екстрадиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekstradicija/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 14:50:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png екстрадиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekstradicija/ 32 32 Врховен дури попладнево го доби предметот за екстрадиција на Блерим Рамадани  https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vrhoven-duri-popladnevo-go-dobi-predmetot-za-ekstraditsija-na-blerim-ramadani/ Fri, 16 Aug 2024 14:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=807282

Врховен дури попладнево го доби предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани.

Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека денеска, 16.08.2024 година Основен кривичен суд Скопје, Кривичен совет на Одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по службена должност до Врховниот суд на Република Македонија, согласно член 68 став 2 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, достави правосилно решение КИОК-КС бр.180/24 од 08.08.2024 година, во врска со екстрадицијата на лицето Блерим Рамадани од Урошевац, Република Косово, по кое е оформен предметот на овој суд КР-32/24, кој преку АКМИС системот распореден е кај судија-известител за понатамошно постапување согласно законските надлежности, информираат од Врховен суд.

The post Врховен дури попладнево го доби предметот за екстрадиција на Блерим Рамадани  appeared first on Република.

]]>

Врховен дури попладнево го доби предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани. Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека денеска, 16.08.2024 година Основен кривичен суд Скопје, Кривичен совет на Одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по службена должност до Врховниот суд на Република Македонија, согласно член 68 став 2 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, достави правосилно решение КИОК-КС бр.180/24 од 08.08.2024 година, во врска со екстрадицијата на лицето Блерим Рамадани од Урошевац, Република Косово, по кое е оформен предметот на овој суд КР-32/24, кој преку АКМИС системот распореден е кај судија-известител за понатамошно постапување согласно законските надлежности, информираат од Врховен суд.

The post Врховен дури попладнево го доби предметот за екстрадиција на Блерим Рамадани  appeared first on Република.

]]>
Џенгиз Мусљиу баран со меѓународна потерница уапсен во Тирана, тврди дека не знаел зошто го осудиле во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dhengiz-musliu-baran-so-megunarodna-poternitsa-uapsen-vo-tirana-tvrdi-deka-ne-znael-zoshto-go-osudile-vo-makedonija/ Tue, 06 Aug 2024 10:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=803859

Обвинителството во Тирана се обрати до македонските власти со барање за податоци за лицето Џенгиз Мусљиу, кој беше уапсен вчера на меѓународниот аеродром во Тирана, објави „Топ чанел“. Според истиот извор, Муслиу во Македонија бил осуден за кривични дела „насилство“ и му била изречена казна затвор во траење од 11 години.

Имам белгиско државјанство и побарав политички азил во Белгија, бидејќи сум во опасност. Знаев дека се води кривична постапка против мене, но не знам за што. И мене, во тоа време ме малтретираше полицијата, рекол пред судијата Мусљиу.

Но, обвинителството нема никакви детали за што Мусљиу бил осуден од Основниот суд Куманово во 2016 година. При контрола на аеродромот, при влез во Албанија, излегло дека е барано лице со меѓународна потерница, наведува телевизијата.

Мусљиу не дал други детали за случајот и во меѓувреме, додека македонските власти не испратат податоци, тој ќе биде задржан во затвор поради екстрадиција.

Во прегледот на барани лица со меѓународна потерница на македонското Министерство за внатрешни работи стои дека Џенгиз Мусљиу е роден 11.01.1990 година во Куманово, каде и живее на ул.„Д-р Рибар“ бр.120. Се бара со наредба КУИКП бр.6/17 издадена од Основен суд Куманово за сторено кривично дело по чл.386 од КЗ (насилство) за издржување на казна затвор во траење од 11 години и наредба КУИКП бр.524/14 од Основен суд Куманово за сторено кривично дело по чл.215 од КЗ (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори) за издржување на казна затвор во траење од четири години.

The post Џенгиз Мусљиу баран со меѓународна потерница уапсен во Тирана, тврди дека не знаел зошто го осудиле во Македонија appeared first on Република.

]]>

Обвинителството во Тирана се обрати до македонските власти со барање за податоци за лицето Џенгиз Мусљиу, кој беше уапсен вчера на меѓународниот аеродром во Тирана, објави „Топ чанел“. Според истиот извор, Муслиу во Македонија бил осуден за кривични дела „насилство“ и му била изречена казна затвор во траење од 11 години.
Имам белгиско државјанство и побарав политички азил во Белгија, бидејќи сум во опасност. Знаев дека се води кривична постапка против мене, но не знам за што. И мене, во тоа време ме малтретираше полицијата, рекол пред судијата Мусљиу.
Но, обвинителството нема никакви детали за што Мусљиу бил осуден од Основниот суд Куманово во 2016 година. При контрола на аеродромот, при влез во Албанија, излегло дека е барано лице со меѓународна потерница, наведува телевизијата. Мусљиу не дал други детали за случајот и во меѓувреме, додека македонските власти не испратат податоци, тој ќе биде задржан во затвор поради екстрадиција. Во прегледот на барани лица со меѓународна потерница на македонското Министерство за внатрешни работи стои дека Џенгиз Мусљиу е роден 11.01.1990 година во Куманово, каде и живее на ул.„Д-р Рибар“ бр.120. Се бара со наредба КУИКП бр.6/17 издадена од Основен суд Куманово за сторено кривично дело по чл.386 од КЗ (насилство) за издржување на казна затвор во траење од 11 години и наредба КУИКП бр.524/14 од Основен суд Куманово за сторено кривично дело по чл.215 од КЗ (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори) за издржување на казна затвор во траење од четири години.

The post Џенгиз Мусљиу баран со меѓународна потерница уапсен во Тирана, тврди дека не знаел зошто го осудиле во Македонија appeared first on Република.

]]>
Филков потпиша барање за екстрадиции за монструмите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filkov-potpisha-barane-za-ekstraditsii-za-monstrumite-alil-demiri-i-afrim-ismailovik/ Wed, 31 Jul 2024 11:35:32 +0000 https://republika.mk/?p=801961

Министерот за правда Игор Филков денеска изјави дека потпишал барање за екстрадиции за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осудени за доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“. Како што појасни, овие две барања се доставени до косовското Министерство и се чека на одговор.

Тој напомена дека за лицата Алил Демири и Африм Исмаиловиќ првпат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15 март 2013 година, но тоа беше одбиено.

За Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првпат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15.03.2013 година. Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година, потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година. Екстрадиција повторно е побарана за двајцата на 05.09.2018 година, додаде Филков.

Како што посочи, на 8 октомври 2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива, а за Демири нема одговор.

Во постапките, се што беше побарано од косовските власти беше доставено. Официјални одговори од Косово со кои се одбива екстрадицијата на Исмаиловиќ се испратени два пати, во февруари 2016 година и октомври 2021 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016. После шест години, повторно бараме нивна екстрадиција, рече Филков.

Министерот напомена дека не може да прејудицира сега што би можеле косовските власти да направат, за тоа ќе мора да се почека.

Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута.

