повеќе национални академии врз етнички принцип, освен врз струков. Доколку се направи преседан со отворање албанска академија, тоа би повлекло формирање и на други академии од страна на деловите од народи дефинирани според Уставот, но и на оние што во некоја блиска иднина, па и во актуелниов миг – претендираат да се закодираат во нашиот Устав - објаснува Улчар за „Република“.
Професорката е убедена дека инсистирањето на отворање академии врз етнички принцип е лошо и опасно решение бидејќи науката, уметноста, па и спортот не зависат од етничката припадност на поединецот, туку само и само од квалитетот независно од етничката, родовата или верската припадност.
Опасно, зашто ваквото однесување на албанскиот политички фактор во земјава наместо да придонесува кон зближување и работа врз една заедничка национална платформа (овде под национална не мислам на етнос, туку на демос) за благосостојба на сите граѓани на Република Македонија, придонесува само кон повторно поларизирање, цепкање и постојано затегнати и конфликтни односи меѓу Македонците и Албанците. Во секоја цивилизирана држава на 21 век постои само eдна национална академија на науки и уметности, во кои е собран интелектуалниот и уметничкиот крем на едно општество. Отворањето Албанска академија, вака како што во моментов е замислено и финансирано на локално ниво, може да биде единствено научно друштво од локален карактер, какви што имаме веќе во повеќе градови на Македонија (Битола, Велес...) Kако што имаме една Влада, еден Парламент, еден Врховен суд, така и МАНУ е, и така треба да остане – единствена надредена  и главна научна и уметничка институција, надетничка и натпартиска. Во секој друг и поинаков случај, ќе дојде до девалвација и разнебитување на двата основни благородни столба на Академијата, а имено – науката и уметноста како возвишени дејности што на поединецот му го прават животот подостоинствен, посовршен и поубав - додава Јачева-Улчар.

The post Јачева-Улчар за „Република“: Доколку се направи преседан со отворање албанска академија, тоа би повлекло формирање и на други академии appeared first on Република.

]]>
Никој ништо не му може на нашиот јазик, ќе живее се додека е жив и последниот Македонец, рече проф. Јачева-Улчар на трибината „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoj-nishto-ne-mu-mozhe-na-nashiot-jazik-ke-zhivee-se-dodeka-e-zhiv-i-posledniot-makedonets-reche-prof-jacheva-ulchar-na-tribinata-makedonskiot-jazik-e-biseren-gerdan/ Tue, 21 Feb 2023 21:00:30 +0000 https://republika.mk/?p=611672

„Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден за промовирање на лингвистичката и културната разновидност и мултилингвизмот. Прогласен е на 30-та седница на генералната конференција на УНЕСКО во 1999-та година а е во врска со настаните од 21 февруари 1952-та година кога студентите од источен Пакистан членови на организацијата движење за бенгалскиот јазик одржаа големи протести“, рече Гоце Цветановски на денешната трибина насловена „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“.

Цветановски посочи дека Европската Унија е Унија на држави од различни нации но со голема и силна традиција.

ЕУ е Унија на држави од различни нации, но има голема и силна традиција. Затоа овде прашањето на националните идентитети мора да биде решено и тоа на праведен принцип за да нема незадоволни членови. Во член 22 од повелбата за основни права на унијата се вели дека Унијата ќе ја почитува културната, верската и јазичната разновидност. Но дали е таков примерот со македонскиот народ и јазик, за жал одговорот е не, вели Цветановски.

Според професорката Елка Јачева Улчар македонскиот јазик треба да се негува бидејќи тоа е јазикот на кој творат и говорат Македонците и не треба никој да го оспорува.

Никој ништо не му може на нашиот јазик. Ќе живее тој се додека е жив и последниот Македонец. А, Македонецот е како пиреј и веќе со децении ечи рефренскиот исказ на нашиот голем Петре Андреевски. А, пирејот, тоа е троскротна трева, па ти колку сакаш корни го, куби го, тој пак ќе расте и ќе се шири. Ете тоа е она што го забораваат оние наши т.н. браќа во сите свои Извештаи упатени до ЕУ кои се однесуваат на Македонија, на Македонците, и на македонскиот јазик“, истакна проф. Јачева Улчар.

