експресен пат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekspresen-pat/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jul 2024 07:38:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png експресен пат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekspresen-pat/ 32 32 Oва е експресниот пат Куманово – Ранковце – Крива Паланка, кој ќе биде готов до Нова година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ova-e-ekspresniot-pat-kumanovo-rankovtse-kriva-palanka-koj-ke-bide-gotov-do-nova-godina/ Wed, 24 Jul 2024 07:38:31 +0000 https://republika.mk/?p=799719

Министерот за транспорт Александар Николоски им посака добро утро на граѓаните со убаво видео на кое се гледа работата на експресниот пат Куманово - Ранковце - Крива Паланка.

Тој порача дека оваа делница ќе биде готова до Нова година.

The post Oва е експресниот пат Куманово – Ранковце – Крива Паланка, кој ќе биде готов до Нова година appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт Александар Николоски им посака добро утро на граѓаните со убаво видео на кое се гледа работата на експресниот пат Куманово - Ранковце - Крива Паланка. Тој порача дека оваа делница ќе биде готова до Нова година.

The post Oва е експресниот пат Куманово – Ранковце – Крива Паланка, кој ќе биде готов до Нова година appeared first on Република.

]]>
Од Скопје до Софија ќе се стигнува за два и пол часа, до Нова година готов експресниот пат Ранковце-Крива Паланка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-skopje-do-sofija-ke-se-stignuva-za-dva-i-pol-chasa-do-nova-godina-gotov-ekspresniot-pat-rankovtse-kriva-palanka/ Tue, 23 Jul 2024 10:21:06 +0000 https://republika.mk/?p=799466

Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, место наесен, како што најави претходната Влада, ќе биде готов до Нова година. Денес увид во градените работи направија новиот директор на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и министерот за транспорт Александар Николоски.

Овој пат е во должина од 25 километри, поделен на два лота. Едниот лот е од Страцин до Длабочица во должина од 15 километри, а вториот е од Длабочица до Крива Паланка во должина од 10 километри. Вредноста на целокупната инвестиција е 92,7 милиони евра со тоа што првиот лот чини 43 милиони евра, а вториот околу 50 милиони евра. Работите се почнати во 2018 година. Очекуваме дека до Нова година ќе бидат завршени двата лота, рече директорот Трајановски и најави дека ќе продолжат да работат на комплетирање на Коридорот 8 чиј дел е и експресниот пат.

Министерот Николоски очекува со пуштањето во употреба на овој пат да се забрза економијата, граѓаните да можат да остваруваат поголеми приходи и да останат да живеат во местата од кои потекнуваат.

Можам со задоволство да кажам дека овој експресен пат кој, наједноставно кажано, треба со модерно патно решение да ги поврзе Куманово и Крива Паланка, а со тоа Крива Паланка да ја поврзе и со Скопје, главниот град. Тука е и Општината Ранковце која треба да биде поврзана и со Крива Паланка и со Куманово но и со Скопје, да може брзо да се стига од главниот град и до Ранковце и до Крива Паланка, да може да се развие бизнисот, луѓето да приходуваат повеќе и да остануваат да живеат во местата од кои што потекнуваат - рече министерот Николоски.

Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка ќе го скрати и времето за патување до Софија.

Овој пат ќе помогне да се забрза комуникацијата со Софија, да се скрати времето на патување како би се отворил нашиот главен град и кон и Софија и патувањето би дошло на некои пристојни два и пол часа, што мислам дека е едно сосема пристојно време за патување меѓу Софија и Скопје и на тој начин да го отвориме Коридорот 8 - рече министерот Николоски.

Изминативе четири недели министерот ги искористил за анализа на актуелните проекти, а во овој проект неговиот тим утврдил проблеми со експропријацијата, со изведбата, доцнење поради неработење и давање лажни ветувања околу завршувањето на изградбата.

За изградба на експресниот пат Страцин – Крива Паланка претходната Влада обезбеди грант од 14 милиони евра, а остатокот до 92 милиони евра се финансира со кредит од Светска банка.

Жители на Страцин и околните села минатата година го блокираа патот оти експресната сообраќајница им го пресече локалниот пат и ги принуди со трактори да го преминуваат патот за да стигнат до обработливите површини, по што Јавното претпријатие за државни патишта мораше да бара ново решение.

 

The post Од Скопје до Софија ќе се стигнува за два и пол часа, до Нова година готов експресниот пат Ранковце-Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, место наесен, како што најави претходната Влада, ќе биде готов до Нова година. Денес увид во градените работи направија новиот директор на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и министерот за транспорт Александар Николоски. Овој пат е во должина од 25 километри, поделен на два лота. Едниот лот е од Страцин до Длабочица во должина од 15 километри, а вториот е од Длабочица до Крива Паланка во должина од 10 километри. Вредноста на целокупната инвестиција е 92,7 милиони евра со тоа што првиот лот чини 43 милиони евра, а вториот околу 50 милиони евра. Работите се почнати во 2018 година. Очекуваме дека до Нова година ќе бидат завршени двата лота, рече директорот Трајановски и најави дека ќе продолжат да работат на комплетирање на Коридорот 8 чиј дел е и експресниот пат. Министерот Николоски очекува со пуштањето во употреба на овој пат да се забрза економијата, граѓаните да можат да остваруваат поголеми приходи и да останат да живеат во местата од кои потекнуваат.
Можам со задоволство да кажам дека овој експресен пат кој, наједноставно кажано, треба со модерно патно решение да ги поврзе Куманово и Крива Паланка, а со тоа Крива Паланка да ја поврзе и со Скопје, главниот град. Тука е и Општината Ранковце која треба да биде поврзана и со Крива Паланка и со Куманово но и со Скопје, да може брзо да се стига од главниот град и до Ранковце и до Крива Паланка, да може да се развие бизнисот, луѓето да приходуваат повеќе и да остануваат да живеат во местата од кои што потекнуваат - рече министерот Николоски.
Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка ќе го скрати и времето за патување до Софија.
Овој пат ќе помогне да се забрза комуникацијата со Софија, да се скрати времето на патување како би се отворил нашиот главен град и кон и Софија и патувањето би дошло на некои пристојни два и пол часа, што мислам дека е едно сосема пристојно време за патување меѓу Софија и Скопје и на тој начин да го отвориме Коридорот 8 - рече министерот Николоски.
Изминативе четири недели министерот ги искористил за анализа на актуелните проекти, а во овој проект неговиот тим утврдил проблеми со експропријацијата, со изведбата, доцнење поради неработење и давање лажни ветувања околу завршувањето на изградбата. За изградба на експресниот пат Страцин – Крива Паланка претходната Влада обезбеди грант од 14 милиони евра, а остатокот до 92 милиони евра се финансира со кредит од Светска банка. Жители на Страцин и околните села минатата година го блокираа патот оти експресната сообраќајница им го пресече локалниот пат и ги принуди со трактори да го преминуваат патот за да стигнат до обработливите површини, по што Јавното претпријатие за државни патишта мораше да бара ново решение.  

The post Од Скопје до Софија ќе се стигнува за два и пол часа, до Нова година готов експресниот пат Ранковце-Крива Паланка appeared first on Република.

]]>