[caption id="attachment_150674" align="aligncenter" width="753"] Обвинетите Хаки Азири, Сами Љута и Агим Исмаиловиќ насмеани излегоа од Кривичниот суд и си направија селфи со Зоран Заев во позадина, додека тој даваше изјава за медиумите по сведочењето во случајот „Монструм“, 3 февруари 2020 година (фото: Мкд.мк)[/caption]

Исмаиловиќ и Демири се обвинети дека се двајца од тројцата непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро. Тие се во Косово, по нив беа распишани потерници, но и покрај ветувањата од Приштина, досега не се екстрадирани во нашата држава.

 

The post Филков потпиша барање за екстрадиции за монструмите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Игор Филков денеска изјави дека потпишал барање за екстрадиции за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осудени за доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“. Како што појасни, овие две барања се доставени до косовското Министерство и се чека на одговор. Тој напомена дека за лицата Алил Демири и Африм Исмаиловиќ првпат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15 март 2013 година, но тоа беше одбиено.
За Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првпат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15.03.2013 година. Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година, потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година. Екстрадиција повторно е побарана за двајцата на 05.09.2018 година, додаде Филков.
Како што посочи, на 8 октомври 2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива, а за Демири нема одговор.
Во постапките, се што беше побарано од косовските власти беше доставено. Официјални одговори од Косово со кои се одбива екстрадицијата на Исмаиловиќ се испратени два пати, во февруари 2016 година и октомври 2021 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016. После шест години, повторно бараме нивна екстрадиција, рече Филков.
Министерот напомена дека не може да прејудицира сега што би можеле косовските власти да направат, за тоа ќе мора да се почека. Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута. [caption id="attachment_150674" align="aligncenter" width="753"] Обвинетите Хаки Азири, Сами Љута и Агим Исмаиловиќ насмеани излегоа од Кривичниот суд и си направија селфи со Зоран Заев во позадина, додека тој даваше изјава за медиумите по сведочењето во случајот „Монструм“, 3 февруари 2020 година (фото: Мкд.мк)[/caption] Исмаиловиќ и Демири се обвинети дека се двајца од тројцата непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро. Тие се во Косово, по нив беа распишани потерници, но и покрај ветувањата од Приштина, досега не се екстрадирани во нашата држава.  

The post Филков потпиша барање за екстрадиции за монструмите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ appeared first on Република.

]]>
Министерството за правда изрази голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ministerstvoto-za-pravda-izrazi-golema-blagodarnost-do-turtsija-za-ekstraditsijata-na-palevski/ Wed, 15 May 2024 19:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=778500

Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски.

Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци.

„Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте!“, велат од Министерството за правда.

Палевски е осомничен за убиството на Панче Жежовски од Велес и Вања Ѓорчевска од Скопје. Тој избега во Турција од каде е екстрадиран.

 

The post Министерството за правда изрази голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски. Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци. „Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте!“, велат од Министерството за правда. Палевски е осомничен за убиството на Панче Жежовски од Велес и Вања Ѓорчевска од Скопје. Тој избега во Турција од каде е екстрадиран.  

The post Министерството за правда изрази голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски appeared first on Република.

]]>
Палчо вечерва ќе биде вратен во Македонија – од аеродром ќе биде пренесен во „Шутка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/palcho-vecherva-ke-bide-vraten-vo-makedonija-od-aerodrom-ke-bide-prenesen-vo-shutka/ Wed, 15 May 2024 16:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=778454

Вечерва од Турција ќе биде донесен првообвинетиот во убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо.

Како што објавува Сител, според досегашните информации, Палчо треба да слета на скопскиот аеродром околу осум часот.

Тој ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје, по што на сила ќе стапи мерката од 30-дневен притвор.

Палевски првично избега во Србија, па преку Бугарија стигна во Турција, каде тамошната полиција го уапси на 6 декември во Баликесир.

The post Палчо вечерва ќе биде вратен во Македонија – од аеродром ќе биде пренесен во „Шутка“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва од Турција ќе биде донесен првообвинетиот во убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо. Како што објавува Сител, според досегашните информации, Палчо треба да слета на скопскиот аеродром околу осум часот. Тој ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје, по што на сила ќе стапи мерката од 30-дневен притвор. Палевски првично избега во Србија, па преку Бугарија стигна во Турција, каде тамошната полиција го уапси на 6 декември во Баликесир.

The post Палчо вечерва ќе биде вратен во Македонија – од аеродром ќе биде пренесен во „Шутка“ appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-lupcho-palevski-ke-bide-ekstradiran-najbrzo-shto-mozhe/ Tue, 30 Apr 2024 17:36:26 +0000 https://republika.mk/?p=772750

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски откако претходно Министерството за правда соопшти дека е одобрена екстрадицијата од турските власти.

Во текот на денешниот ден добивме информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата за предметното лице, со тоа што нашите полициски службеници се во комуникација со турските колеги и се очекува во наредниот период да утврдат се што е потребно од аспект предметното лице кое е прогон од страна на Обвинителството на РМ, да биде изнесено пред лицето на правда, изјави Тошковски.

Прашан дали има конкретен рок кога треба да се испорача Палевски, министерот за внатрешни работи изјави дека нема конкретен рок, но дека Палевски ќе биде екстрадиран во земјава најбрзо што може.

Министерството за правда денеска соопшти дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. За МИА оттаму посочија дека е завршен судскиот процес и административната процедура и сега останува само да се реализира трансферот.

Палевски е првоосомничен за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

The post Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски откако претходно Министерството за правда соопшти дека е одобрена екстрадицијата од турските власти.
Во текот на денешниот ден добивме информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата за предметното лице, со тоа што нашите полициски службеници се во комуникација со турските колеги и се очекува во наредниот период да утврдат се што е потребно од аспект предметното лице кое е прогон од страна на Обвинителството на РМ, да биде изнесено пред лицето на правда, изјави Тошковски.
Прашан дали има конкретен рок кога треба да се испорача Палевски, министерот за внатрешни работи изјави дека нема конкретен рок, но дека Палевски ќе биде екстрадиран во земјава најбрзо што може. Министерството за правда денеска соопшти дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. За МИА оттаму посочија дека е завршен судскиот процес и административната процедура и сега останува само да се реализира трансферот. Палевски е првоосомничен за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

The post Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може appeared first on Република.

]]>
Добиено одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо, информира министерот за правда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dobieno-odobrenie-za-ekstraditsija-na-lupcho-palevski-palcho-informira-ministerot-za-pravda/ Tue, 30 Apr 2024 14:55:52 +0000 https://republika.mk/?p=772698

Министерството за правда информира дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Почитувани граѓании и непочитуван г. Ковачки, Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува по сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на минстерството за правда“, напиша министерот за правда, Кренар Лога на социјалните мрежи.

Додека се чека на екстрадицијата, веќе е завршена судската процедура за Палевски, кој е првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Во меѓувреме, од притвор излезе таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, на кого Врховен му ја прифати жалбата, а осомничените за соучесништво Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски остануваат во притвор.

