електрични батерии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elektrichni-baterii/ За подобро да се разбереме Mon, 22 May 2023 05:25:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png електрични батерии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elektrichni-baterii/ 32 32 Фирма за електрични батерии за автомобили ќе гради фабрика во Кичево https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/firma-za-elektrichni-baterii-za-avtomobili-ke-gradi-fabrika-vo-kichevo/ Mon, 22 May 2023 05:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=643408

Нови 600 работни места ќе отвори компанијата „Avesta Battery and Energy Engineering“ (ABEE) која одлучи да инвестира околу 40 милиони евра во Македонија.

Компанијата, како што јави известувачот на МИА од Брисел, ќе произведува електрични батерии за автомобили и ќе гради фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Кичево.

Договорот денеска во Брисел ќе го потпише директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски во присуство на министерот за економија Крешник Бектеши.

Бектеши и Деспотовски се дел од делегацијата што во Брисел ја предводи претседателот на државата Стево Пендаровски, кој денеска заедно со нив ќе присуствува на бизнис форум во Антверпен каде пред белгиски компании ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Македонија. Покрај ова, утре во Брисел ќе се одржи уште еден бизнис форум.

Претседателот Пендаровски утре ќе се сретне и со премиерот на Белгија, Александер Де Кро, претседателката на Домот на претставниците на белгискиот Парламент, Елијан Тилие и со претсдателката на белгискиот Парламент, Стефани Д Ос. Пендаровски ќе има и аудиенција кај кралот Филип.

Вчера, македонската делегација во Брисел имаше средба со претставници на дијаспората на која се разговараше за повеќе актуелни теми во земјава, како и за прашања кои ја засегаат дијаспората.

The post Фирма за електрични батерии за автомобили ќе гради фабрика во Кичево appeared first on Република.

]]>

Нови 600 работни места ќе отвори компанијата „Avesta Battery and Energy Engineering“ (ABEE) која одлучи да инвестира околу 40 милиони евра во Македонија. Компанијата, како што јави известувачот на МИА од Брисел, ќе произведува електрични батерии за автомобили и ќе гради фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Кичево. Договорот денеска во Брисел ќе го потпише директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски во присуство на министерот за економија Крешник Бектеши. Бектеши и Деспотовски се дел од делегацијата што во Брисел ја предводи претседателот на државата Стево Пендаровски, кој денеска заедно со нив ќе присуствува на бизнис форум во Антверпен каде пред белгиски компании ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Македонија. Покрај ова, утре во Брисел ќе се одржи уште еден бизнис форум. Претседателот Пендаровски утре ќе се сретне и со премиерот на Белгија, Александер Де Кро, претседателката на Домот на претставниците на белгискиот Парламент, Елијан Тилие и со претсдателката на белгискиот Парламент, Стефани Д Ос. Пендаровски ќе има и аудиенција кај кралот Филип. Вчера, македонската делегација во Брисел имаше средба со претставници на дијаспората на која се разговараше за повеќе актуелни теми во земјава, како и за прашања кои ја засегаат дијаспората.

The post Фирма за електрични батерии за автомобили ќе гради фабрика во Кичево appeared first on Република.

]]>