Јачева Улчар додаде дека македонскиот јазик му припаѓа на големото семејство словенски јазици во подгрупата на јужнословенските.

Меѓународниот семинар за македонски јазик во своето шест децениско постоење е навистина расадник на македонисти во странство. И мислам дека тука државата навистина треба да удри акценти и да ги поддржи пред се финансиски, порача Јачева Улчар.

Професорот д-р Зоранчо Малинов во текот на трибината нагласи дека Институтот за фолклор е задолжен да го негува, да го заштитува и да го чува фолклорот на македонскиот народ.

Во архивот на нашиот Институт има 4.000 магнетофонски ленти со снимен аудио материјал на фолклорна граѓа, етнолошка, итн. доминантно е фолклорот на македонскиот народ имаме и по неколку десетици од албанскиот, од турскиот, влашкиот народ во Македонија, но имаме и многу, многу фолклорен материјал на Македонците од Егејскиот и од Пиринскиот дел на Македонија, рече Малинов.

Тој додаде дека фолклорот е еден вид на колективна меморија и е длабоко врежан во старите македонски песни во кои се опеани јунаците, комитите. Според него јазикот треба да се негува и чува бидејќи додека живее јазикот, живее и народот.

The post Никој ништо не му може на нашиот јазик, ќе живее се додека е жив и последниот Македонец, рече проф. Јачева-Улчар на трибината „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“ appeared first on Република.

]]>

„Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден за промовирање на лингвистичката и културната разновидност и мултилингвизмот. Прогласен е на 30-та седница на генералната конференција на УНЕСКО во 1999-та година а е во врска со настаните од 21 февруари 1952-та година кога студентите од источен Пакистан членови на организацијата движење за бенгалскиот јазик одржаа големи протести“, рече Гоце Цветановски на денешната трибина насловена „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“. Цветановски посочи дека Европската Унија е Унија на држави од различни нации но со голема и силна традиција.
ЕУ е Унија на држави од различни нации, но има голема и силна традиција. Затоа овде прашањето на националните идентитети мора да биде решено и тоа на праведен принцип за да нема незадоволни членови. Во член 22 од повелбата за основни права на унијата се вели дека Унијата ќе ја почитува културната, верската и јазичната разновидност. Но дали е таков примерот со македонскиот народ и јазик, за жал одговорот е не, вели Цветановски.
Според професорката Елка Јачева Улчар македонскиот јазик треба да се негува бидејќи тоа е јазикот на кој творат и говорат Македонците и не треба никој да го оспорува.
Никој ништо не му може на нашиот јазик. Ќе живее тој се додека е жив и последниот Македонец. А, Македонецот е како пиреј и веќе со децении ечи рефренскиот исказ на нашиот голем Петре Андреевски. А, пирејот, тоа е троскротна трева, па ти колку сакаш корни го, куби го, тој пак ќе расте и ќе се шири. Ете тоа е она што го забораваат оние наши т.н. браќа во сите свои Извештаи упатени до ЕУ кои се однесуваат на Македонија, на Македонците, и на македонскиот јазик“, истакна проф. Јачева Улчар.
Јачева Улчар додаде дека македонскиот јазик му припаѓа на големото семејство словенски јазици во подгрупата на јужнословенските.
Меѓународниот семинар за македонски јазик во своето шест децениско постоење е навистина расадник на македонисти во странство. И мислам дека тука државата навистина треба да удри акценти и да ги поддржи пред се финансиски, порача Јачева Улчар.
Професорот д-р Зоранчо Малинов во текот на трибината нагласи дека Институтот за фолклор е задолжен да го негува, да го заштитува и да го чува фолклорот на македонскиот народ.
Во архивот на нашиот Институт има 4.000 магнетофонски ленти со снимен аудио материјал на фолклорна граѓа, етнолошка, итн. доминантно е фолклорот на македонскиот народ имаме и по неколку десетици од албанскиот, од турскиот, влашкиот народ во Македонија, но имаме и многу, многу фолклорен материјал на Македонците од Егејскиот и од Пиринскиот дел на Македонија, рече Малинов.
Тој додаде дека фолклорот е еден вид на колективна меморија и е длабоко врежан во старите македонски песни во кои се опеани јунаците, комитите. Според него јазикот треба да се негува и чува бидејќи додека живее јазикот, живее и народот.

