економска соработка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekonomska-sorabotka/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Feb 2022 11:59:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png економска соработка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ekonomska-sorabotka/ 32 32 Средба на вицепремиерот Битиќи со албанскиот амбасадор Река: Македонија и Албанија заедно да работат за подобра економска клима во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sredba-na-vicepremierot-bitikji-so-albanskiot-ambasador-reka-makedonija-i-albanija-zaedno-da-rabotat-za-podobra-ekonomska-klima-vo-regionot/ Thu, 03 Feb 2022 11:58:35 +0000 https://republika.mk/?p=453547

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес го прими амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија, Н.Е. Фатос Река, со кога разговараа за политичката и економската соработка помеѓу двете земји, но и за заедничкиот придонес на двете соседни земји за регионалната соработка и економски развој.

Вицепремиерот Битиќи нагласи дека Македонија и Албанија се пример за добра соработка помеѓу земјите од регионот и посочи дека се лидери во процесите коишто значат унапредување на условите за водење на бизнис за компаниите, кои се спроведуваат преку паралелните процеси „Отворен Балкан“ и „Берлински процес“, а чијашто основа е подигнување на конкурентноста на секоја од земјите и на целиот регион на Западен Балкан и овозможување на полесни услови за целосна интеграција на регионот во Европската Унија.

 Зборувајќи за билатералната економска соработка, вицепремиерот и амбасадорот ги поздравија стапките на раст и обемот на трговската размена, извозот и увозот, кои во 2021 година беа на рекордно ниво, а сепак се согласија дека постои многу поголем потенцијал за унапредување на соработката во повеќе економски гранки, како и можности за реализација на инвестиции на компании од Албанија во нашата земја и обратно, со кои дополнително би се раздвижила трговската размена.

 Битиќи потенцираше дека Македонија забрзано работи на имплементација на повеќе инфраструктурни капитални проекти со кои ќе се овозоможи подобра патна, железничка и енергетска поврзаност со Република Албанија, што е уште една добра основа за унапредување на економската соработка помеѓу двете земји.

 Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Река на маргините на состанокот изразија подготвеност и отвореност да ги продолжат и интензивираат меѓусебните контакти за унапредување на економската соработка и создавање на уште поцврсти односи помеѓу двете пријателски земји.

The post Средба на вицепремиерот Битиќи со албанскиот амбасадор Река: Македонија и Албанија заедно да работат за подобра економска клима во регионот appeared first on Република.

]]>