електрична енергија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elektrichna-energija/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 09:52:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png електрична енергија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elektrichna-energija/ 32 32 Цела Куба остана без струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tsela-kuba-ostana-bez-struja/ Sat, 19 Oct 2024 09:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=828748

Целиот остров Куба вчера остана без струја, оставајќи десетина милиони жители во мрак, соопшти Министерството за енергетика и рударство на земјата.

Огромното мнозинство од 10-те милиони луѓе во земјата сè уште беа во темница вчеравечер, но светлата повторно беа вклучени во делови од главниот град Хавана, вклучително и некои од главните болници во градот.

Министерството вчера на мрежата „Х“ објави дека „националниот систем за електрична енергија бил целосно исклучен во 11:00 часот откако откажала една од главните централи на островот“.

Мрежниот оператор УНЕ соопшти дека се надева дека ќе рестартира најмалку пет од своите постројки за производство на мазут во текот на ноќта, обезбедувајќи доволно електрична енергија за да почне со обновување на струја во пошироките области на земјата.

Владата вчера ги затвори училиштата и дел од индустријата и ги испрати повеќето државни службеници дома во последен обид да се одржи снабдувањето со електрична енергија по неколку недели тежок недостиг.

Затворени се и рекреативните и културните активности, вклучително и ноќните клубови.

Официјалните лица синоќа рекоа дека работат на решавање на проблемот што предизвика дефект на централата. Тие не ја прецизираа причината за неговиот колапс.

The post Цела Куба остана без струја appeared first on Република.

]]>

Целиот остров Куба вчера остана без струја, оставајќи десетина милиони жители во мрак, соопшти Министерството за енергетика и рударство на земјата. Огромното мнозинство од 10-те милиони луѓе во земјата сè уште беа во темница вчеравечер, но светлата повторно беа вклучени во делови од главниот град Хавана, вклучително и некои од главните болници во градот. Министерството вчера на мрежата „Х“ објави дека „националниот систем за електрична енергија бил целосно исклучен во 11:00 часот откако откажала една од главните централи на островот“. Мрежниот оператор УНЕ соопшти дека се надева дека ќе рестартира најмалку пет од своите постројки за производство на мазут во текот на ноќта, обезбедувајќи доволно електрична енергија за да почне со обновување на струја во пошироките области на земјата. Владата вчера ги затвори училиштата и дел од индустријата и ги испрати повеќето државни службеници дома во последен обид да се одржи снабдувањето со електрична енергија по неколку недели тежок недостиг. Затворени се и рекреативните и културните активности, вклучително и ноќните клубови. Официјалните лица синоќа рекоа дека работат на решавање на проблемот што предизвика дефект на централата. Тие не ја прецизираа причината за неговиот колапс.

The post Цела Куба остана без струја appeared first on Република.

]]>
Бислимоски: Не очекувам некој сериозен удар во однос на цената на гасот и на електричната енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-ne-ochekuvam-nekoj-seriozen-udar-vo-odnos-na-tsenata-na-gasot-i-na-elektrichnata-energija/ Thu, 17 Oct 2024 19:23:25 +0000 https://republika.mk/?p=828223

Претседателот на  Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски вечерва истакна дека во делот на обезбедување на гас Македонија нема да има проблеми.

Бислимоски во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ посочи дека проблемот со затворањето на гасоводот во Украина може да предизвика одредени удар на европските берзи, но не очекува некои сериозен удар во однос на цената на гасот и на електричната енергија

-Во делот на обезбедувањето на гас Македонија ќе нема проблеми. Гасот доаѓа од „Турски тек“, тоа е во најголем дел гас на „Гаспром“, од Турција преку Бугарија доаѓа кај нас. Единствено проблемот со затворањето на гасоводот во Украина може да предизвика одредени удар на европските берзи, но она што го гледаме е дека и Австрија кажува ние немаме проблем да обезбедиме гас од друго место, Унгарија истото го кажува. Чешка и Словачка биле подготвени. Така што, не очекувам некои сериозен удар во однос на цената на гасот па понатака тоа да влијае и на електричната енергија. Можно е бидејќи вообичаено Европа во отсекогаш увезувала доста големи количини на електрична енергија од Украина. Сега енергетски голем број на производствени енергетски постројки во Украина во оваа тотално луда војна, се уништени и веќе се гледа и обратна насока на движењето на електричната енергија. Увезуваат електрична енергија и ќе видиме тоа како оваа зима ќе биде најкарактеристично бидејќи во изминативе неколку месеци се уништија најголем број на нивни производни постројки. Па ќе видиме сето тоа како ќе функционира. Она што го гледаме на берзите е да кажеме некоја цена од помеѓу 100 и 110 евра за мегават час.Тоа се првиот квартал на 2025 и цела 2025, тука е некаде во разлика од пет проценти. Па да видиме како ќе биде, но предизвици секогаш ќе има. Беше интерсно во изминативе неповрзано со електрична енергија природниот гас кога се навестија нападите на Иран врз Израел, цената на нафтата порасна за 10 долари. Па сега кога пројде тоа почнува да се намалува овие неколку дена. Така што, берзиве на сите енергенси се исклучително осетливи на политика што не е добро, рече Бислимоски.

Првиот човек на РКЕ нагласи дека немаме сценарио Б, имаме само сценарио А и ЕСМ мора да застане на здрави нозе и да се врати во финансиска кондиција. Тој рече дека нема друга опција, освен намалување на трошоци и зголемување на производството.

Македонија, рече тој, е членка на Европската енергетска заедница и има преземено обврски.

-Во однос на јагленот, ние не сме некоја енергетски богата земја, имаме ресурси. Немаме. Од ресурсите сме го имале јагленот, го имаме уште, да видиме до кога ќе можеме да го користиме додека ја правиме трансформацијата. Сме кажале дека во Битола од 2025 година ќе се направи когенеративна постројка. Да отидеме, ќе видиме дека нема. Тој процес на изградба на нови когенеративни постројки кои што мора да ни ги заменат блоковите во Битола, мора да го реализираме. И тоа час поскоро, вели првиот човек на РКЕ.

Тој вели дека се изградија многу обновливи извори во државата, која има потреба од таа базна енергија за да функционира системот.

-Ако капацитетот на трите блока во Битола е 700 мегавати, ние реално на мрежа имаме 450-460, нам дефакто еден блок ни е надвор од игра. Поради тоа што имаме помалку квалитетен јаглен таму, не секогаш се знае со каков квалитет е увозниот, па се меѓа со нашиот и има проблеми при самото производство на електрична енергија и затоа има чести испади, вели Бислимоски.

Првиот човек на РКЕ смета дека треба да се либерализира пазарот на деривати.

