Елизабета втора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elizabeta-vtora/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Sep 2022 19:01:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Елизабета втора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elizabeta-vtora/ 32 32 Од трет пат може ќе го погодат: Владата пак го промени писмото за сочуство на кралицата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-tret-pat-moze-kje-go-pogodat-vladata-pak-go-promeni-pismoto-za-sochustvo-na-kralicata/ Mon, 12 Sep 2022 19:06:56 +0000 https://republika.mk/?p=550148

Владата направила нови промени на срамното, еднаш веќе повлечено и потоа променето сочувство за кралицата Елизабета Втора.

Во најновота трета по ред верзија соопштението е сменето името на новата британска премиерка.

За разлика од првите две верзии каде таа се именуваше како Лиз Трус сега владата и го погоди името согласно македонската граматика во чија транскрипција премиерката е Трас.

И во првата и во втората верзија на владиното сочувство имаше катастрофални и срамни дипломатски и протоколарна грешни изрази употребени од македонската влада.

Од владата не откриваат кој го пишувал соопштението.

The post Од трет пат може ќе го погодат: Владата пак го промени писмото за сочуство на кралицата appeared first on Република.

]]>

Владата направила нови промени на срамното, еднаш веќе повлечено и потоа променето сочувство за кралицата Елизабета Втора. Во најновота трета по ред верзија соопштението е сменето името на новата британска премиерка. За разлика од првите две верзии каде таа се именуваше како Лиз Трус сега владата и го погоди името согласно македонската граматика во чија транскрипција премиерката е Трас. И во првата и во втората верзија на владиното сочувство имаше катастрофални и срамни дипломатски и протоколарна грешни изрази употребени од македонската влада. Од владата не откриваат кој го пишувал соопштението.

The post Од трет пат може ќе го погодат: Владата пак го промени писмото за сочуство на кралицата appeared first on Република.

]]>
Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присустуваат на погребот на кралицата Елизабета https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-stevo-pendarovski-so-soprugata-kje-prisustuvaat-na-pogrebot-na-kralicata-elizabeta/ Mon, 12 Sep 2022 10:36:09 +0000 https://republika.mk/?p=549984

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска ќе присуствуваат на државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи на 19 септември 2022 година (понеделник) во Лондон, соопштија денеска од неговиот кабинет.

Според протоколот, Пендаровски со сопругата ќе бидат единствените македонски претставници на погребот на британската кралица.

Светските лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, се подготвуваат да отпатуваат во Обединетото Кралство на историскиот погреб во Вестминстерската опатија во понеделник на 19 септември.

Белата куќа потврди дека Бајден на погребот на кралицата Елизабета ќе присуствува со сопругата Џил, а своето присуство досега го потврдија и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и премиерката на Нов Зеланд Јасинда Ардерн.

Јапонскиот цар Нарухито, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, францускиот претседател Емануел Макрон исто така ќе присуствуваат на погребната церемонија додека Шпанија ќе ја претставува Кралот Фелипе VI.

 

The post Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присустуваат на погребот на кралицата Елизабета appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска ќе присуствуваат на државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи на 19 септември 2022 година (понеделник) во Лондон, соопштија денеска од неговиот кабинет. Според протоколот, Пендаровски со сопругата ќе бидат единствените македонски претставници на погребот на британската кралица. Светските лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, се подготвуваат да отпатуваат во Обединетото Кралство на историскиот погреб во Вестминстерската опатија во понеделник на 19 септември. Белата куќа потврди дека Бајден на погребот на кралицата Елизабета ќе присуствува со сопругата Џил, а своето присуство досега го потврдија и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и премиерката на Нов Зеланд Јасинда Ардерн. Јапонскиот цар Нарухито, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, францускиот претседател Емануел Макрон исто така ќе присуствуваат на погребната церемонија додека Шпанија ќе ја претставува Кралот Фелипе VI.  

The post Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присустуваат на погребот на кралицата Елизабета appeared first on Република.

