Еквадор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekvador/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 19:41:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Еквадор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekvador/ 32 32 Во затвор во Еквадор во тепачка загинале 15 затвореници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-zatvor-vo-ekvador-vo-tepachka-zaginale-15-zatvorenitsi/ Tue, 12 Nov 2024 19:41:18 +0000 https://republika.mk/?p=836942

Најмалку 15 лица загинаа, а 14 се повредени во тепачка меѓу затвореници во најголемиот затвор во Еквадор, соопштија денеска властите. Затворот Литорал во крајбрежниот град Гвајакил беше место на чести немири, вклучително и еден во 2021 година кога загинаа 119 затвореници.

Официјални лица изјавија дека полицијата и војската биле распоредени за да ја преземат контролата врз објектот.

Локалните медиуми јавија дека може да се забележат хеликоптери како летаат над затворот.

Затворите во Еквадор се меѓу најсмртоносните во Латинска Америка, бидејќи пренаселеноста, корупцијата и слабата државна контрола им овозможија на затворениците да го прошират своето влијание.

 

The post Во затвор во Еквадор во тепачка загинале 15 затвореници appeared first on Република.

]]>

Најмалку 15 лица загинаа, а 14 се повредени во тепачка меѓу затвореници во најголемиот затвор во Еквадор, соопштија денеска властите. Затворот Литорал во крајбрежниот град Гвајакил беше место на чести немири, вклучително и еден во 2021 година кога загинаа 119 затвореници.

Официјални лица изјавија дека полицијата и војската биле распоредени за да ја преземат контролата врз објектот.

Локалните медиуми јавија дека може да се забележат хеликоптери како летаат над затворот.

Затворите во Еквадор се меѓу најсмртоносните во Латинска Америка, бидејќи пренаселеноста, корупцијата и слабата државна контрола им овозможија на затворениците да го прошират своето влијание.

 

The post Во затвор во Еквадор во тепачка загинале 15 затвореници appeared first on Република.

]]>
Тага во светот на спортот: Почина еквадорски репрезентативец (22), лекарите 35 дена се бореа за неговиот живот https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/taga-vo-svetot-na-sportot-pochina-ekvadorski-reprezentativets-22-lekarite-35-dena-se-borea-za-negoviot-zhivot/ Tue, 12 Nov 2024 09:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=836628

Еквадор и фудбалскиот свет го потресе веста за смртта на 22-годишниот фудбалер, Марко Ангуло кој загина во сообраќајна несреќа.

Фудбалерот на ЛДУ Кито пред еден месец имаше тешка сообраќајна несреќа во која загинаа уште две лица вклучувајќи и уште еден фудбалер, Роберто Кабезас.

Ангуло тогаш со тешки повреди во животна опасност беше пренесен во болница, цел месец се бореше за својот живот, но не успеа, докторите соопштија дека фудбалерот починал.

Тој важеше за голем талент на Еквадор, иако има 22 години веќе трипати го носеше дресот на сениорскиот национален тим од оваа земја.

The post Тага во светот на спортот: Почина еквадорски репрезентативец (22), лекарите 35 дена се бореа за неговиот живот appeared first on Република.

]]>

Еквадор и фудбалскиот свет го потресе веста за смртта на 22-годишниот фудбалер, Марко Ангуло кој загина во сообраќајна несреќа. Фудбалерот на ЛДУ Кито пред еден месец имаше тешка сообраќајна несреќа во која загинаа уште две лица вклучувајќи и уште еден фудбалер, Роберто Кабезас. Ангуло тогаш со тешки повреди во животна опасност беше пренесен во болница, цел месец се бореше за својот живот, но не успеа, докторите соопштија дека фудбалерот починал. Тој важеше за голем талент на Еквадор, иако има 22 години веќе трипати го носеше дресот на сениорскиот национален тим од оваа земја.

The post Тага во светот на спортот: Почина еквадорски репрезентативец (22), лекарите 35 дена се бореа за неговиот живот appeared first on Република.

]]>
Поради незапамтената суша Еквадор почна со делумни прекини на струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poradi-nezapamtenata-susha-ekvador-pochna-so-delumni-prekini-na-struja/ Sun, 22 Sep 2024 08:19:23 +0000 https://republika.mk/?p=818632

Еквадор ќе почне со планираните прекини на струја еден ден порано, соопшти владата со цел да ја рационализира испораката на електрична енергија бидејќи земјата зависна од хидроелектричната енергија се соочува со најголемата суша во изминатите 61 година.

Ноќните прекини на струја беа планирани од понеделник до четврток, но дополнително рационализирање сега ќе има во текот на денот (недела) од 08:00 до 17:00 часот денеска во 12 провинции, се вели во соопштението на претседателот.

Исклучувањата на струјата имаат за цел „да се заштитат водните ресурси“. Во државата 71 ден нема врнежи од дожд.

Ниските нивоа на водата доведоа до пад на акумулациите на хидроелектраните кои покриваат 70 отсто од националната побарувачка.

Во изјавата на претседателот, исто така, се вели дека може да бидат наметнати дополнителни мерки.

The post Поради незапамтената суша Еквадор почна со делумни прекини на струја appeared first on Република.

]]>

Еквадор ќе почне со планираните прекини на струја еден ден порано, соопшти владата со цел да ја рационализира испораката на електрична енергија бидејќи земјата зависна од хидроелектричната енергија се соочува со најголемата суша во изминатите 61 година. Ноќните прекини на струја беа планирани од понеделник до четврток, но дополнително рационализирање сега ќе има во текот на денот (недела) од 08:00 до 17:00 часот денеска во 12 провинции, се вели во соопштението на претседателот. Исклучувањата на струјата имаат за цел „да се заштитат водните ресурси“. Во државата 71 ден нема врнежи од дожд. Ниските нивоа на водата доведоа до пад на акумулациите на хидроелектраните кои покриваат 70 отсто од националната побарувачка. Во изјавата на претседателот, исто така, се вели дека може да бидат наметнати дополнителни мерки.

The post Поради незапамтената суша Еквадор почна со делумни прекини на струја appeared first on Република.

]]>
Обилните дождови усмртија најмалку седум лица во Еквадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/obilnite-dozhdovi-usmrtija-najmalku-sedum-litsa-vo-ekvador/ Tue, 18 Jun 2024 08:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=788614

Најмалку седум луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во централниот дел на Еквадор предизвикано од обилните дождови во текот на викендот, соопштија локалните власти.

