економски директори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekonomski-direktori/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 10:10:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png економски директори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekonomski-direktori/ 32 32 Директорката што не знаеше македонски обвинета за злоупотреба на службена положба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorkata-shto-ne-znaeshe-makedonski-obvineta-za-zloupotreba-na-sluzhbena-polozhba/ Wed, 25 Sep 2024 08:27:55 +0000 https://republika.mk/?p=819459

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднел обвинителен предлог против поранешната организациска директорка на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија Бесија Иљази за злоупотреба на службена положба и овластување.

Обвинетата, во својство на организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица. Постапувајќи спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси, Изборниот законик и Законот за здравствена заштита во мај годинава склучувала договори за дело со лицата за нивно работно ангажирање на Клиниката, по што ретроактивно издавала платни налози со кои им исплаќала месечен надомест за нивен претходен наводен работен ангажман. На списокот додавала и лица со кои воопшто не бил склучен договор за дело и на кои исто така им се исплаќал надомест за наводно извршени работи, соопшти денеска Јавното обвинителство.

На овој начин буџетот на Клиниката, како што е наведено во соопштението, бил оштетен за сума од 659.781 денар, а истовремено на ангажираните лица им била овозможена противправна имотна корист.

The post Директорката што не знаеше македонски обвинета за злоупотреба на службена положба appeared first on Република.

]]>

И официјално се укинуваат економските директори: Пратениците ги усвоија измените на Законот за здравствената заштита https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-ofitsijalno-se-ukinuvaat-ekonomskite-direktori-pratenitsite-gi-usvoija-izmenite-na-zakonot-za-zdravstvenata-zashtita/ Tue, 13 Aug 2024 15:11:02 +0000 https://republika.mk/?p=806237

Со 71 глас „за“ и еден „против“ пратениците го донесоа Законот за изменување на Законот за здравствената заштита, со кој се укинуваат економските директори. На денешната седница беше усвоен и Законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, како и Законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата.

Пратеникот Петар Марков од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека со Закон за изменување на Законот за здравствената заштита се кратат непродуктивни трошоци и се поставуваат принципи кои ги надминуваат теснопартиските интереси, кои значат подобрување на руинираниот здравствен систем во државата.

Како што посочи, институциите ќе бидат раководени од само еден директор одговорен за работењето на установата, како и за законитоста на работењето.

Со овој Закон се лоцира одговорноста и се укинува дуализмот во одлучувањето, за да може здравствениот систем да преживее. Мора од некаде да се почне, но и покрај овој Закон, во здравството треба да се спроведат тешки и болни реформи, кои ќе значат подобри услови за третман на пациентите. Со ова се укинуваат 40 раководни позиции кои чинат повеќе од два милиони евра директни и индиректни трошоци. Овие средства можат да се насочат за решавање на потреби на пациентите и здравствените работници - рече Марков.

Тој додаде дека дури и СДСМ увиде оти постои проблем со назначување на двојни директори, па во нивната изборна програма напишаа дека ќе ги укинат економските директори.

Клучно за нерешавање на овој проблем беше владеењето на ДУИ со СДСМ. Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ е дека нема простор за преговарање на сметка на придобивките на пациентите. Ова не смеат да бидат единствени измени, потребни се многу повеќе измени во здравствениот сектор. Време е да почне да се гради здравствен систем кој ќе биде ориентиран кон реалните потреби на граѓаните - додаде Марков.

Говорејќи за овој Закон, пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на седницата потенцираше дека целта е да се намалува онаму каде што во најголем број се Албанци, посочувајќи дека бројот на министрите во новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ е зголемен од 16 на 23.

Доколку не би биле главно Албанци, дали тогаш законот ќе биде сменет? Во новата Влада бројот на министрите е зголемен од 16 на 23. За вашите позиции го зголемивте бројот на министри, а намалувате таму каде што главно се Албанци - рече Даути.

Пратеникот Амар Мециновиќ од Левица во своето излагање потенцираше дека апсолутно даваат поддршка во носењето на овој Закон.

