електронски цигари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elektronski-cigari/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Sep 2024 08:45:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png електронски цигари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elektronski-cigari/ 32 32 Д-р Јовановски Срцева: Електронските цигари и „вајп” ниту се преодно решение ниту се алтернатива за откажување од цигарите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-jovanovski-srtseva-elektronskite-tsigari-i-vajp-nitu-se-preodno-reshenie-nitu-se-alternativa-za-otkazhuvane-od-tsigarite/ Tue, 10 Sep 2024 08:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=814815

Во емисијата „Добриот доктор“ на Сител, универзитетскиот професор доктор Марија Јовановски Срцева се осврна на последиците врз здравјето на т.н. “вејп”, но и електронските цигари кои се популарни кај тинејџерите и адолесцентите.

Јовановски Срцева, специјалист анестезиолог на КАРИЛ, оддел за анестезија и реанимација во васкуларната хирургија која е вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скопје и директор на Клиниката ТОАРИЛУЦ ја посочи последната британската студија која е објавена во 2022 година, што покажува дека над 40 отсто од непушачите почнале да користат “вајп” од кога се појавиле на пазарот електронските цигари.

Електронските цигари и т.н. “вајп” ниту се преодно решение ниту се алтернатива за откажување од цигарите, заклучи д-р Срцева.

Таа во своето гостување посочи за штетноста за никотинските производи, кои предизвикуваат разни видови заболувања кои предизвикуваат карцином на белиот дроб, кардиобаскуларните и други заболувања.

Додека за електронските цигари постојат само 2500 студии кои се објавени и се базираат на поединечни случаи или неколку случаи заедно.

Студиите се во мал број, но насочени се на тоа што предизвикуваат на белите дробови. Постои дијагноза која се вика “евали” која првпат е поставена во 2022 година и студиите се сконцентрирани на белиот дроб. Ова не претставува несакан ефект од нивната употреба, туку е акутно белодробно заболување со долгогодишни последици, појасни д-р Срцева во однос на дијагнозата.

Исто така таа потсети дека секоја година Светската здравствена организација дава препораки за штетноста, а оваа година беше фокус на заштита на младите од тутунската индустрија и од модерните хибридни цигари,за таа цел беше изготвена брошура која сметам дека треба да се прошири, односно да се сподели во училиштата.

Сметам дека на државно ниво, треба да се отвори една широка дебата и анализа за недостатоците и штетноста на овие супстанции и да се преземат мерки во однос на правната регулатива во делот на ограничувањето, заклучи таа.

Целото нејзино гостување, погледнете го во видеото во продолжение

https://youtu.be/2mlgLZPhncs?si=NI9Hh-WLEUbf4m4Q

The post Д-р Јовановски Срцева: Електронските цигари и „вајп” ниту се преодно решение ниту се алтернатива за откажување од цигарите appeared first on Република.

]]>

Во емисијата „Добриот доктор“ на Сител, универзитетскиот професор доктор Марија Јовановски Срцева се осврна на последиците врз здравјето на т.н. “вејп”, но и електронските цигари кои се популарни кај тинејџерите и адолесцентите. Јовановски Срцева, специјалист анестезиолог на КАРИЛ, оддел за анестезија и реанимација во васкуларната хирургија која е вонреден професор на Медицинскиот факултет во Скопје и директор на Клиниката ТОАРИЛУЦ ја посочи последната британската студија која е објавена во 2022 година, што покажува дека над 40 отсто од непушачите почнале да користат “вајп” од кога се појавиле на пазарот електронските цигари.
Електронските цигари и т.н. “вајп” ниту се преодно решение ниту се алтернатива за откажување од цигарите, заклучи д-р Срцева.
Таа во своето гостување посочи за штетноста за никотинските производи, кои предизвикуваат разни видови заболувања кои предизвикуваат карцином на белиот дроб, кардиобаскуларните и други заболувања. Додека за електронските цигари постојат само 2500 студии кои се објавени и се базираат на поединечни случаи или неколку случаи заедно.
Студиите се во мал број, но насочени се на тоа што предизвикуваат на белите дробови. Постои дијагноза која се вика “евали” која првпат е поставена во 2022 година и студиите се сконцентрирани на белиот дроб. Ова не претставува несакан ефект од нивната употреба, туку е акутно белодробно заболување со долгогодишни последици, појасни д-р Срцева во однос на дијагнозата.
Исто така таа потсети дека секоја година Светската здравствена организација дава препораки за штетноста, а оваа година беше фокус на заштита на младите од тутунската индустрија и од модерните хибридни цигари,за таа цел беше изготвена брошура која сметам дека треба да се прошири, односно да се сподели во училиштата.
Сметам дека на државно ниво, треба да се отвори една широка дебата и анализа за недостатоците и штетноста на овие супстанции и да се преземат мерки во однос на правната регулатива во делот на ограничувањето, заклучи таа.
Целото нејзино гостување, погледнете го во видеото во продолжение https://youtu.be/2mlgLZPhncs?si=NI9Hh-WLEUbf4m4Q