Во свлечиштето повредени се 16 лица, а 20 се водат како исчезнати. Спасувачките операции се во тек.

Обилните врнежи во Ел Салвадор предизвикаа најмалку 11 смртни случаи, а околу 880 луѓе се сместени во засолништа за итни случаи. Владата на Ел Салвадор поради невремето прогласи вонредна состојба.

Обилните врнежи предизвикаа поплави и одрони од кал во Гватемала, Хондурас, како и во југоисточниот дел на Мексико.

Метеоролозите го следат можното формирање на првиот тропски циклон во сезоната во Мексикански Залив.

The post Обилните дождови усмртија најмалку седум лица во Еквадор appeared first on Република.

]]>

Најмалку седум луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во централниот дел на Еквадор предизвикано од обилните дождови во текот на викендот, соопштија локалните власти. Во свлечиштето повредени се 16 лица, а 20 се водат како исчезнати. Спасувачките операции се во тек. Обилните врнежи во Ел Салвадор предизвикаа најмалку 11 смртни случаи, а околу 880 луѓе се сместени во засолништа за итни случаи. Владата на Ел Салвадор поради невремето прогласи вонредна состојба. Обилните врнежи предизвикаа поплави и одрони од кал во Гватемала, Хондурас, како и во југоисточниот дел на Мексико. Метеоролозите го следат можното формирање на првиот тропски циклон во сезоната во Мексикански Залив.

The post Обилните дождови усмртија најмалку седум лица во Еквадор appeared first on Република.

]]>
Еквадор на референдум ќе се бори против нарко клановите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ekvador-na-referendum-ke-se-bori-protiv-narko-klanovite/ Mon, 22 Apr 2024 06:18:16 +0000 https://republika.mk/?p=769117

На референдумот во Еквадор граѓаните со големо мнозинство се изјаснија за заострување на безбедносните мерки поради зголеменото насилство од криминалните групи во земјата.

Претседателката на Националниот изборен совет, Дијана Атамаинт, објави дека граѓаните на Еквадор гласале за сите безбедносни мерки, и оти отфрлиле два контроверзни економски предлози.

- Ја одбранивме државата. Сега ќе ги имаме потребните алатки за борба против криминалците и за враќање на мирот на семејствата на Еквадор, напиша на социјалните мрежи еквадорскиот претседател Даниел Нобоа.

Мерките изгласани на вчерашниот референдум, на кој право на глас имаа околу 13 милиони граѓани, меѓу другото опфаќаат и вклучување на војската во борбата против бандите и продолжување на затворските казни за осудените трговци со дрога.

Минатата година, стапката на убиства во Еквадор достигна 40 смртни случаи на 100.000 луѓе, што е една од највисоките во регионот.

The post Еквадор на референдум ќе се бори против нарко клановите appeared first on Република.

]]>

На референдумот во Еквадор граѓаните со големо мнозинство се изјаснија за заострување на безбедносните мерки поради зголеменото насилство од криминалните групи во земјата. Претседателката на Националниот изборен совет, Дијана Атамаинт, објави дека граѓаните на Еквадор гласале за сите безбедносни мерки, и оти отфрлиле два контроверзни економски предлози.
- Ја одбранивме државата. Сега ќе ги имаме потребните алатки за борба против криминалците и за враќање на мирот на семејствата на Еквадор, напиша на социјалните мрежи еквадорскиот претседател Даниел Нобоа.
Мерките изгласани на вчерашниот референдум, на кој право на глас имаа околу 13 милиони граѓани, меѓу другото опфаќаат и вклучување на војската во борбата против бандите и продолжување на затворските казни за осудените трговци со дрога. Минатата година, стапката на убиства во Еквадор достигна 40 смртни случаи на 100.000 луѓе, што е една од највисоките во регионот.

The post Еквадор на референдум ќе се бори против нарко клановите appeared first on Република.

]]>
Убиена најмладата градоначалничка во Еквадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ubiena-najmladata-gradonachalnichka-vo-ekvador/ Mon, 25 Mar 2024 07:14:00 +0000 https://republika.mk/?p=758353

Дваесетиседумгодишната градоначалничка на градот Сан Висенте во Еквадор, во кој дивеат банди, е убиена, соопшти вчера локалната полиција.

Брижит Гарсија минатата година на 26-годишна возраст стана најмладата градоначалничка во јужноамериканската земја.

Таа, меѓу другото, водеше кампања за подобар пристап до вода за пиење за приближно 17.000 жители на Сан Висенте, околу 100 километри источно од Гвајакил.

Телото на Гарсија и на нејзиниот портпарол Џаиро Лоор биле откриени во саботата вечерта во автомобил на плажата на Пацификот во близина на Сан Висенте, прециизра полицијата.

- Премногу сум потресен, напиша на Х поранешниот еквадорски претседател Рафаел Кореа, кој како и Гарсија припаѓа на левичарската партија Граѓанско револуционерно движење.

Луиза Гонзалес, која беше кандидат на партијата на минатогодишните претседателски избори и загуби во вториот круг, напиша: „Никој не е безбеден во Еквадор“.

Минатата година во Еквадор беа убиени неколку политичари.

Безбедносната ситуација во Еквадор драстично е влошена. Стапката на убиства од околу 46,5 убиства на 100.000 жители минатата година беше највисока во историјата на земјата и една од највисоките во Латинска Америка.

Владата на претседателот Даниел Нобоа во јануари прогласи вонредна состојба, која сè уште е во сила, по повторените крвави тепачки во еквадорските затвори, од кои некои се контролирани од банди, и по бегството на водач на банда.

The post Убиена најмладата градоначалничка во Еквадор appeared first on Република.

]]>

Дваесетиседумгодишната градоначалничка на градот Сан Висенте во Еквадор, во кој дивеат банди, е убиена, соопшти вчера локалната полиција. Брижит Гарсија минатата година на 26-годишна возраст стана најмладата градоначалничка во јужноамериканската земја. Таа, меѓу другото, водеше кампања за подобар пристап до вода за пиење за приближно 17.000 жители на Сан Висенте, околу 100 километри источно од Гвајакил. Телото на Гарсија и на нејзиниот портпарол Џаиро Лоор биле откриени во саботата вечерта во автомобил на плажата на Пацификот во близина на Сан Висенте, прециизра полицијата.
- Премногу сум потресен, напиша на Х поранешниот еквадорски претседател Рафаел Кореа, кој како и Гарсија припаѓа на левичарската партија Граѓанско револуционерно движење.
Луиза Гонзалес, која беше кандидат на партијата на минатогодишните претседателски избори и загуби во вториот круг, напиша: „Никој не е безбеден во Еквадор“. Минатата година во Еквадор беа убиени неколку политичари. Безбедносната ситуација во Еквадор драстично е влошена. Стапката на убиства од околу 46,5 убиства на 100.000 жители минатата година беше највисока во историјата на земјата и една од највисоките во Латинска Америка. Владата на претседателот Даниел Нобоа во јануари прогласи вонредна состојба, која сè уште е во сила, по повторените крвави тепачки во еквадорските затвори, од кои некои се контролирани од банди, и по бегството на водач на банда.

