експлозија истанбул Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eksplozija-istanbul/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Aug 2024 19:54:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png експлозија истанбул Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eksplozija-istanbul/ 32 32 Спречен терористички напад во Истанбул од страна на „Исламска држава“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sprechen-teroristichki-napad-vo-istanbul-od-strana-na-islamska-drzhava/ Fri, 30 Aug 2024 19:54:40 +0000 https://republika.mk/?p=811694

Турската полиција денеска уапси припадник на таканаречената Исламска држава (ИД) во Истанбул, осомничен за планирање бомбашки напад, јавуваат локалните медиуми.

Според турската телевизија НТВ, антитерористичките единици започнале операција откако откриле дека ИД планира терористички напад во Истанбул. Истрагата открила дека осомничениот влегол во земјата нелегално, откако поминал терористичка обука во Сирија и дека делувал по наредба на високи функционери на ИД, кои му наложиле да го изврши планираниот напад.

За време на рацијата во неговиот стан во квартот Бајџилар на европската страна на градот, полицијата пронашла меч скриен под креветот на осомничениот и запленила многу документи и дигитални материјали поврзани со терористичката организација.

Турската влада ја прогласи ИД за терористичка организација во 2013 година, а турската полиција редовно спроведува антитерористички операции против нејзините припадници низ целата земја

The post Спречен терористички напад во Истанбул од страна на „Исламска држава“ appeared first on Република.

]]>

Турската полиција денеска уапси припадник на таканаречената Исламска држава (ИД) во Истанбул, осомничен за планирање бомбашки напад, јавуваат локалните медиуми. Според турската телевизија НТВ, антитерористичките единици започнале операција откако откриле дека ИД планира терористички напад во Истанбул. Истрагата открила дека осомничениот влегол во земјата нелегално, откако поминал терористичка обука во Сирија и дека делувал по наредба на високи функционери на ИД, кои му наложиле да го изврши планираниот напад. За време на рацијата во неговиот стан во квартот Бајџилар на европската страна на градот, полицијата пронашла меч скриен под креветот на осомничениот и запленила многу документи и дигитални материјали поврзани со терористичката организација. Турската влада ја прогласи ИД за терористичка организација во 2013 година, а турската полиција редовно спроведува антитерористички операции против нејзините припадници низ целата земја

The post Спречен терористички напад во Истанбул од страна на „Исламска држава“ appeared first on Република.

]]>
Експлозија на плинска боца го предизвикала пожарот во Истанбул, во кој загинаа најмалку 29 лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eksplozija-na-plinska-botsa-go-predizvikala-pozharot-vo-istanbul-vo-koj-zaginaa-najmalku-29-litsa/ Wed, 03 Apr 2024 07:33:38 +0000 https://republika.mk/?p=761528

Експлозија на плинска боца го предизвикала пожарот што избувна вчера во 16-катница во квартот Бешикташ во Истанбул. Според турските медиуми, најмалку 29 лица загинале во пожарот, а едно лице е тешко повредено, јавија турските медиуми.

Во експлозијата се запалиле градежни материјали во двата подземни ката на зградата. Во приземјето е ноќниот клуб „Маскарада“ каде што вчера работници вршеа звучна изолација и заварување.

Некои од градежните материјали беа влакнести и се запалија како факели, изјави претставник на противпожарната служба.

Според него, на објектот му недостига противпожарна опрема.

Дополнителна причина за трагедијата е и тоа што собата има само една влезна врата, без излез за итни случаи. Повеќето од луѓето внатре починале од задушување. Во моментот на инцидентот во зградата имало околу 60-70 луѓе.

Во писменото соопштение од општината Бешикташ се наведува дека ноќниот клуб не побарал дозвола за реновирање, како што налага прописот. Исто така, се забележува дека објектот има лиценца од 1987 година, која е обновена во 2018 година поради промена на сопственоста.

Приведени се девет лица од управата на ноќниот клуб и неколку работници. Тројца од приведените имаат криминални досиеја.

Претставници на дипломатските претставништва на Германија, САД, Велика Британија и Делегацијата на ЕУ во Истанбул изразиле сочувство за жртвите од пожарот.

Продолжува обемната истрага за случајот. Во спасувачката акција за отстранување на заглавените во блокот учествуваа полициски екипи, пожарникари, медицински спасувачки екипи и возила на брзата помош.

The post Експлозија на плинска боца го предизвикала пожарот во Истанбул, во кој загинаа најмалку 29 лица appeared first on Република.