По три месеци поминати во притвор возачот Стефан Димковкси, кој го превезуваше Палевски низ Србија Бугарија и Турција, беше пуштен да се брани од слобода и му беа определени мерки на претпазливост.

The post Добиено одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо, информира министерот за правда appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда информира дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.
Почитувани граѓании и непочитуван г. Ковачки, Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува по сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на минстерството за правда“, напиша министерот за правда, Кренар Лога на социјалните мрежи.
Додека се чека на екстрадицијата, веќе е завршена судската процедура за Палевски, кој е првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Во меѓувреме, од притвор излезе таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, на кого Врховен му ја прифати жалбата, а осомничените за соучесништво Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски остануваат во притвор. По три месеци поминати во притвор возачот Стефан Димковкси, кој го превезуваше Палевски низ Србија Бугарија и Турција, беше пуштен да се брани од слобода и му беа определени мерки на претпазливост.

The post Добиено одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо, информира министерот за правда appeared first on Република.

]]>
Конечно: Потпишани барања за екстрадиции на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/potpishani-barana-za-ekstraditsii-na-sheval-muaremi-i-muhamed-chajani/ Tue, 19 Mar 2024 12:54:55 +0000 https://republika.mk/?p=756321

Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани.

Барањата откако ќе бидат преведени, како што појаснуваат од Министерството за правда, ќе бидат проследени до МНР на натамошно постапување до Обединетите Арапски Емирати.

МВР распиша меѓународна потерница која беше објавена и на веб страницата на инистерството по Шеваљ Муареми, за кој постојат сомненија дека бил дел од меѓународна организирана криминална група осомничена за повеќе кривични дела.

Кривични пријави во јануари годинава, беа поднесени против 16 лица кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства.

Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, која ја предводел Муареми од село Грчец.

The post Конечно: Потпишани барања за екстрадиции на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани. Барањата откако ќе бидат преведени, како што појаснуваат од Министерството за правда, ќе бидат проследени до МНР на натамошно постапување до Обединетите Арапски Емирати. МВР распиша меѓународна потерница која беше објавена и на веб страницата на инистерството по Шеваљ Муареми, за кој постојат сомненија дека бил дел од меѓународна организирана криминална група осомничена за повеќе кривични дела. Кривични пријави во јануари годинава, беа поднесени против 16 лица кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, која ја предводел Муареми од село Грчец.

The post Конечно: Потпишани барања за екстрадиции на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани appeared first on Република.

]]>
Министерството за правда нема информација од Турција до каде е екстрадицијата за Палевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-pravda-nema-informatsija-od-turtsija-do-kade-e-ekstraditsijata-za-palevski/ Fri, 23 Feb 2024 11:37:02 +0000 https://republika.mk/?p=747387

Министерството за правда се уште нема абер од Турција кога би бил екстрадиран Љупчо Палевски – Палчо, осомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, објави „Фокус.мк“.

 

Министерот за правда Кренар Лога за време на посетата на Анкара имаше средба со министерот за правда Јилмаз Тунч на која беше информиран дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури по што се очекува Палевски да бид екстрадиран во нашата држава. Кога ќе добиеме какви било нови информации во врска со екстрадицијата на Палевски, невреме ќе ја информираме јавноста, велат од Министерството за правда за „Фокус“.

Извор Фокус.мк

The post Министерството за правда нема информација од Турција до каде е екстрадицијата за Палевски appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда се уште нема абер од Турција кога би бил екстрадиран Љупчо Палевски – Палчо, осомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, објави „Фокус.мк“.   –Министерот за правда Кренар Лога за време на посетата на Анкара имаше средба со министерот за правда Јилмаз Тунч на која беше информиран дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури по што се очекува Палевски да бид екстрадиран во нашата држава. Кога ќе добиеме какви било нови информации во врска со екстрадицијата на Палевски, невреме ќе ја информираме јавноста, велат од Министерството за правда за „Фокус“. Извор Фокус.мк

The post Министерството за правда нема информација од Турција до каде е екстрадицијата за Палевски appeared first on Република.

]]>
Адвокатите на Асанж тврдат дека случајот е политички мотивиран и имаат докази за заговор на ЦИА https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/advokatite-na-asanzh-tvrdat-deka-sluchajot-e-politichki-motiviran-i-imaat-dokazi-za-zagovor-na-tsia/ Tue, 20 Feb 2024 20:06:59 +0000 https://republika.mk/?p=746319

Високиот суд во Лондон го заврши првиот ден од сослушувањето во врска со жалбата на основачот на Викиликс Џулијан Асанж против одлуката за негова екстрадиција во САД.

Пред судот прво се обратија адвокатите на Асанж, кои рекоа дека се работи за политички мотивиран случај, додавајќи дека на нивниот клиент му биле прекршени човековите права, пренесува Би-би-си.

Тие истакнаа дека имаат докази за заговор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) за убиство на Асанж за време на претседателскиот мандат на Доналд Трамп.

Адвокатот Ед Фицџералд КЦ рече дека не може да им се верува на американските гаранции за правичен третман, додавајќи дека неговиот клиент може да биде осуден на „грубо неправеден и непропорционален начин доколку биде екстрадиран“.

За време на сослушувањето, пред судот во Лондон се одржа протест на новинарите и поддржувачите на Асанж.

Продолжението на судењето е закажано за утре, кога пред судот ќе се обратат американските адвокати.

САД бараат екстрадиција на Асанж за објавување тајни воени досиеја во 2010 и 2011 година, а Врховниот суд на Велика Британија одлучи дека Асанж треба да биде екстрадиран, отфрлајќи ги тврдењата дека поради лошо ментално здравје може да изврши самоубиство во американски затвор.

Порталот на Асанж „Викиликс“ стана познат во 2010 година кога објави видео од напад на американската армија со хеликоптери „Апачи“ во Багдад во 2007 година, при што загинаа десетици луѓе, меѓу кои и двајца новинари на Ројтерс.

После тоа, беа објавени илјадници тајни доверливи документи и дипломатски извештаи во кои САД ги критикуваат светските лидери, од рускиот претседател Владимир Путин до членовите на саудиското кралско семејство.

Во САД, Асанж е обвинет за шпионажа по 17 точки, а доколку биде прогласен за виновен, може да добие и до 175 години затвор.

The post Адвокатите на Асанж тврдат дека случајот е политички мотивиран и имаат докази за заговор на ЦИА appeared first on Република.

