електронска музика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elektronska-muzika/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Aug 2024 07:50:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png електронска музика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elektronska-muzika/ 32 32 12. издание на фестивалот на електронска музика „Смотра“ од денеска во Битола https://arhiva3.republika.mk/scena/12-izdanie-na-festivalot-na-elektronska-muzika-smotra-od-deneska-vo-bitola/ Thu, 08 Aug 2024 07:50:07 +0000 https://republika.mk/?p=804439

На неколку локации во Битола, во периодот од 8-ми до 10-ти август 2024 година, ќе се одржи дванаесетото издание на фестивалот на електронска музика „Смотра“

Идејата зад овој фестивал датира од 2011 година, а настана како одговор на потребата за алтернативна сцена во Битола. Целта беше да се понуди поинтимна атмосфера на необични локации каде ќе се презентира поквалитетен избор на електронска музика и диџеи/презентери и каде младите ќе можат да се изразат преку било која уметничка форма.

 

Со необичните локации (запуштени објекти во поранешната касарна, Старата Чаршија и др.) и внимателно избрани изведувачи кои настапуваат со енергични ди-џеј сетови и настапи во живо, СМОТРА претставува одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура.

Во изминатите 11 изданија фестивалот константно еволуира апсорбирајќи нови содржини од современиот електронски звук и проширувајќи ги вообичаените рамки на делување според барањата и очекувањата на посетителите и развојот на современите технологии. Овогодинешното издание ќе ја истражи врска помеѓу вештачката интелигенција и продукција на електронска музика.

 

Програма:

Четврток 08 Авг. / Градски парк спроти Император / 20:00ч
– проф. др. Анис Сефиданис
панел дискусија: Хуманоиден робот во улога на диџеј
влез: слободен

 

Петок 09 Авг. / Стара Битолска Чаршија / 21:00ч
– DIAH
– JOSS

Сабота 10 Авг. / Безистен / 21:00ч
– ALEX NOVA
– GORAN KAN

Билети во претподажба во кафе бар Јагода и Фрагариа.

Дводневен билет: 200 денари.

The post 12. издание на фестивалот на електронска музика „Смотра“ од денеска во Битола appeared first on Република.

]]>

На неколку локации во Битола, во периодот од 8-ми до 10-ти август 2024 година, ќе се одржи дванаесетото издание на фестивалот на електронска музика „Смотра“ Идејата зад овој фестивал датира од 2011 година, а настана како одговор на потребата за алтернативна сцена во Битола. Целта беше да се понуди поинтимна атмосфера на необични локации каде ќе се презентира поквалитетен избор на електронска музика и диџеи/презентери и каде младите ќе можат да се изразат преку било која уметничка форма.   Со необичните локации (запуштени објекти во поранешната касарна, Старата Чаршија и др.) и внимателно избрани изведувачи кои настапуваат со енергични ди-џеј сетови и настапи во живо, СМОТРА претставува одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура. Во изминатите 11 изданија фестивалот константно еволуира апсорбирајќи нови содржини од современиот електронски звук и проширувајќи ги вообичаените рамки на делување според барањата и очекувањата на посетителите и развојот на современите технологии. Овогодинешното издание ќе ја истражи врска помеѓу вештачката интелигенција и продукција на електронска музика.   Програма: Четврток 08 Авг. / Градски парк спроти Император / 20:00ч – проф. др. Анис Сефиданис панел дискусија: Хуманоиден робот во улога на диџеј влез: слободен   Петок 09 Авг. / Стара Битолска Чаршија / 21:00ч – DIAH – JOSS Сабота 10 Авг. / Безистен / 21:00ч – ALEX NOVA – GORAN KAN Билети во претподажба во кафе бар Јагода и Фрагариа. Дводневен билет: 200 денари.

The post 12. издание на фестивалот на електронска музика „Смотра“ од денеска во Битола appeared first on Република.

]]>