Апсолутно ќе го поддржиме носењето на овој Закон. Ова е мала интервенција во морето на проблематични околности во здравствениот систем, особено во јавното здравство кое е целосно девалвирано - рече Мециновиќ.

На седницата беа усвоени повеќе закони. Пратениците го донесоа Законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, а го донесоа и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка.

Исто така, по скратена постапка беа донесени изменувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај, на Законот за дивечот и ловството, како и изменувањата и дополнувањата на Законот за спортот.

Собранието на седницата ја донесе и завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2023 година.

Пратениците ги усвоија предлог законите за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата и за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата. Беше разгледано и Автентичното толкување за Законот за игри на среќа, пратениците ги изгласаа, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2024 година, по скратена постапка, како и неколку ратификации.

The post И официјално се укинуваат економските директори: Пратениците ги усвоија измените на Законот за здравствената заштита appeared first on Република.

]]>

Со 71 глас „за“ и еден „против“ пратениците го донесоа Законот за изменување на Законот за здравствената заштита, со кој се укинуваат економските директори. На денешната седница беше усвоен и Законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, како и Законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата. Пратеникот Петар Марков од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека со Закон за изменување на Законот за здравствената заштита се кратат непродуктивни трошоци и се поставуваат принципи кои ги надминуваат теснопартиските интереси, кои значат подобрување на руинираниот здравствен систем во државата. Како што посочи, институциите ќе бидат раководени од само еден директор одговорен за работењето на установата, како и за законитоста на работењето.
Со овој Закон се лоцира одговорноста и се укинува дуализмот во одлучувањето, за да може здравствениот систем да преживее. Мора од некаде да се почне, но и покрај овој Закон, во здравството треба да се спроведат тешки и болни реформи, кои ќе значат подобри услови за третман на пациентите. Со ова се укинуваат 40 раководни позиции кои чинат повеќе од два милиони евра директни и индиректни трошоци. Овие средства можат да се насочат за решавање на потреби на пациентите и здравствените работници - рече Марков.
Тој додаде дека дури и СДСМ увиде оти постои проблем со назначување на двојни директори, па во нивната изборна програма напишаа дека ќе ги укинат економските директори.
Клучно за нерешавање на овој проблем беше владеењето на ДУИ со СДСМ. Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ е дека нема простор за преговарање на сметка на придобивките на пациентите. Ова не смеат да бидат единствени измени, потребни се многу повеќе измени во здравствениот сектор. Време е да почне да се гради здравствен систем кој ќе биде ориентиран кон реалните потреби на граѓаните - додаде Марков.
Говорејќи за овој Закон, пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на седницата потенцираше дека целта е да се намалува онаму каде што во најголем број се Албанци, посочувајќи дека бројот на министрите во новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ е зголемен од 16 на 23.
Доколку не би биле главно Албанци, дали тогаш законот ќе биде сменет? Во новата Влада бројот на министрите е зголемен од 16 на 23. За вашите позиции го зголемивте бројот на министри, а намалувате таму каде што главно се Албанци - рече Даути.
Пратеникот Амар Мециновиќ од Левица во своето излагање потенцираше дека апсолутно даваат поддршка во носењето на овој Закон.
Апсолутно ќе го поддржиме носењето на овој Закон. Ова е мала интервенција во морето на проблематични околности во здравствениот систем, особено во јавното здравство кое е целосно девалвирано - рече Мециновиќ.
На седницата беа усвоени повеќе закони. Пратениците го донесоа Законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, а го донесоа и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Исто така, по скратена постапка беа донесени изменувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај, на Законот за дивечот и ловството, како и изменувањата и дополнувањата на Законот за спортот. Собранието на седницата ја донесе и завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2023 година. Пратениците ги усвоија предлог законите за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата и за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата. Беше разгледано и Автентичното толкување за Законот за игри на среќа, пратениците ги изгласаа, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2024 година, по скратена постапка, како и неколку ратификации.

The post И официјално се укинуваат економските директори: Пратениците ги усвоија измените на Законот за здравствената заштита appeared first on Република.