The post Д-р Јовановски Срцева: Електронските цигари и „вајп” ниту се преодно решение ниту се алтернатива за откажување од цигарите appeared first on Република.

]]>
Алармантна е употребата на алкохол и електронски цигари кај децата од 11 до 15 години, предупредува СЗО https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/alarmantna-e-upotrebata-na-alkohol-i-elektronski-tsigari-kaj-detsata-od-11-do-15-godini-predupreduva-szo/ Thu, 25 Apr 2024 09:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=770873

Консумацијата на алкохол и електронски цигари кај децата на возраст од 11 до 15 години е „алармантна“ и бара „итна“ акција од властите, соопшти европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО) во извештајот објавен денеска.

Широката употреба на штетни материи кај децата во многу земји во европскиот регион и пошироко, претставува сериозна закана за јавното здравје, предупреди регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.

Тој бара повисоки даноци, ограничувања на продажбата и рекламирањето и забрана на аромите за да се спротивстави на овој тренд.

По неколку години пад на употребата на психоактивни супстанции, „некои податоци сугерираат дека пандемијата на Ковид-19 предизвика ново зголемување на потрошувачката, се вели во извештајот на СЗО.

Извештајот обединува податоци од 280.000 млади луѓе во Европа, Централна Азија и Канада.

Алкохолот сè уште е супстанцијата која најчесто ја консумираат адолесцентите - 57 отсто од 15-годишниците пиеле алкохолен пијалок барем еднаш, а од десет, речиси четворица консумирале алкохол во последните 30 дена.

СЗО е загрижена поради зголемувањето на потрошувачката на електронски цигари, особено кај адолесцентите.

Транзицијата кон е-цигари како популарен избор во споредба со конвенционалните цигари бара насочени интервенции, се наведува во извештајот и го привлекува вниманието на „штетното поставување“ на овие производи во видео игри, забавни програми и други содржини наменети за младите преку мултимедијални платформи.

The post Алармантна е употребата на алкохол и електронски цигари кај децата од 11 до 15 години, предупредува СЗО appeared first on Република.

]]>

Консумацијата на алкохол и електронски цигари кај децата на возраст од 11 до 15 години е „алармантна“ и бара „итна“ акција од властите, соопшти европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО) во извештајот објавен денеска.
Широката употреба на штетни материи кај децата во многу земји во европскиот регион и пошироко, претставува сериозна закана за јавното здравје, предупреди регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.
Тој бара повисоки даноци, ограничувања на продажбата и рекламирањето и забрана на аромите за да се спротивстави на овој тренд. По неколку години пад на употребата на психоактивни супстанции, „некои податоци сугерираат дека пандемијата на Ковид-19 предизвика ново зголемување на потрошувачката, се вели во извештајот на СЗО. Извештајот обединува податоци од 280.000 млади луѓе во Европа, Централна Азија и Канада. Алкохолот сè уште е супстанцијата која најчесто ја консумираат адолесцентите - 57 отсто од 15-годишниците пиеле алкохолен пијалок барем еднаш, а од десет, речиси четворица консумирале алкохол во последните 30 дена. СЗО е загрижена поради зголемувањето на потрошувачката на електронски цигари, особено кај адолесцентите.
Транзицијата кон е-цигари како популарен избор во споредба со конвенционалните цигари бара насочени интервенции, се наведува во извештајот и го привлекува вниманието на „штетното поставување“ на овие производи во видео игри, забавни програми и други содржини наменети за младите преку мултимедијални платформи.

The post Алармантна е употребата на алкохол и електронски цигари кај децата од 11 до 15 години, предупредува СЗО appeared first on Република.

]]>
Ова е најпродаваниот производ во Британија: Владата загрижена, реагираше и премиерот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ova-e-najprodavaniot-proizvod-vo-britanija-vladata-zagrizhena-reagirashe-i-premierot/ Mon, 18 Dec 2023 13:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=724194

Електронските цигари, втора година по ред, се најбрзо растечката категорија во трговијата со намирници во Обединетото Кралство во 2023 година, додека продажбата на цигари, пури и слободен тутун нагло опаднала, покажуваат податоците од индустријата.