]]>

Експлозија на плинска боца го предизвикала пожарот што избувна вчера во 16-катница во квартот Бешикташ во Истанбул. Според турските медиуми, најмалку 29 лица загинале во пожарот, а едно лице е тешко повредено, јавија турските медиуми. Во експлозијата се запалиле градежни материјали во двата подземни ката на зградата. Во приземјето е ноќниот клуб „Маскарада“ каде што вчера работници вршеа звучна изолација и заварување.
Некои од градежните материјали беа влакнести и се запалија како факели, изјави претставник на противпожарната служба.
Според него, на објектот му недостига противпожарна опрема. Дополнителна причина за трагедијата е и тоа што собата има само една влезна врата, без излез за итни случаи. Повеќето од луѓето внатре починале од задушување. Во моментот на инцидентот во зградата имало околу 60-70 луѓе. Во писменото соопштение од општината Бешикташ се наведува дека ноќниот клуб не побарал дозвола за реновирање, како што налага прописот. Исто така, се забележува дека објектот има лиценца од 1987 година, која е обновена во 2018 година поради промена на сопственоста. Приведени се девет лица од управата на ноќниот клуб и неколку работници. Тројца од приведените имаат криминални досиеја. Претставници на дипломатските претставништва на Германија, САД, Велика Британија и Делегацијата на ЕУ во Истанбул изразиле сочувство за жртвите од пожарот. Продолжува обемната истрага за случајот. Во спасувачката акција за отстранување на заглавените во блокот учествуваа полициски екипи, пожарникари, медицински спасувачки екипи и возила на брзата помош.

The post Експлозија на плинска боца го предизвикала пожарот во Истанбул, во кој загинаа најмалку 29 лица appeared first on Република.

]]>
Maкедонска туристка повредена во турканиците кои настанале по експлозијата во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonska-turistka-povredena-vo-turkanicite-koi-nastanale-po-eksplozijata-vo-istanbul/ Mon, 14 Nov 2022 12:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=573630

И 24 часа по вчерашната експлозија во Истанбул, Министерството за надворешни работи и нашите претставништва во Турција немаат информации за директно настрадани или повредени македонски државјани во инцидентот, соопшти денеска МНР.

Министерството информира дека по експлозија во Истанбул, преку Генералниот конзулат во Истанбул и Амбасадата во Анкара, е во постојана комуникација и со надлежните органи на Турција и со заинтересираните граѓани од земјава.

Во меѓувреме една наша државјанка која се наоѓала во близина на инцидентот, пријави во нашиот Конзулат дека индиректно се стекнала со полесни повреди предизвикани од турканиците настанати при оддалечување на луѓето од местото на експлозијата. Информираме дека без поголеми таа е веќе вратена во земјата, информира МНР.

Оттаму додаваат дека нашите претставништва остануваат во контакт со институциите на Турција, како и со загрижени граѓани и економски субјекти кои организираат патувања во Истанбул.

Од МНР посочуваат на контактите каде граѓаните можат да се обратат за било каква информација или асистенција: +905456149777 во Истанбул и +38975273732 во Скопје.

The post Maкедонска туристка повредена во турканиците кои настанале по експлозијата во Истанбул appeared first on Република.

]]>

И 24 часа по вчерашната експлозија во Истанбул, Министерството за надворешни работи и нашите претставништва во Турција немаат информации за директно настрадани или повредени македонски државјани во инцидентот, соопшти денеска МНР. Министерството информира дека по експлозија во Истанбул, преку Генералниот конзулат во Истанбул и Амбасадата во Анкара, е во постојана комуникација и со надлежните органи на Турција и со заинтересираните граѓани од земјава.
Во меѓувреме една наша државјанка која се наоѓала во близина на инцидентот, пријави во нашиот Конзулат дека индиректно се стекнала со полесни повреди предизвикани од турканиците настанати при оддалечување на луѓето од местото на експлозијата. Информираме дека без поголеми таа е веќе вратена во земјата, информира МНР.
Оттаму додаваат дека нашите претставништва остануваат во контакт со институциите на Турција, како и со загрижени граѓани и економски субјекти кои организираат патувања во Истанбул. Од МНР посочуваат на контактите каде граѓаните можат да се обратат за било каква информација или асистенција: +905456149777 во Истанбул и +38975273732 во Скопје.

The post Maкедонска туристка повредена во турканиците кои настанале по експлозијата во Истанбул appeared first on Република.

