екстремизам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekstremizam/ За подобро да се разбереме Fri, 19 May 2023 14:27:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png екстремизам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekstremizam/ 32 32 Владата ги усвои стратегиите за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам 2023-2027 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-gi-usvoi-strategiite-za-sprechuvane-na-nasilen-ekstremizam-i-borba-protiv-terorizam-2023-2027-godina/ Fri, 19 May 2023 15:52:24 +0000 https://republika.mk/?p=642716

Владата на Република Македонија на 154-та седница, одржана на 16 мај 2023 година, ги разгледа и усвои Национални стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам пропратени со Акциски планови, 2023 - 2027 година.

Координацијата за изработката на стратешките документи беше водена од страна на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борбата против тероризмот.

Имајќи во предвид дека насилниот екстремизам и тероризмот се комплексни безбедносни проблеми кој не препознаваат граници, култури, религии или етнички групи, феномени кој не засегаат сите нас и е потребен широк општествен и интегриран одговор, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам  во подготовката на стратегиите вклучи различни општествени чинители. Активна улога зедоа претставници на државните институции, верските заедници, академската заедница, граѓанскиот сектор и медиумите.

Главниот фокус е ставен на спречувањето на радикализацијата која води кон тероризам, јакнење на институционалните капацитети за борба против овие појави, во контекст на безбедноста, стабилноста и просперитетот на државата и граѓаните почитувајќи ги основните човекови права и слободи, пропишани во домашното и меѓународното право.

Текстовите на двете национални стратегии и акциски планови се целосно усогласени со стратегијата за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам на Организацијата на обединетите нации и европските стандарди за изработка на ваков тип на документи.

The post Владата ги усвои стратегиите за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам 2023-2027 година appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија на 154-та седница, одржана на 16 мај 2023 година, ги разгледа и усвои Национални стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам пропратени со Акциски планови, 2023 - 2027 година. Координацијата за изработката на стратешките документи беше водена од страна на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борбата против тероризмот. Имајќи во предвид дека насилниот екстремизам и тероризмот се комплексни безбедносни проблеми кој не препознаваат граници, култури, религии или етнички групи, феномени кој не засегаат сите нас и е потребен широк општествен и интегриран одговор, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам  во подготовката на стратегиите вклучи различни општествени чинители. Активна улога зедоа претставници на државните институции, верските заедници, академската заедница, граѓанскиот сектор и медиумите. Главниот фокус е ставен на спречувањето на радикализацијата која води кон тероризам, јакнење на институционалните капацитети за борба против овие појави, во контекст на безбедноста, стабилноста и просперитетот на државата и граѓаните почитувајќи ги основните човекови права и слободи, пропишани во домашното и меѓународното право. Текстовите на двете национални стратегии и акциски планови се целосно усогласени со стратегијата за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам на Организацијата на обединетите нации и европските стандарди за изработка на ваков тип на документи.

The post Владата ги усвои стратегиите за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам 2023-2027 година appeared first on Република.

]]>
Демократски сојуз: Партиите на етничките Албанци почнаа промоција на опасен екстремизам и сепаратизам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demokratski-sojuz-partiite-na-etnichkite-albantsi-pochnaa-promotsija-na-opasen-ekstremizam-i-separatizam/ Thu, 23 Mar 2023 16:32:41 +0000 https://republika.mk/?p=622941

Од Демократскиот сојуз реагираат дека во изминатиот месец, водствата на повеќето партии на етничките Албанци почнаа натпревар со екстремизам и сепаратизам, речник кој сериозно може да ги наруши меѓуетничките односи, безбедноста и стабилноста на државата.

Арбен Таравари од Алијанса на Албанците, предложи реорганизација на Македонија доколку Македонците не гласаат за уставни измени. Според неговата изјава „Можно е да се случи радикализација на албанските партии ако биде загрозена европската перспектива на Македонија. Може да пораснат фрустрациите кај Албанците и може да се појават нови идеи за реорганизација на државата. Ќе влеземе во еден маѓепсан круг, од кој нема да можеме да излеземе“.

 

Од Алтернатива предложија заедница на општините со доминантно албанско население по примерот на српските општини во Косово. Според изјавата на Зеќирие Ибрахими, генерален секретар на Алтернатива „Во времето кога Косово се наоѓа пред финалниот договор за нормализација на односите со Србија и кога секој западен дипломат кој доаѓа во Приштина го повторува рефренот „Да се формира Заедницата на српските општини во Косово!“, прашањето што треба да се постави е зошто партиите на Албанците во Македонија, тие кои имаат општини (ДУИ, АА и Беса), не покренуваат иницијатива за основање на Заедницата на албанските општини во Македонија со истите надлежности со кои се бара да ги има Заедницата на српските општини во Косово. Ништо повеќе. Само толку“.