Во октомври, британската влада предложи да се забрани на помладата генерација да купува цигари, а премиерот Риши Сунак изјави дека треба да се преземат мерки за да се запре пушењето цигари кај младите.

Во Обединетото Кралство, производите за испарување пораснале за 897,4 милиони фунти (или 1,15 милијарди долари) во продажбата во 2023 година, според пазарните истражувачи „NIQ“ и „The Grocer“ во саботата.

Брендот „Lost Mary“, во сопственост на кинеската компанија за испарување „Heaven Gifts“, е најбрзо растечкиот производ во Велика Британија со продажба за 310,6 милиони фунти во однос на минатата година, покажуваат бројките.

„NIQ“ соопштија дека производите за испарување, исто така, забележале пораст во обемот на купување, додека продажбата на цигари и пури и тутун паднала за 849,1 милиони фунти.

Спортските и енергетските пијалоци се на второ место во продажбата на намирници во Велика Британија, а продажбата е зголемена за 390,1 милиони фунти.

Некои од најбрзо растечките категории на прехранбени производи во 2023 година се резултат на инфлацијата, соопшти „NIQ“, при што продажбата на млеко, сирење, свежо месо и живина значително се зголемило во вредност, но не и во обем.

Продажбата на грицки во кеси, чоколадо и слатки бисквити исто така паднало во обем, додека немесните производи значително паднаа и по продажната вредност и по обем.

The post Ова е најпродаваниот производ во Британија: Владата загрижена, реагираше и премиерот appeared first on Република.

]]>

Електронските цигари, втора година по ред, се најбрзо растечката категорија во трговијата со намирници во Обединетото Кралство во 2023 година, додека продажбата на цигари, пури и слободен тутун нагло опаднала, покажуваат податоците од индустријата. Во октомври, британската влада предложи да се забрани на помладата генерација да купува цигари, а премиерот Риши Сунак изјави дека треба да се преземат мерки за да се запре пушењето цигари кај младите. Во Обединетото Кралство, производите за испарување пораснале за 897,4 милиони фунти (или 1,15 милијарди долари) во продажбата во 2023 година, според пазарните истражувачи „NIQ“ и „The Grocer“ во саботата. Брендот „Lost Mary“, во сопственост на кинеската компанија за испарување „Heaven Gifts“, е најбрзо растечкиот производ во Велика Британија со продажба за 310,6 милиони фунти во однос на минатата година, покажуваат бројките. „NIQ“ соопштија дека производите за испарување, исто така, забележале пораст во обемот на купување, додека продажбата на цигари и пури и тутун паднала за 849,1 милиони фунти. Спортските и енергетските пијалоци се на второ место во продажбата на намирници во Велика Британија, а продажбата е зголемена за 390,1 милиони фунти. Некои од најбрзо растечките категории на прехранбени производи во 2023 година се резултат на инфлацијата, соопшти „NIQ“, при што продажбата на млеко, сирење, свежо месо и живина значително се зголемило во вредност, но не и во обем. Продажбата на грицки во кеси, чоколадо и слатки бисквити исто така паднало во обем, додека немесните производи значително паднаа и по продажната вредност и по обем.

The post Ова е најпродаваниот производ во Британија: Владата загрижена, реагираше и премиерот appeared first on Република.

]]>
Австралија од 1 јануари ќе го забрани увозот на електронски цигари за еднократна употреба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstralija-od-1-januari-ke-go-zabrani-uvozot-na-elektronski-tsigari-za-ednokratna-upotreba/ Tue, 28 Nov 2023 12:08:38 +0000 https://republika.mk/?p=717168

Увозот на електронски цигари за еднократна употреба во Австралија ќе биде забранет од 1 јануари поради нивниот „загрижувачки“ успех меѓу младите луѓе, соопшти денеска тамошната влада.

Според официјалните податоци, во Австралија, каде што помалку од 12 отсто од населението дневно пуши, околу 15 отсто од младите на возраст од 14 до 17 години користат електронски цигари.

-Повеќето електронски цигари содржат никотин и децата стануваат зависни, изјави министерот за здравство Марк Батлер.

Забраната за увоз на електронски цигари за еднократна употреба, кои се евтини и лесно достапни, има за цел да го намали тој пазар. Во текот на 2024 година ќе следи забрана за производство и продажба на вакви производи.