-Јас како Марко, тој нафтен сектор ние со договорот за купопродажба со ОКТА каде што имаше дел и методологија купена во рамките на договорот, ни беше конзервиран до мај 2019 година. Во последниот период четири-пет години Регулаторната кажува своја методологија и гледам дека веќе е време, кај нас има огромен на трговци со електрина енергија, да зборуваме за целосна либерализација на овој сектор и на цените, да ги оставиме самите компании да се борат. Вие во Македонија само не можете да видите премиум гориво, затоа што ние имаме цена за вообиачени горива а немаме за премиум, не може Регулаторна да го каже тоа. Ќе се подобри квалитетот на горивата. Верувам дека и цената ќе остане стабилна како и до сега. Но треба да им дадеме шанса да ги оставиме да работат затоа што реално се од целиот енергетски сектор се е либерализрано и електрична енргија и природен гас. Треба да им дадеме шанса да си работат.  Има голем број на трговци, има голем број на бензиски пумпи, нека си конкурираат меѓу себе, сигурно ќе се подобри квалитетот. Така што, сметам дека треба да се либерализира пазарот, рече тој.

Бислимоски потенцира дека во Македонија во последните речиси три години се изградени 1.000 мегавати обновливи извори на енергија, процес што си го овозможи самото македонското стопанство.

-Тие беа соочени со сериозни проблеми во однос на цената на електрична енергија и сфатија дека треба да инвестираат во фотоволтаици. Најголем дел од нив си ги поставуваа на покривите на нивните компании за да си ги намалат трошоците, а дел од нив, исто така, видоа и бизнис можност и започнаа да градат фотоволтаици, изјави Бислимоски.

The post Бислимоски: Не очекувам некој сериозен удар во однос на цената на гасот и на електричната енергија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на  Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски вечерва истакна дека во делот на обезбедување на гас Македонија нема да има проблеми. Бислимоски во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ посочи дека проблемот со затворањето на гасоводот во Украина може да предизвика одредени удар на европските берзи, но не очекува некои сериозен удар во однос на цената на гасот и на електричната енергија -Во делот на обезбедувањето на гас Македонија ќе нема проблеми. Гасот доаѓа од „Турски тек“, тоа е во најголем дел гас на „Гаспром“, од Турција преку Бугарија доаѓа кај нас. Единствено проблемот со затворањето на гасоводот во Украина може да предизвика одредени удар на европските берзи, но она што го гледаме е дека и Австрија кажува ние немаме проблем да обезбедиме гас од друго место, Унгарија истото го кажува. Чешка и Словачка биле подготвени. Така што, не очекувам некои сериозен удар во однос на цената на гасот па понатака тоа да влијае и на електричната енергија. Можно е бидејќи вообичаено Европа во отсекогаш увезувала доста големи количини на електрична енергија од Украина. Сега енергетски голем број на производствени енергетски постројки во Украина во оваа тотално луда војна, се уништени и веќе се гледа и обратна насока на движењето на електричната енергија. Увезуваат електрична енергија и ќе видиме тоа како оваа зима ќе биде најкарактеристично бидејќи во изминативе неколку месеци се уништија најголем број на нивни производни постројки. Па ќе видиме сето тоа како ќе функционира. Она што го гледаме на берзите е да кажеме некоја цена од помеѓу 100 и 110 евра за мегават час.Тоа се првиот квартал на 2025 и цела 2025, тука е некаде во разлика од пет проценти. Па да видиме како ќе биде, но предизвици секогаш ќе има. Беше интерсно во изминативе неповрзано со електрична енергија природниот гас кога се навестија нападите на Иран врз Израел, цената на нафтата порасна за 10 долари. Па сега кога пројде тоа почнува да се намалува овие неколку дена. Така што, берзиве на сите енергенси се исклучително осетливи на политика што не е добро, рече Бислимоски. Првиот човек на РКЕ нагласи дека немаме сценарио Б, имаме само сценарио А и ЕСМ мора да застане на здрави нозе и да се врати во финансиска кондиција. Тој рече дека нема друга опција, освен намалување на трошоци и зголемување на производството. Македонија, рече тој, е членка на Европската енергетска заедница и има преземено обврски. -Во однос на јагленот, ние не сме некоја енергетски богата земја, имаме ресурси. Немаме. Од ресурсите сме го имале јагленот, го имаме уште, да видиме до кога ќе можеме да го користиме додека ја правиме трансформацијата. Сме кажале дека во Битола од 2025 година ќе се направи когенеративна постројка. Да отидеме, ќе видиме дека нема. Тој процес на изградба на нови когенеративни постројки кои што мора да ни ги заменат блоковите во Битола, мора да го реализираме. И тоа час поскоро, вели првиот човек на РКЕ. Тој вели дека се изградија многу обновливи извори во државата, која има потреба од таа базна енергија за да функционира системот. -Ако капацитетот на трите блока во Битола е 700 мегавати, ние реално на мрежа имаме 450-460, нам дефакто еден блок ни е надвор од игра. Поради тоа што имаме помалку квалитетен јаглен таму, не секогаш се знае со каков квалитет е увозниот, па се меѓа со нашиот и има проблеми при самото производство на електрична енергија и затоа има чести испади, вели Бислимоски. Првиот човек на РКЕ смета дека треба да се либерализира пазарот на деривати. -Јас како Марко, тој нафтен сектор ние со договорот за купопродажба со ОКТА каде што имаше дел и методологија купена во рамките на договорот, ни беше конзервиран до мај 2019 година. Во последниот период четири-пет години Регулаторната кажува своја методологија и гледам дека веќе е време, кај нас има огромен на трговци со електрина енергија, да зборуваме за целосна либерализација на овој сектор и на цените, да ги оставиме самите компании да се борат. Вие во Македонија само не можете да видите премиум гориво, затоа што ние имаме цена за вообиачени горива а немаме за премиум, не може Регулаторна да го каже тоа. Ќе се подобри квалитетот на горивата. Верувам дека и цената ќе остане стабилна како и до сега. Но треба да им дадеме шанса да ги оставиме да работат затоа што реално се од целиот енергетски сектор се е либерализрано и електрична енргија и природен гас. Треба да им дадеме шанса да си работат.  Има голем број на трговци, има голем број на бензиски пумпи, нека си конкурираат меѓу себе, сигурно ќе се подобри квалитетот. Така што, сметам дека треба да се либерализира пазарот, рече тој. Бислимоски потенцира дека во Македонија во последните речиси три години се изградени 1.000 мегавати обновливи извори на енергија, процес што си го овозможи самото македонското стопанство. -Тие беа соочени со сериозни проблеми во однос на цената на електрична енергија и сфатија дека треба да инвестираат во фотоволтаици. Најголем дел од нив си ги поставуваа на покривите на нивните компании за да си ги намалат трошоците, а дел од нив, исто така, видоа и бизнис можност и започнаа да градат фотоволтаици, изјави Бислимоски.

The post Бислимоски: Не очекувам некој сериозен удар во однос на цената на гасот и на електричната енергија appeared first on Република.

]]>
Божиновска: Ќе набавуваме електрична енергија на подолг рок https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bozhinovska-ke-nabavuvame-elektrichna-energija-na-podolg-rok/ Fri, 04 Oct 2024 10:55:34 +0000 https://republika.mk/?p=822616

Во следните седум дена ќе го правиме енергетскиот биланс. Ги гледаме состојбите, односно колку електрична енергија ќе ни недостасува. Ќе гледаме да набавиме на малку подолгорочен рок, односно нема да купуваме недела однапред енергија бидејќи тогаш е навистина многу скапо, информира денеска министерската за енергетика Сања Божиновска.

