економски мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekonomski-merki/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Nov 2022 14:34:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png економски мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekonomski-merki/ 32 32 Кочоска: Предлагаме пакет на економски мерки со поголеми износи и реални на инфлацискиот шок кои ќе опфатат поширока група на граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kochoska-predlagame-paket-na-ekonomski-merki-so-pogolemi-iznosi-i-realni-na-inflaciskiot-shok-koi-kje-opfatat-poshiroka-grupa-na-gragjani/ Sun, 06 Nov 2022 14:34:32 +0000 https://republika.mk/?p=570393

Ние како ВМРО-ДПМНЕ во континуитет предлагаме мерки почнувајќи од корона криза па се до сега со економската криза, иако постојано се одбиваат нашите мерки, јас морам да кажам дека ние понатаму ќе продолжиме да предлагаме мерки кои секогаш се во интерес на граѓаните и ќе бидеме упорни, затоа што сметаме дека мерките кои што ги предлагаме се во согласност со состојбата во која што се наоѓа целата државата, вели Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ на денештото линковско вклучување од вториот ден на политичкиот саем на промените што носат иднина во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Кочоска истакна дека мерките за надминување на екомската, финансиска или пак енергетска криза ги предлагаат во зависност од состојбата во државата, во зависност од фискалната и монетарната политика и во зависност од состојбата во која се наоѓаат и претпријатијата.

А сега имаме мерки кои што се предложени и кои што се наоѓаат во собранието, а деновиве слушам дека има и обвинувања, посебно упатени кон нашиот пратеник кој што е претседател на Комисијата за финансирање и буџет и целата пратеничка група, дека кочиме некакви мерки.
Ние не кочиме никакви мерки, туку ние се трудиме, она кои што тие го понудија како мерки, кои што изнесуваат 20 милиони евра и сметам дека тоа е огромен страм, во вакви услови на ваква криза, каде што имаме еден куп граѓани погодени, поготово социјално ранливите категории, ние треба тука да излеземе со многу поголем пакет на мерки. И имајќи предвид дека не се откажавме од приходна страна од ниту еден данок, и токму затоа затоа што има пари во буџетот по тој основ прибрани. Затоа ние излегуваме со таков пакет на мерки каде што ќе опфатиме една поширока група на граѓани, тука се и студентите, тука се и социјално ранливите категории, тука се и пензионерите, при што зборуваме за износи кои што ќе бидат поголеми и кои што се реални врз основа на инфлацискиот шок се случува, исткана Кочоска.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ предлага и викенди без ДДВ за храна, за што сметаат дека тоа е точно во согласност со високите цени кои што ги имаме во овој период.

При тоа, морам да нагласам дека предлагаме намалување на акцизата и ова го правиме во континуитет неколку пати годинава. Апелирам до владата да го прифата, затоа што на тој начин ќе имаме намалување на производните цени или цените кои што ги имаат граѓаните кога ги купуваат производите кои ќе бидат намалени токму затоа што ќе има намалување на акцизата. Оваа мерка е од големо значење за граѓаните. ние, сите мерки кои што ги предлагаме, ги предлагаме се со цел сите граѓани да имаат бенефит од од нив, рече меѓу другото Кочоска.

 

The post Кочоска: Предлагаме пакет на економски мерки со поголеми износи и реални на инфлацискиот шок кои ќе опфатат поширока група на граѓани appeared first on Република.

]]>

Ние како ВМРО-ДПМНЕ во континуитет предлагаме мерки почнувајќи од корона криза па се до сега со економската криза, иако постојано се одбиваат нашите мерки, јас морам да кажам дека ние понатаму ќе продолжиме да предлагаме мерки кои секогаш се во интерес на граѓаните и ќе бидеме упорни, затоа што сметаме дека мерките кои што ги предлагаме се во согласност со состојбата во која што се наоѓа целата државата, вели Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ на денештото линковско вклучување од вториот ден на политичкиот саем на промените што носат иднина во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Кочоска истакна дека мерките за надминување на екомската, финансиска или пак енергетска криза ги предлагаат во зависност од состојбата во државата, во зависност од фискалната и монетарната политика и во зависност од состојбата во која се наоѓаат и претпријатијата.
А сега имаме мерки кои што се предложени и кои што се наоѓаат во собранието, а деновиве слушам дека има и обвинувања, посебно упатени кон нашиот пратеник кој што е претседател на Комисијата за финансирање и буџет и целата пратеничка група, дека кочиме некакви мерки. Ние не кочиме никакви мерки, туку ние се трудиме, она кои што тие го понудија како мерки, кои што изнесуваат 20 милиони евра и сметам дека тоа е огромен страм, во вакви услови на ваква криза, каде што имаме еден куп граѓани погодени, поготово социјално ранливите категории, ние треба тука да излеземе со многу поголем пакет на мерки. И имајќи предвид дека не се откажавме од приходна страна од ниту еден данок, и токму затоа затоа што има пари во буџетот по тој основ прибрани. Затоа ние излегуваме со таков пакет на мерки каде што ќе опфатиме една поширока група на граѓани, тука се и студентите, тука се и социјално ранливите категории, тука се и пензионерите, при што зборуваме за износи кои што ќе бидат поголеми и кои што се реални врз основа на инфлацискиот шок се случува, исткана Кочоска.
Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ предлага и викенди без ДДВ за храна, за што сметаат дека тоа е точно во согласност со високите цени кои што ги имаме во овој период.
При тоа, морам да нагласам дека предлагаме намалување на акцизата и ова го правиме во континуитет неколку пати годинава. Апелирам до владата да го прифата, затоа што на тој начин ќе имаме намалување на производните цени или цените кои што ги имаат граѓаните кога ги купуваат производите кои ќе бидат намалени токму затоа што ќе има намалување на акцизата. Оваа мерка е од големо значење за граѓаните. ние, сите мерки кои што ги предлагаме, ги предлагаме се со цел сите граѓани да имаат бенефит од од нив, рече меѓу другото Кочоска.
 