]]>

Високиот суд во Лондон го заврши првиот ден од сослушувањето во врска со жалбата на основачот на Викиликс Џулијан Асанж против одлуката за негова екстрадиција во САД. Пред судот прво се обратија адвокатите на Асанж, кои рекоа дека се работи за политички мотивиран случај, додавајќи дека на нивниот клиент му биле прекршени човековите права, пренесува Би-би-си. Тие истакнаа дека имаат докази за заговор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) за убиство на Асанж за време на претседателскиот мандат на Доналд Трамп. Адвокатот Ед Фицџералд КЦ рече дека не може да им се верува на американските гаранции за правичен третман, додавајќи дека неговиот клиент може да биде осуден на „грубо неправеден и непропорционален начин доколку биде екстрадиран“. За време на сослушувањето, пред судот во Лондон се одржа протест на новинарите и поддржувачите на Асанж. Продолжението на судењето е закажано за утре, кога пред судот ќе се обратат американските адвокати. САД бараат екстрадиција на Асанж за објавување тајни воени досиеја во 2010 и 2011 година, а Врховниот суд на Велика Британија одлучи дека Асанж треба да биде екстрадиран, отфрлајќи ги тврдењата дека поради лошо ментално здравје може да изврши самоубиство во американски затвор. Порталот на Асанж „Викиликс“ стана познат во 2010 година кога објави видео од напад на американската армија со хеликоптери „Апачи“ во Багдад во 2007 година, при што загинаа десетици луѓе, меѓу кои и двајца новинари на Ројтерс. После тоа, беа објавени илјадници тајни доверливи документи и дипломатски извештаи во кои САД ги критикуваат светските лидери, од рускиот претседател Владимир Путин до членовите на саудиското кралско семејство. Во САД, Асанж е обвинет за шпионажа по 17 точки, а доколку биде прогласен за виновен, може да добие и до 175 години затвор.

The post Адвокатите на Асанж тврдат дека случајот е политички мотивиран и имаат докази за заговор на ЦИА appeared first on Република.

]]>
Лога e во Анкара: Прашање на денови е екстрадицијата на Љупчо Палевски во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/loga-e-vo-ankara-prashane-na-denovi-e-ekstraditsijata-na-lupcho-palevski-vo-makedonija/ Thu, 08 Feb 2024 16:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=741930

Министерите за правда на Македонија и Турција, Кренар Лога и Јилмаз Тунч денеска остварија средба на која разговараа за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски.

Како што соопштија од Министерството за правда, на средбата Лога бил информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури.

По завршувањето на административниот дел, се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава.

Министерот Лога му се заблагодари на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочи дека ова е добар знак за општеството, да се казнат оние кои извршиле злосторство, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Двата суда донеле одлука за одобрување на екстрадицијата, а Лога за „Телма“ потврди дека „во прашање се денови за негово испорачување во Македонија“.

Фото: Министерство за правда

 

The post Лога e во Анкара: Прашање на денови е екстрадицијата на Љупчо Палевски во Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерите за правда на Македонија и Турција, Кренар Лога и Јилмаз Тунч денеска остварија средба на која разговараа за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски. Како што соопштија од Министерството за правда, на средбата Лога бил информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури. По завршувањето на административниот дел, се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава. Министерот Лога му се заблагодари на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочи дека ова е добар знак за општеството, да се казнат оние кои извршиле злосторство, се вели во соопштението на Министерството за правда. Двата суда донеле одлука за одобрување на екстрадицијата, а Лога за „Телма“ потврди дека „во прашање се денови за негово испорачување во Македонија“. Фото: Министерство за правда  

The post Лога e во Анкара: Прашање на денови е екстрадицијата на Љупчо Палевски во Македонија appeared first on Република.

]]>
Палевски може да биде притворен максимум до една година во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/palevski-mozhe-da-bide-pritvoren-maksimum-do-edna-godina-vo-turtsija/ Fri, 15 Dec 2023 14:24:18 +0000 https://republika.mk/?p=723362

Љупчо Палевски Палчо, кој е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски може да биде држен во притвор во Турција максимално до една година, велат за „Телма“ адвокати од Турција кои се бават со оваа проблематика.

Турското министерството за правда пред два дена ги информирало македонските колеги дека стигнало барањето за негово екстрадиција. На Палевски, по неговото апсење во Баликесир, му беше одреден притвор од 40 дена. Барањето беше испратено по сите три возможни канали. До турското министерство за правда и за надворешни работи и преку Интерпол.

Адвокатката Бегум Гурел за телевизијата го опиша процесот. Следниот чекор кој треба да го преземе Министерството за правда е барањето за екстрадиција да го препрати до обвинителството, па до Судот за тешки кривични дела кој ќе изврши вреднување на делото.

Повеќе на „Телма

The post Палевски може да биде притворен максимум до една година во Турција appeared first on Република.

]]>

Љупчо Палевски Палчо, кој е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски може да биде држен во притвор во Турција максимално до една година, велат за „Телма“ адвокати од Турција кои се бават со оваа проблематика. Турското министерството за правда пред два дена ги информирало македонските колеги дека стигнало барањето за негово екстрадиција. На Палевски, по неговото апсење во Баликесир, му беше одреден притвор од 40 дена. Барањето беше испратено по сите три возможни канали. До турското министерство за правда и за надворешни работи и преку Интерпол. Адвокатката Бегум Гурел за телевизијата го опиша процесот. Следниот чекор кој треба да го преземе Министерството за правда е барањето за екстрадиција да го препрати до обвинителството, па до Судот за тешки кривични дела кој ќе изврши вреднување на делото. Повеќе на „Телма

The post Палевски може да биде притворен максимум до една година во Турција appeared first on Република.

]]>
Постапката за екстрадиција на Палевски може да трае неколку месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/postapkata-za-ekstraditsija-na-palevski-mozhe-da-trae-nekolku-mesetsi/ Wed, 13 Dec 2023 15:53:34 +0000 https://republika.mk/?p=722634

Постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, може да трае неколку месеци, информираат од Министерството за правда.

Барањето за екстрадиција било изготвено истиот ден откако е добиено официјалното известување од МВР за апсењето на Палевски, велат од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда.

Оттаму појаснуваат дека постапката за барање на екстрадиција од наша страна е иста за сите земји, Министерството за правда постапува по добиено известување од СМПС-Интерпол, дека лице барано по меѓународна потерница е лоцирано или лишено од слобода во странска држава.

Од дента кога се апсеше бевме во координација со СМПС-Интерпол, како и со ОЈО Скопје. Во 9:20 го добивме официјалното известување од МВР и отворивме предмет. Барањето за екстрадиција беше спремно, министерот го потпиша и истиот ден беше преведено. Пред тоа да го направиме побаравме веднаш да биде задржан во притвор за екстрадиција, велат во брифинг за новинарите од Секторот за меѓународна правна помош.

Појаснуваат дека постапката за екстрадиција во ваквите предмети трае неколку месеци, а исклучок се само случаите на скратена постапка кога лицето прифаќа да биде екстрадирано. Се што сме работеле со Турција, велат од Секторот, вклучено е и Министерството за надворешни работи, бидејќи како што појаснија, Турција има ставено резерва на вториот протокол на Конвенцијата за екстрадиција.

Барањето за екстрадиција на Палевски до Турција беше испратено преку три канали, соопштуваат од Секторот.

Директно преку ДХЛ, вчера стигна известување дека го примија оригиналот, втор оригинал испративме другиот ден преку Министерството за надворешни работи, како и скенирана копија преку Интерпол, соопштија од Секторот за меѓународна правна помош и додаваат дека Република Турција има повеќе од 100 барања за екстрадиција дневно.