Капацитетите на РЕК Битола не се во најдобра кондиција и не можеме да сметаме на сите три блока, тоа го наследивме и свесни сме дека е од 1984 година. Затоа ќе направиме струја за четвртиот квартал и евентуално за првите три месеци од 2025 година. Цените сега на берза се околу 100 евра за мегават час што значи дека иако има војна, нема некои енормни поместувања на цените на електрична енергија досега - рече Божиновска во одговор на прашање на денешниот отчет за 100 дена Влада.

Следните седум дена, прецизира, ќе направиме точен енергетски биланс и се надеваме дека ќе ги имаме точните бројки за потребна електрична енергија.

Тоа зависи исто така и од хидрометеорологијата. Моментално исполнетоста во акумулациите е само околу 24 проценти што воопшто не е во ред, меѓутоа ако е ноември дождлив може да се наполнат. Што се однесува за финансии со премиерот имаме дискутирано и имаме добри шанси да набавиме финансиски средства. Се уште немаме точно разговарано, меѓутоа ќе бидат од домашните банки - рече Божиновска.

Прашана дали ќе поскапи производната цена на електричната енергија на ЕСМ од 1 јануари идната година, а со тоа и цената што ја плаќаат граѓаните, рече дека финалната цена се состои од повеќе импути, меѓу кои и цената на електрична енергија од ЕСМ.

Ќе работиме за најдобар интерес за граѓаните. Никој не би сакал да види поскапување на електричната цена, меѓутоа тука влегуваат и трошоците од МЕПСО, значи не е само цената на ЕСМ. Ние ќе ја дискутираме цената и ќе видиме колку проценти ќе се понудат. Како што знаете минатиот пат претходната влада понуди 85 проценти, па потоа ние понудивме уште 15 проценти на универзалниот снабдувач, така што во ноември би требало да се разјаснат овие работи. Има време уште за тоа - прецизира Божиновска.

За долгот од 60 милиони евра што го направи минатата влада кон ЕВН поради неплаќањето на субвенционираниот дел од цената на струјата за граѓаните во нивните сметки, рече дека разговараат со ЕВН.

Само што не известија за долгот, свесни се за состојбата на буџетот. Кажаа дека ова не е нешто што треба да се врати за една или за две години, дека се спремни да дискутираме. Знаат и свесни се дека тоа ќе биде долгорочно, што значи не само од енергетиката ние ќе ги собереме и сите наследени долгови и заедно како Влада ќе видиме колку е потребно финансиски за да можеме да ги вратиме и да ги сервисираме долговите. Меѓутоа буџетот е во лоша состојба и допрва сега ќе го правиме буџетот за следната година. Така што, сето ова ќе видиме како ќе излезе на крај - посочи Божиновска.

The post Божиновска: Ќе набавуваме електрична енергија на подолг рок appeared first on Република.

Поради незапамтената суша Еквадор почна со делумни прекини на струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poradi-nezapamtenata-susha-ekvador-pochna-so-delumni-prekini-na-struja/ Sun, 22 Sep 2024 08:19:23 +0000 https://republika.mk/?p=818632

Еквадор ќе почне со планираните прекини на струја еден ден порано, соопшти владата со цел да ја рационализира испораката на електрична енергија бидејќи земјата зависна од хидроелектричната енергија се соочува со најголемата суша во изминатите 61 година.

Ноќните прекини на струја беа планирани од понеделник до четврток, но дополнително рационализирање сега ќе има во текот на денот (недела) од 08:00 до 17:00 часот денеска во 12 провинции, се вели во соопштението на претседателот.

Исклучувањата на струјата имаат за цел „да се заштитат водните ресурси“. Во државата 71 ден нема врнежи од дожд.

Ниските нивоа на водата доведоа до пад на акумулациите на хидроелектраните кои покриваат 70 отсто од националната побарувачка.

Во изјавата на претседателот, исто така, се вели дека може да бидат наметнати дополнителни мерки.

The post Поради незапамтената суша Еквадор почна со делумни прекини на струја appeared first on Република.

]]>

Еквадор ќе почне со планираните прекини на струја еден ден порано, соопшти владата со цел да ја рационализира испораката на електрична енергија бидејќи земјата зависна од хидроелектричната енергија се соочува со најголемата суша во изминатите 61 година. Ноќните прекини на струја беа планирани од понеделник до четврток, но дополнително рационализирање сега ќе има во текот на денот (недела) од 08:00 до 17:00 часот денеска во 12 провинции, се вели во соопштението на претседателот. Исклучувањата на струјата имаат за цел „да се заштитат водните ресурси“. Во државата 71 ден нема врнежи од дожд. Ниските нивоа на водата доведоа до пад на акумулациите на хидроелектраните кои покриваат 70 отсто од националната побарувачка. Во изјавата на претседателот, исто така, се вели дека може да бидат наметнати дополнителни мерки.

The post Поради незапамтената суша Еквадор почна со делумни прекини на струја appeared first on Република.

]]>
Полска ќе престане да испорачува дополнителна струја за Украина зашто Брисел нејќе да и го укине данокот за ЦО2 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-ke-prestane-da-isporachuva-dopolnitelna-struja-za-ukraina-zashto-brisel-nejke-da-i-go-ukine-danokot-za-tso2/ Thu, 19 Sep 2024 09:02:07 +0000 https://republika.mk/?p=817699

Полска одлучи да произведува и испорачува дополнителна електрична енергија на Украина.

Проектот за производство на дополнителна електрична енергија во полските термоелектрани за снабдување на Украина е прекинат, а причината е одбивањето на Европската комисија да ја ослободи Полска од данокот на ЦO2.

Претходно официјална Варшава побара да се укине таксата под изговор за изградба на втор далновод Жешов - Хмелницки со цел дополнително да ја снабдува Украина со електрична енергија. Друг услов беше Брисел да плати за испорачаната струја.

По отфрлањето таквите барања од страна на Европската комисија, Полска го замрзна проектот за испорака на дополнителна електричана енергија на Украина.

The post Полска ќе престане да испорачува дополнителна струја за Украина зашто Брисел нејќе да и го укине данокот за ЦО2 appeared first on Република.

]]>

Полска одлучи да произведува и испорачува дополнителна електрична енергија на Украина. Проектот за производство на дополнителна електрична енергија во полските термоелектрани за снабдување на Украина е прекинат, а причината е одбивањето на Европската комисија да ја ослободи Полска од данокот на ЦO2. Претходно официјална Варшава побара да се укине таксата под изговор за изградба на втор далновод Жешов - Хмелницки со цел дополнително да ја снабдува Украина со електрична енергија. Друг услов беше Брисел да плати за испорачаната струја. По отфрлањето таквите барања од страна на Европската комисија, Полска го замрзна проектот за испорака на дополнителна електричана енергија на Украина.

The post Полска ќе престане да испорачува дополнителна струја за Украина зашто Брисел нејќе да и го укине данокот за ЦО2 appeared first on Република.

