елизабета Шелева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elizabeta-sheleva/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Aug 2023 19:49:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png елизабета Шелева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elizabeta-sheleva/ 32 32 Шелева: Да беше роден во моќна западноевропска земја, Ацо Шопов ќе беше тамошна школска лектира https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sheleva-da-beshe-roden-vo-mokna-zapadnoevropska-zemja-atso-shopov-ke-beshe-tamoshna-shkolska-lektira/ Sat, 26 Aug 2023 19:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=676197

Одбележување на сто години од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов се одржа во црквата „Св. Софија“ во Охрид во рамки на 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“.

Пред бројните странски и домашни гости свое обраќање имаше литературната критичарка и теоретичарка Елизабета Шелева, која потенцираше дека Шопов е поет од светски ранг.

Моето обраќање денеска, по повод 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, кој беше прв претседател на Советот на СВП, по измината временска дистанца од 62 години, го доживувам не само како особена чест и привилегија, туку и како симболично совпаѓање на неколку детали и околности, занимливи од книжевно-историски аспект. Имено, тие потврдуваат дека времето како невидлив уметник го ниже својот величествен мозаик од „камчињата“ историја што само на прв поглед изгледаат како случаен сплет на луѓе и настани, изјави Шелева.

Таа посочи дека неодамна починатиот книжевен великан, Милан Кундера, во една прилика изјавил „Малите народи даваат големи поети“.

Оваа констатација на Кундера, покрај другите, го опфаќа и е применлива и на самиот Ацо Шопов. Тој беше и остана голем поет кому „забот на времето“ не успеа да му украде, ниту да му одземе ни трошка од поетската магија и убавина. Да беше роден во некоја од моќните западно-европски книжевни култури и традиции, Ацо Шопов несомнено ќе беше вграден како незаобиколен автор во тамошната школска лектира и како неизоставен дел (припадник) на националниот книжевен канон, истакна Шелева.

Таа потенцираше дека Шопов зад себе ни остави богато и респектабилно книжевно наследство, сплет од безвременски песни и мотиви чии елементи и крилатици ги освоија срцата и паметењето на неговите читатели.

Шопов наликува на модерен Болен Дојчин чијшто последен, како и прв подвиг, е содржан во непобедливиот импресум на сетилноста и убавината, на песната и доживотната преданост кон неа. „Недочитливоста“ на оваа поезија е триумф и победа пред минливоста – моќен поттик одново да се думаме и во иднина маѓепсано да пребираме низ луцидните поетски бисери и езерски гатанки на Шопов, додаде Шелева.

Пред бројните гости беше прочитана и дел од поезијата на Шопов.

Во чест на Ацо Шопов, во рамките на фестивалот беше отворена и изложба на фотографии.

The post Шелева: Да беше роден во моќна западноевропска земја, Ацо Шопов ќе беше тамошна школска лектира appeared first on Република.

]]>

Одбележување на сто години од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов се одржа во црквата „Св. Софија“ во Охрид во рамки на 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“. Пред бројните странски и домашни гости свое обраќање имаше литературната критичарка и теоретичарка Елизабета Шелева, која потенцираше дека Шопов е поет од светски ранг.
Моето обраќање денеска, по повод 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, кој беше прв претседател на Советот на СВП, по измината временска дистанца од 62 години, го доживувам не само како особена чест и привилегија, туку и како симболично совпаѓање на неколку детали и околности, занимливи од книжевно-историски аспект. Имено, тие потврдуваат дека времето како невидлив уметник го ниже својот величествен мозаик од „камчињата“ историја што само на прв поглед изгледаат како случаен сплет на луѓе и настани, изјави Шелева.
Таа посочи дека неодамна починатиот книжевен великан, Милан Кундера, во една прилика изјавил „Малите народи даваат големи поети“.
Оваа констатација на Кундера, покрај другите, го опфаќа и е применлива и на самиот Ацо Шопов. Тој беше и остана голем поет кому „забот на времето“ не успеа да му украде, ниту да му одземе ни трошка од поетската магија и убавина. Да беше роден во некоја од моќните западно-европски книжевни култури и традиции, Ацо Шопов несомнено ќе беше вграден како незаобиколен автор во тамошната школска лектира и како неизоставен дел (припадник) на националниот книжевен канон, истакна Шелева.
Таа потенцираше дека Шопов зад себе ни остави богато и респектабилно книжевно наследство, сплет од безвременски песни и мотиви чии елементи и крилатици ги освоија срцата и паметењето на неговите читатели.
Шопов наликува на модерен Болен Дојчин чијшто последен, како и прв подвиг, е содржан во непобедливиот импресум на сетилноста и убавината, на песната и доживотната преданост кон неа. „Недочитливоста“ на оваа поезија е триумф и победа пред минливоста – моќен поттик одново да се думаме и во иднина маѓепсано да пребираме низ луцидните поетски бисери и езерски гатанки на Шопов, додаде Шелева.
Пред бројните гости беше прочитана и дел од поезијата на Шопов. Во чест на Ацо Шопов, во рамките на фестивалот беше отворена и изложба на фотографии.