]]>
Тужба против бившиот економски директор на Детска клиника Аљајдин Мемеди https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tuzhba-protiv-bivshiot-ekonomski-direktor-na-detska-klinika-alajdin-memedi/ Tue, 30 Jul 2024 10:24:40 +0000 https://republika.mk/?p=801618

Универзитетската клиника за детски болести, му поднела тужба на поранешниот економски директор Аљајдин Мемеди со барање да врати 147,534 денари во касата на јавната здравствена установа затоа што овие пари му биле преплатени, потврдија од Клиниката за „Слободен печат“.

Болницата ги бара овие пари на суд, бидејќи Државниот завод за ревизија утврдил дека овие средства од 2.300 евра наводно му биле исплатени на поранешниот економски директор со погрешно пресметан коефициент, а бидејќи не ги вратил веднаш, му се таложеле и камати.

Постапката пред Основен граѓански суд Скопје е оформена и рочиштето по овој предмет е закажано за ноември 2024 година, велат од Клиниката.

Мемеди беше разрешен на 2 ноември 2022 година од страна на тогашниот министер за здравство Беким Сали.

The post Тужба против бившиот економски директор на Детска клиника Аљајдин Мемеди appeared first on Република.

]]>

Универзитетската клиника за детски болести, му поднела тужба на поранешниот економски директор Аљајдин Мемеди со барање да врати 147,534 денари во касата на јавната здравствена установа затоа што овие пари му биле преплатени, потврдија од Клиниката за „Слободен печат“. Болницата ги бара овие пари на суд, бидејќи Државниот завод за ревизија утврдил дека овие средства од 2.300 евра наводно му биле исплатени на поранешниот економски директор со погрешно пресметан коефициент, а бидејќи не ги вратил веднаш, му се таложеле и камати.
Постапката пред Основен граѓански суд Скопје е оформена и рочиштето по овој предмет е закажано за ноември 2024 година, велат од Клиниката.
Мемеди беше разрешен на 2 ноември 2022 година од страна на тогашниот министер за здравство Беким Сали.

The post Тужба против бившиот економски директор на Детска клиника Аљајдин Мемеди appeared first on Република.

]]>
Со укинувањето на економските директори, се укинува дуализмот во здравството, но и се подобрува ефикасноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-ukinuvaneto-na-ekonomskite-direktori-se-ukinuva-dualizmot-vo-zdravstvoto-no-i-se-podobruva-efikasnosta/ Wed, 03 Jul 2024 08:18:56 +0000 https://republika.mk/?p=792937

Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги, велат од ВМРО ДПМНЕ.

На вчерашната седница владата пристапи кон предлог измени на Законот за здравствена заштита, со цел укинување на институцијата економски директор во јавните здравствени установи.

Со укинувањето на економските директори, се укинува дуализмот во здравството, но и се подобрува ефикасноста.

Со воведување на систем на еден директор, се намалуваат административните трошоци, а средствата ќе се пренасочат во подобрување на здравствената инфраструктура, зголемување на транспарентноста и отчетноста, велат од владејачката партија.

The post Со укинувањето на економските директори, се укинува дуализмот во здравството, но и се подобрува ефикасноста appeared first on Република.

]]>

Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги, велат од ВМРО ДПМНЕ. На вчерашната седница владата пристапи кон предлог измени на Законот за здравствена заштита, со цел укинување на институцијата економски директор во јавните здравствени установи. Со укинувањето на економските директори, се укинува дуализмот во здравството, но и се подобрува ефикасноста. Со воведување на систем на еден директор, се намалуваат административните трошоци, а средствата ќе се пренасочат во подобрување на здравствената инфраструктура, зголемување на транспарентноста и отчетноста, велат од владејачката партија.

The post Со укинувањето на економските директори, се укинува дуализмот во здравството, но и се подобрува ефикасноста appeared first on Република.