The post Никој ништо не му може на нашиот јазик, ќе живее се додека е жив и последниот Македонец, рече проф. Јачева-Улчар на трибината „Македонскиот јазик е бисерен ѓердан“ appeared first on Република.

]]>
Јачева-Улчар: Мојот мајчин јазик ги живее најдраматичните и најкритичните моменти од своето постоење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jacheva-ulchar-mojot-majchin-jazik-gi-zhivee-najdramatichnite-i-najkritichnite-momenti-od-svoeto-postoene/ Tue, 21 Feb 2023 10:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=611428

Мојот мајчин јазик ги живее најдраматичните и најкритичните моменти од своето постоење на долгата историска оска, пишува македонистката и професор од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Елка Јачева-Улчар по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Денес, за оние на југот македонскиот јазик не постои, оти таму некој се договорил дека нема луѓе што зборуваат македонски. На исток, некој во моментов се договара дека нема Македонци што зборуваат македонски долу под Пирин. Дома некој безимен повторно се договори дека ќе му ја одземе сврзувачката моќ што ја имаше до неодамна: единствено средство за комуникација за сите што живеат во Македонија, независно колку ги има и што се по род. Без дури и помисла за скратување на јазичните права на немакедонците што се родиле и живеат тука. Мојот мајчин јазик ги живее најдраматичните и најкритичните моменти од своето постоење на долгата историска оска. И не е таа загроза само инострана, инојазична. На мојот мајчин јазик дома му е куса љубовта од младите Македонци. На мојот мајчин јазик му е кусо знаењето на учителите на младите Македонци. На мојот мајчин јазик му станува кус бројот на неговите говорители. На мојот мајчин јазик му е куса грижата за него од државата. На мојот мајчин јазик му е куса негата во јавниот простор. Многу нешта дома му се кусо на мојот мајчин јазик. Само едни нешта ич не му се куси: неговата уникатност на која се испишани страници и страници литература, неговата глаголивост на која се раскажни усно илјадници приказни, неговата милозвучност на која се испеани најубавите народни песни на Балканот… па затоа и ќе живее долго… толку долго колку што ќе живее и последниот човек што зборува МАКЕДОНСКИ…, пишува професорката.

The post Јачева-Улчар: Мојот мајчин јазик ги живее најдраматичните и најкритичните моменти од своето постоење appeared first on Република.

Македонистката Улчар до апологетот на власта: Запрете со лагите, народот веќе не ви верува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonistkata-ulchar-do-apologetot-na-vlasta-zaprete-so-lagite-narodot-vekje-ne-vi-veruva/ Sat, 30 Jul 2022 12:23:10 +0000 https://republika.mk/?p=535094

Иритирана од неговите ставови кои се одбрана на позициите на владата на СДСМ и ДУИ за бугарскиот протокол македонистка и професор од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ упатува јавна порака до Зоран Иванов, новинар на „Цивил Медија“ портал што го води (НЕ)владиниот активист Џабир Дерала.

Професорката Елка Јачева Улчар на Иванов му порачува дека ќе го излаже ако му се обрати со почитуван и бара тој да запре со лагите затоа што народот не му верува.

Јачева Улчар важи за интелектуалка која се бори за зачувување на македонскиот идентитет никогаш не се впуштала во директна отворена дебата со тие што заговараат негово уништување.

Не знам како да ви се обратам Зоране Иванов, некако не ми оди ни со почитуван, ни со господине… За првото ќе излажам ако ви кажам така, зашто јас најнепочитувам луѓе како вас кои цел живот работеле во врвна национална институција, јаделе од неа што се вели народски, а денес забораваат и кои се и што се, и со какви идеи се за својата земја…

Второто, зашто тоа се заслужува, а вие со испадиве што ги демонстрирате пред Македонците на една телевизија за која со право ќе ја наречам ваш втор дом – не сте тоа. Господин човек кога сака нешто да објасни во што е длабоко уверен, го прави тоа: аргументирано, стамено, мудро, одмерено, без едновремено надвикување со соговорникот…

Како и да е, на сите професионални обврски што ги имам деновиве, дојде редот и вам да ви напишам едно писмо. Знам дека вас ништо не ве расколебува за скршување од патот по кој сте тргнале, зашто веројатно е цврсто утабан и не само идеолошки, па затоа ова писмо не го пишувам со таква намера.