]]>
Светски милијардери и одадоа почит на кралицата Елизабета Втора https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svetski-milijarderi-i-odadoa-pochit-na-kralicata-elizabeta-vtora/ Fri, 09 Sep 2022 07:40:00 +0000 https://republika.mk/?p=548944

Милијардерот сер Ричард Бренсон изјави дека кралицата го редефинирала лидерството – живеејќи „живот на служење, залагајќи се за најдоброто од британските вредности, обезбедувајќи благодат и доследност во светот кој постојано се менува“.

https://twitter.com/richardbranson/status/1567935785550102529?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1567935785550102529%7Ctwgr%5E9ea4e3a0d5ec9e693667d422f537cb6c7c2a9f88%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.foxbusiness.com%2Fbusiness-leaders%2Fqueen-elizabeth-dies-business-world-reacts

Извршниот директор на Епл, Тим Кук, порача дека нема „ништо поблагородно од тоа да го посветиш својот живот на служење на другите“.

https://twitter.com/tim_cook/status/1567943571583696902?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1567943571583696902%7Ctwgr%5E9ea4e3a0d5ec9e693667d422f537cb6c7c2a9f88%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.foxbusiness.com%2Fbusiness-leaders%2Fqueen-elizabeth-dies-business-world-reacts

Основачот на Амазон, Џеф Безос, изјави дека „не може да помисли на никој кој подобро ја персонифицира должноста“.

https://twitter.com/JeffBezos/status/1567943098029981696?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1567943098029981696%7Ctwgr%5E9ea4e3a0d5ec9e693667d422f537cb6c7c2a9f88%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.foxbusiness.com%2Fbusiness-leaders%2Fqueen-elizabeth-dies-business-world-reacts

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, изјави дека е почестен што ја запознал кралицата. Тој изрази тага поради нејзината смрт и упати сочувство до кралското семејство и британскиот народ.

https://twitter.com/BillGates/status/1567940415848071168?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1567940415848071168%7Ctwgr%5E9ea4e3a0d5ec9e693667d422f537cb6c7c2a9f88%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.foxbusiness.com%2Fbusiness-leaders%2Fqueen-elizabeth-dies-business-world-reacts

The post Светски милијардери и одадоа почит на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>

Милијардерот сер Ричард Бренсон изјави дека кралицата го редефинирала лидерството – живеејќи „живот на служење, залагајќи се за најдоброто од британските вредности, обезбедувајќи благодат и доследност во светот кој постојано се менува“. https://twitter.com/richardbranson/status/1567935785550102529?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1567935785550102529%7Ctwgr%5E9ea4e3a0d5ec9e693667d422f537cb6c7c2a9f88%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.foxbusiness.com%2Fbusiness-leaders%2Fqueen-elizabeth-dies-business-world-reacts Извршниот директор на Епл, Тим Кук, порача дека нема „ништо поблагородно од тоа да го посветиш својот живот на служење на другите“. https://twitter.com/tim_cook/status/1567943571583696902?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1567943571583696902%7Ctwgr%5E9ea4e3a0d5ec9e693667d422f537cb6c7c2a9f88%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.foxbusiness.com%2Fbusiness-leaders%2Fqueen-elizabeth-dies-business-world-reacts Основачот на Амазон, Џеф Безос, изјави дека „не може да помисли на никој кој подобро ја персонифицира должноста“. https://twitter.com/JeffBezos/status/1567943098029981696?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1567943098029981696%7Ctwgr%5E9ea4e3a0d5ec9e693667d422f537cb6c7c2a9f88%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.foxbusiness.com%2Fbusiness-leaders%2Fqueen-elizabeth-dies-business-world-reacts Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, изјави дека е почестен што ја запознал кралицата. Тој изрази тага поради нејзината смрт и упати сочувство до кралското семејство и британскиот народ. https://twitter.com/BillGates/status/1567940415848071168?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1567940415848071168%7Ctwgr%5E9ea4e3a0d5ec9e693667d422f537cb6c7c2a9f88%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.foxbusiness.com%2Fbusiness-leaders%2Fqueen-elizabeth-dies-business-world-reacts