]]>
Сиријката осомничена за нападот во Истанбул ја признала својата поврзаност со терористичка група https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sirijkata-osomnichena-za-napadot-vo-istanbul-ja-priznala-svojata-povrzanost-so-teroristichka-grupa/ Mon, 14 Nov 2022 09:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=573547

Турската полиција соопшти дека извршител на бомбашкиот напад во Истанбул е Ахлам Албашир, државјанка на Сирија. Таа е уапсена за време на полициска акција и приведена.

Лицето кое го изврши нападот, сириската државјанка Ахлам Албашир, беше фатена жива. При сослушувањето, таа призна дека била обучена како специјален разузнавач од терористичката организација ПКК/ПИД/ИПГ и дека илегално влегла во Турција преку Африн-Идлиб за да ја спроведе акцијата, соопшти истанбулската полиција.

Од друга страна, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу утрово изјави дека имаат проценка дека наредбата за акција стигнала од Кобане.

Мислиме дека сторителот поминал низ Африн, рече тој утрово.

Албашир наводно наредбата за нападот ја добила од штабот на терористичката организација ПКК/ПИД/ИПГ во Кобане, Сирија. Таа признала дека бомбардирањето го извршила вчера околу 16:20 часот и побегнала.

Во ЕУ и во САД, ПКК има статус на терористичка организација.

Авенијата Истиклал беше цел на терористички напад и во 2016 година, кога бомбаш самоубиец уби четири лица, а рани 39. Турската влада тогаш соопшти дека напаѓачот е поврзан со Исламска држава, но организацијата не презеде одговорност.

The post Сиријката осомничена за нападот во Истанбул ја признала својата поврзаност со терористичка група appeared first on Република.

]]>

Турската полиција соопшти дека извршител на бомбашкиот напад во Истанбул е Ахлам Албашир, државјанка на Сирија. Таа е уапсена за време на полициска акција и приведена.
Лицето кое го изврши нападот, сириската државјанка Ахлам Албашир, беше фатена жива. При сослушувањето, таа призна дека била обучена како специјален разузнавач од терористичката организација ПКК/ПИД/ИПГ и дека илегално влегла во Турција преку Африн-Идлиб за да ја спроведе акцијата, соопшти истанбулската полиција.
Од друга страна, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу утрово изјави дека имаат проценка дека наредбата за акција стигнала од Кобане.
Мислиме дека сторителот поминал низ Африн, рече тој утрово.
Албашир наводно наредбата за нападот ја добила од штабот на терористичката организација ПКК/ПИД/ИПГ во Кобане, Сирија. Таа признала дека бомбардирањето го извршила вчера околу 16:20 часот и побегнала. Во ЕУ и во САД, ПКК има статус на терористичка организација. Авенијата Истиклал беше цел на терористички напад и во 2016 година, кога бомбаш самоубиец уби четири лица, а рани 39. Турската влада тогаш соопшти дека напаѓачот е поврзан со Исламска држава, но организацијата не презеде одговорност.

The post Сиријката осомничена за нападот во Истанбул ја признала својата поврзаност со терористичка група appeared first on Република.

]]>
Макрон потсети: Срцето на турскиот народ е нападнато на годишнината од нападите во Париз https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/makron-potseti-srceto-na-turskiot-narod-e-napadnato-na-godishninata-od-napadite-vo-pariz/ Mon, 14 Nov 2022 08:39:39 +0000 https://republika.mk/?p=573519

Терористичкиот напад со бомба во центарот на Истанбул се случи точно седум години по серијата напади на екстремистите на Исламска држава во Париз на 13 ноември 2015 година, кога во париските кафулиња, театарот „Батаклан“ и на Националниот стадион беа убиени 130 луѓе.

На ова потсети францускиот претседател Емануел Макрон, изразувајќи сочувство до турскиот народ и до семејствата на загинатите во нападот во Истанбул.

На таков симболичен ден за нашата нација, кога се присетуваме на жртвите од 13 ноември 2015 година, беше нападнато срцето на турскиот народ, Истанбул. Ја споделуваме вашата болка. Ние сме на ваша страна во борбата против тероризмот, рече Макрон обраќајќи им се на Турците, според агенцијата Анадолу.

The post Макрон потсети: Срцето на турскиот народ е нападнато на годишнината од нападите во Париз appeared first on Република.

]]>

Терористичкиот напад со бомба во центарот на Истанбул се случи точно седум години по серијата напади на екстремистите на Исламска држава во Париз на 13 ноември 2015 година, кога во париските кафулиња, театарот „Батаклан“ и на Националниот стадион беа убиени 130 луѓе. На ова потсети францускиот претседател Емануел Макрон, изразувајќи сочувство до турскиот народ и до семејствата на загинатите во нападот во Истанбул.
На таков симболичен ден за нашата нација, кога се присетуваме на жртвите од 13 ноември 2015 година, беше нападнато срцето на турскиот народ, Истанбул. Ја споделуваме вашата болка. Ние сме на ваша страна во борбата против тероризмот, рече Макрон обраќајќи им се на Турците, според агенцијата Анадолу.