]]>
Владата ги укина економските директори во јавните здравствени установи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-gi-ukina-ekonomskite-direktori-vo-javnite-zdravstveni-ustanovi/ Tue, 02 Jul 2024 15:16:03 +0000 https://republika.mk/?p=792832

Согласно измени на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Владата донесе одлука за укинување на економските директори во јавните здравствени установи, информираат попладнево од владината прес-служба.

Како што се појаснува во соопштението, ќе се укине постоењето две управувачки позиции - организациски и медицински директор, што досега беа присутни во здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите.

- На овој начин ќе се одбегне дуализмот и прецизно ќе се лоцира одговорноста во менаџирањето на институциите. Исто така, на овој начин се исполнува уште едно ветување од програмата на Владата, се наведува во соопштението.

The post Владата ги укина економските директори во јавните здравствени установи appeared first on Република.

]]>

Согласно измени на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Владата донесе одлука за укинување на економските директори во јавните здравствени установи, информираат попладнево од владината прес-служба. Како што се појаснува во соопштението, ќе се укине постоењето две управувачки позиции - организациски и медицински директор, што досега беа присутни во здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите.
- На овој начин ќе се одбегне дуализмот и прецизно ќе се лоцира одговорноста во менаџирањето на институциите. Исто така, на овој начин се исполнува уште едно ветување од програмата на Владата, се наведува во соопштението.

The post Владата ги укина економските директори во јавните здравствени установи appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Со укинувањето на институцијата „економски директори“ ќе се лоцира одговорноста и укине дуализмот во одлучувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-ukinuvaneto-na-institutsijata-ekonomski-direktori-ke-se-lotsira-odgovornosta-i-ukine-dualizmot-vo-odluchuvaneto/ Tue, 02 Jul 2024 07:52:14 +0000 https://republika.mk/?p=792563

Укинување на економски директори, укинување на дуализмот и лоцирање на одговорноста, пишува премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

После долги години злоупотреби и партиски манипулации, Владата на денешната седница ќе ги разгледува измените на предлог законот за здравствената заштита, со што ќе се укине институцијата „економски директори" во јавните здравствени установи.

Со оваа мерка се стремиме кон подобрување на ефикасноста во управувањето со нашите здравствени установи, намалување на административните трошоци и насочување на средствата кон подобрување на здравствените услуги.

Новите законски одредби предвидуваат дека здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите ќе бидат раководени од само еден директор, кој ќе биде одговорен за организацијата и работењето на установата, како и за законитоста на работењето.

На овој начин ќе се лоцира и одговорноста и укине дуализмот во одлучувањето

Верувам дека оваа реформа ќе овозможи пренасочување на средствата кон подобрување на здравствените услуги и инфраструктурата, зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето, како и подобрување на условите и квалитетот на здравствените услуги за сите граѓани.

Нашата посветеност на здравјето и благосостојбата на граѓаните останува приоритет и овој чекор е уште еден доказ за нашата заложба за подобро здравство.

За тебе!

Продолжуваме!

The post Мицкоски: Со укинувањето на институцијата „економски директори“ ќе се лоцира одговорноста и укине дуализмот во одлучувањето appeared first on Република.

На утрешната владина седница ќе се укинат економските директори во здравствените установи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-utreshnata-vladina-sednitsa-ke-se-ukinat-ekonomskite-direktori-vo-zdravstvenite-ustanovi/ Mon, 01 Jul 2024 11:48:15 +0000 https://republika.mk/?p=792405

Владата на седница утре на дневен ред ќе го има законот за укинување на економските директори во здравствените установи, што беше најавено и од министерот за здравство Арбен Таравари пред една недела.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека со законот што утре ќе биде на владина седница се укинуваат организациските места или т.н. економски директори во здравствените установи, односно, рече тој, „ставаме точка на дуализмот.“

Мора да имаме едно лице коешто ќе биде одговорно и едно лице коешто ќе има обврски, права, но и одговорности пред граѓаните. Вака бевме сведоци на префрлање на обврските и на одговорностите и практично не можевме да локализираме јасно каде е одговорноста. Сега, со овој потег, јасно ќе знаеме каде е локализирана одговорноста, рече Мицкоски нагласувајќи дека во државава помалку ќе има над стотина функционери „коишто се на товар на граѓаните“.