The post Австралија од 1 јануари ќе го забрани увозот на електронски цигари за еднократна употреба appeared first on Република.

]]>

Увозот на електронски цигари за еднократна употреба во Австралија ќе биде забранет од 1 јануари поради нивниот „загрижувачки“ успех меѓу младите луѓе, соопшти денеска тамошната влада. Според официјалните податоци, во Австралија, каде што помалку од 12 отсто од населението дневно пуши, околу 15 отсто од младите на возраст од 14 до 17 години користат електронски цигари. -Повеќето електронски цигари содржат никотин и децата стануваат зависни, изјави министерот за здравство Марк Батлер. Забраната за увоз на електронски цигари за еднократна употреба, кои се евтини и лесно достапни, има за цел да го намали тој пазар. Во текот на 2024 година ќе следи забрана за производство и продажба на вакви производи.

The post Австралија од 1 јануари ќе го забрани увозот на електронски цигари за еднократна употреба appeared first on Република.

]]>
ОЈО со предмет за негувателка во Велес која давала деца да пушат електронска цигара https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-so-predmet-za-neguvatelka-vo-veles-koja-davala-detsa-da-pushat-elektronska-tsigara/ Fri, 06 Oct 2023 11:16:09 +0000 https://republika.mk/?p=688560

Основното јавно обвинителство Велес оформи предмет по допрен глас, за да се проверат информациите дека негувателка во велешката детска градинка „Димче Мирчев“, им давала да пушат електронска цигара на децата од нејзината група.

Како што се наведува во соопштението на ОЈО, во насока на испитување на евентуални основи на сомнение за кривично дело на запуштање и малтретирање дете, надлежен јавен обвинител издаде наредби и насоки до МВР за преземање дејствија, што вклучуваат да се извршат разговори со лица, вработени и родители, кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот.

Се преземаат и други дејствија, а предметот е во фаза на предистрага.

The post ОЈО со предмет за негувателка во Велес која давала деца да пушат електронска цигара appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Велес оформи предмет по допрен глас, за да се проверат информациите дека негувателка во велешката детска градинка „Димче Мирчев“, им давала да пушат електронска цигара на децата од нејзината група. Како што се наведува во соопштението на ОЈО, во насока на испитување на евентуални основи на сомнение за кривично дело на запуштање и малтретирање дете, надлежен јавен обвинител издаде наредби и насоки до МВР за преземање дејствија, што вклучуваат да се извршат разговори со лица, вработени и родители, кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот. Се преземаат и други дејствија, а предметот е во фаза на предистрага.

The post ОЈО со предмет за негувателка во Велес која давала деца да пушат електронска цигара appeared first on Република.

]]>
Воспитувачка во градинка во Велес им давала на децата да пробуваат електронска цигара, тие се пожалиле на болки во градите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vospituvachka-vo-gradinka-vo-veles-im-davala-na-detsata-da-probuvaat-elektronska-tsigara-tie-se-pozhalile-na-bolki-vo-gradite/ Tue, 03 Oct 2023 19:03:37 +0000 https://republika.mk/?p=687557

Воспитувачка во градинката „Димче Мирчев“ во Велес им давала на дечињата да консумираат чад од електронски цигари, објави Телма.

Според информациите, таквата практика траела извесно време, се додека неколку од децата не се пожалиле на болки во градите и им раскажале на родителите што се случувало.

Родителите со заверени изјави се обратиле кај директорката на градинката која веднаш ја суспендирала воспитувачката од работното место и покренала дисциплинска постапка против неа.

Информнацијата е точна. Негувателката е суспендирана и покрената е дисциплинска постапка. Имаме изјави од родителите, а земени се изјави и од вработени и раководител на објектот“, изјавила за Телма, директорката на градинката, Маја Велинова.

The post Воспитувачка во градинка во Велес им давала на децата да пробуваат електронска цигара, тие се пожалиле на болки во градите appeared first on Република.

]]>

Воспитувачка во градинката „Димче Мирчев“ во Велес им давала на дечињата да консумираат чад од електронски цигари, објави Телма. Според информациите, таквата практика траела извесно време, се додека неколку од децата не се пожалиле на болки во градите и им раскажале на родителите што се случувало. Родителите со заверени изјави се обратиле кај директорката на градинката која веднаш ја суспендирала воспитувачката од работното место и покренала дисциплинска постапка против неа.
Информнацијата е точна. Негувателката е суспендирана и покрената е дисциплинска постапка. Имаме изјави од родителите, а земени се изјави и од вработени и раководител на објектот“, изјавила за Телма, директорката на градинката, Маја Велинова.