Го пишувам писмово за да ви кажам, Зоране Иванов, дека „се претеравте“ – што би рекол Велија Рамковски, и дека решив повеќе да не ви молчам, така како што ви молчам на сите недолични коментари, упатени до мене и до моите колеги преку туѓи ФБ-профили, во кој, замислете, вие како новинар се дрзнувате да судите за нашата работа, за нашите ставови, за нашата некомпетентност, за нашата „неевропскост“, за тоа дека сме „вмровски теткици во Институтот за македонски јазик“, дека „не сме релевантни за прашања што се однесуваат на третманот на македонскиот јазик во ЕУ“ и сл.

Ќе ве оставев повторно, како и претходните пати, да си разменувате романтични размисли за нашиот па̶̶̶т кон Европа со вашите интелектуални пандани, ако вчера не се случеше ова: пишувајќи одговори на мои колеги од странски национални институти кои се занимаваат со јазик и кои се скандализирани од тоа ̶ не што бара Бугарија од нас (зашто тие со својот великобугаризам му се познати на целиот славистички свет), туку од тоа што го дозволуваме ние, македонските јазичари и историчари, се појавувате вие на екранот од вашиот втор дом – и во ваш познат „високоевропски“ стил, со ист жар како и за Преспанскиот, почнувате од нас македонистите да ја браните нелекторираната Еднострана изјава за македонскиот јазик, викајќи на цел глас дека вашиот соговорник заедно со нас македонистите го лаже народот, дека треба да престанеме итн.итн. сè во тој викачко-агресивен стил толку пати виден од вас и вашите пријатели бранители на неодбранливи нешта во последниве 5-6 години…

Како клучен аргумент, наспроти двете петиции од помладите колеги македонисти и од научниците македонисти од МАНУ (сосе претседателот Љупчо Коцарев), од Институтот за македонски јазик (сосе директорката Елена Јованова-Грујоска), од Институтот за македонска литература (сосе директорката Наташа Аврамовска), од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (сосе деканката Анета Дучевска и раководителката на Катедрата за македонски јазик, Искра Пановска-Димкова), од Катедрата за македонски јазик и книжевност при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип (сосе раководителката Ана Витанова-Рингачева), од Меѓународниот семинар за македонски јазик литература и култура (сосе директорката Весна Мојсова-Чепишевска), од Македонскиот славистички комитет (сосе претседателката Емилија Црвенковска), патем сите доктори на македонски јазик и македонска книжевност (со исклучок на акад. Коцарев) зад кои застанаа огромен број поддржувачи (над 7 000), вие го велите следново: „Со ова се согласи Советот за македонски јазик!“.

Вие, Иванов, замижувате и пред двенеделните протести на Македонците кои вие и уште малкутемина останати апологети на власта, сакате да ги претставите како политички протести, иако да бевте таму ќе видевте, се разбира ако сакавте, дека, како што вели академик Катица Ќулавкова во последното интервју во весникот „Вечер“ од 24.7.2022 „(…) масовните протести против непристојниот предлог, предлог кој ни понуди прикриено вето и ги легитимираше опасните орвелијански и хегемонистички барања на источниот сосед, немаа етнички признак, немаа ни класен признак, немаа ни партиски признак, туку ги обедини сите слободоумни граѓани лојални на државнонационалниот интерес на Македонија и свесни за важноста на суверенитетот.

Се случи еден културен бунт на граѓаните и едно духовно востание кое создаде критична маса свесна за непринципиелноста на т.н. француски предлог кој е реплика на бугарските рамковни позиции во врска со Македонија.“ 

Исто како што замижувате пред фактот дека Советот за македонски јазик, кој е формиран 1998 година како советодавно тело на Владата за прашања од македонскиот јазик, не било претходно консултирано за тоа што да содржи Унилатералната изјава. А без да имате предвид и кој го води Советот за македонски јазик, и колку негови членови од вкупно 9 (од кои двајца пензионери и една новинарка) даваат поддршка на Унилатералната изјава, со оглед на тоа што тројца негови членови (директорката на Институтот за македонски јазик и двајца од Катедрата за македонски јазик, од нив едната е раководителка на Катедрата за македонски јазик), според преписката што ја имавме пред да го објавиме нашето соопштение застанале зад нашата реакција.

