експеримент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eksperiment/ За подобро да се разбереме Tue, 09 May 2023 06:01:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png експеримент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eksperiment/ 32 32 Eксперимент: Децата не знаат што да прават со себе кога ќе им ги одземат мобилните телефони https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/eksperiment-detsata-ne-znaat-shto-da-pravat-so-sebe-koga-ke-im-gi-odzemat-mobilnite-telefoni/ Tue, 09 May 2023 06:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=638559

Психологот за деца од Санкт Петербург, Екатерина Мурашова и нејзините колеги во 2013 година спровеле интересен експеримент. Таа побарала од 68 тинејџери на возраст од 12 до 18 години да се откажат од сите свои електронски уреди, односно да ги исклучат мобилните телефони, компјутерите, телевизорите, таблетите и конзолите за игри, во траење од осум часа и за тоа време да не комуницираат со никого.

Она што им било дозволено во тие осум часа е - да пишуваат, цртаат, читаат, пеат, шетаат и да се занимаваат со слични активности. Авторката на експериментот сакала да докаже дека современите тинејџери не можат да се преокупираат со такви работи и дека се целосно несвесни за својата состојба.

Според правилата на експериментот на децата им било советувано да го прекинат експериментот доколку почувствуваат прекумерна вознемиреност, непријатност или напнатост и да го забележат времето и причината за прекинот.

Резултатите биле шокантни, а треба да се земе предвид и дека експериментот е спроведен пред десет години, кога технологијата беше далеку помалку распространета отколку денес.

Од 68 испитаници, само тројца го завршиле експериментот - едно девојче и две момчиња. Тинејџерка осум часа ги запишувала своите чувства во дневник. Едно од момчињата правело макета на едрилица, со пауза за ручек и шетање на кучето. Вториот прво ги сортирал и преуредувал своите колекции, а потоа се занимавал со пресадување цвеќиња. Ниту еден од нив немал негативни емоции за време на експериментот и не забележал појава на „чудни“ мисли.

Тројца учесници во експериментот изјавиле дека „имале самоубиствени мисли“, а петмина доживеале напади на паника. Кај 27 тинејџери се забележани симптоми како гадење, потење, вртоглавица, бранови на жештина или болки во стомакот. Речиси секој од нив пријавил чувство на страв и вознемиреност.

Интересот и возбудата за новонастанатата состојба и за соочувањето со себеси стивнаа кај речиси сите учесници на почетокот на вториот или до третиот час. Десет тинејџери кои го прекинале експериментот се чувствувале вознемирени по три или повеќе часа осаменост.

Што правеле тинејџерите за време на експериментот?

Јаделе;

Читале или се обидувале да читаат;

Пишувале домашни задачи или учеле;

Гледале низ прозорецот или се шетале низ станот;

Излегле во продавница или кафуле, без да комуницираат со други, освен со продавачите;

Наоѓале загатки и ределе „Лего“ коцки;

Цртале;

Си играле со куче или мачка;

Се капеле;

Си ја средувале собата или станот;

Се занимавале со физичка вежба;

Ги запишувале своите чувства и мисли;

Свиреле на пијано, гитара или флејта;

Пишувале поезија или проза;

Едно момче патувало низ градот пет часа, менувајќи автобуси и тролејбуси;

Едно момче отишло во забавен парк, но по три часа почнало да повраќа;

Едно момче шетало низ градот;

Едно момче отишло во зоолошката градина;

Една девојка отишла во музејот.

Што правеле по експериментот?

Речиси секој учесник се обидел да заспие во одреден миг, но никој не успеал поради мислите што им се вртеле низ главата. По завршувањето на експериментот, 14 тинејџери веднаш пристапиле до социјалните мрежи, 20 контактирале со своите пријатели, тројца со родителите, а петмина отишле да посетат свои другари. Останатите ги вклучиле телевизорите или почнале да играат видеоигри. Покрај тоа, речиси сите веднаш си пуштиле музика или ставиле слушалки на ушите.

Сите стравови и симптоми исчезнале веднаш по завршувањето на експериментот. Интересно е што 63 тинејџери го препознале експериментот како корисен и интересен за самоспознавање. Шест учесници сами го повториле експериментот и тврдат дека успеале по неколку обиди.

Кога тинејџерите анализирале што им се случило за време на експериментот, 51 лице користеле изрази како „зависност“, „доза“, „повлекување“, „излегува дека не можам да живеам без...“, „Постојано ми треба...“

Сите тие рекоа дека биле страшно изненадени од мислите што им се случиле за време на експериментот, но не можеле да се справат со нив поради влошување на општата состојба.

The post Eксперимент: Децата не знаат што да прават со себе кога ќе им ги одземат мобилните телефони appeared first on Република.