The post Убиена најмладата градоначалничка во Еквадор appeared first on Република.

]]>
Еквадорската полиција заплени кокаин вреден 7,3 милиони долари, на пакетите лепенки со албанско знаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ekvadorskata-politsija-zapleni-kokain-vreden-7-3-milioni-dolari-na-paketite-lepenki-so-albansko-zname/ Fri, 16 Feb 2024 11:19:31 +0000 https://republika.mk/?p=744833

Полицијата во Еквадор запленила 122 пакети со кокаин, на кои имало лепенки со албанско знаме, јави „Топ чанел“.

Дрогата вредна 7,3 милиони долари, била запленета во кантонот Ел Гуабо, провинција Ел Оро, со крајна дестинација Европа.

-Според еквадорската полиција уапсен е Џонатан М. (37) кој ја превезувал дрогата со камион. Пакетите биле со лепенки со албанско знаме. Кога ја забележал полицијата, тој ја зголемил брзината на движење и додека се обидувал да побегне се удрил во објект за банани во секторот Санта Лусија и се дал во бегство меѓу насадите, наведува телевизијата.

При претресот на возилото била пронајдена дрогата а кусо потоа бил уапсен Џонатан М., кој во себе имал 2.090 долари.

Полковникот Хуан Карлос Мафла, началник на полицијата на Ел Оро, изјавил дека запленетата дрога требало да биде испратена во Европа, а има вредност од 7.320.000 долари.

Фото: Полиција Еквадор (Топ чанел)

The post Еквадорската полиција заплени кокаин вреден 7,3 милиони долари, на пакетите лепенки со албанско знаме appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Еквадор запленила 122 пакети со кокаин, на кои имало лепенки со албанско знаме, јави „Топ чанел“. Дрогата вредна 7,3 милиони долари, била запленета во кантонот Ел Гуабо, провинција Ел Оро, со крајна дестинација Европа.
-Според еквадорската полиција уапсен е Џонатан М. (37) кој ја превезувал дрогата со камион. Пакетите биле со лепенки со албанско знаме. Кога ја забележал полицијата, тој ја зголемил брзината на движење и додека се обидувал да побегне се удрил во објект за банани во секторот Санта Лусија и се дал во бегство меѓу насадите, наведува телевизијата.
При претресот на возилото била пронајдена дрогата а кусо потоа бил уапсен Џонатан М., кој во себе имал 2.090 долари. Полковникот Хуан Карлос Мафла, началник на полицијата на Ел Оро, изјавил дека запленетата дрога требало да биде испратена во Европа, а има вредност од 7.320.000 долари. Фото: Полиција Еквадор (Топ чанел)

The post Еквадорската полиција заплени кокаин вреден 7,3 милиони долари, на пакетите лепенки со албанско знаме appeared first on Република.

]]>
Изрешетан додека одел кон судот: Убиен обвинителот што го истражуваше нападот на ТВ станицата во Еквадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izreshetan-dodeka-odel-kon-sudot-ubien-obvinitelot-shto-go-istrazhuvashe-napadot-na-tv-stanitsata-vo-ekvador/ Thu, 18 Jan 2024 07:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=734225

Обвинителот Сезар Суарез кој го истражуваше упадот во еквадорската телевизија од страна на членови на банда, бил убиен додека возел кон судот во Гвајакил, најопасниот град во земјата.

Локалната полиција соопшти дека нападот е атентат и додаде дека тој бил застрелан повеќе пати.

Суарез го истражуваше минатонеделниот напад на телевизијата ТЦ, кога членови на банда упаднаа во студио за време на програма во живо и го држеа персоналот под закана со оружје.

Во врска со нападот се уапсени 13 лица, меѓу кои и двајца малолетници.

https://republika.mk/vesti/svet/grupa-vooruzheni-luge-upadnaa-vo-televizisko-studio-vo-zhivo-vo-ekvador/

Тоа се случи набргу откако озлогласен шеф на банда избега од затвор, предизвикувајќи национална вонредна состојба и ноќен полициски час.

Во Еквадор во последно време е регистриран пораст на насилството, вклучително и експлозии во некои градови, киднапирање на полицајци и земање затворски персонал како заложници.

Дваесет и две криминални банди се прогласени за терористички организации додека претседателот Даниел Нобоа се обидува да ги прекине немирите поврзани со трговијата со дрога.

The post Изрешетан додека одел кон судот: Убиен обвинителот што го истражуваше нападот на ТВ станицата во Еквадор appeared first on Република.

]]>

Обвинителот Сезар Суарез кој го истражуваше упадот во еквадорската телевизија од страна на членови на банда, бил убиен додека возел кон судот во Гвајакил, најопасниот град во земјата. Локалната полиција соопшти дека нападот е атентат и додаде дека тој бил застрелан повеќе пати. Суарез го истражуваше минатонеделниот напад на телевизијата ТЦ, кога членови на банда упаднаа во студио за време на програма во живо и го држеа персоналот под закана со оружје. Во врска со нападот се уапсени 13 лица, меѓу кои и двајца малолетници. https://republika.mk/vesti/svet/grupa-vooruzheni-luge-upadnaa-vo-televizisko-studio-vo-zhivo-vo-ekvador/ Тоа се случи набргу откако озлогласен шеф на банда избега од затвор, предизвикувајќи национална вонредна состојба и ноќен полициски час. Во Еквадор во последно време е регистриран пораст на насилството, вклучително и експлозии во некои градови, киднапирање на полицајци и земање затворски персонал како заложници. Дваесет и две криминални банди се прогласени за терористички организации додека претседателот Даниел Нобоа се обидува да ги прекине немирите поврзани со трговијата со дрога.

The post Изрешетан додека одел кон судот: Убиен обвинителот што го истражуваше нападот на ТВ станицата во Еквадор appeared first on Република.