Соопшти дека „многу скоро од денеска ќе биде ребалансот на буџетот во Парламентот“, до крајот на оваа недела ќе бидат познати замениците министри, а на прашањето да открие нови именувања на директори, одговори дека „неколку часа од денеска ќе имаме нови именувања“. Исто така, на дневен ред на Владата, рече, ќе дојде и Законот за локална самоуправа.

Премиерот информираше и дека се подготвува и законско решение за игрите на среќа, кое рече, ќе подразбира најпрво ревидирање на сите согласности дадени од претходната Влада.

Бидејќи ние сме длабоко убедени дека тука законите се прекршени и некој треба да има одговорност за тоа што ги прекршил законите затоа што мора неказнивоста да ја оставиме во минатото. Секој оној којшто ги прекршил законите и Уставот мора да одговара и тука не треба да имаме никакви дилеми… Второ, треба да го ревидираме пристапот, односно начинот на оданочување, начинот на услови, местоположба итн. Така што, тоа ќе биде едно поопфатно законско решение, кое ќе биде секако поправично, додаде Мицкоски.

The post На утрешната владина седница ќе се укинат економските директори во здравствените установи appeared first on Република.

]]>

Владата на седница утре на дневен ред ќе го има законот за укинување на економските директори во здравствените установи, што беше најавено и од министерот за здравство Арбен Таравари пред една недела. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека со законот што утре ќе биде на владина седница се укинуваат организациските места или т.н. економски директори во здравствените установи, односно, рече тој, „ставаме точка на дуализмот.“
Мора да имаме едно лице коешто ќе биде одговорно и едно лице коешто ќе има обврски, права, но и одговорности пред граѓаните. Вака бевме сведоци на префрлање на обврските и на одговорностите и практично не можевме да локализираме јасно каде е одговорноста. Сега, со овој потег, јасно ќе знаеме каде е локализирана одговорноста, рече Мицкоски нагласувајќи дека во државава помалку ќе има над стотина функционери „коишто се на товар на граѓаните“.
Соопшти дека „многу скоро од денеска ќе биде ребалансот на буџетот во Парламентот“, до крајот на оваа недела ќе бидат познати замениците министри, а на прашањето да открие нови именувања на директори, одговори дека „неколку часа од денеска ќе имаме нови именувања“. Исто така, на дневен ред на Владата, рече, ќе дојде и Законот за локална самоуправа. Премиерот информираше и дека се подготвува и законско решение за игрите на среќа, кое рече, ќе подразбира најпрво ревидирање на сите согласности дадени од претходната Влада.
Бидејќи ние сме длабоко убедени дека тука законите се прекршени и некој треба да има одговорност за тоа што ги прекршил законите затоа што мора неказнивоста да ја оставиме во минатото. Секој оној којшто ги прекршил законите и Уставот мора да одговара и тука не треба да имаме никакви дилеми… Второ, треба да го ревидираме пристапот, односно начинот на оданочување, начинот на услови, местоположба итн. Така што, тоа ќе биде едно поопфатно законско решение, кое ќе биде секако поправично, додаде Мицкоски.
 
The post На утрешната владина седница ќе се укинат економските директори во здравствените установи appeared first on Република.

]]>
Таравари најави разрешувањe на сите економски директори, спојување на Клиничкиот центар и децентрализација на здравството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-najavi-razreshuvane-na-site-ekonomski-direktori-spojuvane-na-klinichkiot-tsentar-i-detsentralizatsija-na-zdravstvoto/ Fri, 28 Jun 2024 16:48:45 +0000 https://republika.mk/?p=791629

Министерот за здравство, Арбен Таравари на денешната изјава по средбата со американската амбасадорка, Анџела Агелер, најави повеќе фокус на јавното здравство, разрешување на сите економски директори, измени во Законот за здравствена заштита и спојување на Клиничката болница.

Министерот Таравари изјави и дека ќе работат на децентрализација на здравството со цел да се дадат што повеќе здравствени услуги во останатите клинички болници од земјава.