The post Светски милијардери и одадоа почит на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>
Путин, Зеленски, Обама, папата Франциск, па и НАСА упатија сочувство по повод смртта на кралицата Елизабета Втора https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-zelenski-obama-papata-francisk-pa-i-nasa-upatija-sochuvstvo-po-povod-smrtta-na-kralicata-elizabeta-vtora/ Thu, 08 Sep 2022 20:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=548860

Папата Франциск порача дека е длабоко погоден поради смртта на кралицата Елизабета Втора. Тој и оддаде почит на нејзината „неуморна служба за доброто на Британија и Комонвелтот“.

Кралицата се сретна со папата Франциск во Ватикан во април 2014 година и му даде корпа со храна полна со локални деликатеси и шише виски Балморал. За време на нејзиното долго владеење, кралицата се сретна со пет папи.

Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел и оддадоа искрена почит на кралицата, опишувајќи ја како „светилник на надеж и стабилност“. Имавме среќа што ја запознавме и таа ни значеше многу“, велат тие. „Кога самошто ги започнувавме нашите должности како претседател и прва дама, таа не пречека на светската сцена со раширени раце и беше исклучително дарежлива“, велат тие. „Постојано бевме воодушевени од нејзината топлина, начинот на кој ги смируваше луѓето и како го внесуваше својот посебен хумор и шарм во моментите на голема помпа.“, истакнаа Барак и Мишел Обама.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се заблагодари на „необичниот живот на покојната кралица“. „За време на нејзиното извонредно 70-годишно владеење, таа ја водеше Британија низ трансформации со непрекината благодат, достоинство и искрена грижа за благосостојбата на целиот нејзин народ“, истакна Клинтон.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изрази сочувство за смртта на британската кралица Елизабета Втора, велејќи дека монархот оставил наследство на мир и просперитет за Обединетото Кралство. Според него, Елизабета Втора со своите напори „ги зајакнала сојузничките врски со САД и со другите земји во светот“.

Воедно, Трамп го пофали новиот крал Чарлс Трети. „Кралот Чарлс Трети, кого добро го запознав, ќе биде голем и прекрасен крал“, напиша тој на социјалните мрежи. „Тој има голема љубов кон Обединетото Кралство и сето она што го претставува за светот. Тој ќе се покаже како инспирација за сите. „Кралицата Елизабета беше, и ќе биде многу горда на кралот Чарлс Трети“.

По повод смртта. се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Со длабока тага ја примивме вестта за смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Во име на народот, изразуваме искрено сочувство до кралското семејство, целото Обединето Кралство и Комонвелтот за оваа ненадоместлива загуба. Нашите мисли и молитви се со вас“, истакна Зеленски.

Рускиот претседател Владимир Путин, во пораката со сочувство во врска со смртта на кралицата Елизабета Втора, го истакна нејзиниот авторитет на меѓународната сцена, како и љубовта и почитта на нејзините поданици. „Најважните настани во поновата историја на Обединетото Кралство се нераскинливо поврзани со името на Нејзиното Височество. Многу децении, Елизабета Втора со право уживаше во љубовта и почитта на своите поданици, како и авторитет на светската сцена“, рече рускиот лидер во пораката до кралот Чарлс Трети.

„Елизабета Втора беше историска личност, нејзината смрт означува крај на една ера“. изјави израелскиот претседател Јицак Херцог, изразувајќи сочувство до британскиот народ за смртта на монархот.

„Владеењето на кралицата Елизабета Втора ги опфати вселенските летови пред Спутник и Експлорер 1. Додека му се придружуваме на светот во одбележувањето на нејзиното заминување, трогнати сме од љубопитноста што Нејзиното кралско височество им ја покажуваше на нашите истражувачи низ годините“, објави на Твитер НАСА.