The post Кочоска: Предлагаме пакет на економски мерки со поголеми износи и реални на инфлацискиот шок кои ќе опфатат поширока група на граѓани appeared first on Република.

]]>
Германија усвои пакет помош за енергетската криза тежок 200 милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-usvoi-paket-pomosh-za-energetskata-kriza-tezok-200-milijardi-evra/ Fri, 21 Oct 2022 14:57:07 +0000 https://republika.mk/?p=564104

Германскиот Бундестаг го усвои владиниот „одбранбен чадор“ со кој владината коалиција на канцеларот Олаф Шолц реагира на енергетската криза. Уставно дефинираната „кочница“ за нови задолжувања се укинува по втор пат оваа година. Имено, заобиколувањето на „кочницата“ за нови задолжувања е дозволено само во вонредни ситуации. За владиниот предлог гласаа пратениците од СПД, Зелените и Либералите. Против беше Унијата (ЦДУ и ЦСУ), а Левица и АфД беа воздржани.

Новото укинување на „кочницата“ за задолжувања владата го оправда со последиците од војната во Украина врз цените на енергенсите. А драстичниот пораст на цените на енергијата претставува огромно оптоварување, делумно и загрозување на егзистенцијата на граѓаните и претпријатијата во Германија, стои во усвоениот документ.

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја поздрави одлуката на Бундестагот како добра вест за сите оние кои се загрижени поради тековните режиски трошоци, а се надева дека „заштитниот чадор“ ќе помогне во совладување на превисоките цени на енергијата.

Предвидено е со помош на нови кредити уште оваа година да бидат уплатени 200 милијарди евра во Фонд за стабилизација на економијата, создаден за време на пандемијата на корона вирусот, кој сега ќе биде пренаменет. Средствата ќе можат да се користат до средината на 2024 година. Со пари од овој Фонд би требало да се финансира „кочницата“ за ограничување на цените на гасот во Германија, но еден дел и за цената на струјата, односно исплата на помош на фирмите и за стабилизација на увозниците на гас кои се најдоа во големи проблеми поради енергетската криза.

Од Унијата и од Левица стигна жестока критика на сметка на сојузната влада. Финансискиот експерт од ЦДУ Матијас Миделбергер критикуваше што владата од пратениците побара бланко поддршка, без да се знае што ќе прави конкретно.

Имено, засега е отворено на кој начин ќе дејствува владата против драстичниот скок на цените на гас и струја. Во поглед на гасот, владата ангажираше стручна комисија, чиј предлог е сојузната власт за почеток комплетно да го преземат подмирувањето на сметките на граѓаните и фирмите за декември годинава.

Од март идната година на сила треба да стапи горна граница за одредена количина потрошен гас (т.н. основен контингент) – односно 80 проценти од просечната потрошувачка. Се разговара за сличен концепт и во поглед на струјата. Еден дел од основната потрошувачка би бил по повластена цена, а остатокот – по повисока. На таков начин владата сака да осигура штедење на енергијата и тоа и покрај поволната цена за дел од потрошувачката.

The post Германија усвои пакет помош за енергетската криза тежок 200 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Германскиот Бундестаг го усвои владиниот „одбранбен чадор“ со кој владината коалиција на канцеларот Олаф Шолц реагира на енергетската криза. Уставно дефинираната „кочница“ за нови задолжувања се укинува по втор пат оваа година. Имено, заобиколувањето на „кочницата“ за нови задолжувања е дозволено само во вонредни ситуации. За владиниот предлог гласаа пратениците од СПД, Зелените и Либералите. Против беше Унијата (ЦДУ и ЦСУ), а Левица и АфД беа воздржани. Новото укинување на „кочницата“ за задолжувања владата го оправда со последиците од војната во Украина врз цените на енергенсите. А драстичниот пораст на цените на енергијата претставува огромно оптоварување, делумно и загрозување на егзистенцијата на граѓаните и претпријатијата во Германија, стои во усвоениот документ. Германскиот канцелар Олаф Шолц ја поздрави одлуката на Бундестагот како добра вест за сите оние кои се загрижени поради тековните режиски трошоци, а се надева дека „заштитниот чадор“ ќе помогне во совладување на превисоките цени на енергијата. Предвидено е со помош на нови кредити уште оваа година да бидат уплатени 200 милијарди евра во Фонд за стабилизација на економијата, создаден за време на пандемијата на корона вирусот, кој сега ќе биде пренаменет. Средствата ќе можат да се користат до средината на 2024 година. Со пари од овој Фонд би требало да се финансира „кочницата“ за ограничување на цените на гасот во Германија, но еден дел и за цената на струјата, односно исплата на помош на фирмите и за стабилизација на увозниците на гас кои се најдоа во големи проблеми поради енергетската криза. Од Унијата и од Левица стигна жестока критика на сметка на сојузната влада. Финансискиот експерт од ЦДУ Матијас Миделбергер критикуваше што владата од пратениците побара бланко поддршка, без да се знае што ќе прави конкретно. Имено, засега е отворено на кој начин ќе дејствува владата против драстичниот скок на цените на гас и струја. Во поглед на гасот, владата ангажираше стручна комисија, чиј предлог е сојузната власт за почеток комплетно да го преземат подмирувањето на сметките на граѓаните и фирмите за декември годинава. Од март идната година на сила треба да стапи горна граница за одредена количина потрошен гас (т.н. основен контингент) – односно 80 проценти од просечната потрошувачка. Се разговара за сличен концепт и во поглед на струјата. Еден дел од основната потрошувачка би бил по повластена цена, а остатокот – по повисока. На таков начин владата сака да осигура штедење на енергијата и тоа и покрај поволната цена за дел од потрошувачката.