Ќе дадеме повеќе фокус на јавното здравство. Тринаесет економски директори се веќе разрешени, а ќе продолжиме и во идниот период да ги разрешиме и другите. Во меѓувреме, Нацрт-законот за измени на Законот за здравствена заштита е направен и е испратен во Влада. Се надевам дека на една од наредните седници идната недела ќе помине и како одлука на Влада дека планираме Клиничката болница да се спои во рок од една година, и дека планираме да работиме на регионализација, односно децентрализација на здравството сè со цел да се дадат што повеќе здравствени услуги во клиничките болници во Тетово, Штип, Битола, Охрид и Струга, изјави Таравари.

Во однос на прашањето дали ќе има нови разрешувања или назначувања, министерот Таравари информираше дека од понеделник ќе почнат со нови назначувања.

Назначување немаме, а што се однесува до разрешување - 13 се досега разрешени. Сите по клиники не ги паметам, меѓутоа, можеби до крајот на идната недела ќе бидат сите, се надеваме, ако помине Предлог-законот што е поднесен во Влада. Назначувања нема освен Онкологија, Токсикологија за тоа што сте информирани. Од понеделник ќе почнеме со нови назначувања, рече тој.

Помеѓу економските директори кои беа разрешени беа директорите на Универзитетската клиника за токсикологија, Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“, Универзитетската клиника за психијатрија, Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, Универзитетската клиника за неврологија, Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат - максилофацијална хирургија, Универзитетската клиника за дерматологија, Универзитетската клиника за ревматологија, Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболични нарушувања, како и на психијатриската болница „Скопје“.

The post Таравари најави разрешувањe на сите економски директори, спојување на Клиничкиот центар и децентрализација на здравството appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство, Арбен Таравари на денешната изјава по средбата со американската амбасадорка, Анџела Агелер, најави повеќе фокус на јавното здравство, разрешување на сите економски директори, измени во Законот за здравствена заштита и спојување на Клиничката болница. Министерот Таравари изјави и дека ќе работат на децентрализација на здравството со цел да се дадат што повеќе здравствени услуги во останатите клинички болници од земјава.
Ќе дадеме повеќе фокус на јавното здравство. Тринаесет економски директори се веќе разрешени, а ќе продолжиме и во идниот период да ги разрешиме и другите. Во меѓувреме, Нацрт-законот за измени на Законот за здравствена заштита е направен и е испратен во Влада. Се надевам дека на една од наредните седници идната недела ќе помине и како одлука на Влада дека планираме Клиничката болница да се спои во рок од една година, и дека планираме да работиме на регионализација, односно децентрализација на здравството сè со цел да се дадат што повеќе здравствени услуги во клиничките болници во Тетово, Штип, Битола, Охрид и Струга, изјави Таравари.
Во однос на прашањето дали ќе има нови разрешувања или назначувања, министерот Таравари информираше дека од понеделник ќе почнат со нови назначувања.
Назначување немаме, а што се однесува до разрешување - 13 се досега разрешени. Сите по клиники не ги паметам, меѓутоа, можеби до крајот на идната недела ќе бидат сите, се надеваме, ако помине Предлог-законот што е поднесен во Влада. Назначувања нема освен Онкологија, Токсикологија за тоа што сте информирани. Од понеделник ќе почнеме со нови назначувања, рече тој.
Помеѓу економските директори кои беа разрешени беа директорите на Универзитетската клиника за токсикологија, Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“, Универзитетската клиника за психијатрија, Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, Универзитетската клиника за неврологија, Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат - максилофацијална хирургија, Универзитетската клиника за дерматологија, Универзитетската клиника за ревматологија, Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболични нарушувања, како и на психијатриската болница „Скопје“.

