експозе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekspoze/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Feb 2024 18:36:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png експозе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekspoze/ 32 32 Експозето на претседателот на МАНУ кое секој треба да го прочита https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ekspozeto-na-pretsedatelot-na-manu-koe-sekoj-treba-da-go-prochita/ Wed, 28 Feb 2024 14:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=749332

Во своето експозе за раководењето на МАНУ во мандатниот период 2024-2027, новиот претседател на МАНУ Живко Попов се осврна на неколку, како што рече, „општествени аномалии“ и „круцијални предизвици на кои би требало да се обрне посебно внимание“ и кои, рече, се предмет на критики во годишните извештаи на Европската комисија.

Посочи на „генерална партизација“ на институциите, особено во јавната администрација. Притоа нагласи дека треба „час поскоро да се укине балансерот при вработување во институциите“ зашто со него „се испушта критериумот за квалитет и компетентност“. Предупреди и на „руинирање на здравствениот систем и политизирање на Клничкиот центар“, потценување на научно-истражувачката работа, хипертрофирана мрежа на систем на високо образование, прекумерна употреба на европското знаменце, нефункционален правосуден систем и селективна правда. Исто така, ги посочи и демографските проблеми, моноцентричниот развој на државата што предизвикува масовно доселување во главниот град и миграциите во странство посебно на млад високообразован кадар.

Состојбата на државата во која општеството е поделено по повеќе основи е комплицирана, па затоа потребно е, пред се, национално единство за најважните државни прашања... Ќе биде неопходно насочување на Академијата кон државата и битно зголемување на бројот на национални проекти во наредниот период, порача Попов.

Смета дека МАНУ „има институционален капацитет преку научно фундирани стратегии да ѝ помогне на државата во справувањето со овие тешки општествени појави“.

Нагласи дека на политиката, партиите и дневно-политичките теми не им е место во Академијата, но дека таа „не смее да молчи ако има знаење, можности и капацитет да советува и да дава стратегиски насоки“.

Секогаш треба да е присутна и потенцирана самостојната и политички независната позиција на МАНУ. Но, за вакво нешто потребна е поголема гласност на Академијата, повеќе соопштенија, многу повеќе информации до јавноста за тоа што работи МАНУ, рече нејзиниот претседател во експозето.

Во оваа пригода тој, како што рече, уште еднаш сака да ја промовира „европската идеја за Македонија која е стара колку и земјата македонска“. Истакна дека македонскиот народ е свесен дека е европски народ и дека местото му е во европската заедница на народите и дека евроскептицизмот што се појавил во последно време е „резултат на пречките кои ЕУ неправедно ни ги постави на нашиот европски пат“.

Тие најмногу се однесуваат на меѓународно преземените обврски во врска со Договорот од Преспа и оној за добрососедство со соседна Бугарија, кои поминаа всушност без прав референдум, иако по значење претставуваа референдумски прашања, чиишто последици се евидентни и се уште не им се гледа крајот. За нив земјата направи болни компромиси, но и покрај тоа изостана отворањето на процесот на преговори со ЕУ. Само преку рамноправен дијалог и соработка со соседите и ЕУ, може да се дојде до разумни решенија за создадените проблеми, зачувувајќи го притоа културното и историското наследство кое му припаѓа на македонскиот народ, како европска вредност, истакна претседателот на МАНУ.

The post Експозето на претседателот на МАНУ кое секој треба да го прочита appeared first on Република.

