Ел Чапо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/el-chapo/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Sep 2023 09:20:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ел Чапо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/el-chapo/ 32 32 Синот на Ел Чапо екстрадиран во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sinot-na-el-chapo-ekstradiran-vo-sad/ Sat, 16 Sep 2023 09:03:46 +0000 https://republika.mk/?p=682363

Мексико го екстрадираше Овидио Гузман Лопез, син на затворениот поранешен водач на картелот Синалоа, Хоакин Гузман, познат како „Ел Чапо“, во Соединетите Американски Држави за да се соочи со обвиненијата за трговија со дрога, изјави синоќа американскиот министер за правда Мерик Гарланд.

„Оваа акција е последниот чекор во напорите на Министерството за правда да го нападне секој аспект од работењето на картелот“, рече Гарланд.

Тој додаде дека Министерството за правда ќе продолжи да бара одговорност „од оние кои се одговорни за поттикнување на епидемијата на дрога што опустоши премногу заедници низ целата земја“.

Во април, американските обвинители објавија долги обвиненија против Гузман и неговите браќа. Тие детално опишаа како синовите го воделе картелот, сè повеќе во трговијата со синтетички дроги како што се метамфетамин и моќниот синтетички фентанил, по екстрадицијата на таткото и можната доживотна казна затвор во САД.

Мексиканските безбедносни сили го фатија Гузман Лопез, познат како „Глувче“, во јануари во Кулијакан, главниот град на мексиканската држава Синалоа, по што картелот го доби своето име.

Владата се обиде да го фати три години претходно, но ја прекина операцијата кога сојузниците на картелот започнаа бран на насилство во Кулијакан. Апсењето во јануари предизвика слично насилство во кое беа убиени 30 луѓе во тој град, меѓу кои и десет припадници на армијата.

The post Синот на Ел Чапо екстрадиран во САД appeared first on Република.

]]>

Мексико го екстрадираше Овидио Гузман Лопез, син на затворениот поранешен водач на картелот Синалоа, Хоакин Гузман, познат како „Ел Чапо“, во Соединетите Американски Држави за да се соочи со обвиненијата за трговија со дрога, изјави синоќа американскиот министер за правда Мерик Гарланд. „Оваа акција е последниот чекор во напорите на Министерството за правда да го нападне секој аспект од работењето на картелот“, рече Гарланд. Тој додаде дека Министерството за правда ќе продолжи да бара одговорност „од оние кои се одговорни за поттикнување на епидемијата на дрога што опустоши премногу заедници низ целата земја“. Во април, американските обвинители објавија долги обвиненија против Гузман и неговите браќа. Тие детално опишаа како синовите го воделе картелот, сè повеќе во трговијата со синтетички дроги како што се метамфетамин и моќниот синтетички фентанил, по екстрадицијата на таткото и можната доживотна казна затвор во САД. Мексиканските безбедносни сили го фатија Гузман Лопез, познат како „Глувче“, во јануари во Кулијакан, главниот град на мексиканската држава Синалоа, по што картелот го доби своето име. Владата се обиде да го фати три години претходно, но ја прекина операцијата кога сојузниците на картелот започнаа бран на насилство во Кулијакан. Апсењето во јануари предизвика слично насилство во кое беа убиени 30 луѓе во тој град, меѓу кои и десет припадници на армијата.

The post Синот на Ел Чапо екстрадиран во САД appeared first on Република.

]]>
Tунелот во судот во Црна Гора е копан по примерот на Ескобар и Ел Чапо https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tunelot-vo-sudot-vo-tsrna-gora-e-kopan-po-primerot-na-eskobar-i-el-chapo/ Thu, 14 Sep 2023 10:22:17 +0000 https://republika.mk/?p=681860

Невиден скандал ја тресе Црна Гора откако еден од вработените случајно открил дупка на ѕидот во депото на Вишиот суд во Подгорица.

Според црногорските медиуми, копањето на тунел долг 30 метри, кој водел од станот од приземјето на станбена зграда на улицата Његошева до просториите на Вишиот суд во Подгорица, е поврзано со Кавачкиот клан и нејзините водачи во бегство Радоје Звицер и Слободан Кашчелан, кои се во притвор.

Еден од доказите што упатува на тоа е дека лицето кое влегло во депото преку ископаната дупка особено било заинтересирано за случајот на Кашчелан, по кој бил извршен претрес. Сепак, иако се веруваше дека тунелот бил ископан со цел да се украде некој предмет што се чувал во судското депо.