The post Путин, Зеленски, Обама, папата Франциск, па и НАСА упатија сочувство по повод смртта на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>

Папата Франциск порача дека е длабоко погоден поради смртта на кралицата Елизабета Втора. Тој и оддаде почит на нејзината „неуморна служба за доброто на Британија и Комонвелтот“. Кралицата се сретна со папата Франциск во Ватикан во април 2014 година и му даде корпа со храна полна со локални деликатеси и шише виски Балморал. За време на нејзиното долго владеење, кралицата се сретна со пет папи. Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел и оддадоа искрена почит на кралицата, опишувајќи ја како „светилник на надеж и стабилност“. Имавме среќа што ја запознавме и таа ни значеше многу“, велат тие. „Кога самошто ги започнувавме нашите должности како претседател и прва дама, таа не пречека на светската сцена со раширени раце и беше исклучително дарежлива“, велат тие. „Постојано бевме воодушевени од нејзината топлина, начинот на кој ги смируваше луѓето и како го внесуваше својот посебен хумор и шарм во моментите на голема помпа.“, истакнаа Барак и Мишел Обама. Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се заблагодари на „необичниот живот на покојната кралица“. „За време на нејзиното извонредно 70-годишно владеење, таа ја водеше Британија низ трансформации со непрекината благодат, достоинство и искрена грижа за благосостојбата на целиот нејзин народ“, истакна Клинтон. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изрази сочувство за смртта на британската кралица Елизабета Втора, велејќи дека монархот оставил наследство на мир и просперитет за Обединетото Кралство. Според него, Елизабета Втора со своите напори „ги зајакнала сојузничките врски со САД и со другите земји во светот“. Воедно, Трамп го пофали новиот крал Чарлс Трети. „Кралот Чарлс Трети, кого добро го запознав, ќе биде голем и прекрасен крал“, напиша тој на социјалните мрежи. „Тој има голема љубов кон Обединетото Кралство и сето она што го претставува за светот. Тој ќе се покаже како инспирација за сите. „Кралицата Елизабета беше, и ќе биде многу горда на кралот Чарлс Трети“. По повод смртта. се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Со длабока тага ја примивме вестта за смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Во име на народот, изразуваме искрено сочувство до кралското семејство, целото Обединето Кралство и Комонвелтот за оваа ненадоместлива загуба. Нашите мисли и молитви се со вас“, истакна Зеленски. Рускиот претседател Владимир Путин, во пораката со сочувство во врска со смртта на кралицата Елизабета Втора, го истакна нејзиниот авторитет на меѓународната сцена, како и љубовта и почитта на нејзините поданици. „Најважните настани во поновата историја на Обединетото Кралство се нераскинливо поврзани со името на Нејзиното Височество. Многу децении, Елизабета Втора со право уживаше во љубовта и почитта на своите поданици, како и авторитет на светската сцена“, рече рускиот лидер во пораката до кралот Чарлс Трети. „Елизабета Втора беше историска личност, нејзината смрт означува крај на една ера“. изјави израелскиот претседател Јицак Херцог, изразувајќи сочувство до британскиот народ за смртта на монархот. „Владеењето на кралицата Елизабета Втора ги опфати вселенските летови пред Спутник и Експлорер 1. Додека му се придружуваме на светот во одбележувањето на нејзиното заминување, трогнати сме од љубопитноста што Нејзиното кралско височество им ја покажуваше на нашите истражувачи низ годините“, објави на Твитер НАСА.

The post Путин, Зеленски, Обама, папата Франциск, па и НАСА упатија сочувство по повод смртта на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>
Операцијата „Лондон Бриџ“ ќе трае 10 дена: Ова е Протоколот што стапува на сила по смртта на британската кралица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/operacijata-london-bridz-kje-trae-10-dena-ova-e-protokolot-shto-stapuva-na-sila-po-smrtta-na-britanskata-kralica/ Thu, 08 Sep 2022 16:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=548760

Bританските власти имаат план за сè што ќе следи во наредните денови по смртта на кралицата Елизабета втора, од тоа како ќе се соопштува веста до самиот погреб. Постапката која дава насоки за тоа што ќе се прави е наречена „Операција Лондон Бриџ“ (Лондонски мост).