The post Германија усвои пакет помош за енергетската криза тежок 200 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Замрзнување и ограничување на цените на храната, гасот и горивото, еднократна парична помош: Како европските влади им помагаат на граѓаните во криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zamrznuvanje-i-ogranichuvanje-na-cenite-na-hranata-gasot-i-gorivoto-ednokratna-parichna-pomosh-kako-evropskite-vladi-im-pomagaat-na-gragjanite-vo-kriza/ Sun, 03 Jul 2022 09:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=522986

Германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти дека презема мерки за да ги направи последиците од инфлацијата поподносливи за граѓаните со еднократни плаќања. Тој предлог предизвика поделени реакции во германија.

„Дојче Веле“ прави анализа како владите во Европа се справуваат со ова прашање?

Животот поскапува и тоа не само во Германија. Многу земји доживуваат стапки на инфлација што не се забележани со децении. Клучната причина е порастот на трошоците за енергија како резултат на санкциите наметнати на Русија по војната во Украина.

Со цел да го спречи зголемувањето на цените, германската влада одговори со даночни и царински олеснувања за фосилните горива. Оние кои долго време се невработени добиваат еднократен надоместок од 200 евра, а детскиот додаток се зголемува за 100 евра месечно.

Канцеларот Шолц сега предложи работодавците и синдикатите во претстојните редовни преговори да се договорат за еднократна исплата, која во тој случај би била ослободена од данок, а не за зголемување на платата.

На овој начин сака да го спречи т.н спирала на плата и цена која се јавува кога потрошувачите номинално имаат се повеќе и повеќе пари да купат иста количина на стоки. Ова го отстранува економскиот поттик за прилагодување на потрошувачката на оскудната понуда предизвикана од порастот на цените.

Според студијата на бриселската тинк-тенк „Бројгел“, речиси сите влади во Европа презеле некои чекори за да го растеретат своето население. Патеките, сепак, се сосема различни.

Грција

Откако грчките граѓани мораа да трпат пад на реалните плати речиси секоја година во изминатата деценија, државата сега реагираше брзо за да ја ублажи загубата на куповната моќ.

Според податоците на Бригел, Владата за ова обезбедила пакет мерки во висина од 3,7 отсто од бруто домашниот производ (БДП) - во однос на економското производство на земјава. Затоа овој пакет е најскап во цела Европска Унија.

Минатата есен, официјална Атина одлучи да воведе паушални месечни одбивања до 42 евра месечно за приватните и деловните сметки за електрична енергија. Со тој паушал владата го задржа поттикот за заштеда на струја. Покрај тоа, домаќинствата со ниски приходи и помалите фирми имаат релативно поголема корист.

Сепак, владата ја промени стратегијата на почетокот на годината: компаниите добија намалување на цените за 65 евра по мегават-час (MWh), а социјално ранливите домаќинства за 180 евра по MWh.

Тоа намалување на цената секако е забележливо ако се земе предвид дека едно нормално домаќинство троши меѓу три и пет мегават-часови годишно.

По истиот принцип, програмата ги олеснува и потрошувачите на гас. Недостаток е што има помал поттик за потрошувачите да штедат енергија. Тоа доведува до зголемена побарувачка, а со тоа и до пораст на цените.

Естонија, Литванија, Летонија

По тој редослед, трите балтички држави ја предводат листата на Евростат на земји со највисока стапка на инфлација во Европа. Тие се и во првите шест кога станува збор за поскапувањето на енергијата.

Една од причините е тоа што, покрај увозот на руски суровини, овие земји купуваа и голема количина струја од Русија. Затоа оддалечувањето од увозот на енергетски производи од Русија влијае двојно на нив.

Според Бројгел, тие три земји трошат многу различни износи, мерени според БДП, со цел да ги заштитат граѓаните од поскапувања.

Естонија, која забележа најголем пораст на цените на енергијата, троши само 0,8 отсто од БДП на мерки. Најголем дел од нив оди за домаќинствата со ниски приходи. Дополнително, владата прво ги преполови таксите за мрежата, а потоа целосно ги укина - се со цел да ги намали потрошувачките цени. На крајот владата ги ограничи и цените на гасот и струјата.

Летонија, исто така, им плаќаше на економски слабите домаќинства паушална стапка за трошоци за енергија до 20 евра месечно и ги намали таксите за мрежата.