The post Макрон потсети: Срцето на турскиот народ е нападнато на годишнината од нападите во Париз appeared first on Република.

]]>
Турската полиција објави видео од апсењето на жената осомничена за терористичкиот напад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turskata-policija-objavi-video-od-apsenjeto-na-zenata-osomnichena-za-teroristichkiot-napad/ Mon, 14 Nov 2022 08:32:41 +0000 https://republika.mk/?p=573512

Турската полција објави снимка од апсењето на жената која се смета за главен осомничен за вчерашниот напад во Истанбул, објавија турските власти. На видеото се гледа како специјалните полициски сили влегуваат во стан, ставаат лисици на жената и вршат претрес во просториите, откривајќи, меѓу другото, оружје.

Претходно турските медиуми објавија ново видео од жената како трча низ толпата неколку минути пред смртоносната експлозија во која загинаа 6, а повеќе од 80 се повредени.

Апсењето на „лицето“ кое наводно ја оставило бомбата во Истанбул го објави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, обвинувајќи ја ПКК, Работничката партија на Курдистан, за нападот вчера во неделата во центарот на Истанбул.

Во исто време, турското Министерство за надворешни работи соопшти дека се уапсени повеќе од дваесет осомничени, меѓу кои и лицето кое наводно ја оставило експлозивната направа на авенијата Истиклал.

Лицето кое ја поставило бомбата е уапсено. Врз основа на нашите заклучоци, терористичката организација ПКК е одговорна за експлозијата на бомбата, рече Сојлу, според турски медиуми, без, сепак, да прецизира дали станува збор за маж или жена.

The post Турската полиција објави видео од апсењето на жената осомничена за терористичкиот напад appeared first on Република.

]]>

Турската полција објави снимка од апсењето на жената која се смета за главен осомничен за вчерашниот напад во Истанбул, објавија турските власти. На видеото се гледа како специјалните полициски сили влегуваат во стан, ставаат лисици на жената и вршат претрес во просториите, откривајќи, меѓу другото, оружје. Претходно турските медиуми објавија ново видео од жената како трча низ толпата неколку минути пред смртоносната експлозија во која загинаа 6, а повеќе од 80 се повредени. Апсењето на „лицето“ кое наводно ја оставило бомбата во Истанбул го објави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, обвинувајќи ја ПКК, Работничката партија на Курдистан, за нападот вчера во неделата во центарот на Истанбул. Во исто време, турското Министерство за надворешни работи соопшти дека се уапсени повеќе од дваесет осомничени, меѓу кои и лицето кое наводно ја оставило експлозивната направа на авенијата Истиклал.
Лицето кое ја поставило бомбата е уапсено. Врз основа на нашите заклучоци, терористичката организација ПКК е одговорна за експлозијата на бомбата, рече Сојлу, според турски медиуми, без, сепак, да прецизира дали станува збор за маж или жена.

The post Турската полиција објави видео од апсењето на жената осомничена за терористичкиот напад appeared first on Република.

]]>
Бомбашката од Истанбул 40 минути седела на клупа со ранецот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bombashkata-od-istanbul-40-minuti-sedela-na-klupa-so-ranecot/ Sun, 13 Nov 2022 22:03:06 +0000 https://republika.mk/?p=573431

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг ги потврди шпекулациите дека за експлозијата е одговорна жена со црн шал, која носела торба во раката.

Жената седеше на една од клупите повеќе од 40 минути, а потоа стана. Експлозијата се случила две минути по нејзиното заминување. Постојат две можности. Или имало механизам во чантата што ја активирал бомбата, па таа сама експлодирала, или некој ја активирал бомбата од одредена далечина – изјави министерот за правда Бекир Боздаг, пренесоа турските медиуми.

Боздаг додаде дека во моментов се испитуваат сите податоци за нејзиното движење и дека нејзиниот идентитет се’ уште не е познат, ниту пак е јасно која група би можела да стои зад нападот.

Сите бараат какви било информации за организаторот на нападот и идентитетот на жената која ја носела бомбата – изјави Боздаг.

На видеото од надзорната камера, која го сними моментот на експлозијата, се гледа торба покрај клупа на прометната авенија Истиклал во центарот на Истанбул.