The post Воспитувачка во градинка во Велес им давала на децата да пробуваат електронска цигара, тие се пожалиле на болки во градите appeared first on Република.

]]>
На дебранец му фатиле 1.100 електронски цигари во вреќите со грав https://arhiva3.republika.mk/vesti/na-debranets-mu-fatile-1-100-elektronski-tsigari-vo-vrekite-so-grav/ Thu, 02 Mar 2023 15:42:39 +0000 https://republika.mk/?p=615203

Денеска (2 март) околу 7 часот и 35 минути на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови, во месноста „Ростушко анче“, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 27-годишниот дебранин Б.З.

При негов и преглед на патничко моторно возило „сеат алхамбра“ со струшки регистарски ознаки, што тој го управувал, во вреќи со грав биле пронајдени и
одземени 1100 парчиња електронски цигари без документација.

Тој е задржан во Полициското одделение Ростуше и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

The post На дебранец му фатиле 1.100 електронски цигари во вреќите со грав appeared first on Република.

]]>

Денеска (2 март) околу 7 часот и 35 минути на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови, во месноста „Ростушко анче“, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 27-годишниот дебранин Б.З. При негов и преглед на патничко моторно возило „сеат алхамбра“ со струшки регистарски ознаки, што тој го управувал, во вреќи со грав биле пронајдени и одземени 1100 парчиња електронски цигари без документација. Тој е задржан во Полициското одделение Ростуше и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

The post На дебранец му фатиле 1.100 електронски цигари во вреќите со грав appeared first on Република.

]]>
Двојно зголемен бројот на деца кои користат електронски цигари во Велика Британија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dvojno-zgolemen-brojot-na-deca-koi-koristat-elektronski-cigari-vo-velika-britanija/ Fri, 22 Jul 2022 07:20:09 +0000 https://republika.mk/?p=531999

Во Велика Британија, бројот на деца кои користат електронски цигари двојно се зголеми изминатите две години, предупреди докторката Керолин Џонсон, конзервативна пратеничка и квалификувана општа лекарка, јави ДПА.

За време на деловната дебата во Долниот дом, Џонсон констатираше дека „светлите бои“ и „популарните ароми“ ги привлекуваат младите, иако овие уреди им се забранети.

Како што таа појасни, истражувањето сугерира дека половина од децата кои ги користат, признаваат оти ги купуваат во продавници, а електронските цигари содржат никотин, испарливи органски соединенија и хемиски ароми штетни за младите.

Кога ќе можеме да имаме дебати со прашања до Владата за тоа како да ги спречиме децата да ги користат овие уреди?, праша докторката.

Лидерот на Домот, Марк Спенсер одговори дека од нејзино име ќе му се обрати писмено на министерот за здравство, за да му го сврти вниманието кон овие грижи.

Процентот на деца во Велика Британија, кои пушат електронски цигари се зголемува, со тоа што многу од нив се под влијание на социјални мрежи како „ТикТок“, покажуваат нови податоци.

The post Двојно зголемен бројот на деца кои користат електронски цигари во Велика Британија appeared first on Република.

]]>

Во Велика Британија, бројот на деца кои користат електронски цигари двојно се зголеми изминатите две години, предупреди докторката Керолин Џонсон, конзервативна пратеничка и квалификувана општа лекарка, јави ДПА. За време на деловната дебата во Долниот дом, Џонсон констатираше дека „светлите бои“ и „популарните ароми“ ги привлекуваат младите, иако овие уреди им се забранети. Како што таа појасни, истражувањето сугерира дека половина од децата кои ги користат, признаваат оти ги купуваат во продавници, а електронските цигари содржат никотин, испарливи органски соединенија и хемиски ароми штетни за младите. Кога ќе можеме да имаме дебати со прашања до Владата за тоа како да ги спречиме децата да ги користат овие уреди?, праша докторката. Лидерот на Домот, Марк Спенсер одговори дека од нејзино име ќе му се обрати писмено на министерот за здравство, за да му го сврти вниманието кон овие грижи. Процентот на деца во Велика Британија, кои пушат електронски цигари се зголемува, со тоа што многу од нив се под влијание на социјални мрежи како „ТикТок“, покажуваат нови податоци.

The post Двојно зголемен бројот на деца кои користат електронски цигари во Велика Британија appeared first on Република.

]]>