Литванија го воведе најголемиот енергетски пакет од сите три балтички земји и втор по големина меѓу земјите на ЕУ. Приближно половина од приближно две милијарди евра треба да се насочат во директна помош. Со другата половина, владата сака да поттикне инвестиции во енергетска независност преку обновливи извори на енергија.

Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја ограничи висината на цела серија потрошувачки цени непосредно пред изборите во април. Тој ги замрзна цените на горивата минатата есен. Сепак, ваквите мерки целосно го поништуваат економски важен сигнал за потрошувачите: никој не ја ограничува потрошувачката, иако стоките стануваат се поретки.

Бензинските пумпи трпат поради поскапувањето на горивата. Субвенцијата во противвредност од пет евроценти за литар е, според тврдењата на индустриските здруженија, апсолутно недоволна. Затоа се очекува затворање на погони и стечаи.

Иако државната финансиска помош очигледно не е доволна, според новинската агенција Ројтерс, мерките, и покрај тоа, може да ја чинат Унгарија околу пет милијарди евра.

Обединето Кралство

Британците минуваат низ највисоката стапка на инфлација во последните 40 години. Трошоците за енергија и гориво се многу важен фактор и таму - и покрај ценовните плафонски мерки кои се во сила долги години.

Сепак, регулаторното тело „Офгем“ ја прилагодува оваа граница двапати годишно на пазарните услови, така што на пазарот остануваат само доверливи добавувачи на енергија.

Во април, тоа регулаторно тело ја зголеми горната граница за неверојатни 54 проценти - на 1.971 фунти (околу 2.300 евра). Износот се однесува на индивидуално домаќинство и година за просечна количина на гас и електрична енергија.

Во октомври, сметката за енергија на секое домаќинство автоматски ќе се намали за 200 фунти. Но, граѓаните ќе треба да ги вратат тие 200 фунти некаде во следните пет години.

Во пракса, само домаќинствата со ниски примања се всушност олеснети. Локалните енергетски компании се обврзани да им дадат попуст од 140 фунти на нивната годишна сметка, која се плаќа од профитниот фонд специјално формиран за таа намена. Во иднина би требало да имаат корист повеќе граѓани, а попустот би можел да се зголеми.

The post Замрзнување и ограничување на цените на храната, гасот и горивото, еднократна парична помош: Како европските влади им помагаат на граѓаните во криза appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти дека презема мерки за да ги направи последиците од инфлацијата поподносливи за граѓаните со еднократни плаќања. Тој предлог предизвика поделени реакции во германија. „Дојче Веле“ прави анализа како владите во Европа се справуваат со ова прашање? Животот поскапува и тоа не само во Германија. Многу земји доживуваат стапки на инфлација што не се забележани со децении. Клучната причина е порастот на трошоците за енергија како резултат на санкциите наметнати на Русија по војната во Украина. Со цел да го спречи зголемувањето на цените, германската влада одговори со даночни и царински олеснувања за фосилните горива. Оние кои долго време се невработени добиваат еднократен надоместок од 200 евра, а детскиот додаток се зголемува за 100 евра месечно. Канцеларот Шолц сега предложи работодавците и синдикатите во претстојните редовни преговори да се договорат за еднократна исплата, која во тој случај би била ослободена од данок, а не за зголемување на платата. На овој начин сака да го спречи т.н спирала на плата и цена која се јавува кога потрошувачите номинално имаат се повеќе и повеќе пари да купат иста количина на стоки. Ова го отстранува економскиот поттик за прилагодување на потрошувачката на оскудната понуда предизвикана од порастот на цените. Според студијата на бриселската тинк-тенк „Бројгел“, речиси сите влади во Европа презеле некои чекори за да го растеретат своето население. Патеките, сепак, се сосема различни.

Грција

Откако грчките граѓани мораа да трпат пад на реалните плати речиси секоја година во изминатата деценија, државата сега реагираше брзо за да ја ублажи загубата на куповната моќ. Според податоците на Бригел, Владата за ова обезбедила пакет мерки во висина од 3,7 отсто од бруто домашниот производ (БДП) - во однос на економското производство на земјава. Затоа овој пакет е најскап во цела Европска Унија. Минатата есен, официјална Атина одлучи да воведе паушални месечни одбивања до 42 евра месечно за приватните и деловните сметки за електрична енергија. Со тој паушал владата го задржа поттикот за заштеда на струја. Покрај тоа, домаќинствата со ниски приходи и помалите фирми имаат релативно поголема корист. Сепак, владата ја промени стратегијата на почетокот на годината: компаниите добија намалување на цените за 65 евра по мегават-час (MWh), а социјално ранливите домаќинства за 180 евра по MWh. Тоа намалување на цената секако е забележливо ако се земе предвид дека едно нормално домаќинство троши меѓу три и пет мегават-часови годишно. По истиот принцип, програмата ги олеснува и потрошувачите на гас. Недостаток е што има помал поттик за потрошувачите да штедат енергија. Тоа доведува до зголемена побарувачка, а со тоа и до пораст на цените.

