ЕЛеонора Велинова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eleonora-velinova/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Oct 2022 12:32:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЕЛеонора Велинова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eleonora-velinova/ 32 32 Светска премиера на „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова на меѓународниот филмски фестивал во Каиро https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svetska-premiera-na-preeksponirano-na-eleonora-veninova-na-megjunarodniot-filmski-festival-vo-kairo/ Tue, 18 Oct 2022 12:32:13 +0000 https://republika.mk/?p=562539

Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ ќе се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржува од 13 до 22 ноември.

Мојот прв долгометражен филм „Преекспонирано“ ќе има светска премиера на 44. Меѓународен филмски фестивал во Каиро, кој што е еден од петнаесетте акредитирани А фестивали во светот и за мене е голема чест и привилегија. Овој филм е проект на кој работам десет години, од тогаш датира првата верзија на сценариото кое е поддржано од Агенцијата за филм на Македонија. По неколку измени дојдовме до конечната верзија на сценариото која ја снимивме. Бевме први кои снимаа во време на пандемијата, во услови на карантин, но задоволни сме и со нетрпение очекувам да и го претставиме и на публиката, рече Елеонора Венинова, режисерка на филмот.

Венинова потенцираше дека станува збор за драма, делумно инспирирана од вистински настани. Приказната, како и останатите мои филмови има личен момент и говори за брачна двојка која престојува во викенд куќа во Охрид и нивниот мир и брачна идила е нарушена од тинејџерка, која е ќерка на нивни блиски пријатели. Тие двајца ќе се доведат во ситуација да го преиспитаат својот брачен живот.

Улогите ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климовска. Кинематографер: Лев Предан Коварски, музика: Линдзи Рајт, сценографија Срѓан Митровиќ, сценарио: Елеонора Венинов, монтажер: Гоце Кралевски, костими: Жаклина Крстевска, монтажер за звук: Дарко Спасовски, режија Елеонора Венинова, продуцент Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), ко-продуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија).

За актерката Сара Климовска ова е прва соработка со Венинова и вели дека процесот одел без проблеми.

Првите две недели снимавме со маски, две недели бевме во комплетна изолација, ги почитувавме сите протоколи и се помина во најдобар ред, рече Климовска.

За Благој Веселинов особен впечаток оставила работата во време на пандемијата и смета дека филмот има нешто поразлично што досега не го видел во друг македонски филм, има внатрешна емотивна борба со која се соочуваат актерите.

Овој филм ми е многу драг бидејќи дотогаш никој не снимаше, беше пандемија и сите се прашувавме што ќе се случува понатаму, како ќе работиме. Елеонора и Крале ги зедоа работите во свои раце и среќен сум што успеав да го одвојам Благој Веселинов од ликот кој што го играм во филмот. Тоа за мене е голема среќа, а понатаму публиката ќе го каже своето мислење, рече Веселинов.

Филмот е снимен со поддршка од Агенцијата за филм, од Еуроимаж и Српскиот филмски центар.

Драги филмаџии може да се гордеете со нашите филмови, нашата култура, со македонскиот јазик затоа што ако погледнеме наназад во изминативе месеци каде се беше присутен македонскиот филм и македонскиот јазик, ќе забележиме дека беше во Северна Америка, Европа, за две недели одиме во Токио, сега добиваме убава информација дека се селиме и на Африканскиот континент. Кај мене, како директор на Агенцијата за филм чувството е прекрасно бидејќи македонскиот филм стана најголем амбасадор на македонската култура, рече Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм, честитајќи им на успехот на тимот.

Лазаревски увери дека ќе продолжат да финансираат успешни млади автори од Македонија и дека тие и понатаму ќе не претставуваат низ светот.

Моја најголема желба е не само да продолжи поддршката на млади автори, туку и да се зголемува затоа што ова што тие го прават не прават горди нас, како Агенција за филм, но и целата јавност, потенцираше Лазаревски.

Продуцентот Гоце Кралевски информираше дека покрај светската премиера на филмот, очекуваат набргу и европска премиера, исто така на голем меѓународен фестивал од А категорија, а на пролет филмот ќе може да го погледне и македонската публика.

Да не беше оваа добра екипа немаше да направиме вака добар филм, бидејќи сметам дека филмот е онолку добар колку што е добра екипата која стои зад него, рече Кралевски.

The post Светска премиера на „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова на меѓународниот филмски фестивал во Каиро appeared first on Република.