]]>
Утре без струја дел од улиците Осло и Будипештанска и објекти во околината на Полиестердеј во Визбегово https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/utre-bez-struja-del-od-ulitsite-oslo-i-budipeshtanska-i-objekti-vo-okolinata-na-poliesterdej-vo-vizbegovo/ Wed, 28 Aug 2024 13:40:28 +0000 https://republika.mk/?p=810916

Утре без напојување со електрична енергија од 08:00 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. Осло, а  од 10:30 до 14:00 часот и корисниците од дел од ул.Будимпештанска во Општина Карпош, а од 08:00 до 11:30 часот корисниците од дел од стопанската зона во населба Визбегово, поточно објектите во околината на фирмата – Полиестердеј во Општина Бутел.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека по добиеното известување од ЕВН, прекинот во напојувањето со струја е поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа.

The post Утре без струја дел од улиците Осло и Будипештанска и објекти во околината на Полиестердеј во Визбегово appeared first on Република.

]]>

Утре без напојување со електрична енергија од 08:00 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. Осло, а  од 10:30 до 14:00 часот и корисниците од дел од ул.Будимпештанска во Општина Карпош, а од 08:00 до 11:30 часот корисниците од дел од стопанската зона во населба Визбегово, поточно објектите во околината на фирмата – Полиестердеј во Општина Бутел. Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека по добиеното известување од ЕВН, прекинот во напојувањето со струја е поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа.

The post Утре без струја дел од улиците Осло и Будипештанска и објекти во околината на Полиестердеј во Визбегово appeared first on Република.

]]>
Министрите за енергетика од Г7 се договорија за постепено укинување на производството на електрична енергија од јаглен од 2035 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ministrite-za-energetika-od-g7-se-dogovorija-za-postepeno-ukinuvane-na-proizvodstvoto-na-elektrichna-energija-od-jaglen-od-2035-godina/ Tue, 30 Apr 2024 13:20:37 +0000 https://republika.mk/?p=772653

Министрите за енергија, животна средина и клима на земјите-членки на Г7 се согласија постепено да ја укинат употребата на јаглен за производство на електрична енергија до 2035 година.

Одлуката на Г-7 доцна синоќа ја потврди и Министерството за економија и клима на Германија. Според портпаролот на Министерството, Германија одиграла клучна улога во одлуката да се одреди јасен краен датум за производство на електрична енергија на јаглен за сите земји од Г7.

Британскиот државен секретар за енергетска безбедност и јаглеродна неутралност Ендрју Боуви претходно го објави договорот.

Да, имаме договор за постепено исфрлање на јагленот во првата половина на 30-тите години. Ова е историски договор што не успеавме да го постигнеме на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени (КОП 28) во Дубаи минатата година, изјави Боуви.

The post Министрите за енергетика од Г7 се договорија за постепено укинување на производството на електрична енергија од јаглен од 2035 година appeared first on Република.

]]>

Министрите за енергија, животна средина и клима на земјите-членки на Г7 се согласија постепено да ја укинат употребата на јаглен за производство на електрична енергија до 2035 година. Одлуката на Г-7 доцна синоќа ја потврди и Министерството за економија и клима на Германија. Според портпаролот на Министерството, Германија одиграла клучна улога во одлуката да се одреди јасен краен датум за производство на електрична енергија на јаглен за сите земји од Г7. Британскиот државен секретар за енергетска безбедност и јаглеродна неутралност Ендрју Боуви претходно го објави договорот. Да, имаме договор за постепено исфрлање на јагленот во првата половина на 30-тите години. Ова е историски договор што не успеавме да го постигнеме на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени (КОП 28) во Дубаи минатата година, изјави Боуви.

The post Министрите за енергетика од Г7 се договорија за постепено укинување на производството на електрична енергија од јаглен од 2035 година appeared first on Република.

]]>
Мицкоски најави укинување на тарифата за пристап на мрежа од сметките за струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-najavi-ukinuvane-na-tarifata-za-pristap-na-mrezha-od-smetkite-za-struja/ Sun, 24 Mar 2024 20:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=758311

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на промоцијата на програмата Платформа# 1198 за претстојните парламентарни избори, закажани за мај годинава најави укинување на тарифата за пристап на мрежа која граѓаните ја плаќаат во сметките за електрична енергија.

„Има една такса која од оваа година РКЕ почна да ја наплаќа а тоа е пристапот на мрежа, тоа е како да наплаќа некој пристап на тротоар, пристап на улица, пат. Тие одлучиле да наплатат пристап на мрежа за да обезбедат повеќе пари а да не кажат дека ја поскапеле цената за граѓаните. Ние тоа ќе го укинеме, сепак 200 денари можеби не значи многу месечно но кога тоа ќе се мултиплицира е доволна заштеда за семејниот буџет“, кажа Мицкоски.

Мицкоски најави модернизација на РЕК БИТОЛА – стожар на македонскиот електроенергетски систем

„Ако оваа Влада на СДСМ и ДУИ има намера и тоа го кажа неколку пати јавно да го затвори РЕК Битола и на тој начин да практично неколку илјади битолчани, семејства кои директно градат егзистенција за своите семејства во овој рударско енергетски комбинат да останат на улица, а неколку десетици илјади кои се дел од компаниите кои соработуваат со овој комбинат исто така да трпат сериозен удар и биде под знак прашалник нивното работно место и нивната егзистенција. Тие вела дека ќе го затворат и го ставаат на знак прашање дали тоа ќе функционира и продолжи да работи во иднина. Ние тука немаме дилема, да за енергетската трансформација, да за зелената агенда, но ние ќе го следиме примерот на највисоко развиените европски држави со многу посложени системи од нас и кога тие целосно ќе го трансформираат својот производствен енергетски систем на зелена енергија, ние веднаш следната година ќе се адаптираме“, рече Мицкоски.

Тој најави ветерни паркови во Богданци, Миравци и Планински Масив Илинска, Плакенска и Бигла.

„Како АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ Ќе бараме приватен партнер со кој ќе ги развиваме овие ветерни паркови и на тој начин ќе го зголемуваме производното портфолио на електрична енергија од обновливи избори на енергија“, истакна Мицкоски.

The post Мицкоски најави укинување на тарифата за пристап на мрежа од сметките за струја appeared first on Република.

Битола светна, дојде струја https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/bitola-svetna-dojde-struja/ Sat, 20 Jan 2024 19:30:48 +0000 https://republika.mk/?p=735032

Дефект во трафостаницата „Битола 3” ,кој предизвика битолското градско подрачје, како и населените места Долно Оризари и Карамани да останат без електрична енергија е саниран

Дефектот бил комплексен, но екипите на ЕВН успешно го санирале.

