електрани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elektrani/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Apr 2024 13:10:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png електрани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elektrani/ 32 32 Во голем руски напад уништена една од најголемите електрани во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-golem-ruski-napad-unishtena-edna-od-najgolemite-elektrani-vo-ukraina/ Thu, 11 Apr 2024 13:10:01 +0000 https://republika.mk/?p=765016

Една од најголемите електрани во Украина е уништена во масовен руски ракетен напад, јави Скај њуз. Како што пренесува украински Интерфакс, повикувајќи се на висок функционер во електроиндустријата, целосно е уништена термоцентралата Трпилска.

Електраната се наоѓа недалеку од Киев, главниот град на Украина, и произведува околу 57 отсто од енергијата потребна за снабдување на регионот Киев со електрична енергија. Рускиот ракетен напад беше извршен рано утринава со ракети и беспилотни летала, а цел на руските сили беше украинската енергетска инфраструктура.

Centrenergo, компанијата која управува со термоцентралата, рече дека централата е „целосно онеспособена“, додавајќи дека нема смртни случаи меѓу работниците кои биле на смена за време на нападот.

Centrenergo оцени дека инцидентот е „црн ден“ во историјата на компанијата. Андреј Гота, претседател на Надзорниот одбор, рече: „Размерите на уништувањето се застрашувачки“.

 

The post Во голем руски напад уништена една од најголемите електрани во Украина appeared first on Република.

]]>

Една од најголемите електрани во Украина е уништена во масовен руски ракетен напад, јави Скај њуз. Како што пренесува украински Интерфакс, повикувајќи се на висок функционер во електроиндустријата, целосно е уништена термоцентралата Трпилска. Електраната се наоѓа недалеку од Киев, главниот град на Украина, и произведува околу 57 отсто од енергијата потребна за снабдување на регионот Киев со електрична енергија. Рускиот ракетен напад беше извршен рано утринава со ракети и беспилотни летала, а цел на руските сили беше украинската енергетска инфраструктура. Centrenergo, компанијата која управува со термоцентралата, рече дека централата е „целосно онеспособена“, додавајќи дека нема смртни случаи меѓу работниците кои биле на смена за време на нападот. Centrenergo оцени дека инцидентот е „црн ден“ во историјата на компанијата. Андреј Гота, претседател на Надзорниот одбор, рече: „Размерите на уништувањето се застрашувачки“.  

The post Во голем руски напад уништена една од најголемите електрани во Украина appeared first on Република.

]]>
Продолжена мерката за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство за уште два месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prodolzena-merkata-za-obezbeduvanje-dopolnitelni-kolichini-na-elektrichna-energija-od-domashno-proizvodstvo-za-ushte-dva-meseci/ Sun, 30 Jan 2022 21:58:32 +0000 https://republika.mk/?p=451700

Владата на Република Македонија на 9-та редовна седница, која се одржа преку видео-конференциска интернет комуникација ја разгледа и усвои Информацијата во врска со План за производство на АД „Електрани на Македонија“, во државна сопственост, Скопје за февруари и март 2022 година, стои во соопштението од владината прес служба.

Согласно ова, донесена е одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 часот наутро до 24:00 часот со полна моќност, во периодот од 1 февруари 2022 година до 31 март 2022 година.

Согласно оваа мерка, АД „Електрани на Македонија” - Скопје ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, согласно правата и обврските меѓусебно утврдени со склучен Договор за купопродажба на електричната енергија, информираат оттаму.

The post Продолжена мерката за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство за уште два месеци appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија на 9-та редовна седница, која се одржа преку видео-конференциска интернет комуникација ја разгледа и усвои Информацијата во врска со План за производство на АД „Електрани на Македонија“, во државна сопственост, Скопје за февруари и март 2022 година, стои во соопштението од владината прес служба. Согласно ова, донесена е одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 часот наутро до 24:00 часот со полна моќност, во периодот од 1 февруари 2022 година до 31 март 2022 година. Согласно оваа мерка, АД „Електрани на Македонија” - Скопје ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, согласно правата и обврските меѓусебно утврдени со склучен Договор за купопродажба на електричната енергија, информираат оттаму.

The post Продолжена мерката за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство за уште два месеци appeared first on Република.

]]>