 

Али Ахмети од ДУИ на еден од своите настапи ги повика Македонците да ги следат Албанците на патот кон ЕУ, цитираме „ Да ги обединиме сите Албанци, да го направиме проевропскиот фронт, да ги повикаме нашите македонски сограѓани и да ја водиме оваа земја кон Европската Унија“, за на крај Касами од БЕСА во своја објава на социјална мрежа да го прогласи „Тетово за главен град (Центар) на Албанците од Македонија“.

 

За жал, досега нема ниту еден коментар и осуда од СДСМ, владејачката партија, која за да остане уште некој месец на власт, толерира национализам кој ги поткопува соживотот и унитарниот карактер на Македонија.

 

Демократскиот сојуз најостро ги осудува екстремизмот и сепаратизмот кои нѐ водат кон дестабилизација и целосна блокада на евроинтегративните процеси. Политиката на заплашување врз основа на национализам, не е ниту демократска, ниту европска вредност. Затоа на ваквите најави/изјави потребна е соодветна реакција и од државните институции, во спротивно молкот ќе значи поддршка на сепаратизмот кој ќе нѐ вовлече во опасен националистички вртлог, се вели во реакцијата на Демократскиот сојуз.

The post Демократски сојуз: Партиите на етничките Албанци почнаа промоција на опасен екстремизам и сепаратизам appeared first on Република.

]]>

Од Демократскиот сојуз реагираат дека во изминатиот месец, водствата на повеќето партии на етничките Албанци почнаа натпревар со екстремизам и сепаратизам, речник кој сериозно може да ги наруши меѓуетничките односи, безбедноста и стабилноста на државата.
Арбен Таравари од Алијанса на Албанците, предложи реорганизација на Македонија доколку Македонците не гласаат за уставни измени. Според неговата изјава „Можно е да се случи радикализација на албанските партии ако биде загрозена европската перспектива на Македонија. Може да пораснат фрустрациите кај Албанците и може да се појават нови идеи за реорганизација на државата. Ќе влеземе во еден маѓепсан круг, од кој нема да можеме да излеземе“.   Од Алтернатива предложија заедница на општините со доминантно албанско население по примерот на српските општини во Косово. Според изјавата на Зеќирие Ибрахими, генерален секретар на Алтернатива „Во времето кога Косово се наоѓа пред финалниот договор за нормализација на односите со Србија и кога секој западен дипломат кој доаѓа во Приштина го повторува рефренот „Да се формира Заедницата на српските општини во Косово!“, прашањето што треба да се постави е зошто партиите на Албанците во Македонија, тие кои имаат општини (ДУИ, АА и Беса), не покренуваат иницијатива за основање на Заедницата на албанските општини во Македонија со истите надлежности со кои се бара да ги има Заедницата на српските општини во Косово. Ништо повеќе. Само толку“.   Али Ахмети од ДУИ на еден од своите настапи ги повика Македонците да ги следат Албанците на патот кон ЕУ, цитираме „ Да ги обединиме сите Албанци, да го направиме проевропскиот фронт, да ги повикаме нашите македонски сограѓани и да ја водиме оваа земја кон Европската Унија“, за на крај Касами од БЕСА во своја објава на социјална мрежа да го прогласи „Тетово за главен град (Центар) на Албанците од Македонија“.   За жал, досега нема ниту еден коментар и осуда од СДСМ, владејачката партија, која за да остане уште некој месец на власт, толерира национализам кој ги поткопува соживотот и унитарниот карактер на Македонија.   Демократскиот сојуз најостро ги осудува екстремизмот и сепаратизмот кои нѐ водат кон дестабилизација и целосна блокада на евроинтегративните процеси. Политиката на заплашување врз основа на национализам, не е ниту демократска, ниту европска вредност. Затоа на ваквите најави/изјави потребна е соодветна реакција и од државните институции, во спротивно молкот ќе значи поддршка на сепаратизмот кој ќе нѐ вовлече во опасен националистички вртлог, се вели во реакцијата на Демократскиот сојуз.

The post Демократски сојуз: Партиите на етничките Албанци почнаа промоција на опасен екстремизам и сепаратизам appeared first on Република.

]]>