]]>
Нобоа: Насилството на еквадорските нарко банди е проблем за целиот свет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/noboa-nasilstvoto-na-ekvadorskite-narko-bandi-e-problem-za-tseliot-svet/ Sat, 13 Jan 2024 10:52:58 +0000 https://republika.mk/?p=732549

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа денеска изјави дека насилството на бандите во неговата земја, што ескалираше во текот на оваа недела, е проблем за целиот свет.

Најмладиот претседател на Еквадор на функцијата стапи во ноември, а по само два месеца се соочува со најголемата криза во земјата во нејзината модерна историја.

-Не влегов во ова мислејќи дека ќе биде лесно, изјави тој за Би-Би-Си.

За време на немирите, двајца лидери на банди избегаа од затвор, затворските чувари беа држени како заложници, вооружени напаѓачи упаднаа на телевизија за време на програма во живо, а експлозии одекнуваа низ целата земја.

Нобоа прогласи воена состојба и им објави војна на моќните банди, кои ја контролираат трговијата со кокаин.

-Не можеме да продолжиме со оваа игра што овие терористички групи се обидуваат да ја наметнат, рече тој.

Претседателот Нобоа и наредил на армијата да „неутрализира“ 22 вооружени групи, кои ги нарече терористички организации.

Помош понуди и Вашингтон, па делегација од САД ќе пристигне во Еквадор во наредните недели.

Неговите критичари овој потег на Вашингтон го нарекуваат американски интервенционизам, но претседателот Нобоа го поздрави.

-Охрабрувачки е да се види дека меѓународната заедница всушност обрнува внимание на тоа што се случува овде. Тоа влијае на целиот свет, нарко-терористите кои оперираат овде имаат операции во Европа, во САД. Мораме да го решиме проблемот од коренот, а коренот на проблемот е тука, додаде тој.

The post Нобоа: Насилството на еквадорските нарко банди е проблем за целиот свет appeared first on Република.

]]>

Еквадорскиот претседател Даниел Нобоа денеска изјави дека насилството на бандите во неговата земја, што ескалираше во текот на оваа недела, е проблем за целиот свет. Најмладиот претседател на Еквадор на функцијата стапи во ноември, а по само два месеца се соочува со најголемата криза во земјата во нејзината модерна историја.
-Не влегов во ова мислејќи дека ќе биде лесно, изјави тој за Би-Би-Си.
За време на немирите, двајца лидери на банди избегаа од затвор, затворските чувари беа држени како заложници, вооружени напаѓачи упаднаа на телевизија за време на програма во живо, а експлозии одекнуваа низ целата земја. Нобоа прогласи воена состојба и им објави војна на моќните банди, кои ја контролираат трговијата со кокаин.
-Не можеме да продолжиме со оваа игра што овие терористички групи се обидуваат да ја наметнат, рече тој.
Претседателот Нобоа и наредил на армијата да „неутрализира“ 22 вооружени групи, кои ги нарече терористички организации. Помош понуди и Вашингтон, па делегација од САД ќе пристигне во Еквадор во наредните недели. Неговите критичари овој потег на Вашингтон го нарекуваат американски интервенционизам, но претседателот Нобоа го поздрави.
-Охрабрувачки е да се види дека меѓународната заедница всушност обрнува внимание на тоа што се случува овде. Тоа влијае на целиот свет, нарко-терористите кои оперираат овде имаат операции во Европа, во САД. Мораме да го решиме проблемот од коренот, а коренот на проблемот е тука, додаде тој.

The post Нобоа: Насилството на еквадорските нарко банди е проблем за целиот свет appeared first on Република.

]]>
Група вооружени луѓе упаднаа во телевизиско студио во живо во Еквадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/grupa-vooruzheni-luge-upadnaa-vo-televizisko-studio-vo-zhivo-vo-ekvador/ Wed, 10 Jan 2024 08:23:59 +0000 https://republika.mk/?p=731375

Директниот пренос на телевизиската станица во градот Гвајакил беше прекинат од групата која носеше качулки на главата и беше вооружена со пиштоли. Персоналот беше принуден да седне на подот, пред да се прекине преносот во живо.

Вчера во Еквадор започна 60-дневна вонредна состојба, откако од затворска ќелија исчезна најозлогласениот еквадорски криминалец познат по прекарот Фито. Полицијата влезе во телевизијата по 30 минути откако првпат се појавија вооружените напаѓачи.

Националните полициски сили на земјата објавија дека персоналот бил евакуиран од студиото. Инаку најмалку седум полицајци се киднапирани од членови на бандата.

https://republika.mk/vesti/svet/proglasena-vonredna-sostojba-na-granitsata-na-peru-so-ekvador/

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, кој ја презеде функцијата пред три месеци како најмлад претседател во историјата на земјата, прогласи вонредна состојба за период од 60 дена, која меѓу другото вклучува и привремена забрана за јавни собири и полициски час.

https://www.youtube.com/watch?v=DmKNC56YHME&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2F&source_ve_path=Mjg2NjY&feature=emb_logo

The post Група вооружени луѓе упаднаа во телевизиско студио во живо во Еквадор appeared first on Република.

]]>

Директниот пренос на телевизиската станица во градот Гвајакил беше прекинат од групата која носеше качулки на главата и беше вооружена со пиштоли. Персоналот беше принуден да седне на подот, пред да се прекине преносот во живо. Вчера во Еквадор започна 60-дневна вонредна состојба, откако од затворска ќелија исчезна најозлогласениот еквадорски криминалец познат по прекарот Фито. Полицијата влезе во телевизијата по 30 минути откако првпат се појавија вооружените напаѓачи. Националните полициски сили на земјата објавија дека персоналот бил евакуиран од студиото. Инаку најмалку седум полицајци се киднапирани од членови на бандата. https://republika.mk/vesti/svet/proglasena-vonredna-sostojba-na-granitsata-na-peru-so-ekvador/ Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, кој ја презеде функцијата пред три месеци како најмлад претседател во историјата на земјата, прогласи вонредна состојба за период од 60 дена, која меѓу другото вклучува и привремена забрана за јавни собири и полициски час. https://www.youtube.com/watch?v=DmKNC56YHME&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkanal5.com.mk%2F&source_ve_path=Mjg2NjY&feature=emb_logo

The post Група вооружени луѓе упаднаа во телевизиско студио во живо во Еквадор appeared first on Република.