]]>

Психологот за деца од Санкт Петербург, Екатерина Мурашова и нејзините колеги во 2013 година спровеле интересен експеримент. Таа побарала од 68 тинејџери на возраст од 12 до 18 години да се откажат од сите свои електронски уреди, односно да ги исклучат мобилните телефони, компјутерите, телевизорите, таблетите и конзолите за игри, во траење од осум часа и за тоа време да не комуницираат со никого. Она што им било дозволено во тие осум часа е - да пишуваат, цртаат, читаат, пеат, шетаат и да се занимаваат со слични активности. Авторката на експериментот сакала да докаже дека современите тинејџери не можат да се преокупираат со такви работи и дека се целосно несвесни за својата состојба. Според правилата на експериментот на децата им било советувано да го прекинат експериментот доколку почувствуваат прекумерна вознемиреност, непријатност или напнатост и да го забележат времето и причината за прекинот. Резултатите биле шокантни, а треба да се земе предвид и дека експериментот е спроведен пред десет години, кога технологијата беше далеку помалку распространета отколку денес. Од 68 испитаници, само тројца го завршиле експериментот - едно девојче и две момчиња. Тинејџерка осум часа ги запишувала своите чувства во дневник. Едно од момчињата правело макета на едрилица, со пауза за ручек и шетање на кучето. Вториот прво ги сортирал и преуредувал своите колекции, а потоа се занимавал со пресадување цвеќиња. Ниту еден од нив немал негативни емоции за време на експериментот и не забележал појава на „чудни“ мисли. Тројца учесници во експериментот изјавиле дека „имале самоубиствени мисли“, а петмина доживеале напади на паника. Кај 27 тинејџери се забележани симптоми како гадење, потење, вртоглавица, бранови на жештина или болки во стомакот. Речиси секој од нив пријавил чувство на страв и вознемиреност. Интересот и возбудата за новонастанатата состојба и за соочувањето со себеси стивнаа кај речиси сите учесници на почетокот на вториот или до третиот час. Десет тинејџери кои го прекинале експериментот се чувствувале вознемирени по три или повеќе часа осаменост. Што правеле тинејџерите за време на експериментот? Јаделе; Читале или се обидувале да читаат; Пишувале домашни задачи или учеле; Гледале низ прозорецот или се шетале низ станот; Излегле во продавница или кафуле, без да комуницираат со други, освен со продавачите; Наоѓале загатки и ределе „Лего“ коцки; Цртале; Си играле со куче или мачка; Се капеле; Си ја средувале собата или станот; Се занимавале со физичка вежба; Ги запишувале своите чувства и мисли; Свиреле на пијано, гитара или флејта; Пишувале поезија или проза; Едно момче патувало низ градот пет часа, менувајќи автобуси и тролејбуси; Едно момче отишло во забавен парк, но по три часа почнало да повраќа; Едно момче шетало низ градот; Едно момче отишло во зоолошката градина; Една девојка отишла во музејот. Што правеле по експериментот? Речиси секој учесник се обидел да заспие во одреден миг, но никој не успеал поради мислите што им се вртеле низ главата. По завршувањето на експериментот, 14 тинејџери веднаш пристапиле до социјалните мрежи, 20 контактирале со своите пријатели, тројца со родителите, а петмина отишле да посетат свои другари. Останатите ги вклучиле телевизорите или почнале да играат видеоигри. Покрај тоа, речиси сите веднаш си пуштиле музика или ставиле слушалки на ушите. Сите стравови и симптоми исчезнале веднаш по завршувањето на експериментот. Интересно е што 63 тинејџери го препознале експериментот како корисен и интересен за самоспознавање. Шест учесници сами го повториле експериментот и тврдат дека успеале по неколку обиди. Кога тинејџерите анализирале што им се случило за време на експериментот, 51 лице користеле изрази како „зависност“, „доза“, „повлекување“, „излегува дека не можам да живеам без...“, „Постојано ми треба...“ Сите тие рекоа дека биле страшно изненадени од мислите што им се случиле за време на експериментот, но не можеле да се справат со нив поради влошување на општата состојба.

The post Eксперимент: Децата не знаат што да прават со себе кога ќе им ги одземат мобилните телефони appeared first on Република.

]]>
Почна огромен експеримент: Работа 4 дена во неделата, за иста плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochna-ogromen-eksperiment-rabota-4-dena-vo-nedelata-za-ista-plata/ Tue, 07 Jun 2022 09:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=512088

Повеќе од 3.300 работници во 70 компании во Обединетото Кралство, почнувајќи од мали локални бизниси до големи финансиски фирми, денеска почнуваат со четиридневна работна недела без намалување на платите, како дел од најголемото тестирање на новиот работен модел во светот.

Пилот-проектот ќе трае шест месеци, организиран од друштвото „4 дена во неделата Глобал“, а во партнерство со тинк-тенк групата Autonomi, Кампањата 4 дена во неделата и истражувачи од Универзитетот Кембриџ, Универзитетот Оксфорд и Бостонскиот колеџ, пишува „Гардијан“.