„Политико“ ги објавува деталите од документот за настаните по смртта на британскиот монарх.

Ден Д

Во часовите по смртта на кралицата, за сè ќе бидат информирани премиерот, секретарот на кабинетот (највисокиот британски државен службеник) и голем број високи министри и функционери. Премиерот ќе биде известен од приватниот секретар на кралицата, кој исто така ќе ја извести Канцеларијата на тајниот совет, која ја координира работата на владата во име на монархот.

Интерно, тој ден ќе се нарекува „Ден Д“. Секој следен ден ќе се вика Д+1, Д+2 и така натаму.

Кралската палата ќе објави „официјално соопштение“ за да ја информира јавноста.

Министрите и високите функционери ќе добијат е-пошта од секретарот на кабинетот, чиј нацрт гласи: „Почитувани колеги, со тага пишувам да ве информирам за смртта на Нејзиното Височество Кралицата“. По приемот на е-поштата, знамињата низ Вајтхол ќе бидат спуштени на половина копје. Целта е да се изведе сето тоа во рок од 10 минути.

Во вежбата спроведена пред неколку години, Даунинг стрит изрази загриженост дека тоа ќе биде невозможно, бидејќи нема вработен офицер за знаме и не беа сигурни дека секогаш ќе има некој присутен да го спушти знамето. Седниците на британскиот парламент и на децентрализираните законодавни тела во Шкотска, Велс и Северна Ирска ќе бидат прекинати.

Веб-страницата на кралското семејство ќе добие црна страница со кратка изјава со која ќе се потврди нејзината смрт. Сите страници на социјалните медиуми на владиниот оддел ќе прикажуваат црн банер и ќе ги променат нивните профилни слики на нивните одделенски грбови. Содржините кои не се итни нема да бидат објавени. Кралското семејство ќе ги објави плановите за погребот на кралицата, кој ќе се одржи 10 дена по нејзината смрт.

Премиерот ќе биде првиот член на владата што ќе даде изјава. Сите останати членови на владата не смеат да коментираат ништо додека не се огласи премиерот. Министерството за одбрана ќе организира салутирање со оружје на сите поздравни страници. Ќе биде прогласена национална минута молчење.

Премиерот потоа ќе има аудиенција кај новиот крал, а во 18 часот кралот Чарлс ќе и се обрати на нацијата.

Во исто време, богослужба ќе се одржи во катедралата Свети Павле во срцето на Лондон. Ќе присуствуваат премиерот и мал број министри. Се планира службата да изгледа спонтана.

Ден Д+1

Во 10 часот, ден по смртта на кралицата, Советот за пристапување – кој вклучува високи владини фигури – се состанува во палатата Сент Џејмс за да го прогласи Чарлс за нов суверен. Ќе бидат замолени да присуствуваат стотици тајни советници, вклучително и премиерот и министрите. Никој не смее да носи никакви украси.

Прогласот потоа ќе биде прочитан во палатата Сент Џејмс и Кралската размена во Лондон, потврдувајќи го Чарлс како крал. Парламентот ќе се состане за да договори порака со сочувство. Сите останати работи на Собранието ќе бидат во прекин 10 дена. Пратениците ќе и оддадат почит на кралицата во Долниот дом.

Во 15:30 часот премиерот и кабинетот ќе имаат аудиенција кај новиот крал. На министрите ќе им се каже да не ги носат сопружниците.

Ден Д+2

Ковчегот на кралицата ќе биде донесен во Бакингемската палата. Ако кралицата умре во Сандрингам, резиденција во Норфолк, источна Англија, телото ќе биде однесено со кралски воз до станицата Сент Панкрас во Лондон, каде што нејзиниот ковчег ќе го пречекаат премиерот и министрите од кабинетот.