Естонија, Литванија, Летонија

По тој редослед, трите балтички држави ја предводат листата на Евростат на земји со највисока стапка на инфлација во Европа. Тие се и во првите шест кога станува збор за поскапувањето на енергијата. Една од причините е тоа што, покрај увозот на руски суровини, овие земји купуваа и голема количина струја од Русија. Затоа оддалечувањето од увозот на енергетски производи од Русија влијае двојно на нив. Според Бројгел, тие три земји трошат многу различни износи, мерени според БДП, со цел да ги заштитат граѓаните од поскапувања. Естонија, која забележа најголем пораст на цените на енергијата, троши само 0,8 отсто од БДП на мерки. Најголем дел од нив оди за домаќинствата со ниски приходи. Дополнително, владата прво ги преполови таксите за мрежата, а потоа целосно ги укина - се со цел да ги намали потрошувачките цени. На крајот владата ги ограничи и цените на гасот и струјата. Летонија, исто така, им плаќаше на економски слабите домаќинства паушална стапка за трошоци за енергија до 20 евра месечно и ги намали таксите за мрежата. Литванија го воведе најголемиот енергетски пакет од сите три балтички земји и втор по големина меѓу земјите на ЕУ. Приближно половина од приближно две милијарди евра треба да се насочат во директна помош. Со другата половина, владата сака да поттикне инвестиции во енергетска независност преку обновливи извори на енергија.

Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја ограничи висината на цела серија потрошувачки цени непосредно пред изборите во април. Тој ги замрзна цените на горивата минатата есен. Сепак, ваквите мерки целосно го поништуваат економски важен сигнал за потрошувачите: никој не ја ограничува потрошувачката, иако стоките стануваат се поретки. Бензинските пумпи трпат поради поскапувањето на горивата. Субвенцијата во противвредност од пет евроценти за литар е, според тврдењата на индустриските здруженија, апсолутно недоволна. Затоа се очекува затворање на погони и стечаи. Иако државната финансиска помош очигледно не е доволна, според новинската агенција Ројтерс, мерките, и покрај тоа, може да ја чинат Унгарија околу пет милијарди евра.

Обединето Кралство

Британците минуваат низ највисоката стапка на инфлација во последните 40 години. Трошоците за енергија и гориво се многу важен фактор и таму - и покрај ценовните плафонски мерки кои се во сила долги години. Сепак, регулаторното тело „Офгем“ ја прилагодува оваа граница двапати годишно на пазарните услови, така што на пазарот остануваат само доверливи добавувачи на енергија. Во април, тоа регулаторно тело ја зголеми горната граница за неверојатни 54 проценти - на 1.971 фунти (околу 2.300 евра). Износот се однесува на индивидуално домаќинство и година за просечна количина на гас и електрична енергија. Во октомври, сметката за енергија на секое домаќинство автоматски ќе се намали за 200 фунти. Но, граѓаните ќе треба да ги вратат тие 200 фунти некаде во следните пет години. Во пракса, само домаќинствата со ниски примања се всушност олеснети. Локалните енергетски компании се обврзани да им дадат попуст од 140 фунти на нивната годишна сметка, која се плаќа од профитниот фонд специјално формиран за таа намена. Во иднина би требало да имаат корист повеќе граѓани, а попустот би можел да се зголеми.

The post Замрзнување и ограничување на цените на храната, гасот и горивото, еднократна парична помош: Како европските влади им помагаат на граѓаните во криза appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Нашиот фокус е ставен на економскиот развој и на финансиската поддршка за семејствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-nashiot-fokus-e-staven-na-ekonomskiot-razvoj-i-na-finansiskata-poddrshka-za-semejstvata/ Fri, 29 Apr 2022 09:30:54 +0000 https://republika.mk/?p=495171

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска се обрати на Форумот 100 дена Влада на кој низ форматот прашања и одговори, заедно со вицепремиерите и министрите, ги презентираа остварувањата во овој период од работата на извршната власт.

Пред поканетите претставници на дипломатскиот кор, на стопанските комори во земјата, пред претставниците на граѓанските и на медиумските организации, Ковачевски ги образложи постигнувањата зацртани во Програмата на Владата во првите 100 дена во однос на приоритетите кои беа соопштени на почетокот на мандатот и кои беа фокусирани на обезбедување сигурност и континуитет во создавањето услови за подобар живот и европска и просперитетна иднина за нашите граѓани.

Во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски на Форумот 100 дена Влада во целост:

„Почитувани,

Ви благодарам за присуството на денешниот Форум по повод 100 дена работа на оваа Влада, која имам чест но и голема одговорност да ја предводам во услови на најголема глобална криза која ја паметиме во поновата историја.

Деновиве читав коментари дека оваа Влада немала среќа бидејќи од прв ден се соочила со огромни предизвици, воена и економска криза како што не се памети. Точно е дека предизвиците, притисокот и очекувањата се големи, но среќа е што токму оваа Влада ја има одговорноста да се носи со сите овие предизвици. Среќа е затоа што одговорно тврдам, дека за 100 дена донесовме тешки, принципиелни и пред се државнички одлуки со кои ги штитиме граѓаните, нивниот стандард и нивните приходи.

И затоа пред да продолжам со излагањето, сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги од Владата, сите советници и целиот тим кој неуморно работеше во овие 100 дена. Докажавме дека со добар менаџмент, одговорно управување со парите на граѓаните и чесна работа може да се надминат и најтешките предизвици.

Во моето кратко воведно излагање, ќе ставам фокус на клучните мерки кои Владата ги презеде за ублажување на последиците од енергетската криза, како и на приоритетите и мерките кои ги преземаме на среден и долг рок за економски развој на земјата.

Првиот приоритет се однесува на заштита на животниот стандард на оние кои се најранливи и задржување на ликвидноста на компаниите.

Вториот се однесува на одржлив економски раст односно продолжување на програмите за раст на производството, на извозот како и на стопанската активност во земјата.

