ековас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekovas/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Aug 2023 12:54:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ековас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekovas/ 32 32 Африканската унија ја поддржа одлуката на ЕКОВАС за воена интервенција во Нигер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/afrikanskata-unija-ja-poddrzha-odlukata-na-ekovas-za-voena-interventsija-vo-niger/ Fri, 11 Aug 2023 12:54:40 +0000 https://republika.mk/?p=671164

Африканската унија денеска соопшти дека ги поддржува одлуките на западноафриканскиот регионален блок ЕКОВАС за Нигер и ја повика меѓународната заедница да го спаси животот на претседателот Мохамед Базум, чии услови во притворот на воената хунта, која го собори од власта,се влошуваат, пренесуваат британските медиуми.

Економската заедница на западноафриканските држави-ЕКОВАС, вчера соопшти дека сите опции се уште се во игра и одлучи да ги стави силите во состојба на готовност за можна воена интервенција.

Претседателот на Комисијата на Африканската унија, Муса Факи Махамат, ја поддржа одлуката на ЕКОВАС да почне воена операција во Нигер, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Африканската унија, пренесе Тасс.

Махамат изрази загриженост за ситуацијата во Нигер и повика на „итно ослободување“ на претседателот Мохамед Базум, неговото семејство и членовите на владата, изјавувајќи дека условите во кои тие се држат се „лоши“.

Претседателот на Брегот на Слоновата Коска, Аласан Уатара, по враќањето од самитот одржан вчера во Абуџа, изјави дека лидерите на ЕКОВАС се согласиле да почнат воена операција во Нигер што е можно поскоро. Уатара нагласи дека Брегот на Слоновата Коска ќе обезбеди баталјон од 850 и 1.100 војници за ваквата операција, а ќе учествуваат и Бенин, Нигерија и други земји.

Американските медиуми вчера објавија дека лидерите на армијата во Нигер наводно ѝ соопштиле на в.д. заменик државната секретарка на САД, Викторија Нуланд, дека имаат намера да го убијат соборениот претседател Мохамед Базум, доколку соседните земји почнат воена интервенција во обид да го вратат на власт доскорешниот шеф на државата.

The post Африканската унија ја поддржа одлуката на ЕКОВАС за воена интервенција во Нигер appeared first on Република.

]]>

Африканската унија денеска соопшти дека ги поддржува одлуките на западноафриканскиот регионален блок ЕКОВАС за Нигер и ја повика меѓународната заедница да го спаси животот на претседателот Мохамед Базум, чии услови во притворот на воената хунта, која го собори од власта,се влошуваат, пренесуваат британските медиуми. Економската заедница на западноафриканските држави-ЕКОВАС, вчера соопшти дека сите опции се уште се во игра и одлучи да ги стави силите во состојба на готовност за можна воена интервенција. Претседателот на Комисијата на Африканската унија, Муса Факи Махамат, ја поддржа одлуката на ЕКОВАС да почне воена операција во Нигер, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Африканската унија, пренесе Тасс. Махамат изрази загриженост за ситуацијата во Нигер и повика на „итно ослободување“ на претседателот Мохамед Базум, неговото семејство и членовите на владата, изјавувајќи дека условите во кои тие се држат се „лоши“. Претседателот на Брегот на Слоновата Коска, Аласан Уатара, по враќањето од самитот одржан вчера во Абуџа, изјави дека лидерите на ЕКОВАС се согласиле да почнат воена операција во Нигер што е можно поскоро. Уатара нагласи дека Брегот на Слоновата Коска ќе обезбеди баталјон од 850 и 1.100 војници за ваквата операција, а ќе учествуваат и Бенин, Нигерија и други земји. Американските медиуми вчера објавија дека лидерите на армијата во Нигер наводно ѝ соопштиле на в.д. заменик државната секретарка на САД, Викторија Нуланд, дека имаат намера да го убијат соборениот претседател Мохамед Базум, доколку соседните земји почнат воена интервенција во обид да го вратат на власт доскорешниот шеф на државата.

The post Африканската унија ја поддржа одлуката на ЕКОВАС за воена интервенција во Нигер appeared first on Република.

]]>
Ќе има ли воена интервенција: Африкански лидери ќе разговараат за состојбата во Нигер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ke-ima-li-voena-interventsija-afrikanski-lideri-ke-razgovaraat-za-sostojbata-vo-niger/ Mon, 07 Aug 2023 19:38:04 +0000 https://republika.mk/?p=669755

Лидерите на економската заедница на западноафриканските држави ЕКОВАС (ECOWAS) в четврток планираат да се состанат во главниот град на Нигерија, Абуџа, за да ги договорат натамошни чекори за справување со кризата во Нигер, земјата која на 26 јули беше преземена од воената хунта, за ДПА соопшти портпаролот на ЕКОВАС.

Петнаесетчлената организација минатата недела им постави седумдневен ултиматум на новите власти, кои со државниот удар ја презедоа власта во земјата. Ултиматумот, со кој се повика новата хунта да го врати претходниот претседател, Мохамед Базум, истече вчера. ДПА појаснува дека во ултиматумот беше наведено дека организацијата ќе преземе и посериозни мерки, што може да вклучат и насилство, доколку Базум не биде вратен на власт.

Нигерискиот претседател Бола Тинубу е актуелен претседател на ЕКОВАС. Мали и Буркина Фасо се суспендирани од оваа организација откако нивните влади беа преземени од војската со државни удари. Двете земји, кои ги делат границите со Нигер, застанаа на страната на новите власти во Нигер и се заканија дека секоја интервенција во оваа земја ќе ја сметаат за „објавување војна“, потсетува ДПА.

Базум беше уапсен, сменет и заменет со лидерот на пучот, командантот на претседателовата гарда, генерал Абдурахаман Тчиани.

The post Ќе има ли воена интервенција: Африкански лидери ќе разговараат за состојбата во Нигер appeared first on Република.

]]>

Лидерите на економската заедница на западноафриканските држави ЕКОВАС (ECOWAS) в четврток планираат да се состанат во главниот град на Нигерија, Абуџа, за да ги договорат натамошни чекори за справување со кризата во Нигер, земјата која на 26 јули беше преземена од воената хунта, за ДПА соопшти портпаролот на ЕКОВАС. Петнаесетчлената организација минатата недела им постави седумдневен ултиматум на новите власти, кои со државниот удар ја презедоа власта во земјата. Ултиматумот, со кој се повика новата хунта да го врати претходниот претседател, Мохамед Базум, истече вчера. ДПА појаснува дека во ултиматумот беше наведено дека организацијата ќе преземе и посериозни мерки, што може да вклучат и насилство, доколку Базум не биде вратен на власт. Нигерискиот претседател Бола Тинубу е актуелен претседател на ЕКОВАС. Мали и Буркина Фасо се суспендирани од оваа организација откако нивните влади беа преземени од војската со државни удари. Двете земји, кои ги делат границите со Нигер, застанаа на страната на новите власти во Нигер и се заканија дека секоја интервенција во оваа земја ќе ја сметаат за „објавување војна“, потсетува ДПА. Базум беше уапсен, сменет и заменет со лидерот на пучот, командантот на претседателовата гарда, генерал Абдурахаман Тчиани.

The post Ќе има ли воена интервенција: Африкански лидери ќе разговараат за состојбата во Нигер appeared first on Република.

]]>