Брифираат дека мала е можноста за Палевски да побара азил, бидејќи како што велат од Секторот, барање за азил се поднесува веднаш откако ќе влезете во државата.

Во врска со поранешното барање од страна на Република Турција за екстрадиција на т.н. „Ѓуленисти“ и за евентуалната можност за покренување на тоа прашање во овој случај, од Секторот за меѓународна правна помош појаснуваат дека тоа прашање не е на маса помеѓу двете земји.

 

The post Постапката за екстрадиција на Палевски може да трае неколку месеци appeared first on Република.

]]>

Постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, може да трае неколку месеци, информираат од Министерството за правда. Барањето за екстрадиција било изготвено истиот ден откако е добиено официјалното известување од МВР за апсењето на Палевски, велат од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда. Оттаму појаснуваат дека постапката за барање на екстрадиција од наша страна е иста за сите земји, Министерството за правда постапува по добиено известување од СМПС-Интерпол, дека лице барано по меѓународна потерница е лоцирано или лишено од слобода во странска држава.
Од дента кога се апсеше бевме во координација со СМПС-Интерпол, како и со ОЈО Скопје. Во 9:20 го добивме официјалното известување од МВР и отворивме предмет. Барањето за екстрадиција беше спремно, министерот го потпиша и истиот ден беше преведено. Пред тоа да го направиме побаравме веднаш да биде задржан во притвор за екстрадиција, велат во брифинг за новинарите од Секторот за меѓународна правна помош.
Појаснуваат дека постапката за екстрадиција во ваквите предмети трае неколку месеци, а исклучок се само случаите на скратена постапка кога лицето прифаќа да биде екстрадирано. Се што сме работеле со Турција, велат од Секторот, вклучено е и Министерството за надворешни работи, бидејќи како што појаснија, Турција има ставено резерва на вториот протокол на Конвенцијата за екстрадиција. Барањето за екстрадиција на Палевски до Турција беше испратено преку три канали, соопштуваат од Секторот.
Директно преку ДХЛ, вчера стигна известување дека го примија оригиналот, втор оригинал испративме другиот ден преку Министерството за надворешни работи, како и скенирана копија преку Интерпол, соопштија од Секторот за меѓународна правна помош и додаваат дека Република Турција има повеќе од 100 барања за екстрадиција дневно.
Брифираат дека мала е можноста за Палевски да побара азил, бидејќи како што велат од Секторот, барање за азил се поднесува веднаш откако ќе влезете во државата. Во врска со поранешното барање од страна на Република Турција за екстрадиција на т.н. „Ѓуленисти“ и за евентуалната можност за покренување на тоа прашање во овој случај, од Секторот за меѓународна правна помош појаснуваат дека тоа прашање не е на маса помеѓу двете земји.  

The post Постапката за екстрадиција на Палевски може да трае неколку месеци appeared first on Република.

]]>
Јавете се, претседателе, за да Ви каже Ердоган дека во нормални држави судството е независно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javete-se-pretsedatele-za-da-vi-kazhe-erdogan-deka-vo-normalni-drzhavi-sudstvoto-e-nezavisno/ Tue, 12 Dec 2023 07:51:21 +0000 https://republika.mk/?p=721972

Зошто претседателе би му се јавувале на Ердоган? Ама кога ќе размисли човек можеби сепак е добро да се јавите, за да Ви каже Ердоган дека во нормални држави судството е независно и дека навиките од по дома да се јавувате на судии во нормални држави не проаѓаат? Особено не ако тоа го правите вака јавно и калкулантски за да ќарите некој евтин поен, му пораша поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски на претседателот Стево Пендаровски, откако тој најави дека ќе го барал турскиот претседател за да побара побрза екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ke-go-bara-erdogan-za-ekstraditsijata-na-palevski/

Не така претседателе, еве еден совет… подобро би Ви било да:
- прашајте по дома дали е сѐ во ред со документите што ги испратија во Турција,
- дали преводот на документите е ок или од гугл транслејт е бидејќи е направен многу брзо,
- побарајте го македонскиот министер за правда (не е од ДУИ не се плашете) и директорот за дирекцијата за извршување санкции и прашајте ги дали можеби стрижењето на главите на останатите осомничени во овој случај ќе влијае на екстрадицијата на првоосомничениот и што правиме тогаш ако, не дај Боже, биде така,
Па и реално претседателе, прашајте што значи таквиот однос на затворските власти врз неосудени лица за презумпцијата на невиност како уставна и цивилизациска вредност итн итн…
- прашајте го министерот за внатрешни и оној обвинителон, зошто направија ваков хаос со истрагата и дали тоа може да влијае на исходот на случајот и што тогаш ако, не дај Боже, влијае?
Е сега да сме на јасно ова го кажувам само за да не дозволите како власти заради Вашата бахатост и желба за ќарување на евтини политички поени или во внатрепартиската битка кој ќе биде кандидатот за иден претседател на Македонија, да го упропастите овој најгрозоморен случај што толку ја потресе целата јавност… тоа никој нема да Ви го прости, му порача Шамбевски.

The post Јавете се, претседателе, за да Ви каже Ердоган дека во нормални држави судството е независно appeared first on Република.

]]>

Зошто претседателе би му се јавувале на Ердоган? Ама кога ќе размисли човек можеби сепак е добро да се јавите, за да Ви каже Ердоган дека во нормални држави судството е независно и дека навиките од по дома да се јавувате на судии во нормални држави не проаѓаат? Особено не ако тоа го правите вака јавно и калкулантски за да ќарите некој евтин поен, му пораша поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски на претседателот Стево Пендаровски, откако тој најави дека ќе го барал турскиот претседател за да побара побрза екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ke-go-bara-erdogan-za-ekstraditsijata-na-palevski/
Не така претседателе, еве еден совет… подобро би Ви било да: - прашајте по дома дали е сѐ во ред со документите што ги испратија во Турција, - дали преводот на документите е ок или од гугл транслејт е бидејќи е направен многу брзо, - побарајте го македонскиот министер за правда (не е од ДУИ не се плашете) и директорот за дирекцијата за извршување санкции и прашајте ги дали можеби стрижењето на главите на останатите осомничени во овој случај ќе влијае на екстрадицијата на првоосомничениот и што правиме тогаш ако, не дај Боже, биде така, Па и реално претседателе, прашајте што значи таквиот однос на затворските власти врз неосудени лица за презумпцијата на невиност како уставна и цивилизациска вредност итн итн… - прашајте го министерот за внатрешни и оној обвинителон, зошто направија ваков хаос со истрагата и дали тоа може да влијае на исходот на случајот и што тогаш ако, не дај Боже, влијае? Е сега да сме на јасно ова го кажувам само за да не дозволите како власти заради Вашата бахатост и желба за ќарување на евтини политички поени или во внатрепартиската битка кој ќе биде кандидатот за иден претседател на Македонија, да го упропастите овој најгрозоморен случај што толку ја потресе целата јавност… тоа никој нема да Ви го прости, му порача Шамбевски.