Третиот приоритет се фокусира на зголемување на бруто инвестициите и тоа и на инвестициите кои се доминантно од државниот буџет, меѓутоа и на приватните инвестиции како генератор на економскиот раст на државата на среден рок.

Со 26-те антикризни мерки, го спречивме ударот од големиот ценовен шок во услови на историски највисоки цени на храна и енергенси.

Со намалување на ДДВ-то и акцизите имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. Со намалување на данокот на додадена вредност од пет проценти на нула проценти, и со ограничувањето на малопродажните и големопродажните маржи на основните прехранбени производи, успеавме да спречиме огромен раст на цените и да го заштитиме стандардот на граѓаните.

Го ублаживме големото поскапување на храната и енергенсите. Со антикризните мерки кои ги воведовме, граѓаните месечно заштедуваат по 300 денари за нафта, по 1.500 денари за храна и по 2.150 денари за сметката за струја. Ефектите од овие мерки значат заштеда од скоро 4000 денари месечно за секој граѓанин.

Карактеристика на оваа Влада е ефикасно, чесно и одговорно владеење и работа, а тоа се гледа и во стабилниот Буџет. И во услови на пандемија, а сега и во услови на најголемата енергетска криза нема застој во исплата на плати, пензии, приватниот сектор и најпогодените гранки се финансиски поддржани, а паралелно  креиравме  крупни долгорочни планови од кои бенефит ќе имаат сегашните и идните генерации.

Уште во првите 50 дена, оваа влада направи два историски чекори.

Низ економско-социјален дијалог ја покачивме и минималната плата на 18.000 денари и овозможивме рекордно покачување на пензиите, вклучувајќи и дополнителна финансиска поддршка за пензионерите. Со сите преземени активности, во 2022 година, на годишно ниво, заедно со директната финансиска помош, во просек пензионерите ќе имаат околу 12.000 денари плус во домашниот буџет.

Почитувани гости,

Оваа криза нé научи дека мора да се работи и инвестира стратешки.

Во овие услови на раст на цени на храна и енергенси, спроведуваме успешна енергетска транзиција и одржливо земјоделско производство.

Според Стратегијата за енергетската транзиција, ние веќе имаме јасна слика каде ќе се движи нашето производство на електрична енергија. Неодамна, ја пуштивме првата фотоволтаична централа на старите наоѓалишта на јаглен во Осломеј, 10 мегавати како државна инвестиција, помогната од ЕБОР.

Новата фотонапонска електрана „Осломеј“ ќе произведува чиста, домашна енергија и ќе придонесе кон заштита на животната средина. Со оваа електрана освен што ќе ги снабдиме потребите на околу 2.800 домаќинства со електрична енергија, правиме и ре-култивација и оплеменување на 15 хектари површина.

Ова е прв проект со кој се заменува производството на електрична енергија од загадувачка технологија во чиста технологија и како таков е пример и за идните проекти за енергетска транзиција во земјите на Западен Балкан.

Големи се очекувањата и од проектот ХЕЦ Чебрен кој се наоѓа во 2 фаза во која треба да се избере изведувач од 9-те понудувачи кои се квалификуваа во првата фаза.

Во однос на земјоделското производство, веќе е направен нов интервентен план кој вклучува инвестирање во пченката, пченицата, јачменот и сончогледот, потоа во полјоделството, сточарството и овоштарството како извозни гранки на нашето земјоделие. Во однос на субвенциите воведуваме неколку новини, а тоа е прво воведување за прв пат на авансни износи на субвенции и тоа ќе почнеме оваа година со овоштарството. Што значи дека субвенциите ќе бидат исплатени 30% пред да започне сезоната, тогаш кога најмногу им треба средства на земјоделците за да може да инвестираат, а 70% потоа според планот за исплата на субвенциите. Второ, ќе бидат зголемени субвенциите за засадување на пченица, пченка, сончоглед и тоа ќе бидат на историски највисоко ниво.

Ги мотивираме земјоделците да ги користат овие мерки, институциите им се на располагање да произведат повеќе домашна храна, за заеднички бенефит.

За стопанството од особена важност е реализацијата на капиталните инвестиции, која е одлична дури и во време на криза. Минатата година реализиравме 79% од капиталните инвестиции и со истото темпо продолжуваме и оваа година. Воведен е и КАПЕФ механизам кој придонесе за подобра реализација на капиталните инвестиции.

Дополнително одлучивме да формираме едно специјализирано владино тело – Единица за следење на инфраструктурни проекти. На едно место ќе бидат сите податоци за големите инфраструктурни проекти, со координација на сите проектни единици за навремено детектирање и справување на сите тековни и потенцијални предизвици со кои се соочуваме при искористување на буџетот за капитални инвестиции, како во централниот буџет, така и во буџетите на другите институции во чија надлежност е изградбата на големи инфраструктурни проекти.

Тоа ќе значи подобри и поквалитетни патишта, водоводи, железнички пруги, училишта, градинки, водоводи, канализации, прочистителни станици, брани, системи за наводнување и одводнување и многу други капитални објекти кои навремено ќе бидат планирани, буџетирани, проектирани и изведени.

Во изминативе 100 дена, координираноста на сите чинители овозможи стабилност на финансискиот систем. Денарот и покрај сета турбулентност е стабилен. Имаме поставени заштитни механизми во финансискиот систем, што овозможува негово непречено функционирање, а соодветното ниво на девизните резерви овозможува доволна девизна ликвидност на домашната економија.