The post Таравари најави разрешувањe на сите економски директори, спојување на Клиничкиот центар и децентрализација на здравството appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Браво за Таравари, во еден ден направи повеќе од својот прв мандат и седум години влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskovski-bravo-za-taravari-vo-eden-den-napravi-poveke-od-svojot-prv-mandat-i-sedum-godini-vlada/ Tue, 25 Jun 2024 11:19:44 +0000 https://republika.mk/?p=790647

Браво за Таравари, во еден ден направи повеќе од својот прв мандат и 7 години влада, вели Ивор Мицковски за веста дека новиот министер за здравство Арбен Таравари уште првиот ден почна со разрешување на економските директори од клиниките во скопскиот Клинички центар.

https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-ja-razreshi-ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-koja-na-rabota-odeshe-so-preveduvachka/

Сега, покрај Економските и таа Токсичната, клоца да добијат и сите партиски вработени и натоварени во овие години и последни денови на “прогресивците”.
Ене ги само во Токсикологија 18 души, пишува Мицковски.

The post Мицковски: Браво за Таравари, во еден ден направи повеќе од својот прв мандат и седум години влада appeared first on Република.

]]>

Браво за Таравари, во еден ден направи повеќе од својот прв мандат и 7 години влада, вели Ивор Мицковски за веста дека новиот министер за здравство Арбен Таравари уште првиот ден почна со разрешување на економските директори од клиниките во скопскиот Клинички центар. https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-ja-razreshi-ekonomskata-direktorka-na-toksikologija-koja-na-rabota-odeshe-so-preveduvachka/
Сега, покрај Економските и таа Токсичната, клоца да добијат и сите партиски вработени и натоварени во овие години и последни денови на “прогресивците”. Ене ги само во Токсикологија 18 души, пишува Мицковски.

The post Мицковски: Браво за Таравари, во еден ден направи повеќе од својот прв мандат и седум години влада appeared first on Република.

]]>
Таравари од денес почнува со разрешување на економските директори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-od-denes-pochnuva-so-razreshuvane-na-ekonomskite-direktori/ Mon, 24 Jun 2024 12:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=790249

Новиот министер за здравство Арбен Таравари најави дека денеска ќе почне со разрешување на економски директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на кои им е истечен мандатот и оти постапката ќе продолжи и за другите кои вршат ваква функција, но откако ќе се направат потребните законски измени.

В.д економски директори се 14, веќе дадов наредба во Министерството, јас ќе одам до Штип, да ја видиме болницата таму, се враќам да ги потпишам. Денеска се разрешуваат одреден број економски директоири на кои што им завршува вд мандатот некаде до средина на јули. Сите ќе бидат разрешени. Тие што се со мандат, ќе ми треба измени во законот, веќе е дадена нардба што побргу да оди во Парламент измената на законот, да нема повеќе економски директори. Сметајте, за мецес-два веќе ќе нема економски директори ниту со закон, рече Таравари непосредно по преземањето на должноста, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на хируршките клиники во Клиничкиот центар.

Таравари најави дека денеска ќе бидат разрешени седум-осум директори, а наредните денови, како што рече, ќе види за тие што имаат мандат до 8-ми, 9-ти месец, бидејќи не сака да ризикува тужби за Министерството.

Во две - три клиники каде во моментов има само организациски, а нема медицински директори меѓу кои и неговата матична Клиника за неврохирургија, Таравари најави дека утре, а најдоцна деновиве, ќе бидат назначени нови медицински директори, вклучувајќи и ја и Клиниката за токсикологија.

Во однос на иницијативата за спојувањето на Клинички, Таравари изјави дека е добро тоа да се заврши што е можно побрзо, но потребно е процесот да се одвива синхронизирано.

Не треба да се брза, мислам дека за една година максимум ќе бидат споени. Ни требаат нови систематиизации да не настане хаос, не би сакал да има повторно дисфункционалност, да биде се синхроинизирано, и јас ќе се обидам што поскоро да го озраиме спојувањето на Клиничкиот, рече министерот за здравство Таравари.

Таравари на трибина на коалицијата Вреди, пред изборот на новата Влада, најави дека како министер за здравство штом ја презеде функцијата, ќе се заложи за разрешување на економските директори на клиниките, за кои рече близу 90 отсто се в.д. директори, а за останатите кои се со решенија ќе поднесат Предлог измени на законот за веќе да не постојат економски директори.