Како некој што е долго време во новинарството и од кого генерации и генерации новинари учеле за објективно и истражувачко новинарство, знам дека нема да Ви биде, воопшто, тешко да истражите кој се крие зад поддршката од Советот за македонски јазик.

Писмово до Вас ќе го завршам со Ваши зборови, но со благ и смирен тон, дури мајчински, иако, според вашата возраст, побргу вие би можеле да ми бидете татко: „Престанете да го лажете народот!“, зашто тој и онака ништо не ви верува, веќе! - порачува професорката Јачева Улчар.

Иванов предходно им се закани со бесилка на новинарите на Заспиј ако можеш Горан Момироски и Драган Милосављевиќ.

The post Македонистката Улчар до апологетот на власта: Запрете со лагите, народот веќе не ви верува appeared first on Република.

]]>

Иритирана од неговите ставови кои се одбрана на позициите на владата на СДСМ и ДУИ за бугарскиот протокол македонистка и професор од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ упатува јавна порака до Зоран Иванов, новинар на „Цивил Медија“ портал што го води (НЕ)владиниот активист Џабир Дерала. Професорката Елка Јачева Улчар на Иванов му порачува дека ќе го излаже ако му се обрати со почитуван и бара тој да запре со лагите затоа што народот не му верува. Јачева Улчар важи за интелектуалка која се бори за зачувување на македонскиот идентитет никогаш не се впуштала во директна отворена дебата со тие што заговараат негово уништување.
Не знам како да ви се обратам Зоране Иванов, некако не ми оди ни со почитуван, ни со господине… За првото ќе излажам ако ви кажам така, зашто јас најнепочитувам луѓе како вас кои цел живот работеле во врвна национална институција, јаделе од неа што се вели народски, а денес забораваат и кои се и што се, и со какви идеи се за својата земја…   Второто, зашто тоа се заслужува, а вие со испадиве што ги демонстрирате пред Македонците на една телевизија за која со право ќе ја наречам ваш втор дом – не сте тоа. Господин човек кога сака нешто да објасни во што е длабоко уверен, го прави тоа: аргументирано, стамено, мудро, одмерено, без едновремено надвикување со соговорникот…   Како и да е, на сите професионални обврски што ги имам деновиве, дојде редот и вам да ви напишам едно писмо. Знам дека вас ништо не ве расколебува за скршување од патот по кој сте тргнале, зашто веројатно е цврсто утабан и не само идеолошки, па затоа ова писмо не го пишувам со таква намера.   Го пишувам писмово за да ви кажам, Зоране Иванов, дека „се претеравте“ – што би рекол Велија Рамковски, и дека решив повеќе да не ви молчам, така како што ви молчам на сите недолични коментари, упатени до мене и до моите колеги преку туѓи ФБ-профили, во кој, замислете, вие како новинар се дрзнувате да судите за нашата работа, за нашите ставови, за нашата некомпетентност, за нашата „неевропскост“, за тоа дека сме „вмровски теткици во Институтот за македонски јазик“, дека „не сме релевантни за прашања што се однесуваат на третманот на македонскиот јазик во ЕУ“ и сл.   Ќе ве оставев повторно, како и претходните пати, да си разменувате романтични размисли за нашиот па̶̶̶т кон Европа со вашите интелектуални пандани, ако вчера не се случеше ова: пишувајќи одговори на мои колеги од странски национални институти кои се занимаваат со јазик и кои се скандализирани од тоа ̶ не што бара Бугарија од нас (зашто тие со својот великобугаризам му се познати на целиот славистички свет), туку од тоа што го дозволуваме ние, македонските јазичари и историчари, се појавувате вие на екранот од вашиот втор дом – и во ваш познат „високоевропски“ стил, со ист жар како и за Преспанскиот, почнувате од нас македонистите да ја браните нелекторираната Еднострана изјава за македонскиот јазик, викајќи на цел глас дека вашиот соговорник заедно со нас македонистите го лаже народот, дека треба да престанеме итн.