Соработката со стопанството за нас е од голема важност Владата е партнер со деловната заедница и затоа во заедничка консултација се направи измена на царинскиот тарифник и се донесе одлука целосно да се укинат, или да се намалат на нивото на царинските стапки во ЕУ, стапките за 258 царински тарифни ознаки.  Со ова се излезе во пресрет на барањата на компаниите за намалување на царинските стапки како и се врши усогласување на истите со стапките во ЕУ, што е од особено значење за унапредување на производството, извозот и конкурентноста на компаниите.

Дополнително, од пакетот антикризни мерки операционализацијата на бескаматните кредити од Развојна банка во вредност од 5 милиони евра за три поволни кредитни линии за поддршка и развој на приватниот сектор ќе обезбедат поддршка за стопанството и ликвидност на компаниите.

Тука, би сакал да го заклучам ова мое воведно излагање и да посочам дека оваа Влада останува посветена на клучните прашања од интерес на нашите граѓани. Меѓу нив посебно внимание ќе им биде посветено на темите за економската сигурност и за подобар животен стандард. Токму затоа инсистирам во неколку наврати дека нашиот фокус е ставен на економскиот развој на земјата и на финансиска поддршка за семејствата.

Исто така, оваа Влада останува да биде ефикасна, одговорна, чесна и високо продуктивна во работењето, посветена на поставените високи цели кои со многу работа и труд ќе ги реализираме.“

