Елизабета Ѓоргиевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elizabeta-gorgievska/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Apr 2024 10:50:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Елизабета Ѓоргиевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elizabeta-gorgievska/ 32 32 Осудувам секаков говор на омраза, навреди и клевети – напиша сопругата на Пендаровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osuduvam-sekakov-govor-na-omraza-navredi-i-kleveti-napisha-soprugata-na-pendarovski/ Mon, 15 Apr 2024 10:50:45 +0000 https://republika.mk/?p=766265

По серијата осуди и обвинувањата во врска со коментарот што граѓанин присутен на синоќешниот митинг на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Куманово ги упати кон неговата противкандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, утрово со коментар на социјалните мрежи се огласи и сопругата на актуелниот претседател и кандидат за втор мандат на функцијата, Елизабета Ѓоргиевска.

Претходно наводите на лицето присутно на митингот, за кои од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека е активист на СДСМ, партијата која застана зад кандидатурата на Пендаровски, го осудија повеќемина актуелни и кандидати за идниот состав на парламентот на ВМРО-ДПМНЕ оценувајќи ги како сексистички навреди упатени кон Силјановска-Давкова.

Осуда за ваквиот наратив стигна и од тимот за комуникации од изборниот штаб на Пендаровски, од каде што велат дека коментарот на присутниот на нивниот митинг во Куманово бил недоличен и навредлив.

Сопругата на Пендаровски во кратката објава на социјалните мрежи исто така вели дека осудува секаков вид говор на омраза.

„Осудувам секаков вид говор на омраза, навреди и клевети“, напиша Ѓоргиевска на нејзините профили на Фејсбук и „Икс“.

The post Осудувам секаков говор на омраза, навреди и клевети – напиша сопругата на Пендаровски appeared first on Република.

]]>

По серијата осуди и обвинувањата во врска со коментарот што граѓанин присутен на синоќешниот митинг на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Куманово ги упати кон неговата противкандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, утрово со коментар на социјалните мрежи се огласи и сопругата на актуелниот претседател и кандидат за втор мандат на функцијата, Елизабета Ѓоргиевска. Претходно наводите на лицето присутно на митингот, за кои од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека е активист на СДСМ, партијата која застана зад кандидатурата на Пендаровски, го осудија повеќемина актуелни и кандидати за идниот состав на парламентот на ВМРО-ДПМНЕ оценувајќи ги како сексистички навреди упатени кон Силјановска-Давкова. Осуда за ваквиот наратив стигна и од тимот за комуникации од изборниот штаб на Пендаровски, од каде што велат дека коментарот на присутниот на нивниот митинг во Куманово бил недоличен и навредлив. Сопругата на Пендаровски во кратката објава на социјалните мрежи исто така вели дека осудува секаков вид говор на омраза.
„Осудувам секаков вид говор на омраза, навреди и клевети“, напиша Ѓоргиевска на нејзините профили на Фејсбук и „Икс“.

The post Осудувам секаков говор на омраза, навреди и клевети – напиша сопругата на Пендаровски appeared first on Република.

]]>
Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска на Фестивалот „Литера“ ќе чита скликовница со децата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/soprugata-na-pretsedatelot-elizabeta-gorgievska-na-festivalot-litera-ke-chita-sklikovnitsa-so-detsata/ Fri, 26 May 2023 07:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=644737

На четвртиот ден на Фестивалот за литература и илустрација за деца ЛИТЕРА 2023, најавуваме богата програма за секоја генерација. Наша драга гостинка денес ќе биде Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски, која во 13 часот во Музејот на град Скопје ќе се сретне со дечиња наши гости на фестивалот. Таа ќе им чита сликовница и ќе се дружи со нашата најмлада публика.

Во истиот термин од 13 часот мастерклас кој е од отворен тип ќе одржи илустраторката Николина Манојловиќ-Врачар. Таа ќе сподели дел од своето професионално искуство. Во 17 часот, таа ќе ја одржи и својата работилница „Што сè“.

Претходно во 10.30, илустраторот од Хрватска, Доминик Вуковиќ ќе ја заокружи својата работилница за илустрација, што започна вчера.

Точно на пладне ќе се дружиме со илустраторката Иванка НиБа, која ќе им ја доближи темата „Сите сме кул на свој начин (да ги прифатиме различностите)“.

Во 18 часот ќе следува промоција на сликовници на две наши авторки. Публиката ќе може да се сретне со Јулијана Величковска, авторката на сликовницата „Ведра“ (ПНВ Публикации) и со Бистра Георгиева, авторка на неколку сликовници од серијалот „Стела и Сани“, во издание на ТРИ.

Фестивалот го поддржува Министерството за култура, Халкбанк, Ефектива, Органик нар, Умно.мк и други.

The post Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска на Фестивалот „Литера“ ќе чита скликовница со децата appeared first on Република.