The post Јавете се, претседателе, за да Ви каже Ердоган дека во нормални држави судството е независно appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ќе го бара Ердоган за екстрадицијата на Палевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ke-go-bara-erdogan-za-ekstraditsijata-na-palevski/ Tue, 12 Dec 2023 07:47:20 +0000 https://republika.mk/?p=721974

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 рече дека размислува во следните денови да испрати порака до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за екстрадицијата на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да се случи побрзо. Пендаровски  вели дека не треба да се дозволи процесот да трае предолго.

Тоа е работа на министерот за правда кој тоа и го направи (испрати барање за екстрадиција, н.з.), меѓутоа случајот е прекрупен за да оставиме туку така да се одвива по некои бирократски коридори и тоа не дај боже да трае со месеци или со години, вели Пендаровски прашан дали може да биде обвинет дека се меша во независноста на судската власт во Турција.

На прашањето дали е можно да има одолговлекување од турска страна, поврзано со барањата на Трција за испорака на припадници на Фето од Македонија, претседателот рече дека лично до него од Ердоган во 2019 г. дошло такво барање како услов за Турција да го ратификува протоколот за пристапување на земјава во НАТО.

Му ја објаснив ситуацијата на претседателот Ердоган од сите аспекти, вклучувајќи го и неспорниот факт дека ние сакаме да станеме членка на Алијансата во која има и други прилично моќни држави кои кон нас испорачуваат сосема спротивни барања, дека ако тоа и тоа се случи ќе имате проблеми од друг тип со други ратификации во истиот процес на пристапување. Ердоган совршено ме разбра и наредниот ден координаторот во турскиот парламент од неговата пратеничка група доби задача и во 24 часа ја ратификуваа таа спогодба, без воопшто да има барања во однос на тие 15 лица нешто конкретно. Иако во тоа време нашето МНР даде дециден одговор дека значаен дел од тие лица не се на наша територија, а за другите до таа бројка од 15 побара дополнителнн аргументи дека станува збор за припадници на терористичка акција, рече Пендаровски.

Претседателот додаде и дека според информациите од разузнавачки карактер кои тој ги добива, најголем дел т.н. „ѓуленисти“ не се повеќе во земјава.

Досега тоа не било покренато на ниедно ниво, инаку нема потреба да имате ваков случај за тоа прашање да се покрене. Турските власти знаеја во тој период и по други поводи да го покренуваат. До овој момент до мене не е дојдено такво барање, вели Пендаровски.

The post Пендаровски ќе го бара Ердоган за екстрадицијата на Палевски appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 рече дека размислува во следните денови да испрати порака до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за екстрадицијата на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да се случи побрзо. Пендаровски  вели дека не треба да се дозволи процесот да трае предолго.
Тоа е работа на министерот за правда кој тоа и го направи (испрати барање за екстрадиција, н.з.), меѓутоа случајот е прекрупен за да оставиме туку така да се одвива по некои бирократски коридори и тоа не дај боже да трае со месеци или со години, вели Пендаровски прашан дали може да биде обвинет дека се меша во независноста на судската власт во Турција.
На прашањето дали е можно да има одолговлекување од турска страна, поврзано со барањата на Трција за испорака на припадници на Фето од Македонија, претседателот рече дека лично до него од Ердоган во 2019 г. дошло такво барање како услов за Турција да го ратификува протоколот за пристапување на земјава во НАТО.
Му ја објаснив ситуацијата на претседателот Ердоган од сите аспекти, вклучувајќи го и неспорниот факт дека ние сакаме да станеме членка на Алијансата во која има и други прилично моќни држави кои кон нас испорачуваат сосема спротивни барања, дека ако тоа и тоа се случи ќе имате проблеми од друг тип со други ратификации во истиот процес на пристапување. Ердоган совршено ме разбра и наредниот ден координаторот во турскиот парламент од неговата пратеничка група доби задача и во 24 часа ја ратификуваа таа спогодба, без воопшто да има барања во однос на тие 15 лица нешто конкретно. Иако во тоа време нашето МНР даде дециден одговор дека значаен дел од тие лица не се на наша територија, а за другите до таа бројка од 15 побара дополнителнн аргументи дека станува збор за припадници на терористичка акција, рече Пендаровски.
Претседателот додаде и дека според информациите од разузнавачки карактер кои тој ги добива, најголем дел т.н. „ѓуленисти“ не се повеќе во земјава.
Досега тоа не било покренато на ниедно ниво, инаку нема потреба да имате ваков случај за тоа прашање да се покрене. Турските власти знаеја во тој период и по други поводи да го покренуваат. До овој момент до мене не е дојдено такво барање, вели Пендаровски.

The post Пендаровски ќе го бара Ердоган за екстрадицијата на Палевски appeared first on Република.

]]>
Лога верува дека Палевски ќе биде екстрадиран релативно брзо, но рано е да се зборува https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/loga-veruva-deka-palevski-ke-bide-ekstradiran-relativno-brzo-no-rano-e-da-se-zboruva/ Sat, 09 Dec 2023 11:50:28 +0000 https://republika.mk/?p=721247

Министерот за правда Кренар Лога се надева дека Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, релативно брзо ќе биде екстрадиран од Турција во земјава, но, рече, рано е да се зборува бидејќи уште не се искористени сите правни лекови. Очекува претстојнава седмица Турција да ги земе нашите барања во постапката.

Многу е рано да се зборува за што било како што кажавме и пред два дена. Релативно брзо ние очекуваме да биде испратен во Македонија, но треба да видиме дали ќе ги искористи сите правни лекови и дали системот во Турција ќе дозволи тоа да биде на начин како што ние побаравме. Испратени се документи неколку пати – преку ДХЛ, по електронски пат, преку нашето МНР и Амбасадата. Така што, верувам од понеделник натаму сите овие наши барања ќе бидат преземени во натамошната постапка во Турција - рече Лога пред почетокот на панел-дискусијата „Активирај се против насилство врз жените и девојките“ што ја организираше неговата партија Алијанса за Албанците.

Министерството за правда во четвртокот (7 декември) го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски. Од Министерството пред два дена соопштија дека оригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до Интерпол.

Барањето за екстрадација што министерот Лога го потпиша завчера доаѓа по апсењето на Палевски на 5 декември во Турција, откако ден претходно беше распишана меѓународна потерница по него како осомничен за две кривични дела – „грабнување“ и две убиства на свиреп начин.