The post Шелева: Да беше роден во моќна западноевропска земја, Ацо Шопов ќе беше тамошна школска лектира appeared first on Република.

]]>
Елизабета Шелева: Поезијата на Амир Ор создава чувство на подготвеност, да се оди до крај со нештата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/elizabeta-sheleva-poezijata-na-amir-or-sozdava-chuvstvo-na-podgotvenost-da-se-odi-do-kraj-so-neshtata/ Fri, 26 Aug 2022 12:26:09 +0000 https://republika.mk/?p=544462

Поезијата на Амир Ор (во препев на Зоран Анчевски и Богомил Ѓузел) првично беше претставена на македонски јазик, точно пред 20 години, во поетскиот избор „Давејќи се, дишам жива вода“, објавен во рамките на „Струшките вечери на поезијата“, како дел од угледната едиција „Плејади“. Освен тоа, Амир Ор се јавува и како автор на првата, и кај нас досега единствена, антологија „Нова израелска поезија“, преведена и објавена на македонски јазик, во издание на „Магор“, во 2001 година. Извесен број од неговите песни се преведувани и достапни во електронското списание „Блесок“, како и во списанието „Наше писмо“, истакна Елизабета Шелева, претседателка на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, на Портретот посветен на лауреатот Амир Ор, кој беше презентиран денес во предворјето на црквата „Света Богородица“ во Калишта, во рамки на фестивалот.

Амир Ор годинава е специјален гостин на „Струшките вечери на поезијата“, а „Златниот венец“ го доби во 2020 година, меѓутоа поради пандемијата таа година не присуствуваше на свеченоста.

Во оваа свечена и радосна прилика, ни преостанува уште благородната можност, искрено да ѝ се препуштиме на оваа поезија, пиејќи од раскошниот авторски извор на Амир Ор, поетот, чие презиме (како што, во меѓувреме, осознаваме) на хебрејски јазик, ја означува, ни помалку ни повеќе, туку самата светлина! Светлина, богато натопена со благородните одеци на различните и древни култури, кои чинат совршен амалгам со неговата вибрантна сензуалност, исклучителна сензибилност, изострена луцидност и духовна запрашаност, но и подготвеноста, да се оди до крај со нештата, низ впечатливата лирска реторика и животворната речитост на обраќањето, што ја потврдува универзалната вредност на оваа поезија и нејзините далекусежни пораки, упатени кон човекот на иднината - истакна Шелева.

Амир Ор пред бројните гости прочита неколку свои песни и се заблагодари повторно за укажаната чест да биде добитник на „Златниот венец на поезијата“.

Поетите се носители на новото. Затоа, поезијата за мене е секогаш копнеж и потрага и затоа секогаш ја пишувам песната што не ја знам, а не песната што веќе ја знам. Според мене, вистинската поезија секогаш е неочекувана. Во оваа смисла, дури и најнеполитичкиот поет сепак е револуционер, бидејќи е создавач на некоја нова визија за животот. И имајте предвид, песната ѝ дава важност на реалноста што ја живееме, не со тоа што ја диктираме, туку со тоа што ја повторуваме во нашите сопствени животи и повикуваме да бидеме вистински со-создавачи на нашата реалност - рече лауреатот на вчерашната прес-конференција.

На Калишта се одржа и интернационално поетско читање, на кое настапија македонски поети, но и автори од странство.

На летната сцена во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ денес ќе се презентираат портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ за 2022 година – италијанскиот поет Џерардо Мазучи и Зоран Анчевски.

На програмата се и традиционалните поетски читања „Кругови“, како и „поетско кафе“ со поети од платформата Версополис.

Во рамките на програмата се и вечер на национална поезија посветена на хрватска женска поезија, како и претставување на книгата Антологија на поезија и музика.

Меѓународната поетска манифестација беше отворена синоќа, со палење на фестивалскиот оган на терасата во хотел „Дрим“ и поетското читање „Меридијани“.