Менаџерот на ресторан во близина на местото каде што експлодирала бомбата рече дека ја слушнал експлозијата и видел луѓе како трчаат. Десетици посетители на неговиот ресторан, меѓу кои и жени и деца, во паника почнале да врескаат, пишува АП.

The post Бомбашката од Истанбул 40 минути седела на клупа со ранецот appeared first on Република.

Само што поминавме оттаму… Новинарот Марко Марк сведочи за трагедијата на Таксим https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samo-shto-pominavme-ottamu-novinarot-marko-mark-svedochi-za-tragedijata-na-taksim/ Sun, 13 Nov 2022 21:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=573425

„Само што поминавме со моите пријатели, бевме на една мала тура на плоштадот „Таксим“, по што тргнавме на другата страна на Истанбул, да посетиме некои други знаменитости. Тогаш наеднаш дојде толку голема врвулица од сирени и амбулантни возила“, вели македонскиот радио и телевизиски водител Марко Марк во сведоштво за „Телма“ околу страотната експлозија која се случи денеска.

Водителот, кој вели дека е сместен на само неколку стотици метри од местото на експлозијата, додава дека на туристите им било речено да останат во хотелите, како и дека во моментов плоштадот „Таксим“, кој е во непосредна близина на местото на нападот, е целосно блокиран. Има и други ограничувања наметнати од властите. Во центарот на Истанбул и вечерва се слушаат сирени.

Експлозијата, која турските власти ја истражуваат како терористички напад, се случи денеска нешто по пладне на улицата „Истиклал“ – популарно туристичко шеталиште кое во моментот било полно со луѓе. Загинаа шестмина луѓе, а над 80 се повредени.

The post Само што поминавме оттаму… Новинарот Марко Марк сведочи за трагедијата на Таксим appeared first on Република.

]]>

„Само што поминавме со моите пријатели, бевме на една мала тура на плоштадот „Таксим“, по што тргнавме на другата страна на Истанбул, да посетиме некои други знаменитости. Тогаш наеднаш дојде толку голема врвулица од сирени и амбулантни возила“, вели македонскиот радио и телевизиски водител Марко Марк во сведоштво за „Телма“ околу страотната експлозија која се случи денеска. Водителот, кој вели дека е сместен на само неколку стотици метри од местото на експлозијата, додава дека на туристите им било речено да останат во хотелите, како и дека во моментов плоштадот „Таксим“, кој е во непосредна близина на местото на нападот, е целосно блокиран. Има и други ограничувања наметнати од властите. Во центарот на Истанбул и вечерва се слушаат сирени.
Експлозијата, која турските власти ја истражуваат како терористички напад, се случи денеска нешто по пладне на улицата „Истиклал“ – популарно туристичко шеталиште кое во моментот било полно со луѓе. Загинаа шестмина луѓе, а над 80 се повредени.

The post Само што поминавме оттаму… Новинарот Марко Марк сведочи за трагедијата на Таксим appeared first on Република.

]]>
Шрапнел во рамото: Меѓу повредените во Истанбул и нишлика https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shrapnel-vo-ramoto-megju-povredenite-vo-istanbul-i-nishlika/ Sun, 13 Nov 2022 19:17:02 +0000 https://republika.mk/?p=573361

Потпретседателот на Турција Фуат Октај рече дека „експлозијата најверојатно се случила по активирањето на бомба од бомбаш самоубиец и дека во овој момент властите веруваат дека се работи за женско лице“.

Шест лица ги загубија животите, а најмалку 81 лице е повредено, од кои две се во тешка состојба, објави Октај.

Потпретседателот рече дека обвинителите се на терен и дека истрагата се уште е во тек.

Кој стои зад овој напад ќе биде уапсен и казнет. Ова веќе не е стара Турција и тоа треба сите да го знаат. Овој инцидент ќе го решиме многу брзо, кој и да стои зад него ќе одговара, рече потпретседателот.

Силна експлозија одекна денеска околу 14:20 часот на популарната пешачка авенија Истиклал на Таксим.

Меѓу повредените има и српска државјанка од Ниш, која била во Истанбул како туристка, дознава Телеграф.

Таа е во стабилна состојба, но ќе биде оперирана, бидејќи шрапнели ѝ го повредиле рамото.