The post Лога верува дека Палевски ќе биде екстрадиран релативно брзо, но рано е да се зборува appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога се надева дека Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, релативно брзо ќе биде екстрадиран од Турција во земјава, но, рече, рано е да се зборува бидејќи уште не се искористени сите правни лекови. Очекува претстојнава седмица Турција да ги земе нашите барања во постапката.
Многу е рано да се зборува за што било како што кажавме и пред два дена. Релативно брзо ние очекуваме да биде испратен во Македонија, но треба да видиме дали ќе ги искористи сите правни лекови и дали системот во Турција ќе дозволи тоа да биде на начин како што ние побаравме. Испратени се документи неколку пати – преку ДХЛ, по електронски пат, преку нашето МНР и Амбасадата. Така што, верувам од понеделник натаму сите овие наши барања ќе бидат преземени во натамошната постапка во Турција - рече Лога пред почетокот на панел-дискусијата „Активирај се против насилство врз жените и девојките“ што ја организираше неговата партија Алијанса за Албанците.
Министерството за правда во четвртокот (7 декември) го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски. Од Министерството пред два дена соопштија дека оригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до Интерпол. Барањето за екстрадација што министерот Лога го потпиша завчера доаѓа по апсењето на Палевски на 5 декември во Турција, откако ден претходно беше распишана меѓународна потерница по него како осомничен за две кривични дела – „грабнување“ и две убиства на свиреп начин.

The post Лога верува дека Палевски ќе биде екстрадиран релативно брзо, но рано е да се зборува appeared first on Република.

]]>
Барањето за екстрадиција на Палевски испратено во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/baraneto-za-ekstraditsija-na-palevski-isprateno-vo-turtsija/ Thu, 07 Dec 2023 14:16:49 +0000 https://republika.mk/?p=720786

Министерството  за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски кое преку Министерството за надворешни работи ќе биде доставено по дипломатски пат до турските власти.

Од Министерството за правда соопштуваат дека оригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до ИНТЕРПОЛ.

- Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција, навремено процесуирање и постапување  од нивна страна во најкус можен рок, велат од МП.

Барањето за екстрадација што министерот за правда Кренар Лога го потпиша вчера доаѓа по апсењето во Турција на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Меѓународната потерница по него беше издадена на 4 декември, а аспењето се случи утредента.

Палевски е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин. Во истрагата на Јавното обвинителство се опфатени уште четири лица, односно соизвршителите Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината.

Во случајот, според истрагата, е вмешан и таткото но Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, а за кого Обвинителството информираше дека ги негирал дејствијата

The post Барањето за екстрадиција на Палевски испратено во Турција appeared first on Република.

]]>

Министерството  за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски кое преку Министерството за надворешни работи ќе биде доставено по дипломатски пат до турските власти. Од Министерството за правда соопштуваат дека оригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до ИНТЕРПОЛ.
- Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција, навремено процесуирање и постапување  од нивна страна во најкус можен рок, велат од МП.
Барањето за екстрадација што министерот за правда Кренар Лога го потпиша вчера доаѓа по апсењето во Турција на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Меѓународната потерница по него беше издадена на 4 декември, а аспењето се случи утредента. Палевски е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин. Во истрагата на Јавното обвинителство се опфатени уште четири лица, односно соизвршителите Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината. Во случајот, според истрагата, е вмешан и таткото но Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, а за кого Обвинителството информираше дека ги негирал дејствијата

The post Барањето за екстрадиција на Палевски испратено во Турција appeared first on Република.

]]>
ОЈО Скопје го изготви барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ojo-skopje-go-izgotvi-baraneto-za-ekstraditsija-na-lupcho-palevski/ Wed, 06 Dec 2023 12:48:30 +0000 https://republika.mk/?p=720314

Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Министерството за правда, претходно информира дека постапката за екстрадиција е започната и побарале од надлежните турски власти Палевски да биде задржан во притвор сѐ до завршувањето на постапката. Во постапката, како што појасни МП, треба да ги примат списите, да се изготви барање за екстрадиција и сите документи да се преведат на турски јазик, (ОЈО ги преведува своите, а Министерството за правда барањето за екстрадиција), по што барањето се праќа по ДХЛ (претходно по електронски пат преку ИНТЕРПОЛ).

Палевски е осомничен за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител побара од надлежните власти во Република Турција екстрадиција на лицето за кое е распишана меѓународна потерница, а од ИНТЕРПОЛ, Анкара е добиена информација дека на 05.12.2023 година е уапсен во Република Турција. Во прилог на барањето за екстрадиција до турските власти ќе биде доставена комплетната потребна документација – наредбата за истражна постапка против осомничениот, решението со кое од Основниот кривичен суд Скопје му е определен бранител по службена должност и му е одреден притвор, како и наредбата за издавање меѓународна потерница. На турските власти ќе им бидат посочени и применетите одредби од Кривичниот законик во кои е содржан законскиот назив и обележјата на кривичното дело за кое се води истрагата и други релевантни одредби од македонското законодавство, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Одделението за меѓународна правна помош на Јавното обвинителство на Република Македонија, се вели во соопштението, врз основа на Европската конвенција за екстрадиција со дополнителните протоколи, Договорот за правна соработка во граѓанските и кривичните предмети меѓу Република Македонија и Република Турција и Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, ова барање за екстрадиција итно го достави до Министерството за правда.

Министерството за правда, претходно информира дека од надлежните турски власти побарале Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да биде задржан во притвор поради екстрадиција сѐ до завршувањето на постапката.

- Министерството за правда денеска во 09:20 часот доби официјално известување од Интерпол, дека лицето Љупчо Палевски, баран со меѓународна потерница е лишен од слобода во Турција. Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција и ги прибира сите документи од институциите кои се потребни за нејзина реалзиација. Направени се контакти со ЈОРСМ и ОЈО Скопје за да се комплетираат уредно списите како би можело Министерството за правда да постапува. Во координација сме со сите засегнати институции за да постапиме веднаш и нема да чекаме да измине рокот од 40 дена за да го доставиме барањето за екстрадиција, стои во соопштението од Министерството за правда.

Како што образложуваат, во постапката треба да ги примат списите, да се изготви барање за екстрадиција, сите документи треба да се преведат на турски јазик, (ОЈО ги преведува своите, а Министерството за правда барањето за екстрадиција) и се праќа по ДХЛ (претходно по електронски пат преку ИНТЕРПОЛ).

Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вчера беше уапсен во Турција, а за останатите четворица осомничени судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи мерка притвор од 30 дена по барање на Јавното обвинителство кое отвори истражна постапка за две убиства на свиреп начин по кривичната пријава добиена од Министерството за внатрешни работи. Ова се последните информации кои вчера ги соопштија надлежните во врска со убиствата на малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Како што соопштија вчера од Основното јавно обвинителство Скопје, истражната постапка се води против пет лица, од кои четворица како соизвршители сториле две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин, од кои едно на малолетно лице и едно од користољубие, додека, петтиот осомничен им помогнал при извршување на кривичното дело грабнување на малолетно лице.

