електронска тетоважа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elektronska-tetovaza/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Mar 2022 09:26:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png електронска тетоважа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elektronska-tetovaza/ 32 32 Бил Гејтс вложува во „електронска тетоважа“ која го следи човековото здравје https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/bil-gejts-vlozuva-vo-elektronska-tetovaza-koja-go-sledi-chovekovoto-zdravje/ Fri, 11 Mar 2022 09:26:35 +0000 https://republika.mk/?p=471164

Милионерот и инвеститор Бил Гејтс, кој важи за „техногуру“ на новата технолошка реалност, неодамна предвиде дека наскоро ќе пристигне технологија којашто, меѓу другото, ќе ги замени и паметните телефони.

Станува збор за производ на компанијата „Кејотик мун“ (Chaotic Moon), поточно биотехнолошки уред кој ќе може да анализира и собира информации од човечкото тело. Оваа таканаречена „електронска тетоважа“ ќе може да складира здравствени информации со кои ќе можеме да ги спречиме и контролираме заболувањата и, со текот на времето, да ги подобриме функциите на нашето тело, како што тоа го прават спортистите.

Иако оваа „е-тетоважа“ е сè уште во развојна фаза, познато е дека ќе се нанесува на кожата со помош на мали сензори и придружни микроуреди коишто испраќаат и примаат важни податоци со помош на специјално мастило коешто спроведува струја.

Оосновачот на „Мајкрософт“ ја замислил оваа технологија и како делотворен начин за остварување повици, испраќање пораки и проверување електронска пошта. Иако сè уште не знаеме кога ќе пристигне првата ваква „тетоважа“, Гејтс и тимот бараат начин таа да се користи за што повеќе задачи што ги извршуваат денешните паметни телефони.

The post Бил Гејтс вложува во „електронска тетоважа“ која го следи човековото здравје appeared first on Република.

]]>

Милионерот и инвеститор Бил Гејтс, кој важи за „техногуру“ на новата технолошка реалност, неодамна предвиде дека наскоро ќе пристигне технологија којашто, меѓу другото, ќе ги замени и паметните телефони. Станува збор за производ на компанијата „Кејотик мун“ (Chaotic Moon), поточно биотехнолошки уред кој ќе може да анализира и собира информации од човечкото тело. Оваа таканаречена „електронска тетоважа“ ќе може да складира здравствени информации со кои ќе можеме да ги спречиме и контролираме заболувањата и, со текот на времето, да ги подобриме функциите на нашето тело, како што тоа го прават спортистите. Иако оваа „е-тетоважа“ е сè уште во развојна фаза, познато е дека ќе се нанесува на кожата со помош на мали сензори и придружни микроуреди коишто испраќаат и примаат важни податоци со помош на специјално мастило коешто спроведува струја. Оосновачот на „Мајкрософт“ ја замислил оваа технологија и како делотворен начин за остварување повици, испраќање пораки и проверување електронска пошта. Иако сè уште не знаеме кога ќе пристигне првата ваква „тетоважа“, Гејтс и тимот бараат начин таа да се користи за што повеќе задачи што ги извршуваат денешните паметни телефони.

The post Бил Гејтс вложува во „електронска тетоважа“ која го следи човековото здравје appeared first on Република.

]]>