До овој момент македонски државјани не побарале помош во Амбасадата, соопшти МНР.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zasega-nitu-eden-makedonski-drzavjanin-ne-pobaral-pomosh-od-mnr-po-eksplozijata-vo-istanbul/

Претходно за оваа експлозија зборуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

https://republika.mk/vesti/svet/voznemiruvachko-novi-videa-od-ekplozijata-vo-istanbul-spored-erdogan-najverojatno-e-teroristichki-napad/

The post Шрапнел во рамото: Меѓу повредените во Истанбул и нишлика appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на Турција Фуат Октај рече дека „експлозијата најверојатно се случила по активирањето на бомба од бомбаш самоубиец и дека во овој момент властите веруваат дека се работи за женско лице“.
Шест лица ги загубија животите, а најмалку 81 лице е повредено, од кои две се во тешка состојба, објави Октај.
Потпретседателот рече дека обвинителите се на терен и дека истрагата се уште е во тек.
Кој стои зад овој напад ќе биде уапсен и казнет. Ова веќе не е стара Турција и тоа треба сите да го знаат. Овој инцидент ќе го решиме многу брзо, кој и да стои зад него ќе одговара, рече потпретседателот.
Силна експлозија одекна денеска околу 14:20 часот на популарната пешачка авенија Истиклал на Таксим. Меѓу повредените има и српска државјанка од Ниш, која била во Истанбул како туристка, дознава Телеграф. Таа е во стабилна состојба, но ќе биде оперирана, бидејќи шрапнели ѝ го повредиле рамото. До овој момент македонски државјани не побарале помош во Амбасадата, соопшти МНР. https://republika.mk/vesti/makedonija/zasega-nitu-eden-makedonski-drzavjanin-ne-pobaral-pomosh-od-mnr-po-eksplozijata-vo-istanbul/ Претходно за оваа експлозија зборуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. https://republika.mk/vesti/svet/voznemiruvachko-novi-videa-od-ekplozijata-vo-istanbul-spored-erdogan-najverojatno-e-teroristichki-napad/  

The post Шрапнел во рамото: Меѓу повредените во Истанбул и нишлика appeared first on Република.

]]>
Сочувство од Ковачевски и Пендаровски до турскиот народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sochuvstvo-od-kovachevski-i-pendarovski-do-turskiot-narod/ Sun, 13 Nov 2022 17:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=573340

Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски упатија сочуство до турскиот народ за загинатите во денешната експлозија во Истанбул.

Упатувам длабоко сочуство до братскиот турски народ, до семејствата на загинатите, до градоначалникот на Истанбул и до турскиот претседател по денешната експлозија во срцето на Истанбул, напиша Ковачевски на Твитер.

Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Тајип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по денешната стравична експлозија во Истанбул. На повредените им посакувам брзо закрепнување, порача Пендаровски.

The post Сочувство од Ковачевски и Пендаровски до турскиот народ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски упатија сочуство до турскиот народ за загинатите во денешната експлозија во Истанбул.
Упатувам длабоко сочуство до братскиот турски народ, до семејствата на загинатите, до градоначалникот на Истанбул и до турскиот претседател по денешната експлозија во срцето на Истанбул, напиша Ковачевски на Твитер.   Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Тајип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по денешната стравична експлозија во Истанбул. На повредените им посакувам брзо закрепнување, порача Пендаровски.

The post Сочувство од Ковачевски и Пендаровски до турскиот народ appeared first on Република.

]]>
Српска туристка ранета во нападот во Истанбул, веднаш ќе ѝ го оперираат рамото во кое ја погодиле шраппнели https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpska-turistka-raneta-vo-napadot-vo-istanbul-vednash-kje-go-operiraat-ramoto-vo-koe-ja-pogodile-shrappneli/ Sun, 13 Nov 2022 17:50:22 +0000 https://republika.mk/?p=573336

Српска државјанка е ранета во денешниот терористички напад во Истанбул, потврди министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Во денешната експлозија во Истанбул е ранета наша државјанка. Станува збор за туристката Драгана Ристиќ од Ниш. Таа е надвор од животна опасност и е во болница, каде ќе биде оперирана, бидејќи ја погодиле шрапнели во рамото, изјави министерот Дачиќ за српски „Курир“.

Засега, пак, како што наведува Дачиќ, нема официјална информација од Истанбул.

Ова е информација од нашите туристи кои беа на лице место и стапија во контакт со нашиот генерален конзулат, кој ќе им пружи помош на сите наши граѓани. Генералниот конзул Ивана Пејовиќ е во постојан контакт со ранетата Ристиќ. Ќе ја информираме јавноста за сите нови детали и развојот на ситуацијата, додаде Дачиќ.

The post Српска туристка ранета во нападот во Истанбул, веднаш ќе ѝ го оперираат рамото во кое ја погодиле шраппнели appeared first on Република.