]]>
Банда криминалци од Еквадар насилно влегле во тв-студио, заканувајќи се со бомби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/banda-kriminaltsi-od-ekvadar-nasilno-vlegle-vo-tv-studio-zakanuvajki-se-so-bombi/ Tue, 09 Jan 2024 21:10:48 +0000 https://republika.mk/?p=731312

Банда криминлци упаднале во телевизиско студио во Еквадор, заканувајќи им се на новинарите со бомби, пренесуваат регионалните медиуми. На видеата кои кружат на социјалните медиуми, неколку напаѓачи му вперуваат оружје во глава на еден од водителите на телевизијата, а неколкумина се заложници и лежат на подот.

Во позадина на видеото се слуша бучава и истрели. Се забележуваат мажи со качулки како го напуштаат студиото на ТЦ телевизија, а полицијата влегува во студиото околу 30 минути откако напаѓачите влегле внатре. Единици на Националната полиција на градот Гвајакил биле распоредени на местото на настанот.

Инаку, од прогласувањето на вонредна состојба во Еквадор, најмалку седум полицајци се киднапирани од членови на криминални банди.

 

The post Банда криминалци од Еквадар насилно влегле во тв-студио, заканувајќи се со бомби appeared first on Република.

]]>

Банда криминлци упаднале во телевизиско студио во Еквадор, заканувајќи им се на новинарите со бомби, пренесуваат регионалните медиуми. На видеата кои кружат на социјалните медиуми, неколку напаѓачи му вперуваат оружје во глава на еден од водителите на телевизијата, а неколкумина се заложници и лежат на подот. Во позадина на видеото се слуша бучава и истрели. Се забележуваат мажи со качулки како го напуштаат студиото на ТЦ телевизија, а полицијата влегува во студиото околу 30 минути откако напаѓачите влегле внатре. Единици на Националната полиција на градот Гвајакил биле распоредени на местото на настанот. Инаку, од прогласувањето на вонредна состојба во Еквадор, најмалку седум полицајци се киднапирани од членови на криминални банди.  

The post Банда криминалци од Еквадар насилно влегле во тв-студио, заканувајќи се со бомби appeared first on Република.

]]>
Почесен конзул на Британија е киднапиран во Еквадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochesen-konzul-na-britanija-e-kidnapiran-vo-ekvador/ Sun, 17 Dec 2023 10:19:33 +0000 https://republika.mk/?p=723798

Почесниот конзул на Обединетото Кралство во еквадорскиот град Гвајакил, Колин Армстронг, e киднапиран, во провинцијата Лос Риос, објавија локалните власти.

Според полицијата, британскиот конзил бил киднапиран од неговата фарма, лоцирана во кантонот Бабахојо.

Киднапирањето се случило кога околу 15 луѓе влегле на фармата и го зеле Армстронг, заедно со неговата сопатничка, жена од колумбиска националност.

The post Почесен конзул на Британија е киднапиран во Еквадор appeared first on Република.

]]>

Почесниот конзул на Обединетото Кралство во еквадорскиот град Гвајакил, Колин Армстронг, e киднапиран, во провинцијата Лос Риос, објавија локалните власти. Според полицијата, британскиот конзил бил киднапиран од неговата фарма, лоцирана во кантонот Бабахојо. Киднапирањето се случило кога околу 15 луѓе влегле на фармата и го зеле Армстронг, заедно со неговата сопатничка, жена од колумбиска националност.

The post Почесен конзул на Британија е киднапиран во Еквадор appeared first on Република.

]]>
Му пријдоа двајца на мотор и го изрешетаа: Човек во количка ја снимил сопствената смрт https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mu-prijdoa-dvajtsa-na-motor-i-go-izreshetaa-chovek-vo-kolichka-ja-snimil-sopstvenata-smrt/ Mon, 23 Oct 2023 17:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=694291

Човек со посебни потреби ја снимил сопствената смрт кога напаѓачите го застрелале додека емитувал во живо на ТикТок. Надзорна камера ги снимила последните моменти на Педро Луис Тоала Резабала (33), бил брутално застрелан на улица во Еквадор.

Вознемирувачкото видео го прикажува Резабала со пријател пред неговата куќа во Портовије, кога ненадејно им приоѓаат двајца мажи на мотор и почнуваат да пукаат во негова насока. Трет маж му приоѓа одзади неколку секунди подоцна и му пука во глава.

Пријателот успеал да побегне неповреден.

https://twitter.com/lavozderiobamba/status/1714733239850385455?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1714733239850385455%7Ctwgr%5Eed842c4a4e00c0dd1ee4e79b95a3109c85cdd5b1%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fulica.mk%2Fd183d0b6d0b0d181-d0b2d0be-d0b5d0bad0b2d0b0d0b4d0bed180-d187d0bed0b2d0b5d0ba-d0b2d0be-d0bad0bed0bbd0b8d187d0bad0b0-d181d0b8-d198d0b0%2F

Според локалните медиуми, Резабала имал криминално досие за грабеж, трговија со дрога, насилничко однесување, недозволено поседување оружје…

Локалните медиуми јавуваат дека Резабала преживеал обид за атентат пред неколку години, поради што останал параплегичен.

Првично не се знае дали има уапсени за убиството.

Еквадор има 11. највисока стапка на криминал во светот. Стапката на убиства е зголемена за речиси 500 отсто од 2016 година до 22 убиства на 100.000 луѓе во 2022 година.

The post Му пријдоа двајца на мотор и го изрешетаа: Човек во количка ја снимил сопствената смрт appeared first on Република.

]]>

Човек со посебни потреби ја снимил сопствената смрт кога напаѓачите го застрелале додека емитувал во живо на ТикТок. Надзорна камера ги снимила последните моменти на Педро Луис Тоала Резабала (33), бил брутално застрелан на улица во Еквадор. Вознемирувачкото видео го прикажува Резабала со пријател пред неговата куќа во Портовије, кога ненадејно им приоѓаат двајца мажи на мотор и почнуваат да пукаат во негова насока. Трет маж му приоѓа одзади неколку секунди подоцна и му пука во глава. Пријателот успеал да побегне неповреден. https://twitter.com/lavozderiobamba/status/1714733239850385455?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1714733239850385455%7Ctwgr%5Eed842c4a4e00c0dd1ee4e79b95a3109c85cdd5b1%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fulica.mk%2Fd183d0b6d0b0d181-d0b2d0be-d0b5d0bad0b2d0b0d0b4d0bed180-d187d0bed0b2d0b5d0ba-d0b2d0be-d0bad0bed0bbd0b8d187d0bad0b0-d181d0b8-d198d0b0%2F Според локалните медиуми, Резабала имал криминално досие за грабеж, трговија со дрога, насилничко однесување, недозволено поседување оружје… Локалните медиуми јавуваат дека Резабала преживеал обид за атентат пред неколку години, поради што останал параплегичен. Првично не се знае дали има уапсени за убиството. Еквадор има 11. највисока стапка на криминал во светот. Стапката на убиства е зголемена за речиси 500 отсто од 2016 година до 22 убиства на 100.000 луѓе во 2022 година.

