електрана на природен гас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elektrana-na-priroden-gas/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Jan 2023 16:24:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png електрана на природен гас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/elektrana-na-priroden-gas/ 32 32 Грчко мешовито претпријатие гради електрана на природен гас, корисна и за регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchko-meshovito-pretprijatie-gradi-elektrana-na-priroden-gas-korisna-i-za-regionot/ Sat, 14 Jan 2023 16:24:04 +0000 https://republika.mk/?p=596860

Изградбата на новата електрана на природен гас во Александрополис, клучен проект за енергетската безбедност на Грција и поширокиот Балкански регион, беше најавена денеска на официјална церемонија, одржана во присуство на премиерот Киријакос Мицотакис.

Електраната Александрополис ја гради Грчкото мешовито претпријатие кое се состои од трите главни енергетски групации во Грција – „PPC“, „DEPA Commercial“ и „Damco Energy“ од групацијата Копелузос. На церемонијата присуствуваа и министерот за енергетика на Грција, Костас Скрекас, како и неговиот почесен гостин од Бугарија, Росен Христов и Ерик Холмгрен, економски директор на Амбасадата на САД во Грција.

Електраната ќе биде директно поврзана со Пловечката единица за складирање и гасификација на „Gastrade“ (FSRU– Floating Storage and Gasificaion Unit), која моментално е во изградба. Така, Александрополис се претвора во енергетски спој на мрежи за електрична енергија и природен гас, со потенцијал за снабдување на домашниот пазар и соседните земји во Југоисточна Европа.

Изградбата и работењето на електраната во Александрополис, исто така, ќе придонесе за исполнување на целите на Европскиот зелен договор и транзицијата кон производство на енергија со ниски емисии. Опремата што ќе биде инсталирана во постројката е погодна за согорување на водород и може да работи со мешано гориво.

Новата електрана се очекува да започне со работа до крајот на 2025 година. Истата ќе биде од тип на комбиниран циклус и ќе има инсталирана моќност од 840 MW, што е приближно нето капацитетот на 3 лигнитни постројки кои моментално се деактивираат. Поради неговата висока ефикасност, ќе обезбеди непречено снабдување со електрична енергија на ниски нивоа на цени.

Извршниот директор на Групацијата Копелузос, Христос Копелузос во неговата изјава истакна: „Ние сме тука да го поздравиме проектот што го менува енергетскиот пејзаж: Грција сега е заштитена, обезбедувајќи доволно енергија. Во исто време, Југоисточна Европа добива нов енергетски столб, бидејќи нашата земја ќе може да извезува струја во соседните балкански држави, во Бугарија, Македонија, па дури и во Србија.

Како Групација, ја избравме локацијата на фабриката овде во Александрополис. Со години посветуваме посебно внимание на поширокиот регион Еврос, целосно признавајќи ја неговата важна геостратешка позиција и создавајќи инфраструктура, која заедно со другите проекти кои се спроведуваат во регионот, како што е FSRU Alexandropupolis, генерираат можности за развој на локалната економија и многу нови и постојани вработувања. Со доверба во Грција и нејзиниот народ, ние во Групацијата Копелузос ќе продолжиме да развиваме проекти со „национален идентитет“. Тука спаѓаат инвестициите кои се подготвуваат темелно, како што е електричната интерконекција меѓу Грција и Египет и морските фарми со ветерници. Кон подобра и поодржлива иднина“.

Претседателот и извршен директор на „PPC“,Георгиос Стасис истакна дека новата електрана во Александрополис е резултат на креативната соработка помеѓу PPC Group и два важни партнери, DEPA Commercial и Copelouzos.

Групацијата, со цел да придонесе за консолидација на улогата на земјата како силен, па и продуктивен играч извозник во поширокиот регион на Југоисточна Европа. Како што е познато, чистата енергија е во срцето на нашето стратешко планирање. Со оглед на тоа што сегашните технологии кои обезбедуваат долгорочно складирање на производството на обновлива енергија се или во експериментална фаза или се многу скапи, несомнено е дека природниот гас има важна улога. Новите гасни постројки мора да бидат флексибилни и колку што е можно поефикасни, а истовремено да имаат и потенцијал да бидат дел од нето - нулта енергетскиот систем што користи чисти горива како што е зелениот водород. Во овој контекст, нашата инвестиција во новата фабрика за комбиниран циклус во Александрополис не само што ги следи нашите стратешки цели туку уште служи и за непречена транзиција. Истовремено, ќе придонесе за обезбедување доволно енергија во земјата, но и дополнително ќе ја консолидира позицијата на PPC како клучен енергетски партнер во поширокиот регион на Југоисточна Европа“.

За претседателот на DEPA Commercial, Јоанис Пападопулос изградбата на фабриката е важна пресвртница за Александрополис, Грција, но и ЈИ Европа.

Со електраната Александрополис, Грција се стекнува со уште еден клучен проект кој ќе придонесе за континуирано снабдување со поисплатлива енергија. Истовремено, нашата земја има и нова порта за транзиција кон зелена енергија, бидејќи фабриката за комбиниран циклус ќе го балансира системот, овозможувајќи поголема пенетрација на Системите за обновлива енергија во енергетскиот микс“.

Важноста на проектот ја спомена и извршниот директор на DEPA Commercial, Константинос Ксифарас.

Денес инаугурираме проект важен за енергетската безбедност на Грција и поширокиот Балкански регион. Овој проект користи природен гас за производство на електрична енергија и за нас претставува извршување на бизнис планот што го изработивме и го спроведуваме од 2020 година, со цел да ја трансформираме DEPA Commercial во интегрирана енергетска компанија. Електраната Александрополис е многу важен дел од нашиот бизнис план, кој ќе ни овозможи да покриеме поширок опсег на активности и да обезбедиме енергетска транзиција за „DEPA Commercial“.