Доколку почине во Балморал, Шкотска, ќе се активира операцијата Еднорог, што значи дека нејзиното тело ќе биде пренесено во Лондон со кралски воз што е можно поскоро. Во спротивно, ќе биде иницирана друга операција што укажува дека ковчегот ќе биде пренесен со хеликоптер. Премиерот и министрите ќе присуствуваат на приемот за пречек на ковчегот со телото на кралицата.

Прогласите ќе се читаат во децентрализираните администрации. Оддавањето почит најверојатно ќе продолжи во Собранието.

Ден Д+3

Во утринските часови кралот Чарлс ќе прима сочувство во Вестминстерската сала. Попладне ќе тргне на турнеја низ Обединетото Кралство, која ќе започне со посета на шкотскиот парламент и богослужба во катедралата Сент Џајлс во Единбург.

Ден Д+4

Чарлс ќе отпатува за Северна Ирска, каде што ќе прима сочувство во замокот Хилсборо и ќе присуствува на богослужбата во катедралата Света Ана во Белфаст. Ќе се одржи проба за операцијата Лав, поворката на ковчегот од Бакингемската палата до Вестминстерската палата.

Ден Д+5

Поворката од Бакингемската палата до Вестминстерската палата ќе тргне по свечена рута низ Лондон. По пристигнувањето на ковчегот ќе се одржи служба во Вестминстерската сала.

Ден Д+6 до ден Д+9

Телото на кралицата ќе лежи во Вестминстерската палата три дена, во операција со кодно име „Перо“. Нејзиниот ковчег ќе биде изложен на подигната кутија позната како катафалк во средината на Вестминстерската сала, која ќе биде отворена за јавноста 23 часа на ден. Влезници ќе се издаваат за ВИП личности за да можат да имаат свои термини.

На ден Д+6 ќе се одржи проба за државната погребна поворка. Ден Д+7 е денот кога кралот Чарлс ќе отпатува во Велс за да прими сочуства и таму во велшкиот парламент и да присуствува на службата во катедралата Ландаф во Кардиф.

Во овој период владините ресори ќе бидат зафатени со големи подготовки за погребот. Документите покажуваат дека иако владата има капацитет успешно да ги спроведе сите активности околу погребот, постојат стравувања дека тоа би можело да биде предизвик. Министерството за надворешни работи има задача да го организира доаѓањето на шефови на држави и ВИП личности од странство. Сега, поради пост-ендемијата, постои дополнителна загриженост за тоа како да се организира и управува со влезот на толку многу луѓе во земјата.

Министерството за внатрешни работи е одговорно за безбедносните аранжмани, а владиниот Секретаријат за национална безбедност и разузнавање ќе биде на готовност за каква било зголемена закана од тероризам.

Одделот за транспорт изрази загриженост дека бројот на луѓе кои би можеле да дојдат во Лондон може да предизвика големи проблеми за транспортната мрежа.

Премиерот и кралицата се договорија денот на државниот погреб да биде „Ден на национална жалост“.

Ден Д+10

Самиот погреб ќе се одржи во Вестминстерската опатија. Напладне ќе се одржи двоминутно молчење во целата земја. Церемонии ќе се одржат во Лондон и Виндзор. Богослужбата ќе се одржи во Виндзор во капелата Свети Џорџ, а кралицата ќе биде погребана во меморијалната капела на кралот Џорџ Шести.

The post Операцијата „Лондон Бриџ“ ќе трае 10 дена: Ова е Протоколот што стапува на сила по смртта на британската кралица appeared first on Република.