The post Таравари од денес почнува со разрешување на економските директори appeared first on Република.

]]>

Новиот министер за здравство Арбен Таравари најави дека денеска ќе почне со разрешување на економски директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на кои им е истечен мандатот и оти постапката ќе продолжи и за другите кои вршат ваква функција, но откако ќе се направат потребните законски измени.
В.д економски директори се 14, веќе дадов наредба во Министерството, јас ќе одам до Штип, да ја видиме болницата таму, се враќам да ги потпишам. Денеска се разрешуваат одреден број економски директоири на кои што им завршува вд мандатот некаде до средина на јули. Сите ќе бидат разрешени. Тие што се со мандат, ќе ми треба измени во законот, веќе е дадена нардба што побргу да оди во Парламент измената на законот, да нема повеќе економски директори. Сметајте, за мецес-два веќе ќе нема економски директори ниту со закон, рече Таравари непосредно по преземањето на должноста, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на хируршките клиники во Клиничкиот центар.
Таравари најави дека денеска ќе бидат разрешени седум-осум директори, а наредните денови, како што рече, ќе види за тие што имаат мандат до 8-ми, 9-ти месец, бидејќи не сака да ризикува тужби за Министерството. Во две - три клиники каде во моментов има само организациски, а нема медицински директори меѓу кои и неговата матична Клиника за неврохирургија, Таравари најави дека утре, а најдоцна деновиве, ќе бидат назначени нови медицински директори, вклучувајќи и ја и Клиниката за токсикологија. Во однос на иницијативата за спојувањето на Клинички, Таравари изјави дека е добро тоа да се заврши што е можно побрзо, но потребно е процесот да се одвива синхронизирано.
Не треба да се брза, мислам дека за една година максимум ќе бидат споени. Ни требаат нови систематиизации да не настане хаос, не би сакал да има повторно дисфункционалност, да биде се синхроинизирано, и јас ќе се обидам што поскоро да го озраиме спојувањето на Клиничкиот, рече министерот за здравство Таравари.
Таравари на трибина на коалицијата Вреди, пред изборот на новата Влада, најави дека како министер за здравство штом ја презеде функцијата, ќе се заложи за разрешување на економските директори на клиниките, за кои рече близу 90 отсто се в.д. директори, а за останатите кои се со решенија ќе поднесат Предлог измени на законот за веќе да не постојат економски директори.

The post Таравари од денес почнува со разрешување на економските директори appeared first on Република.

]]>
Таравари во понеделник ќе ги разреши економските директори на клиниките https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-vo-ponedelnik-ke-gi-razreshi-ekonomskite-direktori-na-klinikite/ Fri, 21 Jun 2024 17:52:48 +0000 https://republika.mk/?p=789627

Од понеделник здравствените установи ќе немаат економски директори. Ова денеска го најави Арбен Таравари, предложен за нов министер за здравство од редовите на Вреди. Тој кажа дека најголем дел од економските директори се вршители на должност и тие ќе ги тргне уште на неговиот прв работен ден како министер, а за останатите ќе поднесе закон до собранието.

Понеделник ако ја преземам функцијата 90% од економските директори кои се в.д. ќе бидат веднаш разрешени, освен тие што имаат решенија. Ќе имаме веднаш предлог за закон до парламентот за да се смени законот и да не постојат веќе економски директори, изјави Арбен Таравари, од коалиција Вреди.

Новата влада е гарант за европскиот пат, рече Таравари и изрази надеж дека уставните измени ќе се случат наскоро.

Се надевам дека што побргу ќе се случат уставните измени, меѓутоа да бидеме искрени за да се случат уставните промени секогаш треба да има добра волја и македонскиот партнер во Владата. Доброто е што веќе имаме 80 гласови, само што треба уште една дефинитивна синхронизација помеѓу Скопје и Софија за која се надевам дека ќе се случи набргу, додаде Таравари.

The post Таравари во понеделник ќе ги разреши економските директори на клиниките appeared first on Република.