  „Скоро секој месец по еднаш-двапати немаме струја. И тоа да нема струја по 15 минути, тоа е во ред, ама да нема струја цел ден, тоа е незамисливовбо овој век сега. Немаме досега реагирано, ама денесдка имаме закажано состанок од МЗ од ело село што сме, сакаме да направиме еден состанок, да се организираме некако, кој ќеприфати и да одиме до ЕВН, во базата на ЕВН, па да видиме што ќе направиме. Или ова да го решат, оти вака повеќе не можеме. Ова е веќе несфатливо, имаме фамилии, дечиња дома и да немаш 24 часа струја во ова време, не знам што да речам“, –  изјави за Алфа жител на с. Долно Оризари.

The post Битола светна, дојде струја appeared first on Република.

]]>

Дефект во трафостаницата „Битола 3” ,кој предизвика битолското градско подрачје, како и населените места Долно Оризари и Карамани да останат без електрична енергија е саниран Дефектот бил комплексен, но екипите на ЕВН успешно го санирале.
  „Скоро секој месец по еднаш-двапати немаме струја. И тоа да нема струја по 15 минути, тоа е во ред, ама да нема струја цел ден, тоа е незамисливовбо овој век сега. Немаме досега реагирано, ама денесдка имаме закажано состанок од МЗ од ело село што сме, сакаме да направиме еден состанок, да се организираме некако, кој ќеприфати и да одиме до ЕВН, во базата на ЕВН, па да видиме што ќе направиме. Или ова да го решат, оти вака повеќе не можеме. Ова е веќе несфатливо, имаме фамилии, дечиња дома и да немаш 24 часа струја во ова време, не знам што да речам“, –  изјави за Алфа жител на с. Долно Оризари.
 
The post Битола светна, дојде струја appeared first on Република.

]]>
Блок тарифите за електрична енергија не се намалуваат, но што е со владините субвенции? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/blok-tarifite-za-elektrichna-energija-ne-se-namaluvaat-no-shto-e-so-vladinite-subventsii/ Wed, 22 Nov 2023 11:54:16 +0000 https://republika.mk/?p=715107

Нема да има промена на опсегот на четирите блок тарифи за електричната енергија на регулираниот пазар и покрај забелешките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), порача вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

РКЕ го носи тарифниот систем и кажува во кој опсег ќе се блок тарифите. Да, има забелешки од ММФ дека блоковите треба да се намалат, но одговорно тврдам – блоковите и нивниот опсег нема да се намалат. Не е тоа решение. Блоковите даваат резултати. Воведената реформа има ефект и има заштеди од 16 отсто. Дури и тоа што беше потопла зимата има удел, но сепак до овој процент е стигнато со штедење на домаќинствата и факт е дека потрошувачката е намалена, рече Бислимоски за ТВ 24.

Нагласи дека намалувањето на субвенциите што ги даваше Владата за електричната енергија е логичен след затоа што, како што рече, оваа година, по завршувањето на грејната сезона немаме потреба од ТЕЦ Неготино и големите набавки завршија. Воедно, додаде, имаме и постабилна и попредвидлива состојба со цените на електричната енергија на берза.

Имаме постабилна ситуација во однос на цената на струјата на слободниот пазар кај нас и во регионот, кога може да се купи струја на слободниот пазар. Во тој дел потребите кои требаше да ги обезбеди ЕСМ за универзалниот снабдувач, за малите потрошувачи и домаќинствата, загубите во дистрибутивната и преносната мрежа, сега се обезбедуваат на слободниот пазар по цени кои се многу пониски. Оттука се должи тоа што се намалуваат субвенциите за ЕСМ. По лошата 2021 година ЕСМ го зголеми производството на струја во 2022 и очекуваме годинава да биде над четири милијарди киловат часови, посочи Бислимоски.

Од тој аспект, додаде, нема потреба да се даваат толку пари, зошто сите трошоци се намалени.

The post Блок тарифите за електрична енергија не се намалуваат, но што е со владините субвенции? appeared first on Република.

Владата почнува постапка за избор за универзален снабдувач со електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-pochnuva-postapka-za-izbor-za-univerzalen-snabduvach-so-elektrichna-energija/ Tue, 17 Oct 2023 17:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=692249

Владата на денешната седница, донесе Одлука за почнување на постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија.

Од Владата велат дека изборот на универзален снабдувач е во согласност со Законот за енергетика, заради остварувањето на правото на домаќинствата и малите потрошувачи поврзани на електроенергетскиот систем на универзална услуга во снабдувањето со електрична енергија.

„Универзалниот снабдувач ќе биде должен да врши снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи кои се наоѓаат на подрачјето на кое има обврска да обезбеди универзална услуга и кои избрале да бидат снабдувани од него, во согласност со обврските утврдени со Законот за енергетика и правилата за снабдување. Универзалниот снабдувач, согласно законот, ќе биде должен да обезбеди универзална услуга за период не подолг од 5 години“, се вели во владиното соопштение.

Во следниот период, ќе се подготвува тендерската документација и јавниот повик со цел заштита на интересите на граѓаните и малите потрошувачи.

The post Владата почнува постапка за избор за универзален снабдувач со електрична енергија appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната седница, донесе Одлука за почнување на постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија. Од Владата велат дека изборот на универзален снабдувач е во согласност со Законот за енергетика, заради остварувањето на правото на домаќинствата и малите потрошувачи поврзани на електроенергетскиот систем на универзална услуга во снабдувањето со електрична енергија.
„Универзалниот снабдувач ќе биде должен да врши снабдување со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи кои се наоѓаат на подрачјето на кое има обврска да обезбеди универзална услуга и кои избрале да бидат снабдувани од него, во согласност со обврските утврдени со Законот за енергетика и правилата за снабдување. Универзалниот снабдувач, согласно законот, ќе биде должен да обезбеди универзална услуга за период не подолг од 5 години“, се вели во владиното соопштение.
Во следниот период, ќе се подготвува тендерската документација и јавниот повик со цел заштита на интересите на граѓаните и малите потрошувачи.

The post Владата почнува постапка за избор за универзален снабдувач со електрична енергија appeared first on Република.

]]>
Без струја утре ќе бидат делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/bez-struja-utre-ke-bidat-delovi-od-aerodrom-karposh-i-kisela-voda/ Sun, 08 Oct 2023 09:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=689146

Без струја утре ќе бидат делови од општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

Според известувањето од „ЕВН Македонија“, без електрична енергија во периодот од девет до 12 часот, ќе останат дел од корисниците меѓу улицата „Лазар Димитров“ и булеварите „Србија“ и „Борис Трајковски“. Исто така во општина Аеродром, истиот период, без струја ќе бидат и дел од корисниците на улицата „Горноврановска“.

Во општина Кисела Вода, во периодот од девет до 12:30 часот, струја ќе немаат корисниците од „Ужичка Република“, „Бранко Заревски“, „Иван Хаџиниколов“, „Иван Турењев“, „Чупино Брдо“, „Димитар Гуштанов“, „Живко Фирфов“, „Марија Кири“, објектите на Пожарната, поликлиника „Драчево“ и МВР.

Од девет до 14 часот, во општина Карпош, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улиците „Гиго Михајловски“, „Франклин Рузвелт“ и булеварот „Партизански одреди“.