 

The post Грчко мешовито претпријатие гради електрана на природен гас, корисна и за регионот appeared first on Република.

]]>

Изградбата на новата електрана на природен гас во Александрополис, клучен проект за енергетската безбедност на Грција и поширокиот Балкански регион, беше најавена денеска на официјална церемонија, одржана во присуство на премиерот Киријакос Мицотакис. Електраната Александрополис ја гради Грчкото мешовито претпријатие кое се состои од трите главни енергетски групации во Грција – „PPC“, „DEPA Commercial“ и „Damco Energy“ од групацијата Копелузос. На церемонијата присуствуваа и министерот за енергетика на Грција, Костас Скрекас, како и неговиот почесен гостин од Бугарија, Росен Христов и Ерик Холмгрен, економски директор на Амбасадата на САД во Грција. Електраната ќе биде директно поврзана со Пловечката единица за складирање и гасификација на „Gastrade“ (FSRU– Floating Storage and Gasificaion Unit), која моментално е во изградба. Така, Александрополис се претвора во енергетски спој на мрежи за електрична енергија и природен гас, со потенцијал за снабдување на домашниот пазар и соседните земји во Југоисточна Европа. Изградбата и работењето на електраната во Александрополис, исто така, ќе придонесе за исполнување на целите на Европскиот зелен договор и транзицијата кон производство на енергија со ниски емисии. Опремата што ќе биде инсталирана во постројката е погодна за согорување на водород и може да работи со мешано гориво. Новата електрана се очекува да започне со работа до крајот на 2025 година. Истата ќе биде од тип на комбиниран циклус и ќе има инсталирана моќност од 840 MW, што е приближно нето капацитетот на 3 лигнитни постројки кои моментално се деактивираат. Поради неговата висока ефикасност, ќе обезбеди непречено снабдување со електрична енергија на ниски нивоа на цени. Извршниот директор на Групацијата Копелузос, Христос Копелузос во неговата изјава истакна: „Ние сме тука да го поздравиме проектот што го менува енергетскиот пејзаж: Грција сега е заштитена, обезбедувајќи доволно енергија. Во исто време, Југоисточна Европа добива нов енергетски столб, бидејќи нашата земја ќе може да извезува струја во соседните балкански држави, во Бугарија, Македонија, па дури и во Србија. Како Групација, ја избравме локацијата на фабриката овде во Александрополис. Со години посветуваме посебно внимание на поширокиот регион Еврос, целосно признавајќи ја неговата важна геостратешка позиција и создавајќи инфраструктура, која заедно со другите проекти кои се спроведуваат во регионот, како што е FSRU Alexandropupolis, генерираат можности за развој на локалната економија и многу нови и постојани вработувања. Со доверба во Грција и нејзиниот народ, ние во Групацијата Копелузос ќе продолжиме да развиваме проекти со „национален идентитет“. Тука спаѓаат инвестициите кои се подготвуваат темелно, како што е електричната интерконекција меѓу Грција и Египет и морските фарми со ветерници. Кон подобра и поодржлива иднина“. Претседателот и извршен директор на „PPC“,Георгиос Стасис истакна дека новата електрана во Александрополис е резултат на креативната соработка помеѓу PPC Group и два важни партнери, DEPA Commercial и Copelouzos. Групацијата, со цел да придонесе за консолидација на улогата на земјата како силен, па и продуктивен играч извозник во поширокиот регион на Југоисточна Европа. Како што е познато, чистата енергија е во срцето на нашето стратешко планирање. Со оглед на тоа што сегашните технологии кои обезбедуваат долгорочно складирање на производството на обновлива енергија се или во експериментална фаза или се многу скапи, несомнено е дека природниот гас има важна улога. Новите гасни постројки мора да бидат флексибилни и колку што е можно поефикасни, а истовремено да имаат и потенцијал да бидат дел од нето - нулта енергетскиот систем што користи чисти горива како што е зелениот водород. Во овој контекст, нашата инвестиција во новата фабрика за комбиниран циклус во Александрополис не само што ги следи нашите стратешки цели туку уште служи и за непречена транзиција. Истовремено, ќе придонесе за обезбедување доволно енергија во земјата, но и дополнително ќе ја консолидира позицијата на PPC како клучен енергетски партнер во поширокиот регион на Југоисточна Европа“. За претседателот на DEPA Commercial, Јоанис Пападопулос изградбата на фабриката е важна пресвртница за Александрополис, Грција, но и ЈИ Европа. Со електраната Александрополис, Грција се стекнува со уште еден клучен проект кој ќе придонесе за континуирано снабдување со поисплатлива енергија. Истовремено, нашата земја има и нова порта за транзиција кон зелена енергија, бидејќи фабриката за комбиниран циклус ќе го балансира системот, овозможувајќи поголема пенетрација на Системите за обновлива енергија во енергетскиот микс“. Важноста на проектот ја спомена и извршниот директор на DEPA Commercial, Константинос Ксифарас. Денес инаугурираме проект важен за енергетската безбедност на Грција и поширокиот Балкански регион. Овој проект користи природен гас за производство на електрична енергија и за нас претставува извршување на бизнис планот што го изработивме и го спроведуваме од 2020 година, со цел да ја трансформираме DEPA Commercial во интегрирана енергетска компанија. Електраната Александрополис е многу важен дел од нашиот бизнис план, кој ќе ни овозможи да покриеме поширок опсег на активности и да обезбедиме енергетска транзиција за „DEPA Commercial“.  

The post Грчко мешовито претпријатие гради електрана на природен гас, корисна и за регионот appeared first on Република.

]]>