]]>

Bританските власти имаат план за сè што ќе следи во наредните денови по смртта на кралицата Елизабета втора, од тоа како ќе се соопштува веста до самиот погреб. Постапката која дава насоки за тоа што ќе се прави е наречена „Операција Лондон Бриџ“ (Лондонски мост). „Политико“ ги објавува деталите од документот за настаните по смртта на британскиот монарх. Ден Д Во часовите по смртта на кралицата, за сè ќе бидат информирани премиерот, секретарот на кабинетот (највисокиот британски државен службеник) и голем број високи министри и функционери. Премиерот ќе биде известен од приватниот секретар на кралицата, кој исто така ќе ја извести Канцеларијата на тајниот совет, која ја координира работата на владата во име на монархот. Интерно, тој ден ќе се нарекува „Ден Д“. Секој следен ден ќе се вика Д+1, Д+2 и така натаму. Кралската палата ќе објави „официјално соопштение“ за да ја информира јавноста. Министрите и високите функционери ќе добијат е-пошта од секретарот на кабинетот, чиј нацрт гласи: „Почитувани колеги, со тага пишувам да ве информирам за смртта на Нејзиното Височество Кралицата“. По приемот на е-поштата, знамињата низ Вајтхол ќе бидат спуштени на половина копје. Целта е да се изведе сето тоа во рок од 10 минути. Во вежбата спроведена пред неколку години, Даунинг стрит изрази загриженост дека тоа ќе биде невозможно, бидејќи нема вработен офицер за знаме и не беа сигурни дека секогаш ќе има некој присутен да го спушти знамето. Седниците на британскиот парламент и на децентрализираните законодавни тела во Шкотска, Велс и Северна Ирска ќе бидат прекинати. Веб-страницата на кралското семејство ќе добие црна страница со кратка изјава со која ќе се потврди нејзината смрт. Сите страници на социјалните медиуми на владиниот оддел ќе прикажуваат црн банер и ќе ги променат нивните профилни слики на нивните одделенски грбови. Содржините кои не се итни нема да бидат објавени. Кралското семејство ќе ги објави плановите за погребот на кралицата, кој ќе се одржи 10 дена по нејзината смрт. Премиерот ќе биде првиот член на владата што ќе даде изјава. Сите останати членови на владата не смеат да коментираат ништо додека не се огласи премиерот. Министерството за одбрана ќе организира салутирање со оружје на сите поздравни страници. Ќе биде прогласена национална минута молчење. Премиерот потоа ќе има аудиенција кај новиот крал, а во 18 часот кралот Чарлс ќе и се обрати на нацијата. Во исто време, богослужба ќе се одржи во катедралата Свети Павле во срцето на Лондон. Ќе присуствуваат премиерот и мал број министри. Се планира службата да изгледа спонтана. Ден Д+1 Во 10 часот, ден по смртта на кралицата, Советот за пристапување – кој вклучува високи владини фигури – се состанува во палатата Сент Џејмс за да го прогласи Чарлс за нов суверен. Ќе бидат замолени да присуствуваат стотици тајни советници, вклучително и премиерот и министрите. Никој не смее да носи никакви украси. Прогласот потоа ќе биде прочитан во палатата Сент Џејмс и Кралската размена во Лондон, потврдувајќи го Чарлс како крал. Парламентот ќе се состане за да договори порака со сочувство. Сите останати работи на Собранието ќе бидат во прекин 10 дена. Пратениците ќе и оддадат почит на кралицата во Долниот дом. Во 15:30 часот премиерот и кабинетот ќе имаат аудиенција кај новиот крал. На министрите ќе им се каже да не ги носат сопружниците. Ден Д+2 Ковчегот на кралицата ќе биде донесен во Бакингемската палата. Ако кралицата умре во Сандрингам, резиденција во Норфолк, источна Англија, телото ќе биде однесено со кралски воз до станицата Сент Панкрас во Лондон, каде што нејзиниот ковчег ќе го пречекаат премиерот и министрите од кабинетот. Доколку почине во Балморал, Шкотска, ќе се активира операцијата Еднорог, што значи дека нејзиното тело ќе биде пренесено во Лондон со кралски воз што е можно поскоро. Во спротивно, ќе биде иницирана друга операција што укажува дека ковчегот ќе биде пренесен со