The post Без струја утре ќе бидат делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Без струја утре ќе бидат делови од општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје. Според известувањето од „ЕВН Македонија“, без електрична енергија во периодот од девет до 12 часот, ќе останат дел од корисниците меѓу улицата „Лазар Димитров“ и булеварите „Србија“ и „Борис Трајковски“. Исто така во општина Аеродром, истиот период, без струја ќе бидат и дел од корисниците на улицата „Горноврановска“. Во општина Кисела Вода, во периодот од девет до 12:30 часот, струја ќе немаат корисниците од „Ужичка Република“, „Бранко Заревски“, „Иван Хаџиниколов“, „Иван Турењев“, „Чупино Брдо“, „Димитар Гуштанов“, „Живко Фирфов“, „Марија Кири“, објектите на Пожарната, поликлиника „Драчево“ и МВР. Од девет до 14 часот, во општина Карпош, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улиците „Гиго Михајловски“, „Франклин Рузвелт“ и булеварот „Партизански одреди“.

The post Без струја утре ќе бидат делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Израел нареди прекин на снабдувањето со електрична енергија на Појасот Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-naredi-prekin-na-snabduvaneto-so-elektrichna-energija-na-pojasot-gaza/ Sat, 07 Oct 2023 19:11:55 +0000 https://republika.mk/?p=689027

Израелскиот министер за енергетика, Израел Кац денеска објави дека потпишал указ со кој се наложува на јавната електроенергетска компанија „да престане да испорачува електрична енергија за Појасот Газа“.

Според Канцеларијата за Блискиот Исток, жителите на Газа имаат струја само од 5 до 15 часа дневно.

Појасот Газа вообичаено увезува до 120 мегавати електрична енергија од израелската државна компанија термоелектрана Газа, која има теоретски капацитет од 140 мегавати и само кога испорачува од 60 до 80 мегавати во нормален циклус.

The post Израел нареди прекин на снабдувањето со електрична енергија на Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Израелскиот министер за енергетика, Израел Кац денеска објави дека потпишал указ со кој се наложува на јавната електроенергетска компанија „да престане да испорачува електрична енергија за Појасот Газа“. Според Канцеларијата за Блискиот Исток, жителите на Газа имаат струја само од 5 до 15 часа дневно. Појасот Газа вообичаено увезува до 120 мегавати електрична енергија од израелската државна компанија термоелектрана Газа, која има теоретски капацитет од 140 мегавати и само кога испорачува од 60 до 80 мегавати во нормален циклус.

The post Израел нареди прекин на снабдувањето со електрична енергија на Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Албанија почна со увоз на електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanija-pochna-so-uvoz-na-elektrichna-energija/ Wed, 02 Aug 2023 15:00:34 +0000 https://republika.mk/?p=667972

Сушата и високите температури предизвикаа значително намалување на нивото на вода во акумулацијата на најголемата албанска хидроцентрала „Фиерза", како и останатите две, на каскадата на реката Дрим.

За да избегне проблеми во нормалното снабдување, албанската електрокорпорација, КЕШ набави над 100 илјади мегавати часови електрична енергија за месец август.

Според официјалните податоци, КЕШ, за периодот од 31 јули до 6 август ќе увезе 38.850 мегавати. Претходно беше спроведена друга процедура за увоз на 74.400 мегавати енергија за цел месец август. Цената по која е купена енергијата варира од 92 до 106 евра за мегават, јави Ора њуз.

Но, не се отфрла можноста и за други набавки доколку продолжи сушниот период а со тоа и слаб доток на вода во акумулациите, во период на масовно присуство на туристи, што условува зголемена потрошувачката.

За задоволување на потребите на потрошувачите, Албанија минатата година увезла струја во вредност од 503 милиони евра, со просечна цена од 305 евра.

Поради поволната хидрологија од јануари до 20 мај годинава КЕШ успеал да продаде 31,92 милиони евра струја, односно 386.436 мегавати со просечна цена од 82 евра.

The post Албанија почна со увоз на електрична енергија appeared first on Република.

]]>

Сушата и високите температури предизвикаа значително намалување на нивото на вода во акумулацијата на најголемата албанска хидроцентрала „Фиерза", како и останатите две, на каскадата на реката Дрим. За да избегне проблеми во нормалното снабдување, албанската електрокорпорација, КЕШ набави над 100 илјади мегавати часови електрична енергија за месец август.
Според официјалните податоци, КЕШ, за периодот од 31 јули до 6 август ќе увезе 38.850 мегавати. Претходно беше спроведена друга процедура за увоз на 74.400 мегавати енергија за цел месец август. Цената по која е купена енергијата варира од 92 до 106 евра за мегават, јави Ора њуз.
Но, не се отфрла можноста и за други набавки доколку продолжи сушниот период а со тоа и слаб доток на вода во акумулациите, во период на масовно присуство на туристи, што условува зголемена потрошувачката. За задоволување на потребите на потрошувачите, Албанија минатата година увезла струја во вредност од 503 милиони евра, со просечна цена од 305 евра. Поради поволната хидрологија од јануари до 20 мај годинава КЕШ успеал да продаде 31,92 милиони евра струја, односно 386.436 мегавати со просечна цена од 82 евра.

The post Албанија почна со увоз на електрична енергија appeared first on Република.

]]>
Жителите на Слупчане пак чепкале во струјата – на граничарите на Табановце им се стемни https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zhitelite-na-slupchane-pak-chepkale-vo-strujata-na-granicharite-na-tabanovtse-im-se-stemni/ Wed, 26 Jul 2023 19:24:39 +0000 https://republika.mk/?p=665688

Продолжува револтот и противправните активности на жителите на селото Слупчане, па проблемот со електричната енергија отишол дотаму што слупчанци предизвикале нов дефект во инсталацијата и без снабдување вечерва го оставиле граничниот премин „Табановце“, дознава Плусинфо од извори во ЕВН.

Како што објави порталот, прекинот на електрична енергија траел само неколку минути.

„Само пред неколку десетина минути повторно извршиле манипулации во мрежата и предизвикале дополнителен дефект поради што без снабдување остана граничниот премин ‘Табановце’. Снабдувањето на граничниот премин со електрична енергија сега е нормализирано“, соопшти ЕВН.

Претходно, жителите на Слупчане ги уништија трафостаниците за снабдување со електрична енергија и направија дефект од највисок степен, поради што жителите од селото и пошироко останаа без струја.

Кумановското село Слупчане и другите околни села Оризаре, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце сѐ уште се соочуваат со прекини во снабдувањето поради сериозниот дефект, потврдија од ЕВН Македонија.

Ова е втор пат дефект од ваков обем во Слупчане да предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија во околните села. Пред околу 3 недели, одредени лица безуспешно се обиделе да го вратат напојувањето на селото, кога нелегално влегле и упаднале во среднонапонски енергетски објект. Се покажа дека ова е дефект кој освен Слупчане, остана без струја и други села.

The post Жителите на Слупчане пак чепкале во струјата – на граничарите на Табановце им се стемни appeared first on Република.

