Експропријацијата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eksproprijatsijata/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Mar 2023 18:37:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Експропријацијата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eksproprijatsijata/ 32 32 Не е почната експропријацијата, а не е проектирана ниту една траса за четирите автопати https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ne-e-pochnata-eksproprijatsijata-a-ne-e-proektirana-nitu-edna-trasa-za-chetirite-avtopati/ Wed, 08 Mar 2023 18:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=617458

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и вицепремиерот Артан Груби по потпишувањето на договорот соопштија дека годишно во просек ќе се градат по 23 километри автопат, а цената во просек, ќе биде 12 милиони евра по километар.

Целосно е почитуван Законот за склучување на договорот со стратешкиот партнер. Експропријацијата уште не почната бидејќи ова е нов модел на градење на автопатишта. „Бехтел и Енка“ и ќе проектира и ќе гради, рече Рустеми.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски посочи дека цените се поткрепени врз основа на физибилити студијата изготвена од Градежниот факултет и ревидирана од консултанската компанија Гранд Тортон.

Договорот со изведувачот е изготвен согласно принципот на ФИДИК договорите, а тоа е принципот на измерени количини. Тоа подразбира дека плаќањата ќе се вршат според реализираните работи на терен и на тој начин ќе се има целосна транспрантност на извршените работи и потрошените средства, рече Бочварски.

Со цел да се забрза изградбата на коридорите, како што рече, од изведувачот ќе биде применет принципот на „проектирање и изградба”, а тоа подразбира дека со договорот, на изведувачот му се дава обврската сам или преку домашни проектански фирми и компании истовремено да проектира и да гради.

Целата изградба треба да трае до 2027 година. Предложениот динамички план предвидува рок од 33 месеци за изградба на Тетово-Гостивар, 49 месеци за Требеништа – Струга – Ќафасан и 57 месеци за Гостивар – Букојчани и за Прилеп – Битола.

Финансирањето на проектот е од Буџетот на државата, а во буџетот на Министерството за транспорт и врски годинава се предвидени 15 милијарди денари или 244 милиони евра. Се планира секоја година од Буџетот да се издвојуваат толку средства.

За проектот, „Бехтел и Енка“ се номинирани за стратешки партнер од државата. Надзорот ќе го врши ИРД инжинеринг, кој како консултант за финансиски трансакции во име на Владата изминатиот месец ги водеше преговорите со конзорциумот.

The post Не е почната експропријацијата, а не е проектирана ниту една траса за четирите автопати appeared first on Република.

]]>

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и вицепремиерот Артан Груби по потпишувањето на договорот соопштија дека годишно во просек ќе се градат по 23 километри автопат, а цената во просек, ќе биде 12 милиони евра по километар.
Целосно е почитуван Законот за склучување на договорот со стратешкиот партнер. Експропријацијата уште не почната бидејќи ова е нов модел на градење на автопатишта. „Бехтел и Енка“ и ќе проектира и ќе гради, рече Рустеми.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски посочи дека цените се поткрепени врз основа на физибилити студијата изготвена од Градежниот факултет и ревидирана од консултанската компанија Гранд Тортон.
Договорот со изведувачот е изготвен согласно принципот на ФИДИК договорите, а тоа е принципот на измерени количини. Тоа подразбира дека плаќањата ќе се вршат според реализираните работи на терен и на тој начин ќе се има целосна транспрантност на извршените работи и потрошените средства, рече Бочварски.
Со цел да се забрза изградбата на коридорите, како што рече, од изведувачот ќе биде применет принципот на „проектирање и изградба”, а тоа подразбира дека со договорот, на изведувачот му се дава обврската сам или преку домашни проектански фирми и компании истовремено да проектира и да гради. Целата изградба треба да трае до 2027 година. Предложениот динамички план предвидува рок од 33 месеци за изградба на Тетово-Гостивар, 49 месеци за Требеништа – Струга – Ќафасан и 57 месеци за Гостивар – Букојчани и за Прилеп – Битола. Финансирањето на проектот е од Буџетот на државата, а во буџетот на Министерството за транспорт и врски годинава се предвидени 15 милијарди денари или 244 милиони евра. Се планира секоја година од Буџетот да се издвојуваат толку средства. За проектот, „Бехтел и Енка“ се номинирани за стратешки партнер од државата. Надзорот ќе го врши ИРД инжинеринг, кој како консултант за финансиски трансакции во име на Владата изминатиот месец ги водеше преговорите со конзорциумот.

The post Не е почната експропријацијата, а не е проектирана ниту една траса за четирите автопати appeared first on Република.

]]>