The post Ковачевски: Нашиот фокус е ставен на економскиот развој и на финансиската поддршка за семејствата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска се обрати на Форумот 100 дена Влада на кој низ форматот прашања и одговори, заедно со вицепремиерите и министрите, ги презентираа остварувањата во овој период од работата на извршната власт. Пред поканетите претставници на дипломатскиот кор, на стопанските комори во земјата, пред претставниците на граѓанските и на медиумските организации, Ковачевски ги образложи постигнувањата зацртани во Програмата на Владата во првите 100 дена во однос на приоритетите кои беа соопштени на почетокот на мандатот и кои беа фокусирани на обезбедување сигурност и континуитет во создавањето услови за подобар живот и европска и просперитетна иднина за нашите граѓани. Во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски на Форумот 100 дена Влада во целост: „Почитувани, Ви благодарам за присуството на денешниот Форум по повод 100 дена работа на оваа Влада, која имам чест но и голема одговорност да ја предводам во услови на најголема глобална криза која ја паметиме во поновата историја. Деновиве читав коментари дека оваа Влада немала среќа бидејќи од прв ден се соочила со огромни предизвици, воена и економска криза како што не се памети. Точно е дека предизвиците, притисокот и очекувањата се големи, но среќа е што токму оваа Влада ја има одговорноста да се носи со сите овие предизвици. Среќа е затоа што одговорно тврдам, дека за 100 дена донесовме тешки, принципиелни и пред се државнички одлуки со кои ги штитиме граѓаните, нивниот стандард и нивните приходи. И затоа пред да продолжам со излагањето, сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги од Владата, сите советници и целиот тим кој неуморно работеше во овие 100 дена. Докажавме дека со добар менаџмент, одговорно управување со парите на граѓаните и чесна работа може да се надминат и најтешките предизвици. Во моето кратко воведно излагање, ќе ставам фокус на клучните мерки кои Владата ги презеде за ублажување на последиците од енергетската криза, како и на приоритетите и мерките кои ги преземаме на среден и долг рок за економски развој на земјата. Првиот приоритет се однесува на заштита на животниот стандард на оние кои се најранливи и задржување на ликвидноста на компаниите. Вториот се однесува на одржлив економски раст односно продолжување на програмите за раст на производството, на извозот како и на стопанската активност во земјата. Третиот приоритет се фокусира на зголемување на бруто инвестициите и тоа и на инвестициите кои се доминантно од државниот буџет, меѓутоа и на приватните инвестиции како генератор на економскиот раст на државата на среден рок. Со 26-те антикризни мерки, го спречивме ударот од големиот ценовен шок во услови на историски највисоки цени на храна и енергенси. Со намалување на ДДВ-то и акцизите имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. Со намалување на данокот на додадена вредност од пет проценти на нула проценти, и со ограничувањето на малопродажните и големопродажните маржи на основните прехранбени производи, успеавме да спречиме огромен раст на цените и да го заштитиме стандардот на граѓаните. Го ублаживме големото поскапување на храната и енергенсите. Со антикризните мерки кои ги воведовме, граѓаните месечно заштедуваат по 300 денари за нафта, по 1.500 денари за храна и по 2.150 денари за сметката за струја. Ефектите од овие мерки значат заштеда од скоро 4000 денари месечно за секој граѓанин. Карактеристика на оваа Влада е ефикасно, чесно и одговорно владеење и работа, а тоа се гледа и во стабилниот Буџет. И во услови на пандемија, а сега и во услови на најголемата енергетска криза нема застој во исплата на плати, пензии, приватниот сектор и најпогодените гранки се финансиски поддржани, а паралелно  креиравме  крупни долгорочни планови од кои бенефит ќе имаат сегашните и идните генерации. Уште во првите 50 дена, оваа влада направи два историски чекори. Низ економско-социјален дијалог ја покачивме и минималната плата на 18.000 денари и овозможивме рекордно покачување на пензиите, вклучувајќи и дополнителна финансиска поддршка за пензионерите. Со сите преземени активности, во 2022 година, на годишно ниво, заедно со директната финансиска помош, во просек пензионерите ќе имаат околу 12.000 денари плус во домашниот буџет. Почитувани гости, Оваа криза нé научи дека мора да се работи и инвестира стратешки. Во овие услови на раст на цени на храна и енергенси, спроведуваме успешна енергетска транзиција и одржливо земјоделско производство. Според Стратегијата за енергетската транзиција, ние веќе имаме јасна слика каде ќе се движи нашето производство на електрична енергија. Неодамна, ја пуштивме првата фотоволтаична централа на старите наоѓалишта на јаглен во Осломеј, 10 мегавати како државна инвестиција, помогната од ЕБОР. Новата фотонапонска електрана „Осломеј“ ќе произведува чиста, домашна енергија и ќе придонесе кон заштита на животната средина. Со оваа електрана освен што ќе ги снабдиме потребите на околу 2.800 домаќинства со електрична енергија, правиме и ре-култивација и оплеменување на 15 хектари површина. Ова е прв проект со кој се заменува производството на електрична енергија од загадувачка технологија во чиста технологија и како таков е пример и за идните проекти за енергетска транзиција во земјите на Западен Балкан. Големи се очекувањата и од проектот ХЕЦ Чебрен кој се наоѓа во 2 фаза во која треба да се избере изведувач од 9-те понудувачи кои се квалификуваа во првата фаза. Во однос на земјоделското производство, веќе е направен нов интервентен план кој вклучува инвестирање во пченката, пченицата, јачменот и сончогледот, потоа во полјоделството, сточарството и овоштарството како извозни гранки на нашето земјоделие. Во однос на субвенциите воведуваме неколку новини, а тоа е прво воведување за прв пат на авансни износи на субвенции и тоа ќе почнеме оваа година со овоштарството. Што значи дека субвенциите ќе бидат исплатени 30% пред да започне сезоната, тогаш кога најмногу им треба средства на земјоделците за да може да инвестираат, а 70% потоа според планот за исплата на субвенциите. Второ, ќе бидат зголемени субвенциите за засадување на пченица, пченка, сончоглед и тоа ќе бидат на историски највисоко ниво. Ги мотивираме земјоделците да ги користат овие мерки, институциите им се на располагање да произведат повеќе домашна храна, за заеднички бенефит. За стопанството од особена важност е реализацијата на капиталните инвестиции, која е одлична дури и во време на криза. Минатата година реализиравме 79% од капиталните инвестиции и со истото темпо продолжуваме и оваа година. Воведен е и КАПЕФ механизам кој придонесе за подобра реализација на капиталните инвестиции. Дополнително одлучивме да формираме едно специјализирано владино тело – Единица за следење на инфраструктурни проекти. На едно место ќе бидат сите податоци за големите инфраструктурни проекти, со координација на сите проектни единици за навремено детектирање и справување на сите тековни и потенцијални предизвици со кои се соочуваме при искористување на буџетот за капитални инвестиции, како во централниот буџет, така и во буџетите на другите институции во чија надлежност е изградбата на големи инфраструктурни проекти. Тоа ќе значи подобри и поквалитетни патишта, водоводи, железнички пруги, училишта, градинки, водоводи, канализации, прочистителни станици, брани, системи за наводнување и одводнување и многу други капитални објекти кои навремено ќе бидат планирани, буџетирани, проектирани и изведени. Во изминативе 100 дена, координираноста на сите чинители овозможи стабилност на финансискиот систем. Денарот и покрај сета турбулентност е стабилен. Имаме поставени заштитни механизми во финансискиот систем, што овозможува негово непречено функционирање, а соодветното ниво на девизните резерви овозможува доволна девизна ликвидност на домашната економија. Соработката со стопанството за нас е од голема важност Владата е партнер со деловната заедница и затоа во заедничка консултација се направи измена на царинскиот тарифник и се донесе одлука целосно да се укинат, или да се намалат на нивото на царинските стапки во ЕУ, стапките за 258 царински тарифни ознаки.  Со ова се излезе во пресрет на барањата на компаниите за намалување на царинските стапки како и се врши усогласување на истите со стапките во ЕУ, што е од особено значење за унапредување на производството, извозот и конкурентноста на компаниите. Дополнително, од пакетот антикризни мерки операционализацијата на бескаматните кредити од Развојна банка во вредност од 5 милиони евра за три поволни кредитни линии за поддршка и развој на приватниот сектор ќе обезбедат поддршка за стопанството и ликвидност на компаниите. Тука, би сакал да го заклучам ова мое воведно излагање и да посочам дека оваа Влада останува посветена на клучните прашања од интерес на нашите граѓани. Меѓу нив посебно внимание ќе им биде посветено на темите за економската сигурност и за подобар животен стандард. Токму затоа инсистирам во неколку наврати дека нашиот фокус е ставен на економскиот развој на земјата и на финансиска поддршка за семејствата. Исто така, оваа Влада останува да биде ефикасна, одговорна, чесна и високо продуктивна во работењето, посветена на поставените високи цели кои со многу работа и труд ќе ги реализираме.“

The post Ковачевски: Нашиот фокус е ставен на економскиот развој и на финансиската поддршка за семејствата appeared first on Република.

]]>