Елизабет Борн Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elizabet-born/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jul 2023 06:57:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Елизабет Борн Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elizabet-born/ 32 32 Елизабет Борн останува премиерка на Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/elizabet-born-ostanuva-premierka-na-frantsija/ Tue, 18 Jul 2023 06:57:27 +0000 https://republika.mk/?p=662489

Францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека Елизабет Борн ќе остане премиерка, изјави синоќа извор од кабинетот на Макрон.

Со цел да се обезбеди стабилност и длабинска работа, претседателот одлучи да ја задржи премиерката, рече изворот.

Францускиот претседател, исто така, ќе даде назнаки за неговите планови за следните месеци „до крајот на неделата“, рече изворот.

Претходно се појавија гласини за можни промени во француската влада по неколкудневните немири откако полицаец застрела тинејџер кој одбил да застане за време на сообраќајна контрола.

Немирите беа еден од најголемите предизвици за францускиот претседател Емануел Макрон откако е на власт.

Пред тоа, Макрон се соочи со многу отпор на неговиот план да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 64 години. ј

The post Елизабет Борн останува премиерка на Франција appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека Елизабет Борн ќе остане премиерка, изјави синоќа извор од кабинетот на Макрон.
Со цел да се обезбеди стабилност и длабинска работа, претседателот одлучи да ја задржи премиерката, рече изворот.
Францускиот претседател, исто така, ќе даде назнаки за неговите планови за следните месеци „до крајот на неделата“, рече изворот. Претходно се појавија гласини за можни промени во француската влада по неколкудневните немири откако полицаец застрела тинејџер кој одбил да застане за време на сообраќајна контрола. Немирите беа еден од најголемите предизвици за францускиот претседател Емануел Макрон откако е на власт. Пред тоа, Макрон се соочи со многу отпор на неговиот план да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 64 години. ј

The post Елизабет Борн останува премиерка на Франција appeared first on Република.

]]>
Француската премиерка Борн за немирите: Сите опции се на маса https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsuskata-premierka-born-za-nemirite-site-optsii-se-na-masa/ Fri, 30 Jun 2023 10:30:31 +0000 https://republika.mk/?p=656805

Француската премиерка Елизабет Борн одржува прес-конференција по најразорната ноќ на немири во Франција поради убиството на тинејџерот Нахел М, што го изврши полицаец во предградие на Париз.

Прес-конференцијата се одржува во полициска станица во близина на Париз, а со премиерката е и министерот за внатрешни работи Жерар Дарманин.

Борн рано изутрината ги опиша синоќешните случувања како „неподносливи и непростливи“. На прес-конференцијата таа повторно рече дека „сите опции се на маса“, додавајќи дека ќе ги разгледа заедно со претседателот Емануел Макрон, за да се реши моменталната ситуација во Франција.

Француската премиерка истакна дека ја посетила полициската станица во Еври-Кукурон надвор од Париз со министерот за внатрешни работи за да им даде поддршка на полициските сили, кои, според неа, биле „интензивно мобилизирани во последните часови“.

The post Француската премиерка Борн за немирите: Сите опции се на маса appeared first on Република.

]]>

Француската премиерка Елизабет Борн одржува прес-конференција по најразорната ноќ на немири во Франција поради убиството на тинејџерот Нахел М, што го изврши полицаец во предградие на Париз. Прес-конференцијата се одржува во полициска станица во близина на Париз, а со премиерката е и министерот за внатрешни работи Жерар Дарманин. Борн рано изутрината ги опиша синоќешните случувања како „неподносливи и непростливи“. На прес-конференцијата таа повторно рече дека „сите опции се на маса“, додавајќи дека ќе ги разгледа заедно со претседателот Емануел Макрон, за да се реши моменталната ситуација во Франција. Француската премиерка истакна дека ја посетила полициската станица во Еври-Кукурон надвор од Париз со министерот за внатрешни работи за да им даде поддршка на полициските сили, кои, според неа, биле „интензивно мобилизирани во последните часови“.

The post Француската премиерка Борн за немирите: Сите опции се на маса appeared first on Република.

]]>
Макрон ја назначи Елизабет Борн за нова премиерка на Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makron-ja-naznachi-elizabet-born-za-nova-premierka-na-francija/ Mon, 16 May 2022 17:27:21 +0000 https://republika.mk/?p=503046

Реизбраниот француски претседател Емануел Макрон денеска ја назначи Елизабет Борн за нов премиер на земјата, соопшти Елисејската палата, јави дописникот на МИА.

Поранешната шефица на РАТП и поранешен префект на Поату-Шарент, во 2017 година му се приклучи на шефот на државата и неговиот прв мандат таа последователно беше министерка за транспортот, за еколошката транзиција, за на крајот да биде и минитерка за труд.

Нејзиниот претходник, Жан Кастекс, попладнево во Елисејската палата ја поднесе својата оставка до претседателот на Републиката.

Во писмо тој зборува за „новата ера што се отвора“ и најавува дека ќе се држи подалеку од националниот политички живот. Но, претходно Кастекс, сепак, ќе мора да го мине традиционалниот трансфер на власта, со новиот шеф на владата.

Борн потоа, во договор со шефот на државата, ќе треба да го формира тимот што ќе ја сочинува извршната власт до изборите во јуни.

 

The post Макрон ја назначи Елизабет Борн за нова премиерка на Франција appeared first on Република.

]]>

Реизбраниот француски претседател Емануел Макрон денеска ја назначи Елизабет Борн за нов премиер на земјата, соопшти Елисејската палата, јави дописникот на МИА. Поранешната шефица на РАТП и поранешен префект на Поату-Шарент, во 2017 година му се приклучи на шефот на државата и неговиот прв мандат таа последователно беше министерка за транспортот, за еколошката транзиција, за на крајот да биде и минитерка за труд. Нејзиниот претходник, Жан Кастекс, попладнево во Елисејската палата ја поднесе својата оставка до претседателот на Републиката. Во писмо тој зборува за „новата ера што се отвора“ и најавува дека ќе се држи подалеку од националниот политички живот. Но, претходно Кастекс, сепак, ќе мора да го мине традиционалниот трансфер на власта, со новиот шеф на владата. Борн потоа, во договор со шефот на државата, ќе треба да го формира тимот што ќе ја сочинува извршната власт до изборите во јуни.  

The post Макрон ја назначи Елизабет Борн за нова премиерка на Франција appeared first on Република.

]]>