итн. сè во тој викачко-агресивен стил толку пати виден од вас и вашите пријатели бранители на неодбранливи нешта во последниве 5-6 години…   Како клучен аргумент, наспроти двете петиции од помладите колеги македонисти и од научниците македонисти од МАНУ (сосе претседателот Љупчо Коцарев), од Институтот за македонски јазик (сосе директорката Елена Јованова-Грујоска), од Институтот за македонска литература (сосе директорката Наташа Аврамовска), од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (сосе деканката Анета Дучевска и раководителката на Катедрата за македонски јазик, Искра Пановска-Димкова), од Катедрата за македонски јазик и книжевност при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип (сосе раководителката Ана Витанова-Рингачева), од Меѓународниот семинар за македонски јазик литература и култура (сосе директорката Весна Мојсова-Чепишевска), од Македонскиот славистички комитет (сосе претседателката Емилија Црвенковска), патем сите доктори на македонски јазик и македонска книжевност (со исклучок на акад. Коцарев) зад кои застанаа огромен број поддржувачи (над 7 000), вие го велите следново: „Со ова се согласи Советот за македонски јазик!“.   Вие, Иванов, замижувате и пред двенеделните протести на Македонците кои вие и уште малкутемина останати апологети на власта, сакате да ги претставите како политички протести, иако да бевте таму ќе видевте, се разбира ако сакавте, дека, како што вели академик Катица Ќулавкова во последното интервју во весникот „Вечер“ од 24.7.2022 „(…) масовните протести против непристојниот предлог, предлог кој ни понуди прикриено вето и ги легитимираше опасните орвелијански и хегемонистички барања на источниот сосед, немаа етнички признак, немаа ни класен признак, немаа ни партиски признак, туку ги обедини сите слободоумни граѓани лојални на државнонационалниот интерес на Македонија и свесни за важноста на суверенитетот.   Се случи еден културен бунт на граѓаните и едно духовно востание кое создаде критична маса свесна за непринципиелноста на т.н. француски предлог кој е реплика на бугарските рамковни позиции во врска со Македонија.“    Исто како што замижувате пред фактот дека Советот за македонски јазик, кој е формиран 1998 година како советодавно тело на Владата за прашања од македонскиот јазик, не било претходно консултирано за тоа што да содржи Унилатералната изјава. А без да имате предвид и кој го води Советот за македонски јазик, и колку негови членови од вкупно 9 (од кои двајца пензионери и една новинарка) даваат поддршка на Унилатералната изјава, со оглед на тоа што тројца негови членови (директорката на Институтот за македонски јазик и двајца од Катедрата за македонски јазик, од нив едната е раководителка на Катедрата за македонски јазик), според преписката што ја имавме пред да го објавиме нашето соопштение застанале зад нашата реакција.   Како некој што е долго време во новинарството и од кого генерации и генерации новинари учеле за објективно и истражувачко новинарство, знам дека нема да Ви биде, воопшто, тешко да истражите кој се крие зад поддршката од Советот за македонски јазик.   Писмово до Вас ќе го завршам со Ваши зборови, но со благ и смирен тон, дури мајчински, иако, според вашата возраст, побргу вие би можеле да ми бидете татко: „Престанете да го лажете народот!“, зашто тој и онака ништо не ви верува, веќе! - порачува професорката Јачева Улчар.
Иванов предходно им се закани со бесилка на новинарите на Заспиј ако можеш Горан Момироски и Драган Милосављевиќ.

The post Македонистката Улчар до апологетот на власта: Запрете со лагите, народот веќе не ви верува appeared first on Република.

