Елизабета Ѓоргиевска. Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elizabeta-gjorgievska/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Dec 2022 16:21:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Елизабета Ѓоргиевска. Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elizabeta-gjorgievska/ 32 32 Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска учествуваше во oдбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/soprugata-na-pretsedatelot-elizabeta-gjorgievska-uchestvuvashe-vo-odbelezuvanjeto-na-3-dekemvri-megjunarodniot-den-na-licata-so-poprechenost/ Sat, 03 Dec 2022 16:21:21 +0000 https://republika.mk/?p=581424

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска го посети Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ во Штип кадешто присуствуваше на одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

На настанот поздравно обраќање имаше директорот на училиштето, Тони Петрушев, додека учениците подготвија пригодна едукативна и културно-уметничка програма и преку рецитали, драматизација и различни жанровски музички нумери го одбележаа овој ден.

Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ од Штип повеќе од три децении го остварува воспитно-образовниот процес преку изведување на современа и ефикасна настава прилагодена за индивидуалните способности на секој ученик, а овозможува и квалитетни услови во ученичкиот дом за сместување и реализација на воспитната работа.

Меѓународниот ден на лицата со попреченост во земјава се одбележува со организирање на разни видови на настани чија главна цел е да се зголеми свеста за подобро разбирање на лицата со попреченост и подобрување на состојбата со нивните права при што акцентот се става на подигнување на свеста за придобивките од интегрирањето на лицата со попреченост во секој аспект од животот.

 

The post Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска учествуваше во oдбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост appeared first on Република.

]]>

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска го посети Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ во Штип кадешто присуствуваше на одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост. На настанот поздравно обраќање имаше директорот на училиштето, Тони Петрушев, додека учениците подготвија пригодна едукативна и културно-уметничка програма и преку рецитали, драматизација и различни жанровски музички нумери го одбележаа овој ден. Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ од Штип повеќе од три децении го остварува воспитно-образовниот процес преку изведување на современа и ефикасна настава прилагодена за индивидуалните способности на секој ученик, а овозможува и квалитетни услови во ученичкиот дом за сместување и реализација на воспитната работа. Меѓународниот ден на лицата со попреченост во земјава се одбележува со организирање на разни видови на настани чија главна цел е да се зголеми свеста за подобро разбирање на лицата со попреченост и подобрување на состојбата со нивните права при што акцентот се става на подигнување на свеста за придобивките од интегрирањето на лицата со попреченост во секој аспект од животот.  

The post Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска учествуваше во oдбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост appeared first on Република.

]]>