Истражувањето се заснова на шема од 100: 80: 100 – 100 проценти од платите за 80 проценти од работното време, во замена за задолжително одржување на 100 проценти продуктивност.

Џо О’Конор, извршен директор на непрофитната група „4 дена во неделата Глобал“, вели дека Обединетото Кралство е предводник на четиридневната работна недела.

Како што излегуваме од пандемијата, се повеќе компании препознаваат дека квалитетот на животот е нова граница што ја дели конкуренцијата и дека работата со скратено работно време е фокусирана на резултати, алатка која им дава конкурентна предност, рече тој.

Меѓу оние кои учествуваат во ова тестирање се компании кои обезбедуваат образование, советување на работното место, домување, нега на кожа, регрутирање градежни работници, храна и пијалоци и услуги за дигитален маркетинг….

Истражувачите ќе работат со секоја организација која учествува во проектот за да го измерат влијанието на скратената работна недела врз продуктивноста на бизнисот и благосостојбата на нејзините вработени, како и влијанието врз животната средина и родовата еднаквост.

Тестирањето на четиридневната работна недела, со поддршка на владите, треба да започне подоцна оваа година во Шпанија и Шкотска.

Џулиет Скор, професорка по социологија на Бостонскиот колеџ и главен истражувач на пилот-проектот, го опишува потфатот како „историски експеримент“.

Ќе анализираме како реагираат вработените на дополнителниот слободен ден, во однос на стресот и исцрпеноста на работа, нивното задоволство од работата и животот, здравјето, спиењето, користењето електрична енергија, патувањето и многу други аспекти од животот, објаснува таа.

Се додава дека четиридневната работна недела генерално се смета за политика на тројни бенефиции, помагање на вработените, компаниите и климата.

Ед Сиел, извршен директор на Черити банка, е горд што ова е една од првите банки во Обединетото Кралство што прифати четиридневна работна недела.

„Ние сме шампиони во однос на флексибилната работа долго време… За Черити банка, преминот кон четиридневна недела е природен следен чекор“, рече тој.

 

The post Почна огромен експеримент: Работа 4 дена во неделата, за иста плата appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 3.300 работници во 70 компании во Обединетото Кралство, почнувајќи од мали локални бизниси до големи финансиски фирми, денеска почнуваат со четиридневна работна недела без намалување на платите, како дел од најголемото тестирање на новиот работен модел во светот.
Пилот-проектот ќе трае шест месеци, организиран од друштвото „4 дена во неделата Глобал“, а во партнерство со тинк-тенк групата Autonomi, Кампањата 4 дена во неделата и истражувачи од Универзитетот Кембриџ, Универзитетот Оксфорд и Бостонскиот колеџ, пишува „Гардијан“.
Истражувањето се заснова на шема од 100: 80: 100 – 100 проценти од платите за 80 проценти од работното време, во замена за задолжително одржување на 100 проценти продуктивност. Џо О’Конор, извршен директор на непрофитната група „4 дена во неделата Глобал“, вели дека Обединетото Кралство е предводник на четиридневната работна недела.
Како што излегуваме од пандемијата, се повеќе компании препознаваат дека квалитетот на животот е нова граница што ја дели конкуренцијата и дека работата со скратено работно време е фокусирана на резултати, алатка која им дава конкурентна предност, рече тој.
Меѓу оние кои учествуваат во ова тестирање се компании кои обезбедуваат образование, советување на работното место, домување, нега на кожа, регрутирање градежни работници, храна и пијалоци и услуги за дигитален маркетинг…. Истражувачите ќе работат со секоја организација која учествува во проектот за да го измерат влијанието на скратената работна недела врз продуктивноста на бизнисот и благосостојбата на нејзините вработени, како и влијанието врз животната средина и родовата еднаквост. Тестирањето на четиридневната работна недела, со поддршка на владите, треба да започне подоцна оваа година во Шпанија и Шкотска. Џулиет Скор, професорка по социологија на Бостонскиот колеџ и главен истражувач на пилот-проектот, го опишува потфатот како „историски експеримент“.
Ќе анализираме како реагираат вработените на дополнителниот слободен ден, во однос на стресот и исцрпеноста на работа, нивното задоволство од работата и животот, здравјето, спиењето, користењето електрична енергија, патувањето и многу други аспекти од животот, објаснува таа.
Се додава дека четиридневната работна недела генерално се смета за политика на тројни бенефиции, помагање на вработените, компаниите и климата. Ед Сиел, извршен директор на Черити банка, е горд што ова е една од првите банки во Обединетото Кралство што прифати четиридневна работна недела. „Ние сме шампиони во однос на флексибилната работа долго време… За Черити банка, преминот кон четиридневна недела е природен следен чекор“, рече тој.  

The post Почна огромен експеримент: Работа 4 дена во неделата, за иста плата appeared first on Република.

]]>