Годинешниот лауреат Шунатро Таникава поради поодмината возраст (91 година) не присуствува физички, а „Златниот венец“ во негово име ќе го прими неговиот син Кенсаку. На „Струшките вечери на поезијата“ присуствуваат над 20 поети од странство и 30-ина од државата, а годинашното издание се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“.

Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде в недела, на 28 август на Мостот на поезијата, со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“,„Браќа Миладиновци“ и наградата „Мостови на Струга“ која Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга.

The post Елизабета Шелева: Поезијата на Амир Ор создава чувство на подготвеност, да се оди до крај со нештата appeared first on Република.

]]>

Поезијата на Амир Ор (во препев на Зоран Анчевски и Богомил Ѓузел) првично беше претставена на македонски јазик, точно пред 20 години, во поетскиот избор „Давејќи се, дишам жива вода“, објавен во рамките на „Струшките вечери на поезијата“, како дел од угледната едиција „Плејади“. Освен тоа, Амир Ор се јавува и како автор на првата, и кај нас досега единствена, антологија „Нова израелска поезија“, преведена и објавена на македонски јазик, во издание на „Магор“, во 2001 година. Извесен број од неговите песни се преведувани и достапни во електронското списание „Блесок“, како и во списанието „Наше писмо“, истакна Елизабета Шелева, претседателка на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, на Портретот посветен на лауреатот Амир Ор, кој беше презентиран денес во предворјето на црквата „Света Богородица“ во Калишта, во рамки на фестивалот. Амир Ор годинава е специјален гостин на „Струшките вечери на поезијата“, а „Златниот венец“ го доби во 2020 година, меѓутоа поради пандемијата таа година не присуствуваше на свеченоста.
Во оваа свечена и радосна прилика, ни преостанува уште благородната можност, искрено да ѝ се препуштиме на оваа поезија, пиејќи од раскошниот авторски извор на Амир Ор, поетот, чие презиме (како што, во меѓувреме, осознаваме) на хебрејски јазик, ја означува, ни помалку ни повеќе, туку самата светлина! Светлина, богато натопена со благородните одеци на различните и древни култури, кои чинат совршен амалгам со неговата вибрантна сензуалност, исклучителна сензибилност, изострена луцидност и духовна запрашаност, но и подготвеноста, да се оди до крај со нештата, низ впечатливата лирска реторика и животворната речитост на обраќањето, што ја потврдува универзалната вредност на оваа поезија и нејзините далекусежни пораки, упатени кон човекот на иднината - истакна Шелева.
Амир Ор пред бројните гости прочита неколку свои песни и се заблагодари повторно за укажаната чест да биде добитник на „Златниот венец на поезијата“.
Поетите се носители на новото. Затоа, поезијата за мене е секогаш копнеж и потрага и затоа секогаш ја пишувам песната што не ја знам, а не песната што веќе ја знам. Според мене, вистинската поезија секогаш е неочекувана. Во оваа смисла, дури и најнеполитичкиот поет сепак е револуционер, бидејќи е создавач на некоја нова визија за животот. И имајте предвид, песната ѝ дава важност на реалноста што ја живееме, не со тоа што ја диктираме, туку со тоа што ја повторуваме во нашите сопствени животи и повикуваме да бидеме вистински со-создавачи на нашата реалност - рече лауреатот на вчерашната прес-конференција.
На Калишта се одржа и интернационално поетско читање, на кое настапија македонски поети, но и автори од странство. На летната сцена во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ денес ќе се презентираат портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ за 2022 година – италијанскиот поет Џерардо Мазучи и Зоран Анчевски. На програмата се и традиционалните поетски читања „Кругови“, како и „поетско кафе“ со поети од платформата Версополис. Во рамките на програмата се и вечер на национална поезија посветена на хрватска женска поезија, како и претставување на книгата Антологија на поезија и музика. Меѓународната поетска манифестација беше отворена синоќа, со палење на фестивалскиот оган на терасата во хотел „Дрим“ и поетското читање „Меридијани“. Годинешниот лауреат Шунатро Таникава поради поодмината возраст (91 година) не присуствува физички, а „Златниот венец“ во негово име ќе го прими неговиот син Кенсаку. На „Струшките вечери на поезијата“ присуствуваат над 20 поети од странство и 30-ина од државата, а годинашното издание се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“. Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде в недела, на 28 август на Мостот на поезијата, со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“,„Браќа Миладиновци“ и наградата „Мостови на Струга“ која Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга.

The post Елизабета Шелева: Поезијата на Амир Ор создава чувство на подготвеност, да се оди до крај со нештата appeared first on Република.

]]>