хеликоптер. Премиерот и министрите ќе присуствуваат на приемот за пречек на ковчегот со телото на кралицата. Прогласите ќе се читаат во децентрализираните администрации. Оддавањето почит најверојатно ќе продолжи во Собранието. Ден Д+3 Во утринските часови кралот Чарлс ќе прима сочувство во Вестминстерската сала. Попладне ќе тргне на турнеја низ Обединетото Кралство, која ќе започне со посета на шкотскиот парламент и богослужба во катедралата Сент Џајлс во Единбург. Ден Д+4 Чарлс ќе отпатува за Северна Ирска, каде што ќе прима сочувство во замокот Хилсборо и ќе присуствува на богослужбата во катедралата Света Ана во Белфаст. Ќе се одржи проба за операцијата Лав, поворката на ковчегот од Бакингемската палата до Вестминстерската палата. Ден Д+5 Поворката од Бакингемската палата до Вестминстерската палата ќе тргне по свечена рута низ Лондон. По пристигнувањето на ковчегот ќе се одржи служба во Вестминстерската сала. Ден Д+6 до ден Д+9 Телото на кралицата ќе лежи во Вестминстерската палата три дена, во операција со кодно име „Перо“. Нејзиниот ковчег ќе биде изложен на подигната кутија позната како катафалк во средината на Вестминстерската сала, која ќе биде отворена за јавноста 23 часа на ден. Влезници ќе се издаваат за ВИП личности за да можат да имаат свои термини. На ден Д+6 ќе се одржи проба за државната погребна поворка. Ден Д+7 е денот кога кралот Чарлс ќе отпатува во Велс за да прими сочуства и таму во велшкиот парламент и да присуствува на службата во катедралата Ландаф во Кардиф. Во овој период владините ресори ќе бидат зафатени со големи подготовки за погребот. Документите покажуваат дека иако владата има капацитет успешно да ги спроведе сите активности околу погребот, постојат стравувања дека тоа би можело да биде предизвик. Министерството за надворешни работи има задача да го организира доаѓањето на шефови на држави и ВИП личности од странство. Сега, поради пост-ендемијата, постои дополнителна загриженост за тоа како да се организира и управува со влезот на толку многу луѓе во земјата. Министерството за внатрешни работи е одговорно за безбедносните аранжмани, а владиниот Секретаријат за национална безбедност и разузнавање ќе биде на готовност за каква било зголемена закана од тероризам. Одделот за транспорт изрази загриженост дека бројот на луѓе кои би можеле да дојдат во Лондон може да предизвика големи проблеми за транспортната мрежа. Премиерот и кралицата се договорија денот на државниот погреб да биде „Ден на национална жалост“. Ден Д+10 Самиот погреб ќе се одржи во Вестминстерската опатија. Напладне ќе се одржи двоминутно молчење во целата земја. Церемонии ќе се одржат во Лондон и Виндзор. Богослужбата ќе се одржи во Виндзор во капелата Свети Џорџ, а кралицата ќе биде погребана во меморијалната капела на кралот Џорџ Шести.

The post Операцијата „Лондон Бриџ“ ќе трае 10 дена: Ова е Протоколот што стапува на сила по смртта на британската кралица appeared first on Република.

]]>
Почина кралицата Елизабета втора https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-kralicata-elizabeta-vtora/ Thu, 08 Sep 2022 15:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=548741

Почина британската кралица Елизабета втора.

Веста прв ја објави Би-би-си, пренесувајќи изјава на Бакингемската палата.

https://republika.mk/vesti/svet/site-chetiri-deca-se-so-kralicata-se-ochekuva-pristignuvanjeto-na-hari-i-megan/

Нешто подоцна, веста официјално ја потврдија и од Бакингемската палата.

The post Почина кралицата Елизабета втора appeared first on Република.

]]>

Почина британската кралица Елизабета втора. Веста прв ја објави Би-би-си, пренесувајќи изјава на Бакингемската палата. https://republika.mk/vesti/svet/site-chetiri-deca-se-so-kralicata-se-ochekuva-pristignuvanjeto-na-hari-i-megan/ Нешто подоцна, веста официјално ја потврдија и од Бакингемската палата.

The post Почина кралицата Елизабета втора appeared first on Република.

]]>