]]>

Продолжува револтот и противправните активности на жителите на селото Слупчане, па проблемот со електричната енергија отишол дотаму што слупчанци предизвикале нов дефект во инсталацијата и без снабдување вечерва го оставиле граничниот премин „Табановце“, дознава Плусинфо од извори во ЕВН. Како што објави порталот, прекинот на електрична енергија траел само неколку минути.
„Само пред неколку десетина минути повторно извршиле манипулации во мрежата и предизвикале дополнителен дефект поради што без снабдување остана граничниот премин ‘Табановце’. Снабдувањето на граничниот премин со електрична енергија сега е нормализирано“, соопшти ЕВН.
Претходно, жителите на Слупчане ги уништија трафостаниците за снабдување со електрична енергија и направија дефект од највисок степен, поради што жителите од селото и пошироко останаа без струја. Кумановското село Слупчане и другите околни села Оризаре, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце сѐ уште се соочуваат со прекини во снабдувањето поради сериозниот дефект, потврдија од ЕВН Македонија. Ова е втор пат дефект од ваков обем во Слупчане да предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија во околните села. Пред околу 3 недели, одредени лица безуспешно се обиделе да го вратат напојувањето на селото, кога нелегално влегле и упаднале во среднонапонски енергетски објект. Се покажа дека ова е дефект кој освен Слупчане, остана без струја и други села.

The post Жителите на Слупчане пак чепкале во струјата – на граничарите на Табановце им се стемни appeared first on Република.

]]>
Слупчанци поднесоа 13 апсурдни барања до ЕВН – ќе трошиме колку сакаме, ќе плаќаме до 3 000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/slupchantsi-podnesoa-13-apsurdni-barana-do-evn-ke-troshime-kolku-sakame-ke-plakame-do-3-000-denari/ Wed, 26 Jul 2023 15:13:07 +0000 https://republika.mk/?p=665613

Простување на сите досегашни долгови за струја кои изнесуваат по неколку илјади евра, бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање… Ова се дел од барањата кои ги поднесоа жителите на Слупчане, и за кои велат дека ако не им се исполнат – нема да дозволат екипи на ЕВН да влезат во селото.

Во кумановското село Слупчане е потворно тензично откако жителите не дозволија екипите на ЕВН да пристапат до трафостаницата, иако претходно ветија дека нема да ја попречуваат работата.

Мештаните доставиле официјално барање до ЕВН, со кое инсистираат да им се простат сите досегашни долгови кои изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање за електрична енергија и слични други барања кои се спротивни на законските регулативи.

– Екипите на Електродистрибуција се соочуваат со вербални и физички напади од жителите, како и целосни блокади за влез во селото. Сѐ додека не се создадат нормални услови за работа, екипите нема да работат на отстранување на дефекти или пак да реализираат редовни работни активности во тој регион – велат од ЕВН за Плусинфо.

Веќе неколку недели без прекин трае отпорот на слупчанци, кои при обид сами да ја вклучат струјата на селото, на 5 јули предизвикаа сериозен дефект кој ги остави и околните села без снабдување со електрична енергија.

Дефектот беше саниран утредента од страна на ЕВН, по добиени ветувања од мештаните дека ќе дозволат да се работи, а на разговор со нив беа министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи.

„Кумановското село Слупчане и околните села Оризари, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце сѐ уште се соочуваат со прекин во снабдувањето поради сериозен дефект“, потврдија од „Електродистрибуција“ за Макфакс.

Од снимките на медиумите се гледа како топлото време не ги спречува жителите на Слупчане да останат на улицата и да блокираат разладувајќи се со лименки сокови. Полицијата, иако е присутна, не интеревира за да ги внесе екипите на ЕВН во селото и да им гарантира безбедност. За дефектот, од ЕВН велат дека е резултат на кражбите што е прават во Слупчане.

„Дефектот во снабдувањето на електричната енергија во селото Слупчане е резултат на контуинирано нелегално користење на електричната енергија. За жал, некои од липковските села се исто така опфатени со ова и се соочуваат со прекин во снабдувањето. Екипите на ‘Електродистрибуцијата’ при извршување на редовните работни активности или санација на дефект во ова село често се соочуваат со вербални и физички напади. Тоа се случуваше токму денес“, додава „Електродистрибуција“.

The post Слупчанци поднесоа 13 апсурдни барања до ЕВН – ќе трошиме колку сакаме, ќе плаќаме до 3 000 денари appeared first on Република.

]]>

Простување на сите досегашни долгови за струја кои изнесуваат по неколку илјади евра, бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање… Ова се дел од барањата кои ги поднесоа жителите на Слупчане, и за кои велат дека ако не им се исполнат – нема да дозволат екипи на ЕВН да влезат во селото. Во кумановското село Слупчане е потворно тензично откако жителите не дозволија екипите на ЕВН да пристапат до трафостаницата, иако претходно ветија дека нема да ја попречуваат работата. Мештаните доставиле официјално барање до ЕВН, со кое инсистираат да им се простат сите досегашни долгови кои изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање за електрична енергија и слични други барања кои се спротивни на законските регулативи.
– Екипите на Електродистрибуција се соочуваат со вербални и физички напади од жителите, како и целосни блокади за влез во селото. Сѐ додека не се создадат нормални услови за работа, екипите нема да работат на отстранување на дефекти или пак да реализираат редовни работни активности во тој регион – велат од ЕВН за Плусинфо.
Веќе неколку недели без прекин трае отпорот на слупчанци, кои при обид сами да ја вклучат струјата на селото, на 5 јули предизвикаа сериозен дефект кој ги остави и околните села без снабдување со електрична енергија. Дефектот беше саниран утредента од страна на ЕВН, по добиени ветувања од мештаните дека ќе дозволат да се работи, а на разговор со нив беа министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи.
„Кумановското село Слупчане и околните села Оризари, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце сѐ уште се соочуваат со прекин во снабдувањето поради сериозен дефект“, потврдија од „Електродистрибуција“ за Макфакс.
Од снимките на медиумите се гледа како топлото време не ги спречува жителите на Слупчане да останат на улицата и да блокираат разладувајќи се со лименки сокови. Полицијата, иако е присутна, не интеревира за да ги внесе екипите на ЕВН во селото и да им гарантира безбедност. За дефектот, од ЕВН велат дека е резултат на кражбите што е прават во Слупчане.
„Дефектот во снабдувањето на електричната енергија во селото Слупчане е резултат на контуинирано нелегално користење на електричната енергија. За жал, некои од липковските села се исто така опфатени со ова и се соочуваат со прекин во снабдувањето. Екипите на ‘Електродистрибуцијата’ при извршување на редовните работни активности или санација на дефект во ова село често се соочуваат со вербални и физички напади. Тоа се случуваше токму денес“, додава „Електродистрибуција“.

The post Слупчанци поднесоа 13 апсурдни барања до ЕВН – ќе трошиме колку сакаме, ќе плаќаме до 3 000 денари appeared first on Република.