Вакви случаи потсетуваат на сцените од криминалната серија „Narcos“ за Пабло Ескобар.  За да го сокрие фактот дека еднаш бил осуден, Ескобар им наредил на своите соработници да ја запалат судската зграда, додека неговиот наследник Ел Чапо успеал да побегне од затвор преку тунел ископан до неговата ќелија.

The post Tунелот во судот во Црна Гора е копан по примерот на Ескобар и Ел Чапо appeared first on Република.

]]>

Невиден скандал ја тресе Црна Гора откако еден од вработените случајно открил дупка на ѕидот во депото на Вишиот суд во Подгорица. Според црногорските медиуми, копањето на тунел долг 30 метри, кој водел од станот од приземјето на станбена зграда на улицата Његошева до просториите на Вишиот суд во Подгорица, е поврзано со Кавачкиот клан и нејзините водачи во бегство Радоје Звицер и Слободан Кашчелан, кои се во притвор. Еден од доказите што упатува на тоа е дека лицето кое влегло во депото преку ископаната дупка особено било заинтересирано за случајот на Кашчелан, по кој бил извршен претрес. Сепак, иако се веруваше дека тунелот бил ископан со цел да се украде некој предмет што се чувал во судското депо. Вакви случаи потсетуваат на сцените од криминалната серија „Narcos“ за Пабло Ескобар.  За да го сокрие фактот дека еднаш бил осуден, Ескобар им наредил на своите соработници да ја запалат судската зграда, додека неговиот наследник Ел Чапо успеал да побегне од затвор преку тунел ископан до неговата ќелија.

The post Tунелот во судот во Црна Гора е копан по примерот на Ескобар и Ел Чапо appeared first on Република.

]]>
Го интересирало патењето на семејствата по масовни убиства – детективите шокирани што гуглал Коста https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/go-interesiralo-pateneto-na-semejstvata-po-masovni-ubistva-detektivite-shokirani-shto-guglal-kosta-2/ Sat, 13 May 2023 19:48:57 +0000 https://republika.mk/?p=640391

Тринаесетгодишникот кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград речиси секојдневно на „Гугл“ пребарувал за најмасовните убиства ширум светот и нивните извршители. Бил воодушевен и од Ел Чапо.

Останавме шокирани кога дознавме што пребарувал секојдневно. Најмасовните убијци ширум светот. Како убивале, што користеле, кои им биле жртви...Често го пребарувал и Ел Чапо и барал нови информации за него, открива за српските медиуми извор близок до истрагата.

Момчето гледало филмови и серии кои ги прикажуваат страдањата на семејствата на убиените.

Она што веќе беше откриено во јавноста е дека го читал и Кривичниот законик на Србија. Така дознал дека со ненавршени 14 години не може кривично да одговара.

https://republika.mk/vesti/balkan/kosta-pred-napadot-go-guglal-krivichniot-zakonik-znael-deka-ne-mozhe-krivichno-da-bide-gonet/

The post Го интересирало патењето на семејствата по масовни убиства – детективите шокирани што гуглал Коста appeared first on Република.

Момчето гледало филмови и серии кои ги прикажуваат страдањата на семејствата на убиените. Она што веќе беше откриено во јавноста е дека го читал и Кривичниот законик на Србија. Така дознал дека со ненавршени 14 години не може кривично да одговара. https://republika.mk/vesti/balkan/kosta-pred-napadot-go-guglal-krivichniot-zakonik-znael-deka-ne-mozhe-krivichno-da-bide-gonet/

The post Го интересирало патењето на семејствата по масовни убиства – детективите шокирани што гуглал Коста appeared first on Република.

]]>
Го интересирало патењето на семејствата по масовни убиства – детективите шокирани што гуглал Коста https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/go-interesiralo-pateneto-na-semejstvata-po-masovni-ubistva-detektivite-shokirani-shto-guglal-kosta/ Sat, 13 May 2023 07:48:00 +0000 https://republika.mk/?p=640296

Тринаесетгодишникот кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград речиси секојдневно на „Гугл“ пребарувал за најмасовните убиства ширум светот и нивните извршители. Бил воодушевен и од Ел Чапо.

Останавме шокирани кога дознавме што пребарувал секојдневно. Најмасовните убијци ширум светот. Како убивале, што користеле, кои им биле жртви...Често го пребарувал и Ел Чапо и барал нови информации за него, открива за српските медиуми извор близок до истрагата.

Момчето гледало филмови и серии кои ги прикажуваат страдањата на семејствата на убиените.

