Елена Дураковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elena-durakovska/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Jul 2022 10:31:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Елена Дураковска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elena-durakovska/ 32 32 Следниот викенд Галичка свадба, Илчо Димитров и Елена Дураковска годинашни младинци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sledniot-vikend-galichka-svadba-ilcho-dimitrov-i-elena-durakovska-godinashni-mladinci/ Fri, 08 Jul 2022 10:31:06 +0000 https://republika.mk/?p=525855

Илчо Димитров и Елена Дураковска годинава се зет и невеста на 48. издание на Галичката свадба, која ќе се одржи следниот викенд, од 15 до 17 јули во Галичник.

Карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле” во ист ден ќе бидат венчани и Искра Блажевска и Марко Бекрик, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „Да” во Галичник на 28-ми август.

Со оглед на тоа што има галичко потекло, Илчо Димитров на денешната прес-конференција напомена дека нема пропуштено ниту една галичка свадба, а последниве десет години се облекува во носија. Токму поради тоа, како што рече, е особено горд што годинава заедно со Елена се зет и невеста за Галичка свадба.

Имам галичко потекло по мајка и по татко. Двете мои баби се родени во Галичник, едната баба е Чалоска, а другата е Веноска и од таму потекнува мојата желба да бидам галички зет годинава, со оглед на тоа што секоја година летно време сум таму и мислам дека немам пропуштено ниту една галичка свадба. Последниве десет години се облекувм во носија и сум активен учесник во истата, така што ќе немам никаков проблем околу адетите, носијата, и сум премногу горд и среќен што годинава со Елена сме зет и невеста за Галичката свадба, истакна Димитров.

Елена Дуровска рече дека исто така потекнува од западна Македонија и се чувствува привилигирано што оваа година е невеста на Галичката свадба.

Три години и шест месеци сме веќе заедно со Илчо. И јас потекнувам од западна Македонија од селото Битуше и поради тоа ми е многу мерак и ми е многу мило што ќе бидам невеста. Чест и задоволство ми е и дури се чувствувам и привилигирано што сум невеста на Галичката свадба, додаде Дуровска на прес-конференцијата.

На прашање кој обичај и е посебно драг за време на свадбата, таа рече дека тоа е обичајот кога невестата го гледа низ прстен зетот и ги кажува зборовите „Низ прстен те гледам, во срце да ти влезам“.

Претставникот на организацискиот тим на Месната заедница Галичник, Александар Костиќ на денешната прес-конференција посочи дека интересот на младите за учество на Галичка свадба од година во година се зголемува, што според него, покажува дека традицијата и народните обичаи остануваат темел на нашиот колективен идентитет и вредности.

Оваа година се пријавија пет двојки, од кои три во целост ги исполнија пропишаните критериуми, по што организацискиот тим одлучи сите нив, на најдобар можен начин, да им даде можност да учествуваат во годинешната манифестација, објасни Костиќ.

Како што рече благодарение на поддршката од големиот број поддржувачи и оваа година Галичник е подготвен да им посака добредојде на сите посетители од земјава и странство кои ќе дојдат да ги видат и да посведочат за убавината и уникатноста на свадбарските обичаи, богатиот колорит на народните носии на свадбарите и изворните песни и ора, карактеристични за овие македонски предели.

И овој пат покровител на Галичка свадба е претседателот Стево Пендаровски, а еден од традиционалните поддржувачи на манифестацијата е Министерството за култура.

Според министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Галичката свадба е повеќе од традиција, повеќе од културно богатство, од адет, од наследство. Галичката свадба, како што рече, е идентитет.

За восхит е гордоста на галичани на своите корени, на своите семејни стебла, на својот Галичник. Нивната печалбарска историја, која од колено на колено се прераскажува за да не се заборави, е драгоцен запис од македонското минато препоза трудот и љубовта што се вложуваат за зачувување на оваа уникатна традиција, со Институтот за фолклор работиме на елаборат за зачувување и заштита на галичките свадбени обичаи, со што Галичката свадба и неините обичаи, за првпат во нивното шеесетгодишно манифестациско постоене, ке ја добијат заслужената институционална заштита, рече Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата.

The post Следниот викенд Галичка свадба, Илчо Димитров и Елена Дураковска годинашни младинци appeared first on Република.

]]>

Илчо Димитров и Елена Дураковска годинава се зет и невеста на 48. издание на Галичката свадба, која ќе се одржи следниот викенд, од 15 до 17 јули во Галичник. Карактеристично за годинешната манифестација е што покрај нив, во црквата „Свети Апостол Павле” во ист ден ќе бидат венчани и Искра Блажевска и Марко Бекрик, додека Марија Крстевска и Владимир Черепналковски ќе го кажат судбоносното „Да” во Галичник на 28-ми август. Со оглед на тоа што има галичко потекло, Илчо Димитров на денешната прес-конференција напомена дека нема пропуштено ниту една галичка свадба, а последниве десет години се облекува во носија. Токму поради тоа, како што рече, е особено горд што годинава заедно со Елена се зет и невеста за Галичка свадба.
Имам галичко потекло по мајка и по татко. Двете мои баби се родени во Галичник, едната баба е Чалоска, а другата е Веноска и од таму потекнува мојата желба да бидам галички зет годинава, со оглед на тоа што секоја година летно време сум таму и мислам дека немам пропуштено ниту една галичка свадба. Последниве десет години се облекувм во носија и сум активен учесник во истата, така што ќе немам никаков проблем околу адетите, носијата, и сум премногу горд и среќен што годинава со Елена сме зет и невеста за Галичката свадба, истакна Димитров.
Елена Дуровска рече дека исто така потекнува од западна Македонија и се чувствува привилигирано што оваа година е невеста на Галичката свадба.
Три години и шест месеци сме веќе заедно со Илчо. И јас потекнувам од западна Македонија од селото Битуше и поради тоа ми е многу мерак и ми е многу мило што ќе бидам невеста. Чест и задоволство ми е и дури се чувствувам и привилигирано што сум невеста на Галичката свадба, додаде Дуровска на прес-конференцијата.
На прашање кој обичај и е посебно драг за време на свадбата, таа рече дека тоа е обичајот кога невестата го гледа низ прстен зетот и ги кажува зборовите „Низ прстен те гледам, во срце да ти влезам“. Претставникот на организацискиот тим на Месната заедница Галичник, Александар Костиќ на денешната прес-конференција посочи дека интересот на младите за учество на Галичка свадба од година во година се зголемува, што според него, покажува дека традицијата и народните обичаи остануваат темел на нашиот колективен идентитет и вредности.
Оваа година се пријавија пет двојки, од кои три во целост ги исполнија пропишаните критериуми, по што организацискиот тим одлучи сите нив, на најдобар можен начин, да им даде можност да учествуваат во годинешната манифестација, објасни Костиќ.
Како што рече благодарение на поддршката од големиот број поддржувачи и оваа година Галичник е подготвен да им посака добредојде на сите посетители од земјава и странство кои ќе дојдат да ги видат и да посведочат за убавината и уникатноста на свадбарските обичаи, богатиот колорит на народните носии на свадбарите и изворните песни и ора, карактеристични за овие македонски предели. И овој пат покровител на Галичка свадба е претседателот Стево Пендаровски, а еден од традиционалните поддржувачи на манифестацијата е Министерството за култура. Според министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Галичката свадба е повеќе од традиција, повеќе од културно богатство, од адет, од наследство. Галичката свадба, како што рече, е идентитет.