]]>
Од утре поскапо ДДВ на сметките за електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-utre-poskapo-ddv-na-smetkite-za-elektrichna-energija/ Fri, 30 Jun 2023 09:28:37 +0000 https://republika.mk/?p=656776

Министерот за финансии Фатми Бесими денеска, како одговор на новинарско прашање, рече дека нема да има легислативни интервенции и дека ДДВ-то на сметките за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар ќе се зголеми од 10 на 18 отсто од 1 јули, односно од утре, како што е законски предвидено.

Во тој дел веќе се презентирани даночните инструменти. Намалувањето на ДДВ-то беше една фаза во првичната енергетска криза со негово намалување од 18 на 5 отсто. Потоа тоа се зголеми на 10 отсто и враќањето на 18 проценти беше пролонгирано до јуни оваа година. Сега има нова методологија од Регулаторната комисија за енергетика за обликот на кризата со која се мотивира штедењето на потрошувачката со воведување на четири блок тарифи, рече Бесими на денешниот настан во канцеларијата на ЕУ.

Министерот рече дека како компензација, Владата ќе продолжи да ги субвенционира трошоците за производство и снабдување на електрична енергија. Според Бесими, тоа ќе биде еден вид на компензација за зголеменото оданочување.

Владата како сопственик на ЕСМ на Управниот одбор му даде насоки за цени пониски од цената на чинење и тоа значи дека ќе продолжиме со субвенционирањето. Нема да одиме со намалување на даночните давачки, туку со таргетирани мерки, додаде тој.

The post Од утре поскапо ДДВ на сметките за електрична енергија appeared first on Република.

Битиќи: ДДВ за електрична енергија од 10 ќе се врати на 18 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-ddv-za-elektrichna-energija-od-10-ke-se-vrati-na-18-otsto/ Fri, 26 May 2023 07:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=644753

Данокот на додадена вредност (ДДВ) за електрична енергија постепено ќе се зголемува, одлука ќе донесеме до крајот на јуни, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи утрово во емисија на „Телма“

Стапката на ДДВ од 10% за електричната енергија постепено ќе се враќа на 18%, анализите се при крај, изјави Битиќи.

Тој објасни дека ЕСМ дава предлог кон ЕВН Хоум, а потоа Регулаторната комисија ќе донесе одлука, која се очекува да се знае кон крајот на јуни

Имаме месец и пол пред нас, а ние не зависиме само од домашните поизводители на електрична енергија. Како што беше последната година и пол така ќе биде и понатаму и одлуките ќе бидат во полза на граѓаните, вели Битиќи.

The post Битиќи: ДДВ за електрична енергија од 10 ќе се врати на 18 отсто appeared first on Република.

Македонските домаќинства плаќаат најскапа струја во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonskite-domakinstva-plakaat-najskapa-struja-vo-regionot/ Wed, 26 Apr 2023 18:17:24 +0000 https://republika.mk/?p=634377

Од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение посочуваат дека:
1. Македонија има највисок раст на цена на електрична енергија од сите земји во Европа за фирмите и останатите не-домаќинства потрошувачи (со потрошувачка од 500MWh -2000MWh), и тоа за 327% или за 4,3 пати
2. Македонските фирми и останати потрошувачи (не-домаќинства) плаќаат четврта по ред најскапа струја во Европа.
3. МАКЕДОНИЈА ИМА НАЈВИСОК РАСТ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ОД СИТЕ ЗЕМЈИ ОД РЕГИОНОТ. Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Албанија, Косово, БиХ и Црна Гора имаат понизок раст на цената на струјата за домаќинствата од започнување на енергетската криза.
4. МАКЕДОНИЈА ПЛАЌА НАЈВИСОКА ЦЕНА НА СТРУЈАТА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА ОД СИТЕ ЗЕМЈИ ОД РЕГИОНОТ. Косово, Србија, БиХ, Црна Гора и Албанија имаат пониска цена на струјата за домаќинствата.
Податоците се објавени од европскиот статистички институт „Евростат“.
-Енергетската криза започна од втората половина на 2021 година, а доби на интензитет од почетокот на војната во Украина. Затоа споредбата на растот на цената на електричната енергија е пресметан врз база на цена која била во втора половина на 2022 година во однос на прва половина на 2021 година (како почетна основа), појаснува „Евростат“.

The post Македонските домаќинства плаќаат најскапа струја во регионот appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение посочуваат дека: 1. Македонија има највисок раст на цена на електрична енергија од сите земји во Европа за фирмите и останатите не-домаќинства потрошувачи (со потрошувачка од 500MWh -2000MWh), и тоа за 327% или за 4,3 пати 2. Македонските фирми и останати потрошувачи (не-домаќинства) плаќаат четврта по ред најскапа струја во Европа. 3. МАКЕДОНИЈА ИМА НАЈВИСОК РАСТ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ОД СИТЕ ЗЕМЈИ ОД РЕГИОНОТ. Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Албанија, Косово, БиХ и Црна Гора имаат понизок раст на цената на струјата за домаќинствата од започнување на енергетската криза. 4. МАКЕДОНИЈА ПЛАЌА НАЈВИСОКА ЦЕНА НА СТРУЈАТА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА ОД СИТЕ ЗЕМЈИ ОД РЕГИОНОТ. Косово, Србија, БиХ, Црна Гора и Албанија имаат пониска цена на струјата за домаќинствата. Податоците се објавени од европскиот статистички институт „Евростат“. -Енергетската криза започна од втората половина на 2021 година, а доби на интензитет од почетокот на војната во Украина. Затоа споредбата на растот на цената на електричната енергија е пресметан врз база на цена која била во втора половина на 2022 година во однос на прва половина на 2021 година (како почетна основа), појаснува „Евростат“.

The post Македонските домаќинства плаќаат најскапа струја во регионот appeared first on Република.

]]>
Украина го обновува извозот на електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-go-obnovuva-izvozot-na-elektrichna-energija/ Sat, 08 Apr 2023 07:25:18 +0000 https://republika.mk/?p=628546

Министерот за енергетика на Украина, Герман Галушченко, потпиша документ со кој се овозможува почеток на обновување на извозот на електрична енергија во услови кога има вишок.

Галушченко изјави дека украинскиот енергетски систем работи без ограничувања речиси два месеци и дека тоа е постигнато благодарение на работата на енергетските инженери и меѓународните партнери, кои помогнаа во обновувањето на системот, пренесува Интерфакс Украина.

„Помина најтешката зима. Следниот чекор е отворање на извозот на електрична енергија, што ќе привлече дополнителни финансиски средства за потребната реконструкција на оштетената енергетска инфраструктура“, рече Галушченко.

Истовремено, тој нагласи дека задоволувањето на потребите на украинските потрошувачи е приоритет и дека извозот може да биде прекинат доколку ситуацијата се промени.

The post Украина го обновува извозот на електрична енергија appeared first on Република.

]]>

Министерот за енергетика на Украина, Герман Галушченко, потпиша документ со кој се овозможува почеток на обновување на извозот на електрична енергија во услови кога има вишок. Галушченко изјави дека украинскиот енергетски систем работи без ограничувања речиси два месеци и дека тоа е постигнато благодарение на работата на енергетските инженери и меѓународните партнери, кои помогнаа во обновувањето на системот, пренесува Интерфакс Украина.