]]>

Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ ќе се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржува од 13 до 22 ноември.
Мојот прв долгометражен филм „Преекспонирано“ ќе има светска премиера на 44. Меѓународен филмски фестивал во Каиро, кој што е еден од петнаесетте акредитирани А фестивали во светот и за мене е голема чест и привилегија. Овој филм е проект на кој работам десет години, од тогаш датира првата верзија на сценариото кое е поддржано од Агенцијата за филм на Македонија. По неколку измени дојдовме до конечната верзија на сценариото која ја снимивме. Бевме први кои снимаа во време на пандемијата, во услови на карантин, но задоволни сме и со нетрпение очекувам да и го претставиме и на публиката, рече Елеонора Венинова, режисерка на филмот.
Венинова потенцираше дека станува збор за драма, делумно инспирирана од вистински настани. Приказната, како и останатите мои филмови има личен момент и говори за брачна двојка која престојува во викенд куќа во Охрид и нивниот мир и брачна идила е нарушена од тинејџерка, која е ќерка на нивни блиски пријатели. Тие двајца ќе се доведат во ситуација да го преиспитаат својот брачен живот. Улогите ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климовска. Кинематографер: Лев Предан Коварски, музика: Линдзи Рајт, сценографија Срѓан Митровиќ, сценарио: Елеонора Венинов, монтажер: Гоце Кралевски, костими: Жаклина Крстевска, монтажер за звук: Дарко Спасовски, режија Елеонора Венинова, продуцент Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), ко-продуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија). За актерката Сара Климовска ова е прва соработка со Венинова и вели дека процесот одел без проблеми.
Првите две недели снимавме со маски, две недели бевме во комплетна изолација, ги почитувавме сите протоколи и се помина во најдобар ред, рече Климовска.
За Благој Веселинов особен впечаток оставила работата во време на пандемијата и смета дека филмот има нешто поразлично што досега не го видел во друг македонски филм, има внатрешна емотивна борба со која се соочуваат актерите.
Овој филм ми е многу драг бидејќи дотогаш никој не снимаше, беше пандемија и сите се прашувавме што ќе се случува понатаму, како ќе работиме. Елеонора и Крале ги зедоа работите во свои раце и среќен сум што успеав да го одвојам Благој Веселинов од ликот кој што го играм во филмот. Тоа за мене е голема среќа, а понатаму публиката ќе го каже своето мислење, рече Веселинов.
Филмот е снимен со поддршка од Агенцијата за филм, од Еуроимаж и Српскиот филмски центар.
Драги филмаџии може да се гордеете со нашите филмови, нашата култура, со македонскиот јазик затоа што ако погледнеме наназад во изминативе месеци каде се беше присутен македонскиот филм и македонскиот јазик, ќе забележиме дека беше во Северна Америка, Европа, за две недели одиме во Токио, сега добиваме убава информација дека се селиме и на Африканскиот континент. Кај мене, како директор на Агенцијата за филм чувството е прекрасно бидејќи македонскиот филм стана најголем амбасадор на македонската култура, рече Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм, честитајќи им на успехот на тимот.
Лазаревски увери дека ќе продолжат да финансираат успешни млади автори од Македонија и дека тие и понатаму ќе не претставуваат низ светот.
Моја најголема желба е не само да продолжи поддршката на млади автори, туку и да се зголемува затоа што ова што тие го прават не прават горди нас, како Агенција за филм, но и целата јавност, потенцираше Лазаревски.
Продуцентот Гоце Кралевски информираше дека покрај светската премиера на филмот, очекуваат набргу и европска премиера, исто така на голем меѓународен фестивал од А категорија, а на пролет филмот ќе може да го погледне и македонската публика.
Да не беше оваа добра екипа немаше да направиме вака добар филм, бидејќи сметам дека филмот е онолку добар колку што е добра екипата која стои зад него, рече Кралевски.

The post Светска премиера на „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова на меѓународниот филмски фестивал во Каиро appeared first on Република.

]]>
Македонскиот филм „Преекспонирано“ во рацете на агентот за продажба The Open Reel https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskiot-film-preeksponirano-vo-racete-na-agentot-za-prodazba-the-open-reel/ Tue, 10 May 2022 07:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=500198

Македонскиот филм „Преекспонирано“, работен по сценарио и режија на Елеонора Венинова и во продукција на ДНФ Филмс, ја објави соработката со италијанскиот агент за продажба The Open Reel, кој ќе го застапува филмот пред странските фестивали и дистрибутери. Првата дестинација за „Преекспонирано“ кој е во последната фаза на пост-продукција ќе биде маркетот во Кан, каде што филмот ќе биде прикажан на 23 мај на затворена проекција.

Според продуцентот на „Преекспонирано“, Гоце Кралевски, соработката со The Open Reel била воспоставена на работилницата Agora Work in progress на Филмскиот фестивал во Солун, Грција во октомври минатата година каде што Венинова и Кралевски го претставиле филмот пред потенцијалните партнери.