]]>

Во своето експозе за раководењето на МАНУ во мандатниот период 2024-2027, новиот претседател на МАНУ Живко Попов се осврна на неколку, како што рече, „општествени аномалии“ и „круцијални предизвици на кои би требало да се обрне посебно внимание“ и кои, рече, се предмет на критики во годишните извештаи на Европската комисија. Посочи на „генерална партизација“ на институциите, особено во јавната администрација. Притоа нагласи дека треба „час поскоро да се укине балансерот при вработување во институциите“ зашто со него „се испушта критериумот за квалитет и компетентност“. Предупреди и на „руинирање на здравствениот систем и политизирање на Клничкиот центар“, потценување на научно-истражувачката работа, хипертрофирана мрежа на систем на високо образование, прекумерна употреба на европското знаменце, нефункционален правосуден систем и селективна правда. Исто така, ги посочи и демографските проблеми, моноцентричниот развој на државата што предизвикува масовно доселување во главниот град и миграциите во странство посебно на млад високообразован кадар.
Состојбата на државата во која општеството е поделено по повеќе основи е комплицирана, па затоа потребно е, пред се, национално единство за најважните државни прашања... Ќе биде неопходно насочување на Академијата кон државата и битно зголемување на бројот на национални проекти во наредниот период, порача Попов.
Смета дека МАНУ „има институционален капацитет преку научно фундирани стратегии да ѝ помогне на државата во справувањето со овие тешки општествени појави“. Нагласи дека на политиката, партиите и дневно-политичките теми не им е место во Академијата, но дека таа „не смее да молчи ако има знаење, можности и капацитет да советува и да дава стратегиски насоки“.
Секогаш треба да е присутна и потенцирана самостојната и политички независната позиција на МАНУ. Но, за вакво нешто потребна е поголема гласност на Академијата, повеќе соопштенија, многу повеќе информации до јавноста за тоа што работи МАНУ, рече нејзиниот претседател во експозето.
Во оваа пригода тој, како што рече, уште еднаш сака да ја промовира „европската идеја за Македонија која е стара колку и земјата македонска“. Истакна дека македонскиот народ е свесен дека е европски народ и дека местото му е во европската заедница на народите и дека евроскептицизмот што се појавил во последно време е „резултат на пречките кои ЕУ неправедно ни ги постави на нашиот европски пат“.
Тие најмногу се однесуваат на меѓународно преземените обврски во врска со Договорот од Преспа и оној за добрососедство со соседна Бугарија, кои поминаа всушност без прав референдум, иако по значење претставуваа референдумски прашања, чиишто последици се евидентни и се уште не им се гледа крајот. За нив земјата направи болни компромиси, но и покрај тоа изостана отворањето на процесот на преговори со ЕУ. Само преку рамноправен дијалог и соработка со соседите и ЕУ, може да се дојде до разумни решенија за создадените проблеми, зачувувајќи го притоа културното и историското наследство кое му припаѓа на македонскиот народ, како европска вредност, истакна претседателот на МАНУ.

The post Експозето на претседателот на МАНУ кое секој треба да го прочита appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат, но никој не смее и нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-razgovorite-so-republika-bugarija-kje-prodolzat-i-kje-se-intenziviraat-no-nikoj-ne-smee-i-nema-da-pregovara-za-identitetot-na-makedonskiot-narod/ Sat, 15 Jan 2022 12:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=444946

Разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат но никој не смее и нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ, порача во своето експозе претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова влада, Димитар Ковачевски.

Jа остваривме повеќедецениската стратешка цел, членство во НАТО и обезбедивме мир стабилност и сигурна иднина за нашите деца. Но на патот кон ЕУ пред нас се предизвиците за кои двете влади, на Македонија и на Бугарија, се одлучни да изнајдат решенија низ дијалог и соработка. Македонските и бугарските граѓани се повеќе заинтересирани за економија, за културни, образовни и младински размени, за инфраструктура која поврзува и на овие теми мора многу повеќе да соработуваме.

Историјата е на историчарите, но идентитетските прашања се темели на народот и на државата. За Владата не постои никаква дилема – никој не смее и никој нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ и за историски и научно потврдената специфичност и уникатност на македонскиот јазик.“ посочи Ковачевски.

Ковачевски најави дека Република Македонија ќе продолжи со добрососедска политики и засилена соработка со сите соседни земји.

Разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат, бидејќи ние сме пријателска земја која развива добрососедство и бидејќи имаме исклучителен стратешки интерес да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ. Владата ќе продолжи исто така да ги одржува и развива добрососедските и пријателски односи со сите свои соседи, постојано иницирајќи нови програми и проекти за поврзување на граѓаните преку иницијативи како што е „Отворен Блакан“, заклучи Ковачевски.

The post Ковачевски: Разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат, но никој не смее и нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ appeared first on Република.

]]>

Разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат но никој не смее и нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ, порача во своето експозе претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова влада, Димитар Ковачевски.
Jа остваривме повеќедецениската стратешка цел, членство во НАТО и обезбедивме мир стабилност и сигурна иднина за нашите деца. Но на патот кон ЕУ пред нас се предизвиците за кои двете влади, на Македонија и на Бугарија, се одлучни да изнајдат решенија низ дијалог и соработка. Македонските и бугарските граѓани се повеќе заинтересирани за економија, за културни, образовни и младински размени, за инфраструктура која поврзува и на овие теми мора многу повеќе да соработуваме. Историјата е на историчарите, но идентитетските прашања се темели на народот и на државата. За Владата не постои никаква дилема – никој не смее и никој нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ и за историски и научно потврдената специфичност и уникатност на македонскиот јазик.“ посочи Ковачевски.  