Она што веќе беше откриено во јавноста е дека го читал и Кривичниот законик на Србија. Така дознал дека со ненавршени 14 години не може кривично да одговара.

https://republika.mk/vesti/balkan/kosta-pred-napadot-go-guglal-krivichniot-zakonik-znael-deka-ne-mozhe-krivichno-da-bide-gonet/

The post Го интересирало патењето на семејствата по масовни убиства – детективите шокирани што гуглал Коста appeared first on Република.

]]>

Тринаесетгодишникот кој го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград речиси секојдневно на „Гугл“ пребарувал за најмасовните убиства ширум светот и нивните извршители. Бил воодушевен и од Ел Чапо.
Останавме шокирани кога дознавме што пребарувал секојдневно. Најмасовните убијци ширум светот. Како убивале, што користеле, кои им биле жртви...Често го пребарувал и Ел Чапо и барал нови информации за него, открива за српските медиуми извор близок до истрагата.
Момчето гледало филмови и серии кои ги прикажуваат страдањата на семејствата на убиените. Она што веќе беше откриено во јавноста е дека го читал и Кривичниот законик на Србија. Така дознал дека со ненавршени 14 години не може кривично да одговара. https://republika.mk/vesti/balkan/kosta-pred-napadot-go-guglal-krivichniot-zakonik-znael-deka-ne-mozhe-krivichno-da-bide-gonet/

The post Го интересирало патењето на семејствата по масовни убиства – детективите шокирани што гуглал Коста appeared first on Република.

]]>
Уапсен синот на Ел Чапо, неговиот клан го крена Мексико на нозе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapsen-sinot-na-el-chapo-negoviot-klan-go-krena-meksiko-na-noze/ Thu, 05 Jan 2023 20:11:29 +0000 https://republika.mk/?p=594026

­Teнзично е  во северозападно Мексико по информациите дека е уапсен синот на озлогласениот мексикански наркобос Хоакин Ел Чапо Гузман.

Овидиј Гузман-Лопез во текот на ноќта бил уапсен во градот Кулијакан во државата Синалоа.

Се верува дека тој е висок член на картелот Синалоа - една од најголемите криминални организации за трговија со дрога во светот.

Градоначалникот Хуан де Диос Гамез на Твитер потврди дека федералните вооружени сили спроведуваат операција во Кулијакан и дека таа предизвика насилство во градот и во другите делови на државата.

Ги замолуваме граѓаните на Кулијакан да не ги напуштаат своите домови поради блокадите во различни делови на градот“, рече тој.

The post Уапсен синот на Ел Чапо, неговиот клан го крена Мексико на нозе appeared first on Република.

]]>

­Teнзично е  во северозападно Мексико по информациите дека е уапсен синот на озлогласениот мексикански наркобос Хоакин Ел Чапо Гузман. Овидиј Гузман-Лопез во текот на ноќта бил уапсен во градот Кулијакан во државата Синалоа. Се верува дека тој е висок член на картелот Синалоа - една од најголемите криминални организации за трговија со дрога во светот. Градоначалникот Хуан де Диос Гамез на Твитер потврди дека федералните вооружени сили спроведуваат операција во Кулијакан и дека таа предизвика насилство во градот и во другите делови на државата.
Ги замолуваме граѓаните на Кулијакан да не ги напуштаат своите домови поради блокадите во различни делови на градот“, рече тој.

The post Уапсен синот на Ел Чапо, неговиот клан го крена Мексико на нозе appeared first on Република.

]]>
Туризмот во Албанија се развива со црни пари од нарко картелот „Синалоа“ на Ел Чапо https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/turizmot-vo-albanija-se-razviva-so-crni-pari-od-narko-kartelot-sinaloa-na-el-chapo/ Fri, 16 Sep 2022 08:05:11 +0000 https://republika.mk/?p=551281

Мрежата на мексиканскиот картел „Синалоа“  за која стои славниот Ел Чапо се прошири и во балканските земји каде што најдоа попогодна почва за перење пари од нивните незаконски активности поради слабото спроведување на законот.

Овој картел се чини дека пере пари во Албанија и во бизнисите, недвижностите и туристичкиот сектор.

Како што пренесуваат мексиканските медиуми, шефот на фракција на картелот „Синалоа“, Исмаел Замбада Гарсија, познат по прекарот „Ел Мајо“ склучил сојуз со албанската мафија.

Според нив, „Ел Мајо“ има свои врски со браќата Луфтар, Арбен, Фатос и Рамиз Хиса, кои се дел албанска криминална група пишува албански Топ-канал.

Тие поседуваат мрежа на казина и бизниси во Сонора, Долна Калифорнија и Квинтана Ру во кои перат милиони долари од организираниот криминал.