The post Му пријдоа двајца на мотор и го изрешетаа: Човек во количка ја снимил сопствената смрт appeared first on Република.

]]>
Има империја од плантажи: Кралот на бананите стана претседател на Еквадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ima-imperija-od-plantazhi-kralot-na-bananite-stana-pretsedatel-na-ekvador/ Mon, 16 Oct 2023 09:42:46 +0000 https://republika.mk/?p=691639

Бизнисменот за кој се вели дека поседува империја на банани, Даниел Нобоа, ќе стане најмладиот претседател во историјата на Еквадор. Нобоа (35) победи на изборите во неделата со 52,3 отсто од гласовите, пред неговата левичарска ривалка Луиза Гонзалес која доби 47,7 отсто. Таа го призна поразот и му честиташе на Нобои.

35-годишникот од партијата Национална демократска акција е син на Алваро Нобоа, кој пет пати неуспешно се кандидираше за претседател. Нобоа ќе биде на функцијата само 17 месеци до следните избори. Тој ќе владее од крајот на ноември 2023 година до мај 2025 година, поради фактот што сегашните избори беа започнати пред времето кога претседателот во заминување Гиљермо Ласо го распушти парламентот.

Нобоа, фармер на банани чие семејство се збогати од бизнисот со банани, ќе положи заклетва како претседател на 25 ноември, пет дена пред неговиот 36-ти роденден. Нобоа вети дека ќе привлече странски инвестиции, ќе создаде работни места за младите и ќе стави опасни криминалци на затворските бродови.

Кампањата што водеше до изборите во неделата се водеше во сенка на смртта на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио, кој беше убиен на 9 август на митинг во Кито. Владата го обвини организираниот криминал за неговото убиство. Еквадор е транзитна земја за шверц на кокаин, а криминалните организации се борат за патиштата за дрога. Првиот круг од претседателските избори се одржа на 20 август, кога Гонзалес заврши на првото место со 33,6 отсто од гласовите

The post Има империја од плантажи: Кралот на бананите стана претседател на Еквадор appeared first on Република.

]]>

Бизнисменот за кој се вели дека поседува империја на банани, Даниел Нобоа, ќе стане најмладиот претседател во историјата на Еквадор. Нобоа (35) победи на изборите во неделата со 52,3 отсто од гласовите, пред неговата левичарска ривалка Луиза Гонзалес која доби 47,7 отсто. Таа го призна поразот и му честиташе на Нобои.

35-годишникот од партијата Национална демократска акција е син на Алваро Нобоа, кој пет пати неуспешно се кандидираше за претседател. Нобоа ќе биде на функцијата само 17 месеци до следните избори. Тој ќе владее од крајот на ноември 2023 година до мај 2025 година, поради фактот што сегашните избори беа започнати пред времето кога претседателот во заминување Гиљермо Ласо го распушти парламентот. Нобоа, фармер на банани чие семејство се збогати од бизнисот со банани, ќе положи заклетва како претседател на 25 ноември, пет дена пред неговиот 36-ти роденден. Нобоа вети дека ќе привлече странски инвестиции, ќе создаде работни места за младите и ќе стави опасни криминалци на затворските бродови. Кампањата што водеше до изборите во неделата се водеше во сенка на смртта на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио, кој беше убиен на 9 август на митинг во Кито. Владата го обвини организираниот криминал за неговото убиство. Еквадор е транзитна земја за шверц на кокаин, а криминалните организации се борат за патиштата за дрога. Првиот круг од претседателските избори се одржа на 20 август, кога Гонзалес заврши на првото место со 33,6 отсто од гласовите

The post Има империја од плантажи: Кралот на бананите стана претседател на Еквадор appeared first on Република.

]]>
Уште еден политичар убиен во Еквадор за помалку од една недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ushte-eden-politichar-ubien-vo-ekvador-za-pomalku-od-edna-nedela/ Tue, 15 Aug 2023 11:47:11 +0000 https://republika.mk/?p=672331

Лидерот на Партијата на граѓанската револуција во провинцијата Есмералдас, Педро Брионес, беше убиен само пет дена откако претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио беше убиен на предизборен митинг.

Брионес бил убиен од вооружени лица на мотор, јавува Би-Би-Си.

Засега не е познат мотивот, а полицијата се уште не се огласила.

The post Уште еден политичар убиен во Еквадор за помалку од една недела appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Партијата на граѓанската револуција во провинцијата Есмералдас, Педро Брионес, беше убиен само пет дена откако претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио беше убиен на предизборен митинг. Брионес бил убиен од вооружени лица на мотор, јавува Би-Би-Си. Засега не е познат мотивот, а полицијата се уште не се огласила.

The post Уште еден политичар убиен во Еквадор за помалку од една недела appeared first on Република.

]]>
Убиениот кандидат на претседателските избори во Еквадор ќе го замени неговата соработничка Гонзалес https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ubieniot-kandidat-na-pretsedatelskite-izbori-vo-ekvador-ke-go-zameni-negovata-sorabotnichka-gonzales/ Sun, 13 Aug 2023 07:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=671547

Андреа Гонзалес, соработничка на убиениот кандидат за претседател на Еквадор, Фернандо Вилависенсио, ќе го замени на изборите на 20 август, соопшти нивната партија.

Гонзалес ќе биде кандидат на опозициската центристичка партија по атентатот на Вилависенсио во средата.

Вилависенсио, 59-годишен новинар кој се залагаше за борба против корупцијата во неговата земја, беше втор по рејтингот пред претседателските избори. Претседателскиот кандидат беше застрелан по излегување од предизборен состанок во главниот град Кито.

Оттогаш во поголемиот дел од Еквадор е воведена вонредна состојба, а шефот на државата Гилермо Ласо го обвини организираниот криминал за убиството.