]]>

На четвртиот ден на Фестивалот за литература и илустрација за деца ЛИТЕРА 2023, најавуваме богата програма за секоја генерација. Наша драга гостинка денес ќе биде Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски, која во 13 часот во Музејот на град Скопје ќе се сретне со дечиња наши гости на фестивалот. Таа ќе им чита сликовница и ќе се дружи со нашата најмлада публика. Во истиот термин од 13 часот мастерклас кој е од отворен тип ќе одржи илустраторката Николина Манојловиќ-Врачар. Таа ќе сподели дел од своето професионално искуство. Во 17 часот, таа ќе ја одржи и својата работилница „Што сè“. Претходно во 10.30, илустраторот од Хрватска, Доминик Вуковиќ ќе ја заокружи својата работилница за илустрација, што започна вчера. Точно на пладне ќе се дружиме со илустраторката Иванка НиБа, која ќе им ја доближи темата „Сите сме кул на свој начин (да ги прифатиме различностите)“. Во 18 часот ќе следува промоција на сликовници на две наши авторки. Публиката ќе може да се сретне со Јулијана Величковска, авторката на сликовницата „Ведра“ (ПНВ Публикации) и со Бистра Георгиева, авторка на неколку сликовници од серијалот „Стела и Сани“, во издание на ТРИ. Фестивалот го поддржува Министерството за култура, Халкбанк, Ефектива, Органик нар, Умно.мк и други.

The post Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска на Фестивалот „Литера“ ќе чита скликовница со децата appeared first on Република.

]]>
Сопругата на претседателот: Сите сме дел од едно семејство и тука сме еден за друг и во добро и во лошо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/soprugata-na-pretsedatelot-site-sme-del-od-edno-semejstvo-i-tuka-sme-eden-za-drug-i-vo-dobro-i-vo-losho/ Sat, 11 Mar 2023 09:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=618416

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на настанот „Едно семејство“, што се одржа под нејзино покровителство, а во организација на СОС Детско село, со кој Детско село им оддава признание на пријателите, донаторите и на поддржувачите на оваа организација.

Грижејќи се за деца во ризик и нивна поддршка, преку семеен модел за алтернативна грижа за деца и реализирање програми за социјална превенција, СОС Детско село е значајна алка во нашето општество, пружајќи дом и топлина за секое дете кое е дел од ова семејство, порача сопругата на претседателот.

Таа ја поздрави улогата на корпоративниот сектор и на поединци со чија поддршка СОС Детско село долги години успешно ја врши својата основна функција и претставува пример во нашето општество.

Верувам дека денешниов настан ќе биде инспирација и мотив и понатаму да помагаме, подаруваме и подржуваме. Тоа не секогаш мора да биде финансиска или материјална поддршка. Доволно е и да го даруваме нашето време, нашата љубов, да посветиме внимание и да се грижиме за сите на кои им е потребна помош, истакна Ѓоргиевска.

Таа додаде дека без разлика на сите кризи, искушенија, проблеми, не треба да ја загубиме човечноста и треба да ги зачуваме надежта и вербата, да бидеме оптимисти и да шириме позитивна енергија дарувајќи љубов затоа што, како што рече, сите сме дел од едно семејство и треба да сме тука еден за друг и во добро и во лошо.

Покрај доделувањето на признанија на дваесетина компании и организации и дваесетина индивидуалци за нивната поддршка, на настанот беа претставени и постигнувањата и корпоративните активности на СОС Детско село во изминатата година, а беше изведен и перформанс од балетското студио Балерина.

The post Сопругата на претседателот: Сите сме дел од едно семејство и тука сме еден за друг и во добро и во лошо appeared first on Република.

]]>

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на настанот „Едно семејство“, што се одржа под нејзино покровителство, а во организација на СОС Детско село, со кој Детско село им оддава признание на пријателите, донаторите и на поддржувачите на оваа организација.
Грижејќи се за деца во ризик и нивна поддршка, преку семеен модел за алтернативна грижа за деца и реализирање програми за социјална превенција, СОС Детско село е значајна алка во нашето општество, пружајќи дом и топлина за секое дете кое е дел од ова семејство, порача сопругата на претседателот.
Таа ја поздрави улогата на корпоративниот сектор и на поединци со чија поддршка СОС Детско село долги години успешно ја врши својата основна функција и претставува пример во нашето општество.
Верувам дека денешниов настан ќе биде инспирација и мотив и понатаму да помагаме, подаруваме и подржуваме. Тоа не секогаш мора да биде финансиска или материјална поддршка. Доволно е и да го даруваме нашето време, нашата љубов, да посветиме внимание и да се грижиме за сите на кои им е потребна помош, истакна Ѓоргиевска.
Таа додаде дека без разлика на сите кризи, искушенија, проблеми, не треба да ја загубиме човечноста и треба да ги зачуваме надежта и вербата, да бидеме оптимисти и да шириме позитивна енергија дарувајќи љубов затоа што, како што рече, сите сме дел од едно семејство и треба да сме тука еден за друг и во добро и во лошо. Покрај доделувањето на признанија на дваесетина компании и организации и дваесетина индивидуалци за нивната поддршка, на настанот беа претставени и постигнувањата и корпоративните активности на СОС Детско село во изминатата година, а беше изведен и перформанс од балетското студио Балерина.

The post Сопругата на претседателот: Сите сме дел од едно семејство и тука сме еден за друг и во добро и во лошо appeared first on Република.

]]>