]]>
Улчар: Со откажувањето од малцинствата се откажуваме и од нашите дијалекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ulchar-so-otkazuvanjeto-od-malcinstvata-se-otkazuvame-i-od-nashite-dijalekti/ Fri, 22 Jul 2022 06:34:13 +0000 https://republika.mk/?p=531854

Најголемиот проблем во Декларацијата за македонскиот јазик е што се тврди дека тој има свој историски и временски континуитет но и дека дијалектното простирање се ораничува во државните рамки на денешна Република Македонија со што ние практично се откажуваме од дијалектното простирање на македонскиот јазик кое е многу пошироко од државните граници, анализира професорката Елка Јачева Улчар во интервју за „Република“.

Со ова како да одиме контра како што кажа професорот Блаже Конески кој велеше дека македонскиот јазик е нашата единствена целосна татковина. Тој смета на тоа дека македонскиот јазик е поширок од државата Македонија-објаснува професорката.

Според неа, со изјавата со која се ограничуваме само на овие говори во рамки на Македонија излегува дека се откажуваме од нашите пирински и егејски говори како и од говорите кои ги имаме на западната граница во Албанија и на Косово.

Улчар нема дилеми дека со договорите со Грција и со Бугарија се откажавме од малцинствата како носители на јазикот.

Ако сте се откажале од малцинства исто како да не постои јазикот бидејќи кој ќе го зборува ако не малцинствата. Ова е грешка уште со Договорот за добрососедство со кој прифатиме дека се откажуваме од малцинството во Пиринска Македонија.

Професорката смета дека сево ова што ни се случува е резултат што воопшто не консултирана научната фела.

При постоење на Институт за Национална историја ние формираме историска комисија за да решава историски прашања при што има само тројца историчари кои не се специјалисти во посебните историски периоди. Како пример ние решаваме прашање од средновековието а немаме вклучено ниту еден медиавист.

Улчар смета дека веќе е доцна било што да се направи.

Нашите соседи Грција и Бугарија за остварување на нивните цели си создадоа свои стручни тимови.Само нас во Македонија никој ништо не не праша, ниту историчари ниту лингвисти.

За едостраната декларација професорката сметала дека е некоја шега бидејќи била напишана несериозно и со правописни грешки.

Таму има и една неточност дека македонскиот јазик бил признат на третата конференција на комисијата за стандардизација на географски имиња 1977 година во Атина. Тоа е сосема неточно.Таа комисија се занимава со топонимите и како да изгледаат на географските карти.Комисијата дала препорака сите топоними за кои нема традиција за поинакво именување кога го запишуваме на карта топонимот треба да биде запишан да биде најблиски до оригиналот како што тој се слуша така да биде запишан. Таа комисија која за жал ние ја немаме, а сме ја имале први во СФРЈ.На таа конференција во 1977 година со резолуција која се однесувала на тогашната српско-хрватската кирилица и на македонската кирилица е направено литерација односно секоја кирилична буква како се предаваaт на латиница.

Според неа, ова го искористил поранешниот премиер Алексис Ципрас да се фали дека го признале македонскиот јазик што воопшто не е точно.

Македонскиот јазик е признат од Обединетите нации уште додека Македонија беше дел од Југославија и тука нема дилеми.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

https://www.youtube.com/watch?v=tZZZS7PwHuw

The post Улчар: Со откажувањето од малцинствата се откажуваме и од нашите дијалекти appeared first on Република.