Покрај тоа, тие инвестираат големи суми пари во Албанија за да ги рашират во инвестиции насочени кон коцкарски активности и во областа на туризмот.

Според мексиканските федерални власти, браќата Албанци во име на картелот „Синалоа“ спроведуваат операција за префрлање на милиони долари во нивната земја преку фиктивни фирми.

Врската помеѓу Ел Мајо Замбада и албанската мафија претставува можност за мексикански криминални групи да се прошират во Албанија, мала поранешна комунистичка земја која е привлечена од пари од нелегални активности, пишуваат мексиканските медиуми.

The post Туризмот во Албанија се развива со црни пари од нарко картелот „Синалоа“ на Ел Чапо appeared first on Република.

]]>

Мрежата на мексиканскиот картел „Синалоа“  за која стои славниот Ел Чапо се прошири и во балканските земји каде што најдоа попогодна почва за перење пари од нивните незаконски активности поради слабото спроведување на законот. Овој картел се чини дека пере пари во Албанија и во бизнисите, недвижностите и туристичкиот сектор. Како што пренесуваат мексиканските медиуми, шефот на фракција на картелот „Синалоа“, Исмаел Замбада Гарсија, познат по прекарот „Ел Мајо“ склучил сојуз со албанската мафија. Според нив, „Ел Мајо“ има свои врски со браќата Луфтар, Арбен, Фатос и Рамиз Хиса, кои се дел албанска криминална група пишува албански Топ-канал. Тие поседуваат мрежа на казина и бизниси во Сонора, Долна Калифорнија и Квинтана Ру во кои перат милиони долари од организираниот криминал. Покрај тоа, тие инвестираат големи суми пари во Албанија за да ги рашират во инвестиции насочени кон коцкарски активности и во областа на туризмот. Според мексиканските федерални власти, браќата Албанци во име на картелот „Синалоа“ спроведуваат операција за префрлање на милиони долари во нивната земја преку фиктивни фирми. Врската помеѓу Ел Мајо Замбада и албанската мафија претставува можност за мексикански криминални групи да се прошират во Албанија, мала поранешна комунистичка земја која е привлечена од пари од нелегални активности, пишуваат мексиканските медиуми.

The post Туризмот во Албанија се развива со црни пари од нарко картелот „Синалоа“ на Ел Чапо appeared first on Република.

]]>
Звицер е поврзан со Синалоа, кланот на Ел Чапо https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zvicer-e-povrzan-so-sinaloa-klanot-na-el-chapo/ Thu, 09 Jun 2022 18:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=512999

Радоје Звицер водачот на Кавачкиот клан е поврзан со мексиканската мафија. Договорено било членовите на картелот Синалоа на Ел Чапо и картелот на новата генерација Халиско да овозможат непречен транспорт на кокаин до пристаништето во Ротердам, а тој пак на картелите ќе им даде дел од приходот од дрогата шверцувана од Еквадор во Европа.

ГОДИШЕН ПРИХОД 39 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

И по апсењето на шефот на Хоакин Гузман, Лоера Ел Чап и екстрадицијата на САД  Синалоа, картелот остана меѓу најмоќните во светот. Сега бизнисот го водат неговите три сина и еден од основачите на картелот Исмаел Замбада, Гарсија Ел Мајо.

Колку е моќна оваа криминална организација покажува и фактот што во 2015 година проценките за нивните годишни приходи од дрога се движеа од три до неверојатни 39 милијарди долари.

The post Звицер е поврзан со Синалоа, кланот на Ел Чапо appeared first on Република.

]]>

Радоје Звицер водачот на Кавачкиот клан е поврзан со мексиканската мафија. Договорено било членовите на картелот Синалоа на Ел Чапо и картелот на новата генерација Халиско да овозможат непречен транспорт на кокаин до пристаништето во Ротердам, а тој пак на картелите ќе им даде дел од приходот од дрогата шверцувана од Еквадор во Европа. ГОДИШЕН ПРИХОД 39 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И по апсењето на шефот на Хоакин Гузман, Лоера Ел Чап и екстрадицијата на САД  Синалоа, картелот остана меѓу најмоќните во светот. Сега бизнисот го водат неговите три сина и еден од основачите на картелот Исмаел Замбада, Гарсија Ел Мајо. Колку е моќна оваа криминална организација покажува и фактот што во 2015 година проценките за нивните годишни приходи од дрога се движеа од три до неверојатни 39 милијарди долари.

The post Звицер е поврзан со Синалоа, кланот на Ел Чапо appeared first on Република.

]]>