Вознемирувачко: Нови видеа од екплозијата во Истанбул, според Ердоган најверојатно е терористички напад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/voznemiruvachko-novi-videa-od-ekplozijata-vo-istanbul-spored-erdogan-najverojatno-e-teroristichki-napad/ Sun, 13 Nov 2022 17:35:19 +0000 https://republika.mk/?p=573331

Бројот на загинати во есплозијата која попладнево се случи во центарот на Истанбул порасна на шест, додека над 50 лица се повредени.  Нови видеа од нападот постојано се споделуваат по социјалните мрежи, откако турската полиција им забрани на телевизиите да ги објавуваат.

Иако официјално не е потврдена причината за експлозијата, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека првичните информации укажуваат дека се работи за терористички напад, во кој учествувала и жена.

Сторителите на овој страшен напад ќе бидат демаскирани. Нашето население нека биде безбедно, а сторителите ќе бидат казнети, рече тој два часа по експлозијата во Истиклал.

https://youtu.be/7y3eCUMPWx0

Турските медиуми јавија и дека стотина пукотници се слушнале попладнево во метро-станицата Шишхане во Истанбул каде полицијата ликвидирала едно лице, поточно „сомнителна жена во метрото“.

https://republika.mk/vesti/svet/ushte-eden-napad-vo-istanbul-specijalci-likvidiraa-somnitelna-zena-vo-metroto/

The post Вознемирувачко: Нови видеа од екплозијата во Истанбул, според Ердоган најверојатно е терористички напад appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во есплозијата која попладнево се случи во центарот на Истанбул порасна на шест, додека над 50 лица се повредени.  Нови видеа од нападот постојано се споделуваат по социјалните мрежи, откако турската полиција им забрани на телевизиите да ги објавуваат. Иако официјално не е потврдена причината за експлозијата, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека првичните информации укажуваат дека се работи за терористички напад, во кој учествувала и жена.
Сторителите на овој страшен напад ќе бидат демаскирани. Нашето население нека биде безбедно, а сторителите ќе бидат казнети, рече тој два часа по експлозијата во Истиклал.
https://youtu.be/7y3eCUMPWx0 Турските медиуми јавија и дека стотина пукотници се слушнале попладнево во метро-станицата Шишхане во Истанбул каде полицијата ликвидирала едно лице, поточно „сомнителна жена во метрото“. https://republika.mk/vesti/svet/ushte-eden-napad-vo-istanbul-specijalci-likvidiraa-somnitelna-zena-vo-metroto/

The post Вознемирувачко: Нови видеа од екплозијата во Истанбул, според Ердоган најверојатно е терористички напад appeared first on Република.

]]>
Уште еден напад во Истанбул: Специјалци ликвидираа сомнителна жена во метрото https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ushte-eden-napad-vo-istanbul-specijalci-likvidiraa-somnitelna-zena-vo-metroto/ Sun, 13 Nov 2022 17:11:28 +0000 https://republika.mk/?p=573326

Стотина пукотници се слушнале попладнево во метро-станицата Шишхане во Истанбул, пишува турскиот весник „Хаберерк“.

Според турскиот весник, полицијата ликвидирала едно лице, поточно „сомнителна жена во метрото“.

По инцидентот граѓаните се засолниле во околните дуќани.

Според дел од медиумите, токму жена го носела ранецот со екплозив по кој денеска најмалку четири лица загинаа, околу 40 се повреденипо нападот на најпознатата улица и пешачка авенија во Истанбул, Истиклал.

Уште нема никакви официјални информации за тоа како настанала експлозијата и дали станува збор за терористички напад.

https://republika.mk/vesti/svet/ulicata-bila-prepolna-chetvorica-zaginati-i-38-povredeni-vo-eksplozijata-vo-centarot-na-istanbul/

The post Уште еден напад во Истанбул: Специјалци ликвидираа сомнителна жена во метрото appeared first on Република.

]]>

Стотина пукотници се слушнале попладнево во метро-станицата Шишхане во Истанбул, пишува турскиот весник „Хаберерк“. Според турскиот весник, полицијата ликвидирала едно лице, поточно „сомнителна жена во метрото“. По инцидентот граѓаните се засолниле во околните дуќани. Според дел од медиумите, токму жена го носела ранецот со екплозив по кој денеска најмалку четири лица загинаа, околу 40 се повреденипо нападот на најпознатата улица и пешачка авенија во Истанбул, Истиклал. Уште нема никакви официјални информации за тоа како настанала експлозијата и дали станува збор за терористички напад. https://republika.mk/vesti/svet/ulicata-bila-prepolna-chetvorica-zaginati-i-38-povredeni-vo-eksplozijata-vo-centarot-na-istanbul/

The post Уште еден напад во Истанбул: Специјалци ликвидираа сомнителна жена во метрото appeared first on Република.