]]>

Најголемиот проблем во Декларацијата за македонскиот јазик е што се тврди дека тој има свој историски и временски континуитет но и дека дијалектното простирање се ораничува во државните рамки на денешна Република Македонија со што ние практично се откажуваме од дијалектното простирање на македонскиот јазик кое е многу пошироко од државните граници, анализира професорката Елка Јачева Улчар во интервју за „Република“.
Со ова како да одиме контра како што кажа професорот Блаже Конески кој велеше дека македонскиот јазик е нашата единствена целосна татковина. Тој смета на тоа дека македонскиот јазик е поширок од државата Македонија-објаснува професорката.
Според неа, со изјавата со која се ограничуваме само на овие говори во рамки на Македонија излегува дека се откажуваме од нашите пирински и егејски говори како и од говорите кои ги имаме на западната граница во Албанија и на Косово. Улчар нема дилеми дека со договорите со Грција и со Бугарија се откажавме од малцинствата како носители на јазикот.
Ако сте се откажале од малцинства исто како да не постои јазикот бидејќи кој ќе го зборува ако не малцинствата. Ова е грешка уште со Договорот за добрососедство со кој прифатиме дека се откажуваме од малцинството во Пиринска Македонија.
Професорката смета дека сево ова што ни се случува е резултат што воопшто не консултирана научната фела. При постоење на Институт за Национална историја ние формираме историска комисија за да решава историски прашања при што има само тројца историчари кои не се специјалисти во посебните историски периоди. Како пример ние решаваме прашање од средновековието а немаме вклучено ниту еден медиавист. Улчар смета дека веќе е доцна било што да се направи.
Нашите соседи Грција и Бугарија за остварување на нивните цели си создадоа свои стручни тимови.Само нас во Македонија никој ништо не не праша, ниту историчари ниту лингвисти.
За едостраната декларација професорката сметала дека е некоја шега бидејќи била напишана несериозно и со правописни грешки.
Таму има и една неточност дека македонскиот јазик бил признат на третата конференција на комисијата за стандардизација на географски имиња 1977 година во Атина. Тоа е сосема неточно.Таа комисија се занимава со топонимите и како да изгледаат на географските карти.Комисијата дала препорака сите топоними за кои нема традиција за поинакво именување кога го запишуваме на карта топонимот треба да биде запишан да биде најблиски до оригиналот како што тој се слуша така да биде запишан. Таа комисија која за жал ние ја немаме, а сме ја имале први во СФРЈ.На таа конференција во 1977 година со резолуција која се однесувала на тогашната српско-хрватската кирилица и на македонската кирилица е направено литерација односно секоја кирилична буква како се предаваaт на латиница.
Според неа, ова го искористил поранешниот премиер Алексис Ципрас да се фали дека го признале македонскиот јазик што воопшто не е точно.
Македонскиот јазик е признат од Обединетите нации уште додека Македонија беше дел од Југославија и тука нема дилеми.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески

https://www.youtube.com/watch?v=tZZZS7PwHuw

The post Улчар: Со откажувањето од малцинствата се откажуваме и од нашите дијалекти appeared first on Република.

]]>
Во францускиот предлог за преговорите со ЕУ нема Македонци во Албанија! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-francuskiot-predlog-za-pregovorite-so-eu-nema-makedonci-vo-albanija/ Sun, 03 Jul 2022 10:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=522997

Професор д-р Елка Јачева-Улчар, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје на својот профил на фејсбук објавува дека добила дел од францускиот предлог за преговорите со ЕУ според кој во Албанија нема Македонци, односно нема македонско малцинство, туку само бугарско.

И тоа не е сЕ, драги гледачи!
Само што го добив од мојот охридски фб-пријател Владо Жура: ,,Во делот за Албанија во рамковната позиција се наведува дека „очекуваме правата на бугарското национално малцинство да бидат максимално загарантирани, вклучително и изучувањето, без административни пречки, на литературниот бугарски јазик како мајчин јазик во регионите традиционално населени со нив, како што се Голо Брдо, Гора, Преспа, Корча, Кукес, Елбасан, но и на кое било друго место на територијата на Албанија каде моментално живеат“, пишува Јачева - Улчар на фејсбук.

The post Во францускиот предлог за преговорите со ЕУ нема Македонци во Албанија! appeared first on Република.

]]>

Професор д-р Елка Јачева-Улчар, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје на својот профил на фејсбук објавува дека добила дел од францускиот предлог за преговорите со ЕУ според кој во Албанија нема Македонци, односно нема македонско малцинство, туку само бугарско.
И тоа не е сЕ, драги гледачи! Само што го добив од мојот охридски фб-пријател Владо Жура: ,,Во делот за Албанија во рамковната позиција се наведува дека „очекуваме правата на бугарското национално малцинство да бидат максимално загарантирани, вклучително и изучувањето, без административни пречки, на литературниот бугарски јазик како мајчин јазик во регионите традиционално населени со нив, како што се Голо Брдо, Гора, Преспа, Корча, Кукес, Елбасан, но и на кое било друго место на територијата на Албанија каде моментално живеат“, пишува Јачева - Улчар на фејсбук.

The post Во францускиот предлог за преговорите со ЕУ нема Македонци во Албанија! appeared first on Република.

]]>