The post ОЈО Скопје го изготви барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Министерството за правда, претходно информира дека постапката за екстрадиција е започната и побарале од надлежните турски власти Палевски да биде задржан во притвор сѐ до завршувањето на постапката. Во постапката, како што појасни МП, треба да ги примат списите, да се изготви барање за екстрадиција и сите документи да се преведат на турски јазик, (ОЈО ги преведува своите, а Министерството за правда барањето за екстрадиција), по што барањето се праќа по ДХЛ (претходно по електронски пат преку ИНТЕРПОЛ). Палевски е осомничен за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител побара од надлежните власти во Република Турција екстрадиција на лицето за кое е распишана меѓународна потерница, а од ИНТЕРПОЛ, Анкара е добиена информација дека на 05.12.2023 година е уапсен во Република Турција. Во прилог на барањето за екстрадиција до турските власти ќе биде доставена комплетната потребна документација – наредбата за истражна постапка против осомничениот, решението со кое од Основниот кривичен суд Скопје му е определен бранител по службена должност и му е одреден притвор, како и наредбата за издавање меѓународна потерница. На турските власти ќе им бидат посочени и применетите одредби од Кривичниот законик во кои е содржан законскиот назив и обележјата на кривичното дело за кое се води истрагата и други релевантни одредби од македонското законодавство, се вели во соопштението од Јавното обвинителство. Одделението за меѓународна правна помош на Јавното обвинителство на Република Македонија, се вели во соопштението, врз основа на Европската конвенција за екстрадиција со дополнителните протоколи, Договорот за правна соработка во граѓанските и кривичните предмети меѓу Република Македонија и Република Турција и Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, ова барање за екстрадиција итно го достави до Министерството за правда. Министерството за правда, претходно информира дека од надлежните турски власти побарале Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, да биде задржан во притвор поради екстрадиција сѐ до завршувањето на постапката. - Министерството за правда денеска во 09:20 часот доби официјално известување од Интерпол, дека лицето Љупчо Палевски, баран со меѓународна потерница е лишен од слобода во Турција. Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција и ги прибира сите документи од институциите кои се потребни за нејзина реалзиација. Направени се контакти со ЈОРСМ и ОЈО Скопје за да се комплетираат уредно списите како би можело Министерството за правда да постапува. Во координација сме со сите засегнати институции за да постапиме веднаш и нема да чекаме да измине рокот од 40 дена за да го доставиме барањето за екстрадиција, стои во соопштението од Министерството за правда. Како што образложуваат, во постапката треба да ги примат списите, да се изготви барање за екстрадиција, сите документи треба да се преведат на турски јазик, (ОЈО ги преведува своите, а Министерството за правда барањето за екстрадиција) и се праќа по ДХЛ (претходно по електронски пат преку ИНТЕРПОЛ). Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вчера беше уапсен во Турција, а за останатите четворица осомничени судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи мерка притвор од 30 дена по барање на Јавното обвинителство кое отвори истражна постапка за две убиства на свиреп начин по кривичната пријава добиена од Министерството за внатрешни работи. Ова се последните информации кои вчера ги соопштија надлежните во врска со убиствата на малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември. Како што соопштија вчера од Основното јавно обвинителство Скопје, истражната постапка се води против пет лица, од кои четворица како соизвршители сториле две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин, од кои едно на малолетно лице и едно од користољубие, додека, петтиот осомничен им помогнал при извршување на кривичното дело грабнување на малолетно лице.

The post ОЈО Скопје го изготви барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски appeared first on Република.

]]>
Лога: Ја почнуваме постапката за екстрадиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-ja-pochnuvame-postapkata-za-ekstraditsija/ Wed, 06 Dec 2023 08:30:13 +0000 https://republika.mk/?p=720217

Министерот за правда Кренар Лога за „4NEWS.mk“ рече дека уште утрово, со почетокот на работниот ден, ќе започнат со подготовка на соодветната документација за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо од Турција во земјава.

Од почетокот на работното време ќе ја започнеме соодветната постапка, вели Лога.

Вчера турската полиција го уапси првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

На повеќе од 100 страници е напишана кривична пријава за убиството на скопјанката и велешанецот, а опфатени се 5 лица, еден за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршување на убиство и еден за помагање при грабнување.

The post Лога: Ја почнуваме постапката за екстрадиција appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога за „4NEWS.mk“ рече дека уште утрово, со почетокот на работниот ден, ќе започнат со подготовка на соодветната документација за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо од Турција во земјава. Од почетокот на работното време ќе ја започнеме соодветната постапка, вели Лога. Вчера турската полиција го уапси првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На повеќе од 100 страници е напишана кривична пријава за убиството на скопјанката и велешанецот, а опфатени се 5 лица, еден за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршување на убиство и еден за помагање при грабнување.

The post Лога: Ја почнуваме постапката за екстрадиција appeared first on Република.

]]>
Колку брзо ќе биде екстрадиран Палевски од Турција зависи од Министерствто за правда https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kolku-brzo-ke-bide-ekstradiran-palevski-od-turtsija-zavisi-od-ministerstvto-za-pravda/ Wed, 06 Dec 2023 07:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=720135

Екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо од Турција зависи од Министерството за правда. Палчо, кој е провосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски беше уапсен во Труција, соопшти синоќа на прес-конфренција Оливер Спасовски, министерот за внатрешниработи.

Постапката за екстрадиција треба да ја спорведе Министерството за правда кое треба да го испрати барањето и потребната документација до турските власти за тие да ја спроведат екстрадицијата на Палевски кој беше уапсен по меѓународната потреница која ја распиша македонсото МВР.

Палчо бил приведен во турскиот град Баликесир. Бил уапсен на автопат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/palcho-bil-faten-kako-odi-pesh-po-turski-avtopat-ova-e-negovata-traektorija-na-begstvo/

За Палевски веќе има одредено мрека притвор од 30 дена. Истата мерка им е одредена и на другите четоврица осмничени. Поднесени се кривични пријави за две свирепи убиства. 30-дневен притвор му е одреден и на тактото на Вања, Александар Ѓуречевски кој е осмничен дека ги дал клучните информации за движењето на девојчето.

The post Колку брзо ќе биде екстрадиран Палевски од Турција зависи од Министерствто за правда appeared first on Република.

]]>

Екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо од Турција зависи од Министерството за правда. Палчо, кој е провосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски беше уапсен во Труција, соопшти синоќа на прес-конфренција Оливер Спасовски, министерот за внатрешниработи. Постапката за екстрадиција треба да ја спорведе Министерството за правда кое треба да го испрати барањето и потребната документација до турските власти за тие да ја спроведат екстрадицијата на Палевски кој беше уапсен по меѓународната потреница која ја распиша македонсото МВР. Палчо бил приведен во турскиот град Баликесир. Бил уапсен на автопат. https://republika.mk/vesti/makedonija/palcho-bil-faten-kako-odi-pesh-po-turski-avtopat-ova-e-negovata-traektorija-na-begstvo/ За Палевски веќе има одредено мрека притвор од 30 дена. Истата мерка им е одредена и на другите четоврица осмничени. Поднесени се кривични пријави за две свирепи убиства. 30-дневен притвор му е одреден и на тактото на Вања, Александар Ѓуречевски кој е осмничен дека ги дал клучните информации за движењето на девојчето.

The post Колку брзо ќе биде екстрадиран Палевски од Турција зависи од Министерствто за правда appeared first on Република.

]]>