]]>
Засега ниту еден македонски државјанин не побарал помош од МНР по експлозијата во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zasega-nitu-eden-makedonski-drzavjanin-ne-pobaral-pomosh-od-mnr-po-eksplozijata-vo-istanbul/ Sun, 13 Nov 2022 16:59:29 +0000 https://republika.mk/?p=573320

осега не се пријавени наши државјани кои побарале помош по експлозијата во Истанбул, информира Министерството за надворешни работи (МНР).

Министерството за надворешни работи со крајно загриженост ја следи ситуацијата по последната трагична експлозија во Истанбул и во вонредна функција се ставени Генералниот конзулат во Итанбул како и Амбасадата во Анкара. При евентуална потреба за помош нашите државјани може да нѐ контактираат на дежурните телефонски броеви: +905456149777 во Истанбул и +38975273732 во Скопје, велат од МНР.

The post Засега ниту еден македонски државјанин не побарал помош од МНР по експлозијата во Истанбул appeared first on Република.

Улицата била преполна: Четворица загинати и 38 повредени во експлозијата во центарот на Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ulicata-bila-prepolna-chetvorica-zaginati-i-38-povredeni-vo-eksplozijata-vo-centarot-na-istanbul/ Sun, 13 Nov 2022 16:47:04 +0000 https://republika.mk/?p=573316

Четири лица загинаа, а 38 се повредени во експлозијата што денеска се случи во најпознатата улица и пешачка авенија во Истанбул, Истиклал, изјави гувернерот на Истанбул, Али Јерликај.

Како што јави турската телевизија НТВ, експлозијата се случила нешто по 16 часот по локално време, кога улицата била преполна.

На местото на настанот има полиција, амбулантни и противпожарни возила.

Турскиот огранок на американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен во првиот извештај објави дека во експлозија на улицата, која е популарна меѓу туристите и локалните жители, со голем број продавници и ресторани, има 11 повредени лица.

Продавниците се затворени, а причината за експлозијата не е позната.

По првите медиумски извештаи, турската агенција за надзор на медиумите воведе привремена забрана за известување за експлозијата – потег што ги спречува медиумите да емитуваат видео снимки од моментот на експлозијата или последиците од не

The post Улицата била преполна: Четворица загинати и 38 повредени во експлозијата во центарот на Истанбул appeared first on Република.

]]>

Четири лица загинаа, а 38 се повредени во експлозијата што денеска се случи во најпознатата улица и пешачка авенија во Истанбул, Истиклал, изјави гувернерот на Истанбул, Али Јерликај. Како што јави турската телевизија НТВ, експлозијата се случила нешто по 16 часот по локално време, кога улицата била преполна. На местото на настанот има полиција, амбулантни и противпожарни возила. Турскиот огранок на американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен во првиот извештај објави дека во експлозија на улицата, која е популарна меѓу туристите и локалните жители, со голем број продавници и ресторани, има 11 повредени лица. Продавниците се затворени, а причината за експлозијата не е позната. По првите медиумски извештаи, турската агенција за надзор на медиумите воведе привремена забрана за известување за експлозијата – потег што ги спречува медиумите да емитуваат видео снимки од моментот на експлозијата или последиците од не

The post Улицата била преполна: Четворица загинати и 38 повредени во експлозијата во центарот на Истанбул appeared first on Република.

]]>
Експлозија на најпознатата пешачка улица во Истанбул https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eksplozija-na-najpoznatata-peshachka-ulica-vo-istanbul/ Sun, 13 Nov 2022 14:49:23 +0000 https://republika.mk/?p=573290

Најмалку 11 лица се повредени во експлозија во најпознатата улица и пешачка авенија во Истанбул, Истиклал.

Како што пренесуваат турските медиуми, на местото на настанот има амбулантни и противпожарни возила, како и полиција.

Продавниците се затворени, а причината за експлозијата не е позната.

The post Експлозија на најпознатата пешачка улица во Истанбул appeared first on Република.

]]>

Најмалку 11 лица се повредени во експлозија во најпознатата улица и пешачка авенија во Истанбул, Истиклал. Како што пренесуваат турските медиуми, на местото на настанот има амбулантни и противпожарни возила, како и полиција. Продавниците се затворени, а причината за експлозијата не е позната.

The post Експлозија на најпознатата пешачка улица во Истанбул appeared first on Република.

]]>