На таа работилница имавме многу состаноци со потенцијални агенти за продажба, селектори на фестивали и дистрибутери, но The Open Reel ни оставија најголем впечаток со непосредниот однос, искрениот пристап и страста која ја имаа за нашиот филм. Навистина сме среќни што тие ќе не застапуваат, затоа што во услови на хиперпродукција на филмови од целиот свет, навистина е значајно да имате партнер којшто ќе го промовира филмот и ќе се бори за него. Со нетрпение ја чекаме следната фаза за „Преекспонирано“, а тоа е премиера на филмот и негова презентација пред публиката во Македонија и странство“.

The Open Reel е италијанска компанија за продажба на филмови која е фокусирана на артхаус филмови од млади режисери, а нивното портфолио содржи филмови кои имале премиери на големите фестивали, меѓу кои Беринале, Локарно и Торонто.

„Преекспонирано“ е во финална фаза на пост-продукција и се очекува да биде завршен до почетокот на летото. Филмот е приказна за брачна двојка чијашто летна идила е нарушена кога кај нив ќе дојде да престојува ќерката на нивни блиски пријатели. Филмот е снимен на локации во Скопје и Охрид, главен продуцент е Гоце Кралевски од ДНФ Филмс, а копродуцент е Мирјана Томиќ од Лилит Филмс од Србија. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм, Филмскиот центар на Србија и „СЕЕ Синема Нетворк“, а е поддржан и од европскиот фонд „Еуроимаж“.

Главните улоги ги толкуваат Камка Тоциновски, Благоја Веселинов и Сара Климоска.

Кинематографер е Лев Предан Коварски од Република Словенија, сценограф е Срѓан Митровиќ – Џиџи, монтажер е Гоце Кралевски, костимограф е Жаклина Крствка а маска Горан Игњатовски. Музиката е на Линдзи Рајт од Обединетото Кралство, а дизајнот на звук на Дарко Спасовски.

 

The post Македонскиот филм „Преекспонирано“ во рацете на агентот за продажба The Open Reel appeared first on Република.

]]>

Македонскиот филм „Преекспонирано“, работен по сценарио и режија на Елеонора Венинова и во продукција на ДНФ Филмс, ја објави соработката со италијанскиот агент за продажба The Open Reel, кој ќе го застапува филмот пред странските фестивали и дистрибутери. Првата дестинација за „Преекспонирано“ кој е во последната фаза на пост-продукција ќе биде маркетот во Кан, каде што филмот ќе биде прикажан на 23 мај на затворена проекција. Според продуцентот на „Преекспонирано“, Гоце Кралевски, соработката со The Open Reel била воспоставена на работилницата Agora Work in progress на Филмскиот фестивал во Солун, Грција во октомври минатата година каде што Венинова и Кралевски го претставиле филмот пред потенцијалните партнери.
На таа работилница имавме многу состаноци со потенцијални агенти за продажба, селектори на фестивали и дистрибутери, но The Open Reel ни оставија најголем впечаток со непосредниот однос, искрениот пристап и страста која ја имаа за нашиот филм. Навистина сме среќни што тие ќе не застапуваат, затоа што во услови на хиперпродукција на филмови од целиот свет, навистина е значајно да имате партнер којшто ќе го промовира филмот и ќе се бори за него. Со нетрпение ја чекаме следната фаза за „Преекспонирано“, а тоа е премиера на филмот и негова презентација пред публиката во Македонија и странство“.
The Open Reel е италијанска компанија за продажба на филмови која е фокусирана на артхаус филмови од млади режисери, а нивното портфолио содржи филмови кои имале премиери на големите фестивали, меѓу кои Беринале, Локарно и Торонто. „Преекспонирано“ е во финална фаза на пост-продукција и се очекува да биде завршен до почетокот на летото. Филмот е приказна за брачна двојка чијашто летна идила е нарушена кога кај нив ќе дојде да престојува ќерката на нивни блиски пријатели. Филмот е снимен на локации во Скопје и Охрид, главен продуцент е Гоце Кралевски од ДНФ Филмс, а копродуцент е Мирјана Томиќ од Лилит Филмс од Србија. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм, Филмскиот центар на Србија и „СЕЕ Синема Нетворк“, а е поддржан и од европскиот фонд „Еуроимаж“. Главните улоги ги толкуваат Камка Тоциновски, Благоја Веселинов и Сара Климоска. Кинематографер е Лев Предан Коварски од Република Словенија, сценограф е Срѓан Митровиќ – Џиџи, монтажер е Гоце Кралевски, костимограф е Жаклина Крствка а маска Горан Игњатовски. Музиката е на Линдзи Рајт од Обединетото Кралство, а дизајнот на звук на Дарко Спасовски.  

The post Македонскиот филм „Преекспонирано“ во рацете на агентот за продажба The Open Reel appeared first on Република.

]]>