Економско-социјалниот совет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekonomsko-socijalniot-sovet/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 09:00:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Економско-социјалниот совет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekonomsko-socijalniot-sovet/ 32 32 Економско-социјалниот совет денеска ќе ја одржи првата седница, ќе се зборува и за покачувањето на минималната плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ekonomsko-sotsijalniot-sovet-deneska-ke-ja-odrzhi-prvata-sednitsa-ke-se-zboruva-i-za-pokachuvaneto-na-minimalnata-plata/ Thu, 10 Oct 2024 06:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=824936

Економско-социјалниот совет (ЕСС) денеска треба да ја одржи првата седница по формирањето на новата Влада.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во вторникот на прес-конференција изјави дека со работодавачите и синдикатите ќе се продискутираат сите нивни барања, идеи, критики и предлози, како и барањето за покачување на минималната плата.

- Заедно и транспарентно ќе носиме одлуки. Ќе ги видиме и можностите на Владата, но ќе ги слушнеме и работодавачите и синдикатите и ќе донесеме заедничка одлука, рече Дурмиши.

Во однос на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 евра во првите 100 дена од Владата, Дурмиши истакна дека според законот покачувањето на минималната плата треба да се случи во март идната година.

Од  Сојузот на синдикати на Македонија и од Организацијата на работодавачи на 1 октомври кога се одбележуваа 100 дена од работата на Владата изразија очекување дека наскоро ќе биде свикана седница на ЕСС. Тогаш од ССМ не сакаа да ги коментираат првите 100 дена од работењето на новата Влада изразувајќи надеж дека ќе биде свикана седница на ЕСС на која ќе им биде кажано што е сработено, а од Организацијата на работодавачи на Македонија посочија дека имале високи очекувања, но дека досега ништо не е направено

The post Економско-социјалниот совет денеска ќе ја одржи првата седница, ќе се зборува и за покачувањето на минималната плата appeared first on Република.

]]>

Економско-социјалниот совет (ЕСС) денеска треба да ја одржи првата седница по формирањето на новата Влада. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во вторникот на прес-конференција изјави дека со работодавачите и синдикатите ќе се продискутираат сите нивни барања, идеи, критики и предлози, како и барањето за покачување на минималната плата.
- Заедно и транспарентно ќе носиме одлуки. Ќе ги видиме и можностите на Владата, но ќе ги слушнеме и работодавачите и синдикатите и ќе донесеме заедничка одлука, рече Дурмиши.
Во однос на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 евра во првите 100 дена од Владата, Дурмиши истакна дека според законот покачувањето на минималната плата треба да се случи во март идната година. Од  Сојузот на синдикати на Македонија и од Организацијата на работодавачи на 1 октомври кога се одбележуваа 100 дена од работата на Владата изразија очекување дека наскоро ќе биде свикана седница на ЕСС. Тогаш од ССМ не сакаа да ги коментираат првите 100 дена од работењето на новата Влада изразувајќи надеж дека ќе биде свикана седница на ЕСС на која ќе им биде кажано што е сработено, а од Организацијата на работодавачи на Македонија посочија дека имале високи очекувања, но дека досега ништо не е направено

The post Економско-социјалниот совет денеска ќе ја одржи првата седница, ќе се зборува и за покачувањето на минималната плата appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Економско-социјалниот совет в понеделник ќе одлучува за висината на минималната плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-ekonomsko-sotsijalniot-sovet-v-ponedelnik-ke-odluchuva-za-visinata-na-minimalnata-plata/ Fri, 10 Mar 2023 09:02:56 +0000 https://republika.mk/?p=618013

Колкав ќе биде новиот износ на минималната плата треба да се знае в понеделник, кога за ова прашање ќе одлучува Економско-социјалниот совет, најави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Според министерката, новиот износ на минималната плата ќе влезе во пресметките на работодавачите за мартовските плати што ќе треба да им ги исплатат на своите вработени.

Одлуката за висината на минималната плата се носи токму на Економско-социјалниот совет, потоа се објавува во ‘Службен весник’, за да може работодавачите да ги усогласат платите кои ќе ги исплатат за месец март со одлуката, односно со висината на минималната плата“, вели во изјава за државната новинска агенција МИА.

Економско-социјалниот совет е трипартитно тело, формирано од Владата и социјалните партнери за водење на социјален дијалог заради создавање услови за економска и социјална стабилност.

Потписници на спогодбата за основање на Економско-социјалниот совет се Владата, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи.

Очекувањата, според најавите што дојдоа и од премиерот Димитар Ковачевски, се дека ќе има зголемување на минималната плата, која сега изнесува 18 000 денари.

Ковачевски во своето обраќање на конференцијата „Година на нови можности“ на 30 јануари најави зголемување на минималната плата за околу 2 200 денари.

Како што истакна премиерот тогаш, со измените и дополнувањата на Законот за минимална плата донесени во 2023 година, наместо сегашните 18 000 денари таа ќе изнесува 20 200 денари.

 

The post Тренчевска: Економско-социјалниот совет в понеделник ќе одлучува за висината на минималната плата appeared first on Република.

]]>

Колкав ќе биде новиот износ на минималната плата треба да се знае в понеделник, кога за ова прашање ќе одлучува Економско-социјалниот совет, најави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Според министерката, новиот износ на минималната плата ќе влезе во пресметките на работодавачите за мартовските плати што ќе треба да им ги исплатат на своите вработени.
Одлуката за висината на минималната плата се носи токму на Економско-социјалниот совет, потоа се објавува во ‘Службен весник’, за да може работодавачите да ги усогласат платите кои ќе ги исплатат за месец март со одлуката, односно со висината на минималната плата“, вели во изјава за државната новинска агенција МИА.
Економско-социјалниот совет е трипартитно тело, формирано од Владата и социјалните партнери за водење на социјален дијалог заради создавање услови за економска и социјална стабилност. Потписници на спогодбата за основање на Економско-социјалниот совет се Владата, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи. Очекувањата, според најавите што дојдоа и од премиерот Димитар Ковачевски, се дека ќе има зголемување на минималната плата, која сега изнесува 18 000 денари. Ковачевски во своето обраќање на конференцијата „Година на нови можности“ на 30 јануари најави зголемување на минималната плата за околу 2 200 денари. Како што истакна премиерот тогаш, со измените и дополнувањата на Законот за минимална плата донесени во 2023 година, наместо сегашните 18 000 денари таа ќе изнесува 20 200 денари.  

The post Тренчевска: Економско-социјалниот совет в понеделник ќе одлучува за висината на минималната плата appeared first on Република.

]]>