Гонзалес, 36-годишна екологистка, беше долгогодишна соработничка на Вилависенсио.

Таа е особено посветена на заштитата на океаните, на борбата против уништувањето на шумите и трговијата со диви животни.

The post Убиениот кандидат на претседателските избори во Еквадор ќе го замени неговата соработничка Гонзалес appeared first on Република.

]]>

Андреа Гонзалес, соработничка на убиениот кандидат за претседател на Еквадор, Фернандо Вилависенсио, ќе го замени на изборите на 20 август, соопшти нивната партија. Гонзалес ќе биде кандидат на опозициската центристичка партија по атентатот на Вилависенсио во средата. Вилависенсио, 59-годишен новинар кој се залагаше за борба против корупцијата во неговата земја, беше втор по рејтингот пред претседателските избори. Претседателскиот кандидат беше застрелан по излегување од предизборен состанок во главниот град Кито. Оттогаш во поголемиот дел од Еквадор е воведена вонредна состојба, а шефот на државата Гилермо Ласо го обвини организираниот криминал за убиството. Гонзалес, 36-годишна екологистка, беше долгогодишна соработничка на Вилависенсио. Таа е особено посветена на заштитата на океаните, на борбата против уништувањето на шумите и трговијата со диви животни.

The post Убиениот кандидат на претседателските избори во Еквадор ќе го замени неговата соработничка Гонзалес appeared first on Република.

]]>
Се мешал каде што не треба: Убиениот кандидат за претседател дал документ на Викиликс дека Еквадор е нарко држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-meshal-kade-shto-ne-treba-ubieniot-kandidat-za-pretsedatel-dal-dokument-na-vikiliks-deka-ekvador-e-narko-drzhava/ Thu, 10 Aug 2023 09:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=670681

Убиениот кандидат за претседател на Еквадор Вилависенсио ја започнал својата новинарска кариера во Ел Универзо во Гвајакил и беше критичен кон многу влади кои ги обвини за корупција.

Во 2015 година, тој испрати доверливи документи до Викиликс кои покажуваат дека Еквадор користел италијанска компанија за водење програма за надзор која шпионирала новинари и политички непријатели, покрај шпионирањето на Џулијан Асанж во амбасадата.
Неговата пратеничка кандидатура за изборите во 2017 година беше одбиена поради тогашните обвиненија против него. Меѓутоа, кога тие обвиненија беа отфрлени, тој можеше да ја продолжи својата кампања, но сепак на крајот ги загуби изборите.

По поразот, тој беше уапсен под обвинение за навреда и шпионажа по неговите критики кон администрацијата на корејскиот претседател. Тој побегна во Перу, а сите обвиненија против него беа отфрлени во 2018 година. Вилависенсио повторно се кандидираше за Националното собрание во 2021 година како дел од Алијансата на чесноста, овој пат добивајќи пратенички мандат.

Во септември 2022 година, Вилависенсио тврдеше дека бил цел на обид за атентат откако неговиот дом во Кито, наводно, бил нападнат.

https://republika.mk/vesti/svet/snimen-momentot-na-ubistvoto-na-pretsedatelskiot-kandidat-vo-ekvador-vonredna-sostojba-vo-zemjata/

Набргу по распуштањето на Националното собрание, Вилависенсио ја објави својата кандидатура за претседател на Еквадор на изборите во 2023 година. Тој се фокусираше на растечката корупција, насилството во земјата и заштитата на животната средина. За време на неговата кампања, тој го нарече Еквадор „нарко-држава“ поради порастот на насилството.

Тој беше член на Националното собрание на Еквадор од 2017 година до неговото распуштање на почетокот на оваа година.

Пред да влезе во политичката арена, тој беше познат по тоа што ја осудуваше државната нафтена компанија Петроекуадор, каде што претходно работеше како член на синдикатот.

Беше оженет и имаше пет деца.

The post Се мешал каде што не треба: Убиениот кандидат за претседател дал документ на Викиликс дека Еквадор е нарко држава appeared first on Република.

]]>

Убиениот кандидат за претседател на Еквадор Вилависенсио ја започнал својата новинарска кариера во Ел Универзо во Гвајакил и беше критичен кон многу влади кои ги обвини за корупција. Во 2015 година, тој испрати доверливи документи до Викиликс кои покажуваат дека Еквадор користел италијанска компанија за водење програма за надзор која шпионирала новинари и политички непријатели, покрај шпионирањето на Џулијан Асанж во амбасадата. Неговата пратеничка кандидатура за изборите во 2017 година беше одбиена поради тогашните обвиненија против него. Меѓутоа, кога тие обвиненија беа отфрлени, тој можеше да ја продолжи својата кампања, но сепак на крајот ги загуби изборите. По поразот, тој беше уапсен под обвинение за навреда и шпионажа по неговите критики кон администрацијата на корејскиот претседател. Тој побегна во Перу, а сите обвиненија против него беа отфрлени во 2018 година. Вилависенсио повторно се кандидираше за Националното собрание во 2021 година како дел од Алијансата на чесноста, овој пат добивајќи пратенички мандат. Во септември 2022 година, Вилависенсио тврдеше дека бил цел на обид за атентат откако неговиот дом во Кито, наводно, бил нападнат. https://republika.mk/vesti/svet/snimen-momentot-na-ubistvoto-na-pretsedatelskiot-kandidat-vo-ekvador-vonredna-sostojba-vo-zemjata/ Набргу по распуштањето на Националното собрание, Вилависенсио ја објави својата кандидатура за претседател на Еквадор на изборите во 2023 година. Тој се фокусираше на растечката корупција, насилството во земјата и заштитата на животната средина. За време на неговата кампања, тој го нарече Еквадор „нарко-држава“ поради порастот на насилството. Тој беше член на Националното собрание на Еквадор од 2017 година до неговото распуштање на почетокот на оваа година. Пред да влезе во политичката арена, тој беше познат по тоа што ја осудуваше државната нафтена компанија Петроекуадор, каде што претходно работеше како член на синдикатот. Беше оженет и имаше пет деца.

The post Се мешал каде што не треба: Убиениот кандидат за претседател дал документ на Викиликс дека Еквадор е нарко држава appeared first on Република.

]]>
Снимен моментот на убиството на претседателскиот кандидат во Еквадор, вонредна состојба во земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/snimen-momentot-na-ubistvoto-na-pretsedatelskiot-kandidat-vo-ekvador-vonredna-sostojba-vo-zemjata/ Thu, 10 Aug 2023 07:42:09 +0000 https://republika.mk/?p=670610

Претседателот на Еквадор Гиљермо Ласо прогласи вонредна состојба во траење од 60 дена во целата земја по убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио.

Вооружените сили од овој момент се мобилизирани низ целата национална територија за да ја гарантираат безбедноста на граѓаните, спокојството на земјата и слободните и демократски избори на 20 август, рече Ласо во обраќањето објавено на Јутјуб.

Осомничениот за атентатот на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио починал од раните добиени во престрелка, соопшти еквадорското обвинителство на Твитер.

Осомничениот кој беше застрелан во престрелка со безбедносните сили е фатен и во тешка состојба е префрлен во Обвинителството во Кито. Екипа на Брза помош констатирала смрт, соопшти државното обвинителство.

Според анкетите, Вилависенсио имаше 7,5 отсто поддршка меѓу гласачите, ставајќи го на петтото место меѓу осумте кандидати кои ќе се натпреваруваат на претседателските избори на 20 август.

The post Снимен моментот на убиството на претседателскиот кандидат во Еквадор, вонредна состојба во земјата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Еквадор Гиљермо Ласо прогласи вонредна состојба во траење од 60 дена во целата земја по убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио.
Вооружените сили од овој момент се мобилизирани низ целата национална територија за да ја гарантираат безбедноста на граѓаните, спокојството на земјата и слободните и демократски избори на 20 август, рече Ласо во обраќањето објавено на Јутјуб.
Осомничениот за атентатот на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио починал од раните добиени во престрелка, соопшти еквадорското обвинителство на Твитер.
Осомничениот кој беше застрелан во престрелка со безбедносните сили е фатен и во тешка состојба е префрлен во Обвинителството во Кито. Екипа на Брза помош констатирала смрт, соопшти државното обвинителство.
Според анкетите, Вилависенсио имаше 7,5 отсто поддршка меѓу гласачите, ставајќи го на петтото место меѓу осумте кандидати кои ќе се натпреваруваат на претседателските избори на 20 август.

The post Снимен моментот на убиството на претседателскиот кандидат во Еквадор, вонредна состојба во земјата appeared first on Република.

]]>
Скоро 9 тони кокаин наменет за Европа е откриен во контејнер со банани во Еквадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/skoro-9-toni-kokain-namenet-za-evropa-e-otkrien-vo-kontejner-so-banani-vo-ekvador/ Fri, 03 Mar 2023 10:07:21 +0000 https://republika.mk/?p=615452

Пратка кокаин тешка 8,8 тони скриена во контејнер со банани запленила еквадорската полиција. Според „Дејли Стар“, товарот бил наменет за Белгија.

Шефот на еквадорската полиција Фаусто Салинас проценува дека доколку дрогата стигне до целта, трговците со дрога би можеле да заработат повеќе од 330 милиони долари од нивната продажба.

Во последниве години, Еквадор стана една од главните јужноамерикански транзитни земји за нарко-картелите.

Произведен во соседните Перу и Колумбија, кокаинот редовно се наоѓа во пристаништата на Еквадор. Само во 2022 година, локалната полиција заплени над 200 тони дрога од класа А.

Бидејќи Еквадор е еден од најголемите светски извозници на банани, пакувањата со дрога скриени во контејнери со овошје не се невообичаени.

Заплената на голема пратка кокаин се совпадна со посетата на земјата на белгиската министерка за внатрешни работи Анелис Верлинден и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

The post Скоро 9 тони кокаин наменет за Европа е откриен во контејнер со банани во Еквадор appeared first on Република.

]]>

Пратка кокаин тешка 8,8 тони скриена во контејнер со банани запленила еквадорската полиција. Според „Дејли Стар“, товарот бил наменет за Белгија. Шефот на еквадорската полиција Фаусто Салинас проценува дека доколку дрогата стигне до целта, трговците со дрога би можеле да заработат повеќе од 330 милиони долари од нивната продажба. Во последниве години, Еквадор стана една од главните јужноамерикански транзитни земји за нарко-картелите. Произведен во соседните Перу и Колумбија, кокаинот редовно се наоѓа во пристаништата на Еквадор. Само во 2022 година, локалната полиција заплени над 200 тони дрога од класа А. Бидејќи Еквадор е еден од најголемите светски извозници на банани, пакувањата со дрога скриени во контејнери со овошје не се невообичаени. Заплената на голема пратка кокаин се совпадна со посетата на земјата на белгиската министерка за внатрешни работи Анелис Верлинден и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

The post Скоро 9 тони кокаин наменет за Европа е откриен во контејнер со банани во Еквадор appeared first on Република.

]]>
СП2022: ФИФА го казнува Еквадор поради навивачите https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sp2022-fifa-go-kaznuva-ekvador-poradi-navivachite/ Wed, 23 Nov 2022 19:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=577472

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) отвори дисциплинска постапка против Еквадор поради песни со навредлива содржина што еквадорски навивачи ги пееле за време на натпреварот против домаќинот Катар на отворањето на Светското првенство.

ФИФА не прецизираше за кои навивачки песни и навреди станува збор, додавајќи оти отвора постапка во согласност со членот 13. од Дисциплинскиот правилник кој предвидува санкции за „навреди кон достоинството или интегритетот на држава, лице или групи преку упатување непријателски, дискриминаторски и навредливи зборови“.

Тоа е прва дисциплинска постапка на Светското првенство во Катар, што почна на 20 овој месец, а завршува на 18 декември.

Во премиерниот натпревар Еквадор го совлада Катар со 2-0.

The post СП2022: ФИФА го казнува Еквадор поради навивачите appeared first on Република.

]]>

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) отвори дисциплинска постапка против Еквадор поради песни со навредлива содржина што еквадорски навивачи ги пееле за време на натпреварот против домаќинот Катар на отворањето на Светското првенство. ФИФА не прецизираше за кои навивачки песни и навреди станува збор, додавајќи оти отвора постапка во согласност со членот 13. од Дисциплинскиот правилник кој предвидува санкции за „навреди кон достоинството или интегритетот на држава, лице или групи преку упатување непријателски, дискриминаторски и навредливи зборови“. Тоа е прва дисциплинска постапка на Светското првенство во Катар, што почна на 20 овој месец, а завршува на 18 декември. Во премиерниот натпревар Еквадор го совлада Катар со 2-0.

The post СП2022: ФИФА